Методија Фотев „Големите скитачи“ 1. РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА КОСМОСОТ Коњот штипкаше трева во ливадата и нешто во утробата негова беше ставено во забрзано движење, нешто во него како болно дете запалено од треска се превиткуваше и се префрлуваше од едната страна на другата. Однадвор ништо не се забележуваше. Коњот беше мирен, дури и мувите не ги бркаше постојано со опашката. Полека кубеше трева и се чинеше дека смислува некаков план за да може незабележан да направи некое изненадување. И она чекање во горешти-ната да стори нешто коњот, беше многу мачно. Сандар секој ден беше вознемируван од истата миела. Неговиот коњ кога пасе никаде не ги свртува очите. Гледа пред себе во тревата и нешто планира. Очигледно беше дека понекогаш коњот се забораваше, занесен во мислите, да откинува трева со забите. Но и тогаш не ја креваше главата и очите постојано ги држеше вковани пред муцката. Сандар знаеше, ако гледа тој самиот толку одблизу во тревата, ништо не може да види. Сандар често се обидуваше да гледа одблизу во тревата. По неколку минути во него ќе влезеше некое огромно зеленило измешано со црвеникави лузни и жолто сонце. Таа огромна маса од зеленило, дебела понекогаш и едно метро, поизразито физичка беше зад грбот на Сандар. Му се чинеше оти на вратот како суводолица му се спушта тоа кашесто, нечието зеленило и кога ќе се исправеше забележуваше дека ни една секунда не размислувал што може да види од толкава близина во тревата, туку размислувал за нешто друго. Беше дури зачуден, како може без негово знаење, кога правеше обиди да дознае едно, всушност забораваше на сè и размислуваше за други работи. И се чудеше како може коњот да издржи цел ден да гледа во тревата на една педа оддалеченост. Иако знаеше дека се работи за нешто друго, сакаше коњот да го смета во некои работи за човечко суштество за да може да го изедначува со себеси во настроението. Тоа е убаво настроение, кога ти помага еден коњ. Поправо си почувствувал убава работа, си постигаал нешто интересно, кога можеш да прикажеш дека и коњот е нешто кое може да создаде настроение. Или кое се разбира во таква работа, каква што е настроението. Но Сандар знаеше дека е извештен и може да прави такви комбинации во бесконечност, па сопре. Уше еден добар дел од минутата се двоумеше дали да го замеша коњот во гледањето на женската долна облека. Потоа започна да гледа женски здолништа заедно оо женски нозе; нозе до гаќите, со оние сенки што прилегаат на нечистотија, нозе со оние влакна над колената; жените со влакнести нозе, скоро без исклучок се поинакви во очите од другите, скоро без исклучок братко мој, скоро без исклучок. Жените со чисти нозе, тие жени не знаат ништо, по ѓаволите, рече уморно Сандар. Беше легнат скоро под стомакот на коњот. Горештината беше измешана со некоја миризба која не беше како мирисот на човечка пот, а сепак мирисаше на некаков човечки мирис. Ако насетиш таква миризба, сигурен си дека некаде близу околу тебе има човек. Легнал некој човек во тревата и знаеш не е весел, дури не е ниту тажен. Сандар се обидуваше овие нагодувања да ги прогласи за глупи, но тој веќе два месеца то пасеше коњот по ливадите и по полето и дојде до многу вистини. Навечер кога ќе излезеше низ поле, занесен со илјадници шумови, одделен од светот со некоја влажна, невидлива наметка, уште оддалеку знаеше каде е легнат падарот. Воден од тој чуден мирис, ќе се доближеше бесшумно до тоа место и ќе го видеше легнат на грб со затворени очи. Првиот пат Сандар беше сигурен дека спие падарот и не сакаше да го вознемирува. Тој бесшумно, назадечки како да ги враќа стапалата во дебел, мек снег, се обиде да се оддалечи. Веднаш пред себе чу: „Еј, студенту не спијам“, рече падарот. „За што размислуваш?“ рече Сандар. „Веќе за ништо не размислувам, момче. Ако сакаш ќе те научам и тебе да лежиш со затворени очи и да не спиеш. Јас сум бил војник во петнаесеттата година и сум бил во многу градови. Не сум бил само во Америка. Затоа јас сум еден фронт, а другите селани, друг фронт. Имај доверба во мене студенту, сè сум видел“, заврши падарот. Сандар сакаше да се затрча и да му скокне со нозете на лицето. Сакаше да чуе како ќе му скрцне носот под неговите петици. Човекот ги стави дланките под тилот и уште со затворени очи, чекаше да се реши Сандар да му го смачка лицето. Сандар наполно веруваше дека ќе зазборува, што можеш ти мене да ме научиш, а кога си го чу гласот, скоро се изненади од зборовите што не ги очекуваше. „Многу лоши мисли ме мачат понекогаш“, ајде измисли нешто за сожалување, си рече благо во себе, „да ти кажам право, овие зелени места, ова убаво поле, на мене делуваат како клетви на старец“. Падарот ниту се помрдна, ниту ги отвори очите. Лежеше човекот во дивата детелина измешана со блостури, киселец и пршлига и кога продолжи Сандар да се повлекува назадечки, рече во себе, ќе му скапат бубрезите од влагата. Се насмевна што не можеше да не се обидува да открива која трева како мириса, а потоа под сливата на Гоморовци, речиси цел час свиреше со уста еден вид романси што ги смислуваше самиот. Оттогаш, Сандар често преноќеваше во полето со падарот. Навечер ќе одјаваше со коњот дома, ќе каснеше набрзина и се враќаше во полето. Тој често јадеше качен на коњот, враќајќи се во полето. Тие двајцата до долго во ноќта не спиеја. Падарот раскажуваше по што се препознаваат големите баталјони кога е облачно, кога е зима и ноќно време. Ноќно време најарно се откриваат големите војски, ако го допреш увото на земјата. Лицата им се осветлени со нешто црвено, се досетуваше Сандар, сурии од некои платна а под колената им се плеткаат шинелите и низ збивтањето се влечат еден со еден за раменици, паѓаат во снегот. Секој сака прв да стигне, секој сака да налета на некој огромен пожар. Сандар не сакаше да открива зошто смисли во својата лабавост, да наидат војските на голем оган. Заради тоа црвенило, можеби или така, без никакви асоцијации. По две недели, Сандар не можеше да го поднесува падарот. Ќе се сретнеа дење во полето и падарот за Сандар секогаш имаше набрано најубави јаболка и ореви. Дење падарот сакаше да разговара за другите земји и за самодисциплината кај луѓето. По некое време, Сандар забележа дека и падарот одвај го трпи него. Но нешто ги спречуваше да се разделат. Тие двајцата се мачеа да бстанат сами, секој во себе беше сигурен дека изгубил некаков мир којшто и не беше мир, туку посебна тајна и зашто беше тајна, се поднесуваше. А сега не можеа да издржат да бидат сами, па ќе тргнеа низ полето и ќе се сретнеа. Не беше тоа желба за средба при што ќе се радуваат, туку некое взаемно попуштање, насобрано од подолго време. И постојано раскажуваа за нешто. Уште пред да се разделат се каеја обајцата што веќе едниот на другиот си имаат признато многу свои поединости од животот за кои не требаше никој друг да знае. Секој веќе го знаеше целиот живот на другиот и тоа ги нервираше. А веруваа двајцата дека заслужуваат да бидат невознемирувани. Ќе се поздравеа навечер, напоменувајќи дека ноќва можеби ќе заврне и треба оваа вечер дома да се спие и одеа одделно прво до селото, а потоа секој брзаше кон своето скривалиште во полето, да преноќеваат под отворено небо. Тоа им причинуваше некакво задоволство и сметаа дека на тој начин се одмаздуваат еден на друг и долго во ноќта едниот за другиот изнаоѓаа факти што недвосмислено откриваат дека по некоја глупа случајност и едниот и другиот се зближил со еден пропаднат човек. Потоа размислуваа дека сè уште има време да се започне со нешто. Што не се јавува Сандар Вториот, рече Сандар. Смешно и тажно, зборуваше тој. Тој старец и јас момче од дваесет и четири години. Два фронта, шепотеше снеможено. Забележа Сандар дека сонцето му го напекнува голото стапало. Со влечење се доближи до предните нозе на коњот и започна пак да размислува за она пеколно движење над него. Во стомакот на коњот како да беа сместени некакви силни машини и неуморно правеа сигурни и тапи движења. Напати на Сандар му се чинеше дека, коњот полека во себе внесува скоро видлива, убава сила. И она движење во него се обидува таа сила да ја престори во нешто што може да се распореди на сите страни во коњот. Тогаш ќе видеше како сонцето низ ребрата на коњот ја смука сета онаа раздвиженост во него и тој си остануваше црн, слаб коњ, со муцката во тревата. Таа бесмислена неуморност на коњот, го тераше Сандар постојано нешто да очекува. Во оваа лабава напнатост, Сандар беше прекинуван од шумот на реката, од некакво чујно потење на дрвјата и од оној летен метеж што прави друго, сниско небо над полето. Понекогаш ќе му дојдеше да свика, туку се плашеше да не се јави и тој вик над него, обесен како летото. Потоа, и самиот не знаеше од каде и како се надразнува, онанираше и пак му беше жал за онаа размавтаност во внатрешноста на коњот, која што напразно пропаѓа пред негови очи. Сонцето, низ ребрата на коњот вовлекло илјадници невидливи цевки и се што беше внатре засилено да стори нешто, го извлекуваше надвор и човек дури можеше да забележи како таа содржина се разлева над дрвјата, над реката и го обојува некако несносливо ова опозно лето. И, Сандар првин ги виде гумените чизми, а кога се искачи со погледот до појасот на човекот, знаеше оти тоа е Арон. Арон, огромен над него, се загледал пред себе и се мачеше да се насмевне. Сандар може-ше да ги погали неговите гумени чизми, можеше да ја бакнува млаката гума како образ од средовечна мајка, се смееше во себе, како образ на обична селан-ка и тоа ништо не кажува. По тоа не ќе познаеш дали е среќна, или несреќна. „Сношти рекоа можат да дојдат и друга луѓе и деца“, рече Арон. „Рекоа да изберете доверливи луѓе и пријатели кои не се алчни“. „Каде треба да се оди, Ароне?“, рече Сандар со нешто во гласот. „Јас уште тогаш мислев да те повикам тебе“, рече Арон. „Ти си на студии и пријател те сметам“. „Каде треба да се оди, Ароне?“ повтори Сандар. Зошто не се јавува Сандар Вториот, зборуваше Сандар. И му беше гадно. Целиот се наежави како да испил нешто најсмрдливо. Потоа сети како му се испотија дланките и почувствува дека пак му е некако сеедно. Но ужасно е тоа, ако треба да се придружи во некоја група селани кои ноќе палат оган во полето и варат кочани. Неиздржливи се тие горковски ноќни собири во полето.Одвреме навреме селаните зборуваат за месечината, за вдовици и за сопствените жени. Некои во тие ноќи во ливадите крадат сè што ќе најдат и носат дома. Некој од нив ќе оди во пченките, ќе остане таму и потоа кога ќе се врати по полноќ, ќе раскажува дека бил во постелата на некоја девојка. При тие кажувања, скоро сите делкаат клечки со своите чакии врзани за ремичка на коланот. И сите знаат оти не бил никаде, но долго потоа нагодуваат, кај ли можел да биде, господи. „Гледаш“, рече Арон, „никој не знае во селото. Тоа најмногу ме радува. Можам да речам, им се откинавме на селаните и сега ние сме едно, а тие сосема друго“. Големиот Арон, мислеше Сандар. Арон со своите триесет и три години. И пак два фронта. Ние сме едно, а тие сосема друго. „До кој клас стигна во гимназијата, Ароне?“ рече Сандар. „Тогаш кога рекоа другите, си сакал да ја силуваш наставничката по ботаника, во кој клас беше?“ „Во шести“ рече кроткиот Арон. „А наша најголема радост е“, рече рамнодушно, како да не праша ништо Сандар, „кога ќе седнеме околу крушата и секаде прст пред око не се гледа, а ние сè гледаме. Ги слушаш како пеат петлите на полноќ и оној страв во ниедна доба го нема. Зашто седиш таму и од некаде доаѓа светлина скоро како денска. Да, ти велам, денска светлина.“ „Далеку ли е тоа, Ароне?“ рече Сандар. „Првин треба да ми ветиш дека никому не ќе му зборуваш ништо. Сандар“, молеше Арон, „ти си студент и сигурно знаеш да ни објасниш некои работи. Заречи се во себе никому да не му кажуваш“. „Таму се вари пченка?“ со страв и со прекор праша Сандар. „Не смее да се пали оган, Сандар. Не смее да се пали оган, за да се види светлината“, рече Арон. „Ви ветувам дека никому не кажувам“, наеднаш се согласи Сандар. „Сандар! Сандар, таму се најумните луѓе од селото. Таму може човек да биде најспокоен, Сандрушка. Вечер, ќе поминам крај бунарот што го наполнија војниците со камења. Кога ќе ме видиш тргни по мене; дури кога ќе излеземе од селото, на патот за Јазина, ќе ми се придружиш и јас ќе те одведам“, заврши пресреќен Арон. Постоја малку збунет и продолжи низ ливадите. Сандар го гледаше како го прескокнува плотот близу реката, потоа ја прегази реката и беше во ливадите отаде река. Застана и ништо не правеше. Се обѕрна и не можеше да види што прави Сандар; му го запираше погледот плотот. Пооди низ ливадите и седна под една слива. Сандар гледаше како седнува споро, како да пропаѓа во батак. Единствен е Арон што можеше постојано да биде сам, сакаше да изусти гласно Сандар. Арон сака да биде сам. Зарем може човек да не знае што е тоа амбиција? Му рекоа си сакал да ја силуваш наставничката по ботаника и го истераа од гимназијата. Арон дојде во селото и читаше книги. Потоа ништо не правеше и бегаше од луѓето за да биде сам. Сигурно знаат неговите врсници каков бил во градот. Убав, голем, ќе да имал девојка. А сега зошто не сака да се жени? Првин на Сандар му се стори дека во внатрешноста на коњот нешто повторува Арон, Арон, Арон. Како кога си во воз со затворени очи. Стои коњот како диносаурус над него, мирен, па ти иде да помислиш, прелариран е. А во утробата негова се раскинува нешто, па сака да прилега на некаква среденост. Како да има цело село внатре. Едни одат со волски коли по полето, други расправаат за сушата. Си тече еден живот. А има една тишина. А има една тишина, повтори, а размислуваше за селските двеколки; ако сакаш, некои од тие двеколки ќе ти заприлегаат на селани што ги познаваш. Разме Прокопија може да заприлега на таква двеколка. Но сепак повтори за тишината. Така повтори, како да пее. И сопре. Го опре лактот во тревата и дланката ја залепи за образот. Пред него беа меѓи со црвеникава трева и со тикви како огромни полжави по тревата. Зад меѓите постоеше нешто влажно, но затоа што беа високи не се гледаше. Влагата се креваше од градините и над земјата се создаваа невидливи, неми бркотници од горештина и од некоја темница. Сонцето ќе припечеше во таа насобраност и започнуваше она потење. Во просторот се насетуваше таа борба меѓу светлината и влагата. Дури се чувствуваше мирис на изгорено, на крв што се цеди низ пламен. Ист мирис шират и нашите жени кога имаат месечно чистење. Како кога јадеш посна волска пастрма, изгорена во пузата и натопена во вода. Сандар ќе подзамижеше и над него на многу места гледаше други такви петна коишто едно подруго се растарчуваа во двобојот со сонцето. Туку се уште остануваа друти здрави или постојано се создаваа нови и небото прилегаше како да е полно со модри тумори. Немаше никаде облак, беше најчиста ведрина и Сандар се чудеше како е возможно од таа чистина да се прават такви појави. Нема ништо сосема чисто, зборува гласно Сандар. Уште натаму, започнуваше планината. Беше гола, со малечки и ретки грмушки како гол грб на некој старец. Над планината, една педа над земјата се случуваа чудни работи. Прелетуваа птици што излетуваа од некои отворени човечки усти. Веднаш потоа, падината се покриваше со илјадници очи и тие светкаа на сонцето. Беа како зрна грозје, расолзени, насадени во земјата и напати се чинеше како да е голем мрак, па отспроти доаѓаат илјадници овци што ги осветлува месечината; Сандар знаеше дека во најголем дел тоа е негова игра, но чудно беше што можеше да се одвои една цела планина од просторот и потоа ништо друго да не постои на среде бел ден. Сандар не мислеше на патот, на небото и времето, на езерото и на ништо околу него. За него постоеше само таа планина, или поточно речено само дел од планината и можеше да се живее ако постои само тоа место во светот. Тогаш му дојде онаа мисла за безграничноста на космосот. Сандар не се обидуваше да ја сфати таа појава, туку реши да се согласи дека вселената е безгранична и потоа дозна дека таа појава ќе биде иста ако во сето пространство постои само едно единствено место, големо колку едно гумно. И уште помалечко, а на тоа парче земја да живее само еден единствен човек. Зашто космосот не се храни и не му зависи опстанокот од една малечка планета и од сите други планети. Тој се храни од себеси и поради тоа може да опстане. Може да постои. Тука е важно нешто друго. Во просторот, ако постои само еден единствен човек, тој сепак мора да биде создаден од сите елементи и потреби, како што е создаден за милјарди луѓе и уште повеќе милјарди планети и сончеви системи. Самиот тој факт зборува дека постојат констатации што живеат одделно една од друга и кога не би постоела едната, другите ништо не губат од тоа. Зошто, по ѓаволите, зошто, рече Сандар и се обиде да се насмее. Веќе не ќе имам сили на жените да им зборувам за моето искуство, за моите разбирања. Тие убави жени, што се соблекуваат голи пред него и тој не се чуди, само се плаши да не стане она-нист и потоа, не ќе може да легнува со жени, ништо не можеш да сториш ако има живо суштество пред тебе. Така е тоа, онанистите уживаат само кога ќе ги затворат очите. Замислуваат најубави женски нозе и гради. „Мој“, рече. „Коњот? Да, мој е“. И скоро не се ни обѕрна. И на терасата дојдоа луѓе, го замолија да појде со нив. Многу учтиво се однесуваа кон него, постојано се поклонуваа и му ги тресеа алиштата од правта. Потоа, стигнаа во една сала полна со внимателни слушатели. На првите редови беа седнати многу убави девојки што гледаа само во него. Тука немаше гласно зборување. Сандар знаеше дека го разбираат и му беше мило што во тој нем разговор најучениот човек е тој, а другите само слушаат и се понизни. Им зборуваше за некакви складности и соодноси помеѓу телото и интелигенцијата. Се загледуваше во секого од слушателите и можеше да се дознае кој што мисли, кој што може. Иако знаеше, сепак се изненадуваше од беднотијата на некои луѓе што беа убаво облечени и што имаа завршени школи. Но виде дека е тешко така да се двојат луѓето. Набргу се најде заплеткаи во таа своја теорија. Дознаваше дека многумина од слушателите пред него, ако ги направиш интелигентни, ќе бидат несреќни. Иако тие тоа го сакаат, иако поради недостигот на интелигенцијата се чувствуваат несреќни. Потоа дозна, секој човек таков каков што е, треба да биде токму таков за да може да се употре-би за нешто. Но тие тоа не го знаат и секој бара, друго, а не тоа што му треба. И Сандар разговара. Објаснува што е тоа храброст. Преку некоја врба близу езерото ја прелетува реката со коњот. Кога ќе започне коњот да паѓа, Сандар се симнува од него и го носи на грбот високо, високо со раширени раце. Не може да се воздржи и вика. „А-а-а-а-ах“, вика и лета. Долу луѓето се многу малечки и не ги интересираат такви работи, зашто тие никогаш не можат да сторат нешто такво или нешто слично. Сандар е сосема подруг од сите. Тој е нешто недостижно. Чувствува, ако започне да зборува долго, може да заборави како се лета и да падне на земјата. Може само да кликта како птица. „А-у-а-у-а-у-о-х“, вика полн со некоја неземска среќа. (Тој е гол, за да се гледа, за да го гледаат неговото прекрасно тело.) Сандар знае дека нему му припаѓа сè. И се мачи да изнаоѓа нови работи за да не му е здодевно. Трча по езерото како по асфалт и нема никој да го види. Но луѓето знаат за тоа и кога ќе им побара во мислите нешто, тие обични луѓе не знаат како да му удоволат од среќа што се сетил на нив. Во голема толпа се упатиле кон него и на патот по нив остануваат многумина изгазени и раскрвавени. Еден татко не може да прозбори од радост што успеал да му ја донесе ќерка си горе во планината. Сандар како да не го гледа тоа, ги раширува рацете и лета над дрвјата. По градите го чувствува талкањето на ветерот. И го слуша сопствениот глас што доаѓа некаде од другите светови и затоа не е како сите гласови. „О, луѓе, о, луѓе. Тоа сум јас, Сандар“. А друго, навистина не знаеше што да рече во тоа малечко парче време. Кога се разбуди Сандар, сонцето низ најдолните гранки на врбите и сливите правеше пајакови мрежи од усвитени нишки. Коњот стоеше со исправена глава на излезот од ливадата и го чекаше него да појдат дома. Сигурно ме мрази коњот кога мора вака да чека, помисли. И беше многу радосен, зашто одамна немаше сонувано како лета. Многу одамна, Сандар често леташе на сон и кога престана да лета на сон, секое утро, кога ќе се разбудеше, првите минути па и часови, момче, само на тоа мислеше. Едно време се увери дека такви соништа одат со годините. И тој беше сигурен дека е веќе стар за такви соништа. А сега навистина беше радосен. Овојпат, тој толку многу леташе со малечки падови, што кога се разбуди, помисли оти не е глупо ако некогаш вистински се обиде да лета. Да се искачи на некоја карпа и да ги рашири рацете како на сон. „Ух, по ѓаволите, рече гласно. Барем да не знам дека за многу работи сум обична кукавица. Сандар, те молам, зборуваше со длабок глас, те молам Сандар, крпо, идиоте, ништожнику, те молам биди среќен. Толку си добар ти Сандар, толку си добар. И потоа, кога стана и се упати кон коњот, се мачеше да дознае до кога беше разбуден, откако си отиде Арон, а кога веќе мислите му се измешаа со сонот. Ми се чини, рече, но, не е тогаш. Значи, не знам кога сум заспал. Дури кога дојде во селото, се сети за она што му зборуваше Арон. Ете, помисли, не можев да го одбијам Арона. Мајко, пак ќе биде некоја лакрдија и јас ќе се насмевнувам и ќе речам, интересно е. Неколку пати ќе речам. По улицата одеа две жени и Сандар не можеше да излезе пред нив со коњот, зашто на едната страна имаше купови камења. До камењата беа кренати над земјата темелите на една голема куќа. Сандар знаеше дека таа куќа ја градат тројцата браќа, Фурови. Едната од жените се обѕрна и му рече на Сандар. „Ти секогаш сам се враќаш, Сандар“. „На квечерина по ладот, коњот поубаво пасе, па се задржувам подоцна“, рече Сандар. „Навечер не му здодеваат мувите“. „Ти Сандар, секогаш сам го пасеш коњот“, рече жената. „Сосема сам“. „Диии“, рече Сандар. „Не, често се среќавам и со други луѓе“. И едната жена отиде напред сама, а другата што зборуваше со Сандар, остана крај слабините на коњот. Имаше големи очи. Беше најубава во светот. Гледаше со крената глава кон него и за малку Сандар ќе се наведнеше да ја бакне. „Сандар, зошто си толку сам“, рече таа. „Знаеш, Сандар, јас и ти сме врсници. А јас уште од кога сум мажена. Сандар, каде ќе бидеш утре“? „Каде што ќе сакаш ти“, рече Сандар пресреќен. „Каде што ќе ми речеш ти“. „Да дојдам ли, Сандар?“ рече жената. Ја погледна Сандар и тогаш навистина беше најубава жена на светот. Се присилуваше да се сети на другите девојки и жени во селото и ниедна немаше поубава од неа. И истовремено некоја мека снеможеноет го обзеде, јас сум, мислеше, голем среќник. „Иде мажот ми“, рече жената. „Утре биди со коњот кај горното црквиче“. Една грутка задоволство започна да се тркала по улицата. Селото како малечко детенце со стегнати рачички за јажето, се нишаше меѓу блеењето на овците и треперењето на камбаната. Црвеникава прашина како коприна висеше над селото и сите имаа среќни лица. Таа вечер, стариците беа најмили малечки жени со изжубравени лица. Сандар започна да вика. „Добравечер, добра ви вечер“. „Господ да те поживее, синко“. Отиде дома, касна набрзина леб и сирење и се упати кон бунарот. Арон веќе беше таму. Тој го забележа од далеку Сандар и тргна по улицата. Од една градина крај браздата, на улицата ги протегаше своите гранки една јаболкница и Сандар подзастана во сенката. Можам и да не одам вечерва, помисли. Ќе му речам на Арона дека ми се сторило, свртел кон јазот и јас се упатив таму, па секаде те барав и те немаше. „Сандар, се криеш ли, момче?“ рече старецот на Гредовци, на Смиља Гредовска дедо £. „Не се кри, не е срамота да чекаш девојка“. Направи старецот неколку чекори, застана и се обѕрна. „Сандар, дојди утре кај нас. Дојди кога ќе имаш слободно време да ми напишеш адреза за сина ми во Америка“. Ќе дојдам дедо Прокоп. Ќе дојдам и ќе ти ја напишам адресата“, рече очајно. Студентот Сандар, се шегуваше, утре ќе напише уште едно писмо. Пиши синко Сандар и не им зборувај на другите што ти реков да пишеш. Драги мој сине, мој најмил гулабе. Господ нека те поживее со најголема среќа, ама ти не си излегол на мене. Таму многу трошиш синко. Најубаво е да појдам по Арона, помисли. Да видиме, како се бори Арон со себеси меѓу овие луѓе. Го забрза одот и забележа како чекори Арон полека не обѕрнувајќи се. Небото се натрупуваше со облаци и веќе луѓето што минуваа по улицата не се препознаваа. Арон можеше да се препознае само по височината. Тогаш Сандар мислеше дека е способен сè да упропастува. Од каде ми падна, мислеше, на ум, да се уверам дека ќе умрам сам. Луѓето се најголеми филозофи. Ти се чини плитки се, за ништо не размислуваат. Сандар се мачеше да откријат другите што мисли, ако му се загледуваат во лицето. И потоа рече за себе, стармал ништожник. Чевларот Симо, стана папа Симеон. Кафе ли е, или кафез ли е? Ама тоа е глупост. Во секакви моменти можеш за сè да се присетиш. Тоа е живот. Најубав, наједноставен, најдлабокоумен. И се сети на жената. Сакаш да дојдам утре, Сандар? Дојди, мила. Ќе видиш дека можам да бидам најдобар. Всушност, јас мила, сето ова од незнаење. Никој не ми покажал. Дури ќе ги обвинам и домашните. Ни еднаш мила, никогаш не сториле како мачката што прави со своите мачиња. Којзнае зошто. И одамна сум по интернатите и студенските домови. Оо, што да правам, да бидам смирен. И да зборувам најспокојно, да не глумам. Знам ли јас кога зборувам едноставно и кога глумам? Вечерта беше како онаа ноќ кога Деспина Бизова викаше по улиците дека го убиле Аврама. Сандар молеше некого да му помогне да не мисли на ништо, но не можеше. Започна со шепотење, а потоа во себе. Пред зајдисонце, Деспина трчаше по Горниот Сокак како Ирма, онаа Ирма на која на Полената, војниците во јаболко £ дадоа шпанска мушичка. Таа Ирма, ја креваше кошулата до појасот и од устата £ течеше пена. Очите и беа многу големи и викаше дека сака да легне со некого. Војниците се смееја со насолзени очи. Ирма ќе го фатеше некого од војниците ќе му ги фрлеше рацете на вратот и ќе го молеше да £ направи нешто. На еден војник му одгризна парче месо од брадата. Од увото, рече гласно Сандар, од увото, да. Војникот спишти и со сета сила ја удри Ирма со коколеното во стомакот. Ирма ги одврза прстите од вратот на војникот и неколку мигови се загледа некаде како да размислува нешто. Мислевме, решила да се смири. Потоа се заврте и пласна во правта. Започна да прета со нозете и војниците, еден по еден, сите избегаа. Ирма низ правта правеше бразда како некој кога ќе влече врзма сено. Околу неа останаа само дечињата и £ се наѕираа под кошулата. Дури кога се смрачи, Ирма се довлече до ѕидот на црквата и со едната рака на папокот, со другата опирајќи се на ѕидот, отиде дома. И навистина смешна беше таква, без шамија, со помодрено лице. Дали чекаше на Полената до зајдисонце, боже? се прашуваше Сандар. Деспина Бизова иста беше како Ирма, кога трчаше по Горниот Сокак. Едниот чорап £ се слизнал до глуждот. Шамијата ја држеше во раката и мавташе со неа како да се брани од штрекалци. Кога дојде до мушмулата на Виктора Кубурот, можеше да се разбере што вика. „Го убија Аврама, луѓее“, викаше Деспина. „Кој ти рече така да викаш, жено“? рече Ѓоргија Фармаковски Налетениот. „Жими дечињата. Долно Поле“, рече помирно Деспина. „Тоа во Америка не се прави така“, рече Ѓоргија Налетениот. „Лежи како сноп на меѓата“, рече Деспина. Од другата страна доаѓаше Стојна Лешникот. Таа од пред неколку месеци се носеше градски. Над кошулата имаше облечено едно машко палтенце со риги. „Добар ви ден“, рече Стојна. „Го убија Аврама“, рече Деспина. „Која рака се крена, да се исуши“, рече Стојна и очите £ беа полни со солзи. „Како ангел лежи на меѓата“, рече Деспина и започна да липа. „Во Америка луѓето молчат ако е убиен некој“, рече Ѓоргија. Но никој не го слушаше. Деспа и Стојна слегоа на Големата Улица и трчаа назад. Од сите порти излегуваа мажи и жени. Дечињата трчаа пред сите и слушаа. Аврам е убиен во Долно Поле. Во едната рака држи нож со бела рачка. „Нарочно му го ставиле во раката ножот“, рече Самсон Сековски. „Зошто нарочно“, рече старчето Климе од Средин Жегловци. „Аврам сигурно се борел. Аврам не беше плашлив“, рече. Кога дојдоа селаните на Полената, беа околу стотина души. „Дечињата да се сопрат“, рече Тодор Алабак. „Не е оваа работа за дечиња“. Не го остави да дозаврши Тодора, Налетениот. Тој упорно кажуваше. „Така не прават во Америка.“ Од полето доаѓаа селани и се распрашуваа што станало. „Го убија Аврама. Лежи на меѓата во бозјакот“. И луѓето не одеа дома, туку се враќаа назад со другите. Дечињата како кучиња ја следеа толпата. Селаните што се враќаа со коли од полето слегуваа од колите и тргнуваа назад. Дечињата ниту се погледнуваа во празните коли оставени сами на среде патот. „Од три места му тече крв“, рече некоја жена. „Не треба така да одиме сите по ист пат“, викаше Самсон Сековски. „Треба да се поделиме во групи и на меѓата да стигнеме од повеќе страни“. „Зошто“? рече старчето Климе. „Сметам дека така ќе биде најубаво“, рече Самсон Сековски. Како може смртта веднаш да ги измени луѓето. По полскиот пат одеа скоро двесте мажи и жени и не се туркаа. Многумина забележаа чавки на стрништата. Ги гледаа чавките и знаеја да избројат колку кртичници има по меѓите крај патот. Многумина си рекоа во себе дека палтето на Стојна не £ стои смешно. Деспина чекореше сè уште со шамијата во раката и со слизнат чорап до глуждот. Сите, без завист и потсмев се согласуваа дека Деспа е најзаслужена за веста. Па таа, да си кажеме право и не е некоја лоша жена. Што е секогаш така растурена, не е до неа вината. Има пет деца, а мажот уште не £ е вратен од ропство. И додека траеше војната, никој не може да се заколне дека Деспа одела кај попот за совет. Сега и другите жени не одат кај попот. Кај младиот поп, додаде гласно Сандар. Кога ќе се јави Сандар Вториот, рече. Колку повеќе се доближуваа луѓето до меѓата стануваа се потивки. Меѓу себе шепотеа и шепотот не можеше да се извлече од толпата. Висеше над селаните како летен дождец. „Како ти е ногата, Маро“? шепоти Климе старчето. „Ми здравее“, вели Мара Сираткова. „Сам бил“? додава таа. „Се борел, Маро, три часа. Дури не го исекле на три места не паднал“. „Тоа ти е улица“, расправа Налетениот, Горгија Фармаковски. „Права како зрак и полицмано, ќе ти рече, плиз. Ако убијат некого, луѓето не трчаат да го видат.“ Шета нешто меѓу селаните, а не знаат што е. Веќе го изодија повеќе од половината патот. Секој мисли во себе, зарем без мене не можеа да дојдат до меѓата. Аврам е мртов и што ќе му помогнам јас. И бараат нешто интересно по патот. По патот, ѓубре и слама. Крај патот сливи, ореви и капинки. Како можеш заради слива да се одвоиш од луѓето. „Распетлан е на градите“, шепоти Стојна. „Зарем носел нешто“? вели старицата Зуна Гоморова. „Аврам не беше жена, та да го распетлаат за да му ги погалат боските“, вели Стојна. „Кој знае кој бил виновен“? шепоти Кире Терзијата. Жена му што ја донесе од Грција, оди по него и ќе врти на сите страни. Кире не ја пушташе ниту педа од дома. Сега мртовец лежи на меѓата и незгодно е да се кара пред луѓето. Жена му, како да оздравела од некоја тешка болест се насмевнува. Ќе се сети каде оди и ќе ја наведне главата. Не може да ја избрише насмевката од лицето. Лицето £ е чисто како цело време да е држано во кадифе. Мекотијата од нејзиното лице се залепила по алиштата на селаните што се околу неа. Тие се чуваат да не се доближат премногу до неа и таа чекори во еден круг полн со воздишки и со смирени погледи. Се носи еден глас дека во Грција работела на некој брод. Ги местела креветите. Лаги се тоа. Таа, со такво лице не оди на брод. Ако била, ќе £ се знаеше по лицето. Толку чисти лица имаат само калуѓерките. „Не те прашуваат во Америка за тоа“, го продолжува разговорот Налетениот што го започна Кире Терзијата. „Таму прашуваат кој е виновен“. „А јас ти велам“, вели Климе старчето, „за луѓето има само еден судија. Толку е просто тоа, Горгија“. Мракот што доаѓа од бавчите, од двете страни се напластува на патот. Толпата е завиена во некое магличиште што лази по земјата. Тивко е наоколу и само потполошките сè уште прелетуваат над стрништата, барајќи ги пченичните снопови. Како да заборавиле дека жетвата е готова. Дури и коњите заборавија на вршидбата. И тоа се згоди во исто време, рече Сандар. Нема ветре да зашумка со капињето. Некој ќе рече, ветре во ова време не чини за лозјата. „Треба селото убаво да го погреби Аврама“, вели старчето Климе. „Тој не е од тука, но меѓу нас израсна и секому му направил добрини. Аврам веселиот“, си зборува за себе Климе старчето. „Кој го уби Аврама веселиот? Кој ќе ја измери нашата лошотија спроти Аврама“? размислува старчето Климе гласно. Сите гледаат напред и го гледаат оревот. Тоа што е како овци налегнати, тоа се бозјето. Таму некаде лежи Аврам. „Аврамеее, душо блага“, прва спишти Стојна. И женските гласови го кренаа во мракот над себе името Аврам, како некоја молитва што се создава повеќе сама од себе кога е времето на големите поплави. Тие што знаеја што да речат досега, кога чекореа низ правта, знаеја да плачат. Никој не се чувствуваше некако незгодно. Мажите запалија суви гранки и ги дигнаа над толпата. Жената на Кирета Терзијата беше облеана со солзи. Насмевката и стануваше сè почиста. Таа се уште не го знаеше нашиот јазик и нашите тажалки, па плачеше безгласно. Солзите £ гргореа по лицето и градите високи под меката ткаенина и беа мокри. Беше толку убава. Деспа Бизова, во тажењето повеќе го споменуваше мажот свој. „Авраме, душо страдна, како стопанот мој“. И потоа Деспина раскажуваше каде скитал нејзиниот маж гладен и во кои сè земји молел да му дадат вода. А сега не се знае каде е. „Авраме, ти не знаеш што се маки, на дваесет и осум години да останеш без маж“. Мара Куцата споменуваше некој војник. Се опре на рамото на старчето Климета и плачеше како да пее. „Исплачи се Марушко“, £ вели старчето Климе. „Исплачи се, момичко убава“. „Авраме, тој никому зло не сторил. Од град беше, а кравата наша, како жена ја молзеше. На мама рака и бацуваше“. „Некои работи, не можеш да ги кажеш ако не плачеш“, размислува гласно Климе старчето и ги брише очите со „влашка“ шамија. Со онаа, со која оди во црквата кога даваат за помен на умрените. До меѓата нема ни педесетина метри. Низ мракот како да се влече некоја огромна желка, наредена со големи свеќи. Сега во рацете држат запалени суви гранки и старците и жените и дечињата. Дечињата запалуваат повеќе гранки и им ги подаваат на жените за да се вовлечат во толпата. Исидор Самосадски отсече три гранки полни со јаболка и еден млад орев, за да направи носило. Жените редат со висок глас и наместо да се заморат се чувствуваат посвежи. Таков настан во нашето село никој не паметува. Но најубавото е кога гледаш дека луѓето можат да се здружат и да помогнат некому. Сите по малку да помогнат. Тие што се први во толпата, веќе се под оревот. Запалените гранки како светулки се завлекуваат во бозјето. Другите селани застанаа на патот и чекаат. „Тука нема мртовец“, вели Ѓорѓија Фармаковски. „Тука не е ни Аврам, а нема ни крв, ниту ништо“, вика Самсон Десовски, И жените како по договор, редат гласно. „Го однесоааа и го закопааа како куче, кучињатааа“. Гласот се лее над полето како јато птици, како откинати лисје есента, кога го шараат небото, чиниш се разнобојни партали. „Нема ни крв и немало никој убиен тука“, вика Самсон Десовски. „Што плачите, проклетници“. По некое време, долу по патот се слуша тупот на коњ. Може да се чуе коњот, зашто жените молкнаа откако се развика Самсон. Во мракот нешто се белее, потоа се распознава коњот товарен со вреќи жито. Доаѓа од Свети Никола. Еден човек плашливо излегува од зад коњот и мирно вели. „Добра ви вечер. Што правите луѓе тука? Сакав да се вратам, кога ги видов огновите и кога го чув редењето.“ Тој позна некои од селаните и започна послободно да зборува. „Што станува, чичко Климе“? „Ни рекоа, го убиле Аврама, синко“, вели Климе старчето. „Кој ве излагал луѓе? Почнавте сега и да се шегувате. Аврам цел ден бичеше тополи кај Трајана Френгот. Цел ден ви велам, јас го видов. Го видов и кога одеше кај Френгот за вечера“. „Ти кај одиш“? праша Само Биглов. „Носам жито во вашето село на воденица и го видов Аврама кога одеше на вечера кај Трајана Френгот. На еден друг работник му велеше да одат да се искапат во езерото. Јас му реков, ако се искапат во ова време, ќе им се фати крстот. Кој ве излагал така нечовечки“? „Кој ти рече тебе Деспино да не излажеш за Аврама“? викаше Налетениот, Ѓорѓија Фармаковски. „За ова се оди во затвор. Во Америка би те затвориле, па да видиш како се правело шака со луѓето“. „Во Горно Маало, сите знаеја дека го убиле. Мислите јас ќе ве лажам“, рече Деспина Бизова. Селаните ги изгаснаа гранките. Само дечињата се уште ги држеа запалени и ги одржуваа грижливо да горат. Тие започнаа да си играат со огнот. Селаните тргааа назад и зборуваа сешто. Сотир Прцето, му рече на Исидора Самосадски да му ги плати гранките од јаболката и младиот орев. Инаку, иако нема суд во ова време, тој сепак штетата ќе си ја наплати. Некој во мракот, ја штипна Стојна, а таа колнеше со висок глас. „Мајка ти да ја штипиш, проклетнику. Не е задникот мој за такви простаци како тебе“. „Кој беше тој, Стојно“? ја праша Јордан Пашата. „Од кај знам кој беше, ти лигавко еден“, вели Стојна. Дури на пол пат, Кире Терзијата дозна дека жена му не е во толпата. Два три пати изоде низ луѓето од едниот до другиот крај и најпосле викна. „Да не ја гледа некој Лефтерија моја, луѓе“? И никој не одговори. По неколку минути, селаните започнаа да му дофрлаат. „Време и е за местење креветите, Кире“. Во толпата имаше двеста души. Никој не можеше во мракот да утврди со кого остана Лефтерија; тоа најмногу ги интересираше селаните, но не можеа веднаш да дознаат. Убавицата Лефтерија. Кој вели дека не местела кревети по бродовите? А кој може да каже со кого лежи сега на стрништето? „Зошто не ја смеша со луѓето, синко Кире“, вели старчето Климе. „Зошто не ја оставаше да ѕирне од вратата надвор? Оди побарај ја. И немој да и викаш. Таа е добра“. „Сега ти ако сакаш, земи ја Климе. Јас веќе немам жена. Ако сакаш земи ја. Јас знаев дека е курва, ама реков, ќе и дадам покрив над главата, па ќе се смири“, викаше Кире Терзијата. „Туку така ми треба, сите ги знаевме тие проклети жени што доаѓаа од преку ридиштата. Ја носеа со себе само душата и таа во носот, а се гледаше од секаде оти сакаа да легнуваат. Кучки, басиму мајката.“ Од селото доаѓаа други селани и се смешуваа со толпата па се враќаа назад. Патем ги наоѓаа колите, заглавени во браздите и по плотовите зашто воловите се пресегале да достигнат тревка или лист по дрвјето и ги влечеле колите по себе. На детето Илче Шеров, му загина ножето со рачка како рипка. Му беше страв да се врати назад да го побара. Може да се рече дека на враќање плачеше само Илче. Сандар го погали по главата и му вети дека утредента ќе му даде ноже. Ете и тоа ветување, не го имам исполнето. „Сандар“, се јави Арон, „сега можеме да одиме заедно.“ „Многу е темница“, рече Сандар. И нагодуваше зошто се сети на оваа згода, од пред петнаесет години. Безбели, затоа што и Ирма и Аврам беа од Егејска Македонија. А кога беше тоа со Ирма, нему попот што ги крстеше по челото италијанските војници, му подари нови скорни. И цела кутија благи нешта. Всушност и старите селани и се загледуваа под кошулата на Ирма. Откако видоа дечињата каде гледаат старите, се загледаа и тие. Но Сандар тогаш брзаше сам по Големата Улица дома. Новите скорни што му ги даде попот војнички беа темно црвени. „Така е најубаво“. Арон беше како дете. „Се чудам колку си среќен, штом ти се погоди првата ноќ темна. Уште вечерва, се ќе дознаеш.“ „Арон, зарем сигурен си дека има смисла ова што го правиме? Јас не знам во што е работата... Арон“, пискливо прошепоти, „во лозјето има човек пред нас“. „Не се плаши“, рече Арон. „Сите се тие наши. Најмногу по двајца треба да доаѓаме до крушата. Најубаво е секој сам да дојде, но ти си нов“. И потоа одеа крај една пченка. Кога стигнаа во ожнеаните ниви, Сандар загази во едно вадено стрниште и му се наполнија чевлите со кал. „Требаше малку погоре да поминеш“, рече Арон. „Ништо“, рече Сандар и започна да се нервира. Пак поминаа крај една пченка и влегоа во еден пуст угар. На средината во сувата трева се црнееше некакво дрво. „Тоа е крушата“, рече Арон. „Од тука ништо не се гледа. Кога ќе дојдеме таму ќе седнеш и сè ќе Ти биде јасно.“ Сандар сакаше да запали цигара. Го нема Сандар Вториот, рече, и го чу Арона. „Не пали цигара“, рече Арон. „Во почетокот на вечерта никој не запалува цигара“. И Арон го снижи гласот. „Скоро сите се тука. Па ете, Сандар, околу крушата ноќе се гледа сè. Чудно, но еден круг околу она дрво е осветлен. Можеш секоја ноќ да доаѓаш тука, а тоа место си стои осветлено. А ние малку зборуваме. И нема што да зборуваш, Сандар“. Дојдоа до крушата. Околу стеблото и подалеку од него, беа наседнати луѓе. По неколку минути, Сандар меѓу нив можеше да распознае и жени. Ако се седи вака долго, се присети Сандар, ќе дознаеш што е вистинска рамнодушност. Некој му потфрли палто, Сандар го посла на земја и седна. Некаде, некој чукаше ореви. На Сандар му беше празно во душата и ништа не мислеше. Можеби сум потресен од ова што го гледам, се сети. И навистина, седат возрасни луѓе и молчат. До него го немаше Арона. Тие доаѓаат секоја ноќ тука и сигурно си има определено место каде треба да седи. Не може да се рече дека Сандар се надеваше да сретне нешто одредено, но сепак се надеваше. Мислеше дека некој може да измисли нешто интересно. И не можеше да забележи никаква светлина. Знаеше дека очите се навикнуваат на мракот и по некое време започна да распознава грмушки, лица и нешто што светкаше на една рака на жената што седеше спроти него. Прстен, помисли. Некој по патот среднополски, тераше кола. Одвреме навреме потсвирнуваше. И му беше мака на Сандар што не правеше заклучоци. Обично, тој за сè правеше заклучоци. Патем ќе видеше селанец и ќе замислуваше како постапува со децата и со жената. Скоро секогаш погодуваше. Нешто леташе над нив. Добро е, скоро гласно рече Сандар. Тоа се три птици. Но и сите овие што се тука, знаат дека се навикнуваат очите на темница. Да беше Арон до него, ќе го прашаше од кога се собираат. „Се решив да му пишам на братучед ми во Америка“, го препозна Сандар воденичарот по гласот. „Нека дојде и тој тука. Деца нема и сетиќи не знае што да прави во Америка. Нека доаѓа и тој под крушата, што велите“? Ако живеат во град, дали би чмаеле овие луѓе по кафеаните? мислеше Сандар. „Јас му пишав на сина ми“, рече една жена. „Вели, до кога ќе живеете со будалаштини на Стари Крај“. Повеќето од овие се преправаат. А толку е убаво ноќе да се седи среде поле. Само да се седи и да се молчи. Ако се дојде во полето и да се крадат ореви и незрело грозје, одвратно е. Сандар се интересираше, како ќе се погледнат очи в очи изутрина. „Сандар“, рече дедо £ на жената што му вети да дојде кај црквичето, „има ли во светот некаде, вака ноќе да биде осветлено некое место“? „Таму во Русија“, рече Сандар. „Се вика Поларна Светлина, но друго е тоа. Таму навистина свети“. И пак ништо никој не зборуваше. Некој друг старец запали цигара. Запали и Сандар. Откако изгасна клечето, по неколку минути Сандар можеше да ги види луѓето. Беа наседнати во круг од триесетина метри. Ама тие биле многумина, помисли. Мислам ќе започне сега тоа. Ќе се напаѓаат еден со друг или ќе ги клеветат другите селани. Некој од Америка што дошол, им има зборувано за спиритуализмот. Дали е ова некакво копирање? Сеедно, главно издржуваат. Нема што, Сандар поинаку ги познаваше. Уште од детството. Или е тоа само претстава што ја носел таму во градот. Понекогаш ќе саздадеш претстава за нешто, ќе ја заградиш од секакви објаснувања и тоа ќе стане вистина. Слики од оние петдневни свадби полни со се друго, освен со веселба. Нема веселби веќе. Чевларот Симо, стана папа Симеон. Всушност, браќа мои, тоа не е од некоја загриженост или од страв. Тие сега се наоѓаат на една граница. Некако знаат дека е глупо да има веселби. Тоа заморува, а и трошок е тоа. Па потоа си неспокоен и така некако. Ветерот ги заниша гранките на крушата. Воденичарот стана, се оддалечи и се слушаше како мокри. На Сандар сè уште му беше празно во душата. Луѓето започнаа да се готват за легнување. Никој не е оптегнат убаво. Сите беа полулегнати. На Сандар некој кај нозете му дофрли уште едно палто. „Вечерва се гледа најубаво“, рече една жена. И не беше многу стара, некоја што ја има зафатено климактериум, се смееше во себе Сандар. Па го намести палтото и прилегна. Нешто во ноќта капеше и тој започна да ги засакува луѓето. Глупости, помисли. Тоа е сосема нова појава. Не е возможно. Во ноќта нешто полека капеше. На што ќе се одредиш сега, мислеше. Да нагодуваш за видови капења? О, убаво е, прошепоти без да ги помрдне усните. Ах, утре кога ќе дојде жената. Ќе и раскажувам дека сум мислел цела ноќ на неа. Па и точно е. Цела ноќ само на неа мислам. Арон е добар човек. Никој друг не можеше да му даде ваква ноќ. Ќе биде секој ден со жената. И ќе £ рече да се оженат. Ќе ја замоли, со тоа свое зборување, со таа умешност за зборување. Ќе ја однесе во градот. Ќе работи многу. Кога ќе прошетуваат низ градските улици, ќе биде најубава. Таква, црна и со најбела кожа. Најубаво е тоа што не знае многу работи и не ќе се срами да го запрашува. Што има тука нешто што не чини? Колку е тивко кога е убаво. Кога е среќен. О, господе, да не се јави сега Сандар Вториот. Селаните сепак се почисти од другите. Задушливо е дома да се спие и измислиле дека под оваа круша има некаква светлина ноќе. И доаѓаат да преноќеваат во полето. Тоа е убав изум. Мрзливо кротки се овие луѓе. Тоа е, што сакаш прави сепак се луѓе. А можеби такво место избрале. Планините некако така се распоредени и од секаде доаѓа некаков навев на извалкана белина. Тоа може да биде и ветар. Ветар како партали гној, некое сивило, се вкрстосува на ова место. Чудно, како не се сетиле да откријат и некој мирис. Доволно е и ова. Тие биле во Америка, се хранеле таму полошо од Црнците. Е, сега се сетив, помисли со лесна воздишка. Тоа од таму е и пренесено тука. Нашиот чевлар Симо, стана папа Симеон. Или е наша детска игра. Кој знае. Кога дошле тука, со по некој долар, за првпат во животот виделе филм. Наши апостоли. Чисто наши луѓе. Па и филмот што го виделе, бил американски. Сè се повторува. За повторувањето, сега за првпат се сетив, рече Сандар. Треба да поразговарам нешто, помисли. Треба да видиме кој за што е дојден тука. „Во некои пештери“, рече, „сосема длабоко во земјата и дење и ноќе нешто свети“. Кој знае како го примаат ова, се насмевнуваше. Ајде Сандар, зборувај уште. „Или, каде што загинал некој човек, сум слушал, ако е убиен некој човек некаде, јавно, луѓето замислуваат дека свети нешто ноќе таму, и навистина свети“. Кој знае колкумина од овие веќе спијат. Денеска ако не спиеше во ливадата, сега ќе можеше да заспие. Другите вечери ќе се обиде да им ја наметне идејата за летање на сон. И ќе раскажуваат кој како летал. Ако не си летал на сон, што било да раскажуваш, ќе се дознае дека е лага. Потоа помисли, започнав и јас да повторувам исти работи. „Ние тука гледаме чисто денска светлина“, рече дедо и на жената што го сакаше Сандар. „И тоа е чудно. Како може да постои таква светлина? Го гледам Настаса, те гледам тебе“. „Дали е тоа“? рече за себе Сандар. „Тоа е“ се јави од некаде Арон. „Само од тебе зависи за што ќе се определгап да гледаш.“ Сега знаеш дека Арон е седнат дури на другата страна. Сосема сам. Не верувам, шепотеше безгласно Сандар, не верувам дека сите овие луѓе доаѓаат секој за себе. За себе доаѓа тука Арон. И некои од старците. А онаа што ја налегнал климактериумот, се знае за што доаѓа. Кога би знаела таа, сега би требало да спишти и да рече, некаков глас и наредува да се соблече гола. Гола. Гола. Гола. Гола. И соблекувајќи се, ќе започне да се прпелка по тревата и ќе наслушнува и ќе се насмее, па ќе се исправи со навреденост на лицето. Може да извика, не! Не! И потоа ќе се расплаче. Во тој период, жените можат кога сакаат да плачат. Ќе рече, кога треба, ќе признам. О, проклет гласу, колнат гласу, најмил гласу, зарем мене ме изнајде да ги толкувам твоите гнасни желби? Јас сум чесна жена. Добро, кога не ми даваш мира. Веќе сум уморна, веќе сум уморна, ќе зборувам. Ќе речам сè. Луѓето околу мене се мои најдобри пријатели. Можам да им се доверам и да разберат дека не сум виновна. Потоа, ќе истрча на средината на кругот од луѓе и ќе започне. Некој глас, луѓе мои, ми заповеда да спијам ноќеска со еден од вас. Се уште не ми кажал со кого. А-а, а-ах, проклет гласу. А-а-а-а, проклет да бидеш. Еве, сега ми рече, пријатели мои. Ми рече со Арона. Идната вечер ќе ме избере мене. И ќе започнат и другите жени. Досега никогаш не сум правел планови за други луѓе. Најстрашно е тоа што сето ова е вештачко. Вештачко е од моја страна, луѓе мои. Таква е оваа вечер. За првпат се посомневав во себе. Не веруваше веќе дека е оној човек што чека некое време за да започне нешто. Какви услови сака тој? И зошто бара некакви услови? Ете, дури и мислите свои не ги разбира. Ќе се сврши така. Ќе се сврши така, рече гласно. А сигурно ќе им биде на другите интересен. Ако можеш во едно вакво село да ги обвинуваш своите домашни, на селаните ќе им бидеш интересен. И потоа кога ќе одат дома, секој ќе верува дека си идиот. Како може тоа, помисли. Цела вечер душата ми е наполно празна. Се мачеше да мисли за нешто, да се одвои од овие луѓе и постојано со мислата се вртеше околу нив. Како итро куче што го познава целото село. Барем да се занимава со нешто. Утревечер не доаѓам, реши. Не доаѓам мајко, не доаѓам, не доаѓам. Небото беше како оние вечери, кога некое сиромашно селско семејство е излезено во дворот и во мракот секој раскажува за некои убави времиња што одминале. Во такви вечери небото е некаков далечен пријатен глас, некаква безгрижност. И луѓето што вечерале само леб и вода, се загледуваат во такво небо, па еден со друг, не забележувајќи се галат. Штета е што траат многу кратко тие мигови. Којзнае на што би се решиле луѓето? Сигурно ќе измислат некои чудни играчки за возрасните, замисли, да наседнат старци на лединките и да играат со некакви играчки. И како да се штрекна од мислата што му дојде. Зошто не признава дека се опира да не му се допадне оваа вечер? А пак е тој, се јавува како болест, невозможен. Добро, нема никакви причини да му се допадне оваа ноќ. Можеби тоа не е ни разумно, ни логично. Но се чувствува убаво. Толку лесно му е во душата. Најубава празнина. Ќе да не е ништо точно од сето ова. Туку сигурен е дека не се плаши. Не се плаши од ова чекање. Готово. Го рече зборот и си остана по старото. Ова е чекање и ништо друго. Ама, Сандар, сè си е исто. Ти Сандар, си ти. Зарем така доаѓаат промените? Чекаш заедно со воденичарот, со жената во климактериум и со Арона. И сега веќе има смисла да се измисли некаква светлина околу крушата. Та што се чека? Не е важно. Сосема не е важно. Колку убаво погодија овие луѓе. Уште првата ноќ, велат, ќе дознаеш во што е работата. Тие тоа го рекоа без некое друго значење, а јас за ова бев подготвен уште во градот. И сега, кога ќе се врати пак во градот, ќе знае како се вика тоа. Чекање на нешто. Логично е, поради разни депресии, тоа често прилега на чекање – ништо. Но и тоа е занимање. Постепено, ветрето стануваше воден чаршав. Лизгав, свилен чаршав, брцнат во некој јаз. И веднаш се присетуваш кога за првпат, како дете, си видел разголена жена. Ги стискаш нозете, ги собираш рамениците и чувствуваш преку панталони и преку облеката, месото се допира со месо. Рацете, нозете. Спијат сега сите, веруваше Сандар. „Јас мислам“, започна Филип Сакатиот, „кога се прогласуваа светците, се роди она наше мислење дека сите други луѓе се поневерни од светците. Луѓе — светци, тоа било големото започнување на неправдите. А тоа што било пред тоа, не можело да ги прави толку завидливи луѓето. Ти доаѓа гробар на стреата и ти очекуваш да ти умре некој во куќата. Но тоа е гарван, птица, а не човек“. „Кој ти го кажа ова“? рече воденичарот. „Еден Полјак во Кливелан. Се обеси на вратата на една црква за жени. Тоа не беше како манастир, а таму и спиеја жените“. Од каде го знам ова, шепоти Сандар. Господи, секогаш исти кажувања во овој наш крај. Зарем и Филип Сакатиот го познавал Полјакот? „Заморни работи се тоа“, и рече дедото на жената што требаше да му дојде на Сандар кај Горното црквиче. „Тоа се говори“, рече старецот мачно. Некој запали цигара. И Сандар запали цигара и мислеше дека тие луѓе добро се познаваат меѓу себе. Петшестмина препознав, рече во себе. Се реши да мисли на домашните. Така не може да се каже, да се кажува, шепотеше. Не се решив да мислам за домашните, туку се открив како мислам на нив. А што можат тие мене да ми помогнат? Трена баба му се плаши од сина си Мануила; Мануил стрико му се плаши од се и тоа го покрива со играње карти, не, со неговите ноќни враќања дома. Но сега Мануил не е во Добридол, тој работи на некои вина во Скопје. Исто така, пишуваше дека го изучува големото оплодување на некој посебен вид гуски и не се грижете, во Македонија ќе има месо колку да ми сакаш. Не ќе ми верувате, ноќе на сон, тие убави гуски ми прилегаат ка жени, а пред две недели дојде болест во фармата и за три дни пцоисаа шест Илјади. Господии, се крстеше Трена, баба му, дали нашето езеро може да собере шест илјади гуски, луѓе? Тихон имаше чирчиња на вратот и вратот му беше врзан со црна шамија. Тихон ја праша Трена своја, мртви или живи. Ништо не се менува, воздивна Сандар. Ајде да живееме господе заедно. Ќе ти заздравее крвта. 2. ГОРНИОТ ПАТ На Сандар му се стори дека го разбуди некое куче што лаеше близу до него, а кога се расони наполно, разбра дека се караат селаните за водата. Беше неделата кога се вадат пченките. Редот му беше на Добридол да вади. Луѓето што седеа ноќта околу крушата ги немаше. Сандар ги скри палтата во гранкитe на крушата, се оддалечи од дрвото и кога виде не се гледаат, тргна кон селото. Само на горната страна на утарот имаше пченки. Кон голата планина и кон езерото, беа само стрништа. Не е некое нарочно место, рече Сандар. И сонцето како да му пукна одненадеж крај ушите. Се чувствуваше лошо. Потоа запали цигара. Започнува денот, рече. Ах, се сетив, жената што ме сака се вика Јагна. Јагна Гулабова. Цела ноќ не можев да се сетам. До дома ниеднаш не застана ни во полето, ниту во селото. Дојде дома, го донесе коњот од племната во дворот и дури тогаш ја викна баба си. „Бабо Трено, нешто да каснам и ќе одам со коњот“ „Зошто да одиш со коњот, Сандар? Ти знаеш, момче плаќаме за воловите и за кравата, синко. Тоа го пасе и коњот. И за коњот му е платено. Оди со другарите на езеро, синко. Сандар, зошто не сакаш да те запознаат, зарем така и во градот живееш?“ Сеедно, мислеше Сандар, ќе £ речам треба да сум сам, за да можам да учам. Ќе £ речам овој ден ќе биде последен и потоа ќе одам на езеро. „Треба да учам уште овој ден, бабо“, рече. „Потоа ќе одам на езеро“. „Пак книгата ја остави во ливадите“? рече баба му Трена. „Пак ја остави во ливадите“, рече Сандар. Сакаше да и дофрли, а ти ми помагаш, а? Но молчеше. „Дојдоа синоќа момчиња и те бараа. Рекоа ќе те викнат изутрина“. „Поскоро, да не ме најдат дома. Ти знаеш, не сакам да се расправам, не можам да се расправам“. „За таму ништо не ти имам подготвено“, рече баба му Трена „Не ми треба. Денеска ќе дојдам за ручек“, рече Сандар. „Навистина Сандар, дојди за ручек“, зборуваше Трена и Сандар се обидуваше да дознае, дали знае што зборува старицата. Сандар јадеше брзо. Коњот се упати кон черешната и застана. На вратата од амбарот уште кога беше Сандар во основното училиште, го испиша своето име со шајчиња за чевли. Исто така го имаше испишано своето име и татко му, на вратата од старата куќа. Парамон. И потоа тој направи букви со шајчиња на вратата од амбарот. Сандар. Татко му пред да оди во Америка, имал ловечка пушка. Сандар не е многу за тоа, да има ловечка пушка. И стана, а коњот сам му се приближи. „Навистина Сандар, дојди си за ручек“, рече баба му кога ја затвораше вратата зад него. Сандар го јавна коњот и сврте на Горниот Пат. Во ова време, по Горниот Пат нема селани. Сега сите селани одамна се појдени на работа. А тие што се дојдени од градовите да го поминат годишниот одмор, се уште спијат. Спијте, спијте вие, сакаше да направи некој стих, но не можеше да мисли. Се обѕрнуваше околу себе и му се чинеше дека е гостин во тие места. Тоа чувство те направи спокоен зашто знаеш веќе немаш ништо заедничко со патот, со луѓето и со воздухот што го покрива просторот. Сите желби и сите грижи на другите ти изгледаат безначајни. Не можеш да се вклучиш во нивниот живот, во нивните планови и затоа ако се насмевнував! го правиш тоа кога ќе се присетиш на некое лице. Започнуваш сосема рамнодушно да откриваш зошто се населиле овие луѓе тука и изнаоѓаш многу неоправдани причини. Секоја птица тоа го знае и лета некако шеговито. Има крај патот пресечени стебла без некој ред, без некоја цел. Се добива впечаток дека селаните се забавуваат кога создаваат некоја запустеност, но многу е тешко да се нагодува како мислат тие луѓе на таков начин тука да поминат години и векови. Сонцето пече, упорно гази по тесниот пат, но тврдоглаво останува една зиморничавост. Тоа безредие тешко и да го затоплиш и затоа селаните носат и во лето дебела облека, па не им е горештина. Се присетува Сандар на некои камења среде патот и гледа, со години никој не ги помрднал. Крај капињето се уште се оние две вкрстени гранки од орев. Веќе гнијат во истата положба. Тој ги паметува уште како дете и се чуди како досега не се сопнал некој на нив за да ги раскошка и да не стојат вкрстени. И коњот го знае тој распоред, па гази по невидливи стапки каде што газат луѓето и другиот добиток и ништо не расипува. Изутрина најубаво се гледа тоа умирање кое што не го надоместува никакво обвинување. Но и изумирањето е постојаност. И на тој начин бесмртноста и траењето си остануваат. Врз земјата недотекно нешто се напластува и нема опасност таа да се излиже. Тука ќе видиш стар опинок, таму изабена коњска поткова. Секаде се забележуваат знаци на живот. И животот е еден дел од сета оваа атмосфера и затоа е толку безначајно кога ќе сретнеш маж или жена да одат некаде. Едноставно дополнуваат нешто во утрото. Најпрвин ќе поминат куп мушички. Потоа ќе мокри некое куче на некој кол. Потоа поминува човек. „Здраво Сандар“. „Здраво“. „Си поранил денеска со коњот“. „Сум поранил, убаво е времето“. Никој за ништо не се интересира. Под кожата секој е занесен со своите мисли. Тие мисли можат да бидат сосема слични со мислите на другите, но секој на свој начин ги создава, ги храни и имаш повеќе луѓе. А секако се исти тие мисли зашто сите одат по еден пат, гледаат исти планини, дишат ист воздух. Тоа е решавачко за да се оформи еден лик. За да не биде тоа многу здодевно, постојат закарани семејства, постојат завидувања и постојат грешки при купувањето на облеките. И затоа не се сите еднообразно облечени. Постспат несогласувања на свадбите за миразот и за даровите на невестата. Потоа се помируваат двете страни и едно време се најубаво зборуваат едните за другите. Сандар ги намести рацете за молитва, ја сведе главата и зазборува потресувачки, анѓели мои, па тука поминуваа војни, како може тоа, а? Виде дека го оставил коњот сам да го носи. Се чувствуваше болен, но не знаеше што го боли. Беше како раскафтен и можеби затоа го налегнала таква расположеност. Ја крена главата и виде дека коњот оди по патот за Долни Ливади. Коњу мој, ние не сме за тој пат. Го врати коњот по една тесна патека и пак го остави да чекори каде што сака. Од двете страни на патеката имаше шибје и гранчиња со трње го боцкаа по нозете. Коњот заоди побргу. Некогаш на оваа патека играа со дечињата котка. Шибје немаше и беше убава лединка. Потоа кога беа малку поодраснати, на оваа лединка се учеа со девојчињата да ја играат играта, маж и жена. Во тие дни, се сеќава, две девојки доаѓаа од планината со торби на рамо. Најмладата сестра на Размета Прокопија и постарата сестра на Божин Дувало. Нека се каже сè, кога се сеќаваш. И видоа како ја играат играта. Сандар, едно дете колку него, и едно девојче. Го повикаа Сандар и го одведоа до еден длабок ендек. Над ендекот растеа бозје. Првин легна едната девојка во ендекот, сестра му на Дувало, и го стави Сандар меѓу нозете. Но ендекот беше тесен и не можеше убаво да легне девојката. Ако и текнеше да легне како што беше браздата, надолго во нејзиното корито, ќе можеше да се испружи. Девојката лежеше со главата на едниот брег на ендекот и со нозете опрени во ѕидот на другиот брег. Беше собрана и Сандар отпетлан лежеше меѓу нејзините нозе. Девојката немаше многу дебели нозе, но беа долги и зашто беа голи, Сандар се чувствуваше како да лежи на олупена пченка. Нозете на девојката беа мазни и студени како голи кочани. Девојката започна да се смее. „И што сега“? велеше. „Ѓавол еден, ме натера да излезам од памет“. Другата девојка, сестра му на Размета, седеше над нив и гледаше што прават. Ја крена кошулата над колена и гледаше меѓу своите нозе. „Доста сега“, рече наеднаш сестра му на Размета. Стана од меѓата и слезе во ендекот. Легна во браздата, се издолжи и под крстот ја намести торбата. Потоа ја засука уште повеќе кошулата до над папокот и го викна Сандар. „Ела тука“, му рече. Сандар £ пријде и таа се исправи, стави долу камења, а на камењата ја стави торбата и кога легна беше прекршена и целиот стомак и градите и се слизнаа надолу кон главата, само тоа место меѓу нозете беше кренато горе. И нозете и беа слизнати од другата страна и прилегаше како греда за нишање што ја скршил некој токму над каменот. „Ела“, му рече на Сандар. И не гледајќи, го отпетлуваше. „Ајде“, викаше гласно, „ајде будала, што правиш“. И започна со рацете да удира на тревата, а очите и се превртеа и не можеше да дише. Беше црвена во лицето и устата ја држеше отворена кон облаците. Имаше многу долг врат и Сандар гледаше како и тече пот по вратот. Девојката уште повеќе се изви. Со телото се опираше во тревата на едната страна, а со нозете раширени на другата страна. Се опираше со петиците. Сандар беше меѓу нејзините нозе и кога се изви девојката, нозете негови не му допираа земја. Сандар се преплаши и од очај да не падне, или поради нешто друго, со рацете се фати за градите на девојката. Девојката започна да се тресе и простенка низ заби. „Сте-е-е-е-гнии“. Сандар не знаеше што прави од страв. Со сета сила ги зари ноктите во боските на девојката. Таа започна уште повеќе да се тресе. Сандар почувствува нешто меко под папокот. Не знаеше дали тоа излезе од него или од девојката. Гледаше беспомошно на сите страни и ја виде другата девојка. Таа со раширени очи гледаше во девојката што лежеше. И Сандар започна да плаче. Започна да се тресе од силно плачење, а му беше страв да се симне од девојката, зашто таа изгледаше многу страшно. Сега лицето и беше бледо и со рацете го најде лицето на Сандар и го привлече кон себе и започна да го бакнува. Плачеше и таа. Сандар почувствува солено во устата и немаше каде да плукне и го голтна соленилото. Потоа се распетла девојката на градите и лицето на Сандар го згмечи на едната боска. Сандар не можеше да дише. Инстиктивно започна да прета со нозете и другата девојка скокна во ендекот и го оттргна од девојката што лежеше. Од страв Сандар не можеше сега ниту да плаче. Чекаше секој миг да умре. И убаво му беше да умре. Двете девојки молчеа, додека таа со долгиот врат, сестра му на Размета Прокопија, се запетлуваше збивтајќи. Потоа ја сврте главата преку рамо кон грбот и започна да се тресе од калта. Другата девојка ја запраша. „Ти знаеш како се прави тоа“? „Знам“, рече девојката со долгиот врат. „Знам и затоа сега не можев да се воздржам. Да имав нож, ќе си го забиев во градите. Од милина. Така, сакав да почувствувам болка. Но сепак, нешто бидна. О-ох. Сепак нешто бидна“. И се насмеа. „Сандар, колку години имаш“, рече. „Единаесет“, рече Сандар. „Никому да не кажуваш што ја игравме играта со тебе“, му рече. „Не кажувам никому“, рече уверливо малечкиот Сандар. И двете девојки ги префрлија торбите преку рамо, му дадоа неколку дренки на Сандар и си отидоа. А јас навистина никому не сум му кажал, рече Сандар, треперејќи незабележливо на коњот. Тие две девојки, беа убави девојки. Девојката со долгиот врат потоа беше болна. Боледуваше од некои несопирливи страсти. Инаку, беше многу добра девојка, никогаш не плачеше како другите девојки и секому му сакаше добро. На Сандар му се чинеше, мисли така затоа што ја сожалуваше девојката кога порасна тој. Чевларот Симо, стана папа Симеон. Но не може да се рече дека Сандар беше уверен оти дознал нешто за луѓето уште од случката со двете девојки. Тоа сигурно не беше точно. Денеска не сакам да се сеќавам на двете девојки, рече Сандар. О, ела Натанаиле, стави ми ја дланката на темето, а јас ќе седам со затворени очи. Ти што сакаш чувствувај, а јас ќе ти кажувам за видови боја на земјата од Полената надолу, кон Јазмина. И ќе мислам на деда ми Тихона Пламенков, со наполу одземена моќ да говори. Ќе ти кажувам за трите големи средби со девојките што ми биле крвен род и потоа се одредија за невообичаени професии; едната стана одгледувач на посебни дренови стебла од кои се прават леви рачни зглобови. Другата стана некаков вид птица која знае да зборува за златни пари, или за златни синџирчиња, само пред тоа остана со мажите и успеа да замори прочуени селани и шофери. Стапалка по стапалка, но кон успехот се оди. И ќе мислам на Трена Пламенкова, таа куса жена. Куса жено, куса жено, нека нема промени, за да се случи нешто неповторливо. О, ела Натанаиле, да ти плукнам во лицето и од сè друго, тоа најдолго ќе го паметуваш. А и тоа, како и се друго, не е ништо брате мој. Со втората девојка роднинка јас нешто слично доживеав. По средбата, размислував за самоубисто, а на крајот се открив како си свиркам во паркот. Каде сум јас, ти немоќен Натанаиле? И секоја ќерка во племињата на синовите Израелови на која ќе £ остане наследството, нека се мажи за некого од семејството на племето татково, синовите Израелови да можат да го држат сето наследство од татковците свои. Натанаиле, можеби сакав да ти зборувам за кругот. Натанаиле, и кругот е измислен, брате мој. Тоа сум јас, рече Сандар, или е тоа она друго Јас. Господи, како тргнаа работите. И немаше да се сети на двете девојки ако не поминеше коњот по таа патека. Првин се зачуди како можело толку да здивее местото и се сети на девојкте. Коњот со Сандар на грбот, застана во една ливада и започна да пасе. Сандар го тргна, го удри со петиците во слабините и виде дека се наоѓа над селото. Дојде до врбите, слезе од коњот и го потера крај реката да пасе. Сонцето започна да прилега на треска. Сандар слезе во реката и ја пикна главата во водата. Се освежи. Пак ја пикна и тогаш му текна да се обиде до колку ќе може да издржи под вода. Започна нешто да го чешка во дробовите. Потоа почувствува некое настроение како кога губи апетит. Но тоа беше само за миг и пак беше обземен со друго настроение. Низ очите почна да му излегува воздух во многу тенки, лискливи млазеви. Или така му се чинеше. Дојде до границата кога требаше да му биде лесно и ја крена главата. Му беше криво зошто заборави да брои. Пак не дозна колку време ја држеше главата под вода. Започна да дише длабоко и да се приготвува пак да го изврши обидот. Тогаш му стана сеедно. Се искачи до ливадата и легна на тревата. Коњот рамномерно ја мавташе опашката и пасеше. Сандар сакаше да откине страк глувчешка опашка што го скокоткаше по вратот и се сврте да види каде му е коренот. Го виде црквичето и се штрекна. Зошто се штрекнав? прошепоти мрзливо. Стана, ја префрли реката и дојде до црквичето. Ја отвори вратничката на црквичето и му замириса на сув босилек и здравец. Потоа се присетуваше дали некогаш бил во црквичето како дете. Никогаш како дете не бил во црквичето. Имаше само некои поминувања. Да, со Темка и потоа Темка беше луда во планината Балтан. Еднаш подоцна, поправо пред пет години, Сандар за првпат беше во ова црквиче. Излезе од дома и сакаше да оди во Даброво. Таму требаше да се договори со еден свој пријател за логорување во планината. Одамна се решаваше да појде во планината десетина дни. Патем се сети дека ќе им биде здодевно на двајцата во планината и застана во ливадите. Потоа го забележа црквичето и влезе внатре. Се зачуди кога најде копринена завеса на една икона. На завесата го пишуваше името на баба му, Трена. Некои искривени, мешести, жолти букви. А баба му Трена не знаеше да пишува и Сандар започна да се домислува кој и го навезoл името. Можеби мајка му на Сандар. Жените имаат по една таква тајна и не зборуваат за неа никому. Сигурно мајка му на Сандар имала многу желби и додека го извезувала името на свекрва си, посакуваше и нејзе да и се исполни некоја желба. И сега Сандар стоеше пред завесичката и ја галеше со раката. На едниот крај беше изгорена со свеќа. И додека ја галеше извалканата коприна, реши да седне на еден камен во реката од каде што имаше убава прегледност. Појде кон реката да бара плоча. Легна на еден камен и додека се местеше знаеше, не ќе издржи долго да лежи. Немаше потреба да стане, туку знаеше дека не ќе издржи да мирува така. Стана од каменот, скокна на друг и беше на тревата. Одеше крај реката и дојде до коњот. Ти си како автомобил, не може човек да те замисли дека си од месо. Би сакал да можам да те удрам во слабината и да срипаш испрепален, зборуваше сам оо себе Сандар. Се доближа сосема до коњот и со образот се залепи до влакното. Низ врбјакот чадеше некаков шепот. Секаде шепот, мислеше. Легна на тревата и ги од мавна зад главата рацете и додека мислеше, скоро исти движења, дланките му плиснаа во водата. Е, сега пак ќе бројам, се реши. Се сврте на мевот, ги наполни градите со воздух и ја нурна главата во водата. Започна да брои. Првин, се одеше добро. Потоа, мисла ли беше однатре, негова, или нешто надворешно го прекина. Заборави дека ја има главата во водата. Да не е сето ова, сакаше да прозбори гласно. Пак броеше. Ги отвори очите и во водата се откри матномлечна снеможеност. Ја крена главата, ја стресе и направи брррр. Коњот гледаше во Сандар како во малечко детенце. Не можам да те замислам да си од месо, рече. Ете пак не броев, додаде, кога се вовлекуваше во врбјакот. А тогаш кога не го фаќаше сон, често се обидуваше да прекине некој нем говор во кој им довикуваше на луѓето што ги познаваше, дека се несправедливи кон него, и така општо земено, се несправедливи луѓе и наместо да ги прекине тие прекари, тој ги казнуваше луѓето. Несовладливо силен, ги убиваше на најгрозен начин. Обично ги раскинуваше во лицето со удари на тупаниците. Ќе се најдеше во круг од дваесет души, па еден по еден ќе ги искасапеше. Потоа доаѓаа други да се одмаздат за убиените, или сами не знаеја зошто доаѓаат и под неговите тупаници наоѓаа сите смрт. Со илјадници. И сето тоа се одвиваше во полусон, па ќе се сетеше дека треба да спие, се штипеше за рацете над лактите или броеше јагниња и кофи полни со вода во летните горештини. Седна во врбјакот, сакаше да се исполни со запурнина и сети дека некаде во себе се уште има лразен простор, па таа мисла из'ртува од таму и душата му ја прави ежава. Ќе се удрам со камен по домалиот прст, зборуваше, да видиме колку ќе издржам. Се чукна по прстот доста силно и многу брзо како да се бранеше од нешто. Нешто кога сакаш да скриеш, се браниш на секакви начини. Кога ги соблекуваше чевлите, веруваше сето тоа го прави од горештината и едно гранче го засече во вратот. Еднаш го загуби едниот чевел и стоеше надвор додека се стемни, кога дојде дома никој не го забележа и изутрина тој викаше, кој ми го зел чевелот. Не беше чевелот, беше опинокот, Сандар. Не се сеќава кога започна за првпат да се преправа и дали се преправа сега кога не и дава место да излезе онаа мисла надвор. Која е таа мисла, по ѓаволите? Стана, се фати за една гранка и се заниша два пати. Само два пати се занишувам, а, ах, ах. И тоа не е смеење, кога наслушнуваше секакви гадости за домашните, поправо, тој самиот повеќе ги измислуваше тие гадости, зашто веруваше дека можат да постојат такви гадости, а можеби и постоеле. Ти чуваше само во себе и затоа понекогаш така се загледуваше во домашните. Дали прикриваше големи гадости или трагедии или смешни работи. И баба му чудно го гледаше понекогаш. Како да се договараа да не зборуваат за многу нешта и тогаш откриваа дека нивниот живот се состои од многу премолчени настани. Човек навистина може најубаво да го проучи животот од своите домашни. Тука има примери на долготрајни постојани набљудувања и затоа, ако може да се зборува за вистинска, оправдана и поткрепена омраза, таква омраза може да постои само меѓу домашните. Од оваа страна крај реката немаше патека. Сандар одеше бос низ врбјакот и мислеше дека и крај овој брег би можело да има патека и како може да не се изненадува кога дознава дека не ги сака домашните. Сврте во реката и до колена беше во вода, тој одамна не ги сака домашните и кога би имал некое огромно богатство, сето ќе им го даде на домашните за да може да избега од нив, да се откупи, кога не може поинаку. Некаде на друго место, тоа сигурно изгледа поинаку, туку тоа е дело на воспитувањето, па се чини оти е поинаку. Штом е толку горештина, ако сака и зима да е, па човек ќе се реши да се искапе. Стои во реката и се поти. Мислеше кратко, дали да се соблече и започна да се соблекува. Ги стави алиштата на еден камен и седна во еден вир. Потоа легна. Првин му помина студен замав низ телото, мислеше, тој им треба на домашните, може да им помогне и се преврте во водата, во водата навистина си некако внатрешно весел, би бил Сандар весел кога би можел да оди од дома, некое време ќе му е тешко, а потоа ќе му биде убаво, зашто тој на домашните оамо им пречи и тие тоа го знаат. Тоа е поради теснотијата во куќата. Немаат секој одделна одаја. Значи нема тајни. Стана од водата со камен во раката. Годеше едно стебло и не го погоди, каменот тапо падна во тревата, дали може тапо да одекне мисла, како низ магла се провираше јасна и определена како челична змија, трчаше надолу по реката, со страв да не се слизне на некој камен под водата и се чинеше како да му е покуса едната нога и дојде спроти црквичето. Влезе гол во црквичето. Му беше криво што не му се јавуваше желба да скине нешто, да скрши нешто и влезе во олтарот. Беше малечко олтарчето, како ковчег, ја отвори вратата од олтарот и се најде сам, како да го застана друг човек што сакаше нешто да му зборува. Излезе од олтарот и сега трчаше нагоре по реката, но не бесцелно, туку да се облече набрзина. Водата го плавеше како пороен дожд и тој ја знаеше таа игра, кога се натпреваруваа со другите момчиња кој ќе издржи повеќе во езерото, под ударите на шурките што си ги управуваа во очите. Водата се сливаше низ главата и од таму слегуваше по лицето заедно со потта, па беше солена на јазикот и зашто ги држеа очите затворени, се чинеше дека линее крв. Може ако сака да изброи многу сеќавања кога одел ноќе кај девојки во градот. Секоја вечер одеше кај Рада. Цела ноќ и предизвикуваше болки и Рада го молеше да престане за да се одморат. И Сандар се чувствуваше уморен, тој доаѓаше со умор и ноќта се обидуваше да го истера од себе уморот. Рада го молеше засркнато да престане и кога ќе се согласеше тој, забележуваше во нејзините очи некој презир и страв да не не се повтори она што беше, па Сандар продолжуваше да £ причинува болки и очигледно беше дека не чувствуваа двајцата никакво задоволство. Во собичето, на педесетина сантиметри од војничкиот кревет, имаше печка од тенка ламарина и често се ладеше. Тој стануваше од креветот, Рада го држеше за едната рака, не можеше да го сопре штрекањето на забите и се обидуваше да го запали огнот. Изутрина се враќаше премален, кога се качуваше во автобусот се загледуваше во жените за да дознае дали ќе му се јави желба да легне со нив. Еден ден, беше најуморен и се уверуваше дека долго време не ќе му се јави желба да биде со жена. Во автобусот до него беше една млада Циганка. На Циганката £ беше скинат фустанот и и ја откриваше гола слабината. Сандар се загледа во тоа кафесто месо и споулаве од желба да спие со неа. Тој ден му донесе големо одушевување. Сакаше да запее во автобусот. Се облеков, облеков се зборуваше кога излегуваше од водата. Се искачи низ врбјакот во ливадите. Го виде каменот на кој што ја чекаше Јагна. Се сврте и зачекори низ тревата. Меѓу прстите му се провираа глувчешки опашки. Започна да скока токмунозе. Скокаше многу. При клекнувањето чувствуваше дека има малку голем стомак. Продолжи да чекори низ тревата и запали цигара. Денеска малку пушеше. Дали кај него пушењето веќе започнало да го разорува организмот. Организмот, понекогаш сам за себе работи без договор со мозокот. Може организмот сосема самостојно да открие некој процес во себе. Мозокот дури подоцна дознава. Секаде измама. И започна да трча низ тревата. Трчаше колку што можеше. Тревата го удираше по ногавиците како дожд по ламарина. Може ли нешто да мисли кога трча толку брзо? Сè уште може. Ако дишеш правилно кога трчаш, ти се провлекува меѓу дишењето и мислата. Кога му се јави таа мисла? Денеска, кога му дојде на ум за првпат? Дали ќе ја открие некогаш, дали ќе ја дознае? „Еј, ти, Дине“, викна. „Ти ли си, Сандар“? викна Дине Календаровски, кој доаѓаше од Даброво. „Бев горе. Бев кај братучед ми“. „А ако сакаш, ќе попушиме по една цигара“, рече Сандар. Помисли, ќе рече го молам. Се присетува дека го молам. Дине Календаровски заоди кон Сандар и патем пропадна во една длапка. Од работ натаму се виде ридот, црвеницата. Потоа Дине се покажа на работ и држеше цвеќе во раката. Дине Календаровски е добар студент. Во градот, речиси не се гледаат со Сандар. И смислуваше како да го започне разговорот. Кога бараше работа за една своја роднинка, смислуваше разговор и не помисли дека ќе биде жена во канцеларијата. Започна да насетува мирис на изгорено. Зошто денеска не запали оган? Секоја година кога беше во селото, тоа му причинуваше голема радост. Да пали огнови во полето. И никогаш не го гледа пламенот. Сега во мислите дозна дека пламенот може да прилега на ќосав маж, на неговото лице. Има така, нешто, и се стри со дланката по лицето. Тој никогаш не се плашел да не биде ќос. Или нема размислувано за тоа. „Ти Дине кога се враќаш во градот“? запраша. „А треба да се вратам“, рече Дине. „И ми се оди во градот и ми се останува. Ти знаеш, секаде има радости. Сега за малку, ќе узрее се“. „О, па тоа“, рече Сандар. Каде може да ги вброи овие момчиња човек, истомерно забележливи и во големите и во малечките настани. Секаде забележливи со мерка и со мерка знаат да уживаат и долго ќе уживаат. „О, па тоа е нашето предимство. Ќе издивнеме и ќе замирисаме на корија, па ќе се зафатиме со асфалтот“, рече Сандар. Сега ли е време да го поканам со цигара. Може да помисли дека не можам да издржам сам, а тоа не е и никој не знае дека не е. А јас дали само затоа се плашам? Да не ме откријат другите? Туку изгледа започнав да попуштам, но не личи на попуштање, личи на нешто друго што не треба во иднина да го правам. Браво. Тоа е мајсторство, лисицата да успееш да ја натераш в река. „А ти, Сандар, кога се враќаш во градот? Ти си познат граѓанин“. Сандар седна на тревата. Под него беше меко и мирисаше на влага. Ако си близу коренот на тревата исто е како да си во влажна визба. Меѓу стракчињата се нафатила мовлеста пајажина и под неа лазат бубалки — затвореници, но имаат простор може да се рече, а тоа можеби е нивното небо. И како да се штрекна, истите загледувања ги правеше и Тихон; Тихон Пламенков беше мајстор за гледање во тревата и во бубалките. И кога беше ученик, напати одморите меѓу часовите му се чинеа како години, напати ќе седеше на сонцето и не му се стануваше, па такво чувство имаше и кога го викаа на екскурзија и кога остануваше во интернатот. „Седни, Дине, да попушиме по една цигара.“ Дине Календаровски седна на тревата до него и извади кутија со цигари. „Пријателе Дине, ќе ти дадам од моите. Тоа се стара, добра марка цигари. Јас сакам да пушам стари марки цигари. А да појде човек по селата, кај старите жени можат да се најдат зафрлени полни и полупразни кутии со цигари од стари марки. Тоа за мене е едно доживување“. Му подаде цигара на Динета, помисли, ќе му зборувам за јадења. Тоа е задоволство, барем да ручаш ео многу дребулии и да трае ручекот долго, од каде знаеше Сандар дека вечерта кога ги викна вујко им со двата други братучеда, во онаа голема глад, дека ќе ги зафати она големо смеење и тој стана гладен. Остана гладен на најубавата вечера, прасето беше испечено и од горе беше како лисје од есенска праска, а тој и едниот братучед ќе се погледнеа и ќе се смееја со солзи на очите, Сандар всушност плачеше за нешто изгубено уште како дете, тогаш првпат дојден во градот, низ големата глад заплашен и никогаш наполно неуверен дека сето тоа е вистина. И не му беше многу криво што се смее кога можеше непречено да плаче. Вујко им прво се смееше кротко со нив, вујва им се чудеше и започнаа да јадат лакомо. Со нив јадеше и постариот братучед. Сандар како да беше сам во некоја огромна рамница и плачеше, по малку сакаше да престане за да може да го проба прасето печено. Туку не можеше. „Сандар, ти сам го пасеш коњот и можеш да учиш крај реката“, рече Дине Календаровски. „Јас кога сум дома, навечер сакам да шетам со селските момчиња“. „Да, книгите ми се во врбјакот. Таму ги оставив заедно со чевлите, чекај да станам да го видам коњот“. Мислеше, сега не може никако да плаче. Ако си оди сега Дине, ќе се нафати со палење оган, може да се рече само од оган не му е страв, најмалку доаѓал во допир со големи пожари и не знае како да се плаши, а кога беше еднаш со козите во планината, беше малечко дете, пак единаесет години и заврна силен дожд па го запали лисникот на Риста Иконовски и чекаше да изгори целиот за да не се зафати шумата. Ристо беше лош човек, но тогаш, изгледа беше од нешто преморен и дојде кај нив дома вечерта, па не можеше да се лути. Домашните зборуваа за изгорениот лисник, тој не сакаше за тоа да се зборува и кон Сандар се однесуваше некако со почит. Кој ќе ги разбере луѓето, шепотеше Сандар. „Јас не можам кога сум дома да учам“ рече Дине Календаровски. „Никогаш не сум учел кога сум бил дома“. Дали така се бега, кога се бега од нешто? мислеше Сандар. Сакаше да му зборува на Динета за тоа. А тој Сандар, не може да се рече дека досега не им зборувал на луѓето, но тие не му веруваат. „Јас сум тука сам. Да речеме, Дине, дека не знам зошто доаѓам кај домашните, дали тоа треба така да продолжи? Ти знаеш дека ние тука не доаѓаме само за одмор? Ние доаѓаме и да се видиме со домашните, а тоа мене ми е одвратно. Некако нарочно ме гледаат домашните. Нешто очекуваат. Тоа е неиздржливо“. И седна пак на тревата. Одвај забележлива промаја се влечка над ливадите и Сандар погледна кон сонцето. Веќе беше зазбивтан денот, премален од клечеше на горештината. Некаква скисната реа во преграби се валкаше низ просторот и се знаеше наскоро ќе се скрие сонцето, па во ноќта ќе се сретнат сите испарувања и сето тоа ќе прилега на ноќ. Пак стана, извади цигара и му даде на Динета и сакаше да појде кај коњот. „Јас сега ќе си одам“, рече Дине. И почувствува Сандар некоја леснотија, сакаше веднаш да се тркала во тревата, тогаш нему таа му беше најпрвата девојка и кога му дозволуваше се да и прави, се почувствува заплашен и првин не знаеше зошто и долго подоцна не знаеше, а сега верува дека знае зошто. Тие ситни и дамнешни мигови треба луѓето да ги паметуваат, тие се најдобар доказ за тоа дека некогаш било како детството времето, а детството на старост најмногу се раскажува. Старците, ако сте забележале, прераскажуваат сè од детството до староста и раскажуваат само за детството. Сигурно затоа што нивните коски постојано бараат топлина, а да се раскажува за детството тоа е како да се париш во некоја млака бања која снеможува пријатно и сонливо. Со брзи чекори отиде крај реката, насобра суви рошки и ги запали. Парсифал, свика силно одненадеж во себе. Парсифал или потрага, по што господе? Требаше да му зборувам на Динета за одмаздите што га вршам на стадионите. Избирам најголеми стадиони. Обично собираат по двесте илјади луѓе, а тогаш ќе се нагнетат и по четиристотини илјади. На сите им ја одземам силата, тие остануваат со отворени усти и празни, а јас сам играм фудбал против цел еден тим и со топката ги убивам лошите играчи. Трибините се нагроздени со зинати усти и со ококорени очи. Одвреме навреме им ја враќам силата, тие ќе сврескаат за миг, ќе плеснат со рацете и пак остануваат неми. Дине не ќе го разбереше кажувањето на Сандар. Дури и самиот Сандар често не верува на тој свој пронајдок. Огнот ти е нешто старо што ги успокојувало во најстарите времиња, зборуваше или правеше игра од зборови, кога одеше да донесе гранки и пенушки за огнот. Ги полнеше заграбите со дрва, ги фрлаше на огнот и на брзина се враќаше по други. И тогаш тие многу дни, скоро секој ден од тие години кога одеше во паркот и му се чинеше дека одмора шетајќи, кога не знаеше по која алеа да тргне, по која уште не тргнал и кога веруваше дека ги гледа девојките и момчињата во паркот смирено и како да е многу постар од нив. Кога бараше дрва за огнот не забележа дека појде и на таа страна кон коњот. Скоро се удри во неговите задни нозе. Ти не знаеш да се изненадиш, рече којзнае колкава убавина е тоа. Огнот стана силен, фрлаше искри во водата и стануваше уште посилен. Тие огнови некогаш биле чудо, топло расположение што ги терало на расплодување и кога оделе да му се поклонат и да гледаат сеири под Прометеј, многумина патем се оплодувале и не стигнувале до карпата. Огнот е многу педантен ако го набљудуваш во неговата заангажираност, како некој чистач што немал долго работа и со радост расчистува некоја градина, ја расчистува градината и кога клечи со ножиците на сешто помислува. Пак зацапа во реката и отиде на другата страна, уху-ху, свика на другата страна и се опре на едно стебло. Виде мравки по кората, погледна во стеблакот и помисли дека би требало да се изјази на дрвото и кога се качуваше веќе немаше желба да се качува. Горе, на највисоките гранки седна. Под него беа ливадите, она маглесто шепотење на просторот, допираше и меѓу гранките и сè беше исто. Драги луѓе и драги Сандар, не измачувајте се, зборуваше од горе, која е таа мисла што ја барам? Како можам да докажам дека барам нешто? Чевларот Симо, стана папа Симеон. Стари добри времиња. Старите времиња се добри затоа што не постоевме ние тогаш. Не може да се рече дека не е убаво она време во кое не живееш. Тука ти се оние раскажувања. Оние слики и полесно е да се бега од сегашноста на таков начин. А сега слегувам, помисли, тоа не е никаква мисла, секој човек чувствува нешто околу себе, врз себе, не мора тоа секогаш да е мисла. Па цапаше низ реката и пронајде една погодна плоча и се спружи. Сонцето како црвен пласт му легна на капаците и беше толку меко околу него. Беше малку заморен, вистински заморен и дишеше полека, средено, па се приготвуваше за некаков сон. Дури сега започна внимателно да ги разликува шумовите и мирисите во близината и тоа значеше дека е смирен. Мал дел од денот му остана само за него. Со затворени очи го мереше небото над себе, сети мравка како му лази по левата опакудланка и се насмевна. Му надоаѓаше енергија од сите пори, од таа дремежливост и започна да размислува, или да гледа слики од некое време кога тој ќе се зафати со некаква работа. Ќе станува изутрина, ќе се измие и ќе појде на работа. Потоа смирен ]ќе се враќа од работа, ќе чита весници, ќе прилегнува попладне и за да не се здебели многу, навечер ќе прошетува низ градот, понекогаш, така, сам ќе се задржи доцна во ноќта за да се враќа сам по улиците. Ха, ха, ха, сакаше да рече и рече, не знам да направам привлечна слика за тоа време кога ќе работам. Дури и во мислите ми е страв да ставам некој крај себе што ќе ме придружува, да ставам некоја што ќе го поминува тоа време со мене. Потоа беше наполно мирен. И во себе беше мирен. Тие мигови најмногу ги сакаше, но не можеше често да ги има. Ни самиот не знае колку време лежеше на плочата. Како човек што свршил некоја работа и се одмора спокојно. Без да мисли на нешто. Зашто шумеше реката, не чу чекори. Почувствува по лицето како да му прелета гарваново крило. Ги отвори очите и над него беше Арон. Помисли, зарем Арон секаде ќе ме демне? И се насмевна. „Бев во лозјата“, рече Арон. „Има по некоја зрела ранка, а наскоро и другото грозје ќе биде зрело“. Арон седна на плочата до Сандар и ги заграби колената со рацете. „А како да е среде лето“, рече Сандар. „Како да е среде лето“, рече Арон во колената. „Сандар“, па пауза, „има некое време учам од речникот со туѓи зборови. Некои поими се толку широки и тие се цели приказни, дури дел од едно време“. „Ароне, каде седиш ти ноќе под крушата“? „На крајот, кон езерото. Ние немаме определени места, но јас таму се најдов првиот пат и секоја вечер таму седнувам. Гледам и старците, секој си седи на своето место“. „Па така си е тоа“, рече Сандар. „Има зборови што значат и дел од историјата. Некоја навика на некој римски император, станала алегорија. Римјаните ја употребувале во различни значења и сега кога ќе го дознаеш нејзиното потекло... тоа не било така Ароне, но историите се учат најчесто со своите безначајности“. Сандар се исправи и се загледа кон езерото. Над селото се гледаа многу тополи завиени на врвовите со некакви движења од светли мушички. Сонцето со своите куси вили ги накачи долните сртови. ,Де дојдеш вечерва, Сандар“? праша Арон. „А потоа што ќе биде, Ароне“? праша Сандар. „Ете, ќе зајде сонцето“. „Требаше да му напишам писмо за Америка на старецот на Гредовци. На дедо £ на Смиља. Се сетив на пладне, само не ми се бегаше од сонцето. Речиси цел ден мислев на старецот. Какви луѓе се овие наши селани, Ароне“? „Уште ќе го пасеш коњот“? рече Арон. „Ќе го пасам уште малку. Сега ќе зајде сонцето и тогаш поубаво пасе. „Јас сега ќе си одам“, рече Арон. „Чекај да ти кажам, Ароне. Постојано ме мачи некаква мисла. Треба да се сетам за нешто и не можам. Како во полусон се наоѓам меѓу луѓето наполно гол и јас се срамам поради тоа, а тие не обрнуваат внимание, не ме забележуваат. Или кога сум со луѓето, не се стеснуваат се да ми речат. Јас пронаоѓам потоа дека самиот правам нешто за да се однесуваат така кон мене. Се правам како да не ме навредува тоа и навистина, многу бргу заборавам на навредата. Ќе ми рече некој, е сега лажеш, и ништо. А кога ќе сум сам, постојано ме гони онаа мисла. И бегам од неа како да знам што е. Но ие знам. Се би дал да дознаам“. „Сандар, веќе треба да си одам“. „Чекај да ти кажам, Ароне. Јас ова лето не те гледав многу, но знам, ти си сам во ова село Добридол. Како можеш тоа, Ароне? Ако си долго сам, знаеш дека сега и да си во толпа, пак си сам. Зарем домашните не те тераат да работиш? А не може човек да работи во таква состојба. Од мене никој не бара да работам. Тие мислат јас учам кога го пасам коњот. Јас верувам, баба ми знае дека не учам. Денеска цел ден чекав да дојде една жена. Сама ми рече, Ароне, ќе дојдам. И не дојде. Потоа се обидував да ја поврзам онаа мисла со тоа, се мачев да се направам несреќен, туку не беше тоа. Има така некои што ги познавам во градот и сите веруваат дека се несреќници, јас често се дружам со такви во градот и дознавам, потоа тие полека се борат да постигнат нешто. Првин јас им зборувам долго, ги куражам, ги советувам. Тие ме слушаат, ме сметаат за умен, за човек што умее да дава совети и што сака, без никаква цел да дава совети и по некое време гледам, тие се средиле. Стануваат нови луѓе. И секој од нив, видливо е веќе, самостоен е, па кога ќе се сретнеме, може да се открие, му е тешко да биде со мене долго време. Се чувствува како да седи со човек што не успеал. И ме напушта. Кога ја барам таа мисла, се наоѓам во такви места каде што нема никаде вода. Има некои земјанки и внатре се луѓе покриени со рани, стануваат, викаат кон мене, јас се борам со нив, други, со некакви куфери се смеат околу мене. Не можам да избегам од тоа место, исечено со некакви кањони и знам дека луѓето не се од оваа земја, не можат ништо да ми направат. Иако тоа е во полусон, некако се присетувам што е полусон и тогаш со автобус ли, или со нешто друго, ќе се најдам на безбедно место. Ароне, јас се ти признавам, ти си нестрплив. Почекај да ти позборувам Ароне и кога сум со луѓето што ги познавам, нешто слично се случува. Јас важам меѓу нив како луциден шегаџија, како добар шегаџија но и меѓу нив има такви од кои не се плашат луѓето и на кои не им се лутат. На нив не им паѓа на ум таквите да ги сметаат за способни и тие секогаш остануваат поназад. Јас сум еден таков човек, Ароне, и тоа тебе ти го кажувам. Како се елучи во ова село да се соберат толку такви луѓе, па сега тие не се интересни? Тие не знаат да им завидуваат на другите, не се опасни за другите и затоа не се ценети. Ако дојдам вечерва, ќе дојдам само да ви се потсмевам во себе и сега оди ти прв, јас ќе тргнам подоцна, не сакам да ме видат селаните со тебе. Не сакам да речат, се дружам со тебе, Ароне. Отсега ќе водам сметка за тоа и сигурно ќе сум позадоволен. И речи самиот, зошто да се дружам јас со тебе? Сега ми е убаво што ти го реков ова. Сега појди, ти Ароне, јас ќе се вратам сам, во Добридол“. Арон стана и зачекори низ тревата. Сандар ги затвори очите и молчеше. Цел ден не виде птица. Птиците се кријат од горештината на земја. Можеш некоја да ја згазиш како грутка. Се поднамести на плочата како за спиење. Водата изнашла некој глас на старици и постојано го повторуваше. Како лелек се одгласи камбаната. Смири се, ти мртво село, под твоите сенки. Меѓу езерото и меѓу планината никаде не можеш да истечеш. Збивтај, поти се и се си останува внатре. Војски да поминат ќе останат внатре. Луња да помине ќе остане внатре. Вечерва не ќе се поздравиме со стариците, рече Сандар. Стана и му беше тешка главата. Отиде во врбјакот, ги обу чевлите, го јавна коњот и тргна во селото. Еден коњаник, бодина во празно, рецитираше смешливо Сандар. Потоа, којзнае зошто, се сети на книгата за калуѓерката од оној француски кажувач. Господи, дали повеќе ја сакаше калуѓерката или онаа болна игуменка? Ме интересира на чија страна беше кажувачот. Но мене книгите не ми се патоказ, рече. 3. РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА УБАВИНАТА Секоја вечер нови се ноќните гласови. Се знае дека дошла ноќта затоа што си видел и други ноќи. Инаку во секоја ноќ се е друго. Бездруго е исто во сите темници тоа што се чувствуваш невознемируван. Ноќта ги покрива погледите на луѓето. Исто така, ги покрива и гласовите. Ноќе никој не може да зборува за што било. Сите зборуваат конкретно, без да си ги гледаат очите и без да гледаат другите, како гледаат во нив, или крај нив. Тие ноќни разговори кога прминуваш по улицата не можат да бидат интересни за сите, тие разговори, ако не ти се упатени тебе лично и да ги чуеш не размислуваш за тоа. Ноќта е убава и поради тоа што си изедначен со сите минувачи. Секој што чекори и што му одѕвонуваат чекорите се смета маж. Така размислувал во своето време и дедо Тихон, рече Сандар. Сандар го одмина бунарот, ја одмина јаболкницата крај патот и се домислуваше да погоди дали прави заклучоци за сопствениот живот. Беше топло, просторот сопрел пред некое двоумење и не се знаеше дали потоа ќе дувка ветре или ќе биде запурнина. Помина некој селанец и не се поздравија. Квечерината мирисаше на некаква нестабилна измиреност. Беше времето за последното косење на ливадите. Тоа се најубавите времиња за ноќно седење во полето. Топло е, а сите палат огнови. И се седи далеку од огнот, за да ја собере сета светлина огнот и таму каде што се луѓето да биде најголема темница. Ќе појдам уште оваа вечер, рече Сандар. Другите ноќи ќе останам со домашните или ќе скитам со момчињата. И го забрза одот. Се сети за тоа кога го праша Арон, да ли ќе дојде под крушата. Му се стори сега како да сакаше Арон да му рече, дека веќе тој повеќе не доаѓа под крушата. Не доаѓа меѓу нив. Што ќе прави ако не доаѓа таму? Зарем тој може поинаку, се потсмевна Сандар. Небото беше опковано со ѕвезди. Некаков бесмислен распоред владееше горе, некакво безредие. Луѓето свикнале ѕвездите да та еметаат за убавина, а има толку поубави нешта. Нешто што не можеш да го измениш, не може да биде убаво. Само преодната убавина е убавина. Ако не е можно убавината да ја видиш некогаш како клечи на коленици пропадната и огрдена, скршена, довлечкана до заборавот, не можеш да знаеш дека таа некогаш била убавина. Ако нештото го знаеме со нашето раѓање како изгледало уште оттогаш и ако си остане исто кога ќе сме пред умирање, не можеме да докажеме кога било тоа поубаво, кога било на врвот од својата убавина. Така не може да се напредува. Тие предмети и тие појави немаат убавина. Можеби нашата немоќ што не може никако да го измени тој предмет и таа појава, на крајот ќе се согласи да го признае за убавина. Но сепак, длабоко во нас веруваме дека вечната убавина е предавство. Нешто што не знае за болестите не може да биде убавина. Убавината треба да се возобновува, за да имаат смелост луѓето да бараат поголемо совршенство. На убавината што се раѓа тие што не успеале, треба да можат да £ ја прикажат како изгледа убавината кога умира. Убавината треба да трае. И самиот тој поим покажува дека таа треба постојано да се менува за да трае. Тоа е траење. Чевларот Симо, стана папа Симеон, викаше Сандар. Уште од пченките Сандар знаеше дека под крушата се насобрани сите што доаѓаат таму. Се отсликуваа над угарот како крдо овци, а зборовите нивни правеа неиздржлива атмосфера како некое несносно чешање и тој се двоумеше дали да им се придружи. Го намести на рамениците палтото што го имаше земено од дома нарочно за под дрвото и навистина сакаше да се врати. Наеднаш се сети за неговите навраќања, за неговата нерешителност, за тоа дека никаде не изодил до крај и се присили да не мисли повеќе на ништо. Сеедно, рече. Утре сигурно не доаѓам. Вечерта нема каде да одам. Но нешто му недостасуваше. Споро се упати кон луѓето и виде, неговото место лево од корсиот, беше слободно. Седна без да проговори и чекаше некој да запали цигара за да запали и тој. Првин молчеа сите. Сандар се би дал да можеше некако да обеси над нив силна светлина. Да ја обеси одненадеж за да ги фати како се наседнати без преправање зашто не се надеваат на светлината. Ќе види кој како ги држи рацете, кој каде се загледал. Тогаш ќе дознае кој зборува за да се куражи, или кој зборува само така меѓу нив, зашто не може да зборува дење. Му беше мака што дојде доцна. Требаше да биде под дрвото прв и тогаш уште кога не беше убаво стемнато, ќе видеше многумина селани и ќе ги препознаеше. Тие што ќе дојдеа уште кога не беше стемнато, ќе ги познаеше. Исто така сакаше, барем од една негова страна да е седната некоја млада жена, од оние, како што веруваше, дека се од спротива. Подоцна, тој ќе се престореше како да спие и ќе се обидеше да легне на нејзините гради, и како да се сетил во сонот на нешто, ќе започне да ја гали по лицето, кога со другата рака ќе ја привлекува кон себе. Може да се увери дали ќе се опира жената или не, ако се испружи, па да ги завлече своите нозе меѓу нејзините. Тоа човек и дење да го стори, ако спие, или ако мислат дека спие, никој нема да го земе за зло. А потоа Сандар, ќе £ даде на знаење на жената дека не спие. Ќе започне нозете да ги трие од нејзините и да ги пика сè повеќе нагоре. Нема опасност од тоа, шепотеше. Кога можам вака да размислувам на овој собир, нема опасност од некаква зараза. Со што ќе ме заразат овие кутри луѓе. Вечерва, ќе ми биде здодевно. Некој од тие што беа седнати надолу, засветли со цигара. Сандар залали цигара и долго го држеше кибритот на дланката како мртва птица. Ноќе можеш да замислиш дека кибритот е мртва птица. О, ништо не замислуваш. Некои работи кога ќе ти дојдат на ум не ќе знаеш да ги прераскажеш. И ќе речеш, мртва птица, за да потресеш некого. А ништо не си постигнал. Како ќе постигнеш, кога се работи за друга работа. Се работи за едно чувство што те прегрнало целиот и те одвојува од сите. Тоа е една мисла што те измачува постојано и чекаш секој миг да ти се открие мислата, чекаш да дознаеш во што е работата и знаеш никогаш нема да дознаеш во што е работата. Зашто си станал таков и затоа што неминовно ќе продолжиш по еден пат, по кој е толку гадно, толку сожалувачко. Пак ли треба, шепотеше Сандар. Чевларот Симо стана папа Симеон. А таа песна. Еден коњаник. Кога можам да зборувам со себе, рече, секогаш е очајно здодевно. „А еве да ви кажам“, се чу гласот на падарот. „Еден народ ако е поробен од друга држава, ако е окупиран војнички, треба на окупаторот да му се уништат семејствата, таму, во таа далечна земја“. Гласот на падарот доаѓаше откај цигарата. Или од нејзината близина. Сигурно тие чмиу се интересна група, се интересираше Сандар. Зошто не се јави падарот вчеравечер? „Ти многу си војувал Германе и многупати за тоа ни зборуваш“, рече воденичарот. Братот на Горгија Фармаковски Налетениот. Неговиот помал брат. „Не, тоа е моја работа“, рече падарот. „Јас за тоа постојано размислувам. Оставете ме да ви кажам. Една земја е окупирана и некој глас му јавува на окупаторот. Тој глас доаѓа од зад некоја планина и го исполнува целото небо. Вика. Слушајте, до среда напладне да не остане ниеден ваш војник на оваа земја. Ако се задржите еден час попладне, ќе биде уништена вашата престолнина и уште петнаесет други ваши, големи градови. Вашиот владетел исто така ќе биде уништен, така како што лежи во фотелјата заедно со целото негово копилечко семејство. И еве во што е работата. Офицерите и војниците ќе се смеат. Ако, нека се смеат. Тоа ќе биде поука за целиот свет. Значи тие ќе се смеат и кога ќе се забавуваат, не ќе им текне дека зборува сила. Тоа на војниците и на владетелите им се случува. Од смеење ќе заборават да се запрашаат од каде доаѓа тој несопирлив глас. И во среда попладне, ќе бидат уништени до темел сите градови. Се, се да биде запретано. Бесмислено.“ „А кој ќе ги урне“, рече дедо £ на Јагна Гулабова. „Чекај Макаре. Тоа е теорија. Ти не знаеш што е теорија. Теорија ти е работа што се дозволува. Нека знаат еднаш, газот им мајчин. А кој не прашаше нам кога лежевме во рововите со месеци. Сега е друго. Можат да стават огромни пумпи и да го надујат океанот, па да се управи на некоја земја. И гледаш изутрина и таму Океан. Никаков белег од ништо. Снајперисти. Ете за тоа сонувам јас, постојано“. Селаните не го познаваа Германа падарот како лош старец. Тоа собрано човече, со никого не зборуваше и селаните не знаеја што мисли. Некако случајно, еднаш го главија за падар и оттогаш секоја година беше падар. Герман сам си најде пушка и кога доаѓаа во селото војските, никој не го викна во општината да ја предаде пушката. Дури сега, кога им зборуваше на луѓето под крушата за големите одмазди, тие се чудеа како Герман не извршил атентат на некој војсководач од војските што престојуваа и што поминуваа низ селото. Имаше старци што паметуваа кога беа врсници со Германа. Него и кога бил пораснато момче го тепал татко му. Татко му раскажувал дека бил два пати на аџилак, и кога се враќал последниот пат, во некоја земја го укаса змија отровница. Татко му на Германа бил принуден и влакното од Христовата коса и дрвцето од крстот Христов да ги даде за некаков напиток против Фармакот. Од тој напиток останал жив, но веќе не можел да издржи без пиење. Еден ден кога бил пијан, го зел сина си Германа за рака и го одвел во Битола. Им го предал на луѓето што збирале регрути за на фронтот и тие му дале пари да може да купи ракија за цел месец. Така Герман станал воин во Големата војна. Селаните го заборавиле. А тој по шест години се вратил и беше сам во селото. Дозна, пред да умре татко му, продал се што преостанало. Некои од селаните го викаа на ручек и го распрашуваа за другите земји. Герман повеќе молчеше. Тоа лето во селото дојде нов началник и барал од селаните да му дадат список со имињата на пандурот, на селскиот стапчија, на падарот, на викачот и другите општински ниски службеници. Во тој список попот, како падар го ставил Германа. Герман својата служба ја вршеше беспрекорно. Никој против него не се пожалил и никому не му паѓаше на ум да го смени од должноста. Некои од селаните раскажуваа дека Герман сепак се плашел да не ја изгуби службата. Затоа тој не се оженил за да не се сомневаат селаните оти навечер на дечињата свои, им носи украдено грозје и други полски плодови. Два фронта, шепотеше Сандар. Два стари фронта, потајни. И одненадеж се јави Сандар Вториот. Сандар Првиот како да се израдува, а Сандар Вториот редеше зборови. За иднината во бракот учевме од најбедните старци и можеа секогаш да се користат со нашето богатство; по нивните џебови имаше прсти од новороденчиња, пубертетот на нашите сестри врзан во крпче од вештачка свила, нога од сува птица гасеничарка, по една сачма низ правта во ковчегот на Ноета, едно копче од француски војник, хартиичка од Чикаго, усната хармоника на Соломон, парче од панталоните на Колумбо, очите на нашите мртви браќа, две стапалки од мечка, воздухот низ кој поминал мечот на Александар Македонски, (господии, рече Сандар Првиот) една страница од штедна книшка со американска азбука, по еден потомок на Калигула, некои сексуални доживувања гледани преку плот, слики на италијански мајки, по десет правила за трговија со цигари, пачки со куршуми, по една шарена безизлезност на селски начин, нашиот селски лудак, седум вреќи со сончеви дни, по едно старо јаболко кое нè потсетуваше на по една тајна на нашите мајки, некакви шајки, зошто прашуваа навечер дома каде сме биле цел ден? Изгубени желби за прошедба по планините и по една огромна курва за секого од нас и тие беа нашите најмили Дулчинеи. На Сандар му се пристори дека Сандар Вториот по малку трепери. И тогаш некој му подаде шише. Без да помириса што има внатре, помина со дланката по работ на стакленото грло и го крена шишето. Низ телото му се растрчаа боцкави бубалки и мислеше дека утробата му е полва со крв. Толку лута ракија одамна не пиел. Во селото на Сандар имаше обичај во ракијата да ставаат лути пиперчиња, малку сок од чемерика и тогаш таа беше посилна од сите вотки во светот. Сандар цело лето не пиел алкохол и некако успеа да се воздржи да не повраќа од ракијата. Го подаде шишето на некоја пресегната рака и запали цигара. Повторно се чувствуваше како минатата ноќ. Празен во душата како да е долго миен со миризливи тревје и потоа некој така, гол, го однел во некоја нишалка од коприна и малечки дечиња го нишаат и му пеат најубави прости песни. Боже, вистинска убавина. Овие луѓе, сигурно се како деца во душата. И долго шепотеше убави работи за сите мажи и жени што седеа под крушата. Се занесе во мислите и му замириса на темјан и на дланките на старата баба Здравица, која ја паметуваше повеќе по кажувањата на Тихона. Никој не зборуваше под крушата. Колку да е убаво и колку да е рамнодушен човек на ваква ситуација, не може да не се почувствува учесник во една глупа игра. Сето ова може да се прими, ако се луѓето што еедат околу дрвото во мракот членови на некоја верска секта, или одамна некогаш да постоел некој обичај да се седи иоќе во полето. Но без никаков повод да се кренат старци и старици и млади селани и жени и секоја вечер да доаѓааат среде поле, па да преседат цела ноќ, е необично. Многу интересно е, како секој од овие луѓе пред себе го оправдува своето доаѓање тука. Се случувало, стари селани да се собираат во некоја куќа и да играат карти ноќе. Тоа понекогаш, траело цела зима, а сепак тие по полноќ, а најчесто и порано, се враќал дома. Сè тики Сандар нешто пропуштил од животот на овие луѓе и затоа му изгледа луда оваа идеја со седењето под крушата. Но како можело тоа да се случи толку таинствено, никој да не знае од селаните за овој ноќен собир. Ако започнеа селаните да си ги продупчуваат рацете со нож и да ја збираат крвта во тикви и лејќи, сето ова ќе беше подносливо. Вака, на човек му иде да повраќа. Можеш да повраќаш од нешто што ти се насобрало во душата, од некој страв, од некоја несигурност. Си живеел толку години и си свикнал работите да га сакаш или да не ги сакаш во склопот на едно општо оправдување, или во склопот на една општа одречност и сега. наеднаш се наоѓаш пред несфатлива слика, пред луѓе што не знаат да реагираат како другите луѓе. Можеби е интересно да се дознае кој од што избегал од овие месечари. Ако е возможно вака да се избега, тогаш тоа е одлично решение, туку бегството не може така лесно да се исплати. Секогаш бегството се наплатува со успех или пораз, а тука се е исто. Треба да се учествува во играта, рече Сандар. Инаку е губење време. И пак се престори во некое нишање на пајажина, целиот провиден. Но имаше време да го насети Сандар Втори кој доаѓаше да реди зборови. Сандар Втори започна. Во селските гробишта имавме наши игралишта, го добив лединчето меѓу три мртовци, најубаво и најшироко зашто знаеја за мојата рамнодушност. Луцифер испрати слуги да им ги исполнуваат желбите, јас не се плашам од големи работи и не ги сфатив сериозно. Две чети кртици секој ден во мугрите ми правеа почит, домашните не ме оставаа да спијам дома. Ги немаше старите кираџии што донесуваа малечки порачки од градот, гадот, гадот, гадот, гадот, гадот, преку прагот. Се договоривме на војниците да им се престоруваме во нивни синови, тие ги креваа рацете и полудуваа. Тогаш првпат гледавме филм, на една жена и дале пред тоа сержантите нешто да касне, (колку пати ќе се јавува оваа работа господии?) и со прсти се чекнеше меѓу нозете, артистите се враќаа дома на многу места помочани, од некое време и ноќе птици летаа но никој не знаеше за промените, дедо му на еден мој соиграч стана кафеџија, никој не се интересираше за лов; попаѓата водеше љубов со Турчин, сосетката што ја гледав на сон најгола, имаше син дрвар, умре од краста момчето. Се јавија некои миловидни болести. „Ако се чита Светото Писмо наопаку“, започна „можат многу нови работи да се откријат. Јас имам еден мој пријател и тој пред да полуди, имаше многу напреднато во проучувањето на Светото Писмо на тој начин“, зборуваше како низ сон Сандар. „Глупости се тоа, Сандар“, рече воденичарот, брат му на Налетениот. „Кои“? праша Сандар. „Светото Писмо и многу други такви книги. Познавав еден работник во Америка, во Милвоке, што пишуваше Свето Писмо. Го напиша и го продаде на една црква за илјада долари. Тие на корицата запишаа, дека се тоа мисли и претскажувања на Свети Фабрициј и го продаваа меѓу нас. Една книга зеде и работникот што ја имаше напишано таа истата книга и секоја вечер долго ја читаше. Едно време докажуваше дека тоа се само голи вистини. Доаѓаа жени и попови да го поучуваат како да ги толкува мислите од книгата. Дојде босот еден ден и го истера од работа. Со нас беше и неговиот братучед. Тој го молеше да не се занимава со такви работи, зашто ќе остане без пари. На крајот му рече, Трајане, ти знаеш дека таа книга самиот си ја напишал. Трајан тажно ја заниша главата, не избацува сите со ред и се изгуби. Потоа, братучед му ни кажа дека го претепале некои Индијанци што ги учел да ја разберат книгата на Свети Фабрициј. Или беа некои други диви племиња.“ Сандар сакаше да се расправа за вистината на таа приказна. Сакаше да му каже в лице на воденичарот дека и тој ја чул од деда си Тихона, но поинаку, а Тихон не лаже, а воденичарот лаже. Кога сакаше да ја отвори устата, се сети дека овие луѓе знаат неколку такви приказни и од нив создаваат цел живот, кажувања за еден цел живот. Никој ништо не препрашуваше. На Сандар му се стори оти седи заедно со прочуени мудреци. Не му беше страв да заспие, зашто беше сигурен оти никој не ќе го буди да го запраша нешто. Можеше да се исправи и да стои потпрен на стеблото и пак знаеше никој никако лошо или необично не ќе го разбере. Иако не му студеше, се зави убаво со палтото и ги затвори очите. Се обидуваше со ред да ги замислува како изгледаат луѓето, колку се стари и колку жени има меѓу нив. Полека, како да се плаши дека го изгубил видот, ги отвори очите и пред него навистина беше светло. Не можеше да се рече дека се гледаше и сонце, но се гледаше во далечина од педесетина метри. Тревата беше зелено 'рѓосана и секое стракче можеше да се забележи и да се разгледува долго време. „Не можам да замислам што ќе правам ноќе, ако не доаѓам тука“, рече некоја помлада жена. „Свекор ми безбели се сомнева дека одам некаде на друго место. И сакав да ве прашам, дали сум добра мајка јас, кога го оставам во постелата девојченцето. Сега тоа веќе има шест години и јас не знам дали зборува ноќе во сонот. Таа мисла ми се завртела во главата и една недела ме мачи“. И Сандар се сети како лежеше на плочата во реката. Таа слика некако неопределено, му доаѓаше уште од почетокот на ноќта. Сандар првин ја замислуваше Јагна, како ќе биде облечена. Не сакаше да го изненади кога ќе доаѓа, сакаше тој прв да ја види. „Најубаво е децата уште малечки да се остават сами. Да не бидат оставени да гладуваат, туку да се научат да имаат свој живот. Така е, јас ви велам, најубаво“, рече Сандар. „Во Америка е исто така“, рече дедо £ на Јагна, Макар. Но Сандар не можеше да избега од сликата денешна, на каменот во реката. Таму на каменот во реката, мислеше, жените се поедноставни и поискрени од девојките. Тие се мили и веднаш зборуваат за убави работи. Жените, кога ќе го засакаат некого, се како мајки и како сестри. Ги имаат најраните особини на мајката и на сестрата, а тоа што не е арно кај нив, тие знаат да го избегнат. И Сандар пак чу некој глас. Некој зборуваше. „Кај одиш потоа, ти останува тоа од детството. Јас и во Америка сум бил, а бев ист“, рече Филип сакатиот. Сандар сакаше да дознае дали го продолжуваат неговиот разговор. „Некои велат“, рече старицата, „ако му го скинеш папокот на детето со заби, ќе излезе на мајката. А мајката најмногу тоа не го сака. Кога ќе препознаеш еден човек дека прилега во сè на тебе, ќе го мразиш“. Сандар пак ги продолжи своите размислувања. Еден разговор со млада жена може да те одмори, да те поткрепи и затоа се толку среќни момчињата што имаат љубовници млади жени. Тие момчиња се чини поумни се, поуспокоени и веднаш ќе ги познаеш што свикнале да се задоволат во разговор и во веселба. Тоа ги прави посигурни и некако стојат над сите другите. На некого му го дочу објаснувањето. „Задоволствата, јас сум заклучил, не можеш да ги одвоиш од другите работи. Треба се да е во ред во еден миг и тогаш си задозолен. Луѓето зашто се површни, свикнале да создаваат такви мигови и кога нема никакви услови за задоволство“. Па Сандар продолжи. Тие не сакаат да се фалат и да ги поучуваат другите, но другите ги гледаат нив и се трудат да прилегаат како момчињата што имаат љубовници млади жени. Младите жени, ослободени се од сите момински каприци, не се плашат од многу работи и кога сакаат некого, знаат што треба да прават за да им биде убаво. Тоа, по малку прилега на планиран егоизам, но секогаш убавината е во еден вид посебен егоизам. „Вечерва е пак најубава“, го препозна дедо £ на Јагна, Макара Копачковски. „Вечерва е една таква ноќ“, рече Сандар. „О, Сандар“, викна Арон. „Ти се радувам, навистина“. А Сандар беше пак на каменот во реката. Мислеше, кога ќе дојде Јагна, ќе £ се предаде целиот на нејзиното мајсторство и ништо нема да £ забележува, ке ја остави таа да ја води нивната взаемност и жената ќе мисли, таа прави што сака со него, а не ќе знае оти ги исполнува сите негови желби. Не ќе знае дека живее секој ден за да му биде нему убаво. Кога ќе дојде Јагна треба Сандар да се научи на долги милувања, што ќе им одземаат многу време и не ќе треба на ништо друго да мислат додека не се уверат двајцата оти станале нужни еден на друг, толку многу и не можат поинаку, освен да бидат секогаш еден до друг. „Понекогаш човек доаѓа до чудни мисли“, рече Сандар. „За што зборуваш Сандар“? рече воденичарот. „Зборуваш и ти за староста“? „Општо, за сè“, рече Сандар. Тие зборувале нешто за староста, прошепоти Сандар. И пак му дојде. Гледаше далеку во ливадите и правеше слики. Секаде ќе бидат заедно и околу нив воздухот ќе биде заситен со некоја убава љубовна извалканост. А тие ќе веруваат дека сето тоа го забележуваат и другите, па ќе гледаат да бидат сами двајцата, колку што се може повеќе сами и ќе дојде време кога ќе започнат да се уништуваат меѓу себе, намерно ќе се уништуваат за да се заситат и да можат потоа да се разделат и да видат што направил светот околу нив, за тоа време без нив. А тоа Сандар го сакаше, зашто дури тогаш наполно е совладана онаа навика, кога жената не може да мисли на друг маж и кога мажот не може да мисли на друга жена. Зашто ќе се плашат да не не најдат такво уништување кај другите, ќе се уверуваат себеси дека тие многу забраздиле и кога би биле со друг човек, кај него ќе предизвикаат страв или гадење. И тогаш се вели, една жена и еден маж судбински се сврзани, па не ќе водат сметка како им изгледаат на другите, како се однесуваат кон нив другите. „Човек не треба да се плаши од тоа, што ќе мислат за него другите“, рече. Никој не му одговори. Овие не се пијаници, сакаше да прозбори. Она шише ракија го донеле за него и за другите што се нови. Но знаеше дека не спијат. Реши да го следи нивниот разговор. Сакаше да не доаѓа другата ноќ под крушата, а ваму вечерва ако продолжи вака, ништо не ќе дознае за луѓето. Знаеше, нешто особено и нема што да дознае. Но поубаво ќе биде кога не ќе доаѓа, да знае зошто не доаѓа. Сега е полноќ, прошепоти. И минатата ноќ, ми се чини исто помислив. Ги пикна рацете под палтото и се допре со дланките по слабините. Кога се враќаа од паркот на полноќ во интернатот со другар му, беа од истото село двајцата, од Добридол, беа и нешто род, мочаа одејќи по корзо. На корзо немаше никој и ним им стана навика да мочаат одејќи. А може да се зборува за навика и за овие луѓе тука. Многумина од нив од навика доаѓаат. Нагоре до ѕвездите се извишила некоја вртоглава длабочина, како во првите минути откога ќе престане дождот. Некому да му дадеш добри волови и да го натераш да ора по таа непрегледност. Кога се ориентирале по ѕвездите, големите коњаници, било тогаш на илјада километри еден човек. Мирен, силен во себе. И да не бил никој, не ќе го откриеле. Кога патувале по океанот, овие што се тука. Мравјалник натискан во последната класа. Лежеле на вреќи со компири и ги држеле рацете во градите со вклештени прсти околу гајтанот од платненото кесе. Тоа сепак било неизвесно и немало причина за несигурност. А потоа, по дваесет години живот во кемпите како стаорци и кога доаѓале тука се раѓала онаа неиздржлива љубомора. Тие што не биле никогаш во Америка, останувале здрави и поумни од Американците. Се потсмевале, се насмевнувале. А којзнае дали е само тоа? Ниту оддалеку не е само тоа. Ако е тоа, тогаш е само почеток. Не може да не се признае дека од таму не се започнувало. И потоа биле исто и жените нивни и децата нивни. Чевларот Симо, стана папа Симеон. „Луѓе мои, таква светлина, такво чудо, а“? рече некоја жена. Чевларот Симо, стана папа Симеон. „Треба еднаш да се исчисти се“, зборуваше падарот Герман.“ И потоа ќе дојде нов живот. Вие во Аме-рика ништо не откривте. Тоа е една голема пустелија што е направено со вас. Во Европа имало трибина. Ете тоа го дознав јас“. „Сандар“, рече воденичарот, братот на Налетениот. „Ако се открие низ цел свет вакво светло, вакви места, тогаш се вели дека има многу истомисленици“. Воденичарот го најде Сандар со мислите крај реката. Таму на плочата, Сандар ја крена главата и гледаше од каде што требаше да дојде Јагна. Жените, мислеше, похрабри се од мажите. Јагна ќе ја излаже некако свекрва си и ќе дојде кај него. „Истомисленици дедо Секула“? му дојде, што е ова, сон ли ме налегнува? „Истомисленици по тоа не можат да станат“. Дали Јагна кога ќе доаѓа ваму, ќе мисли само на милување и прегратки, или и таа е зафатена со размислување за нивниот подолг однос. Дали и таа планира како и тој, што треба да сторат за да им биде едноставно убаво. Што сака нека мисли, само да дојде. Не може да се очекува. „Така, и друго нешто треба меѓу луѓето“, рече воденичарот, Секула Фармаковски. Не може да се очекува, жената да биде каква што ќе сакаме ние. И таа се плаши, се сомнева во своето решение и во почетокот ќе биде претпазлива. До колку се изненади од убавина, дотолку поубаво. „Што зборувате вечерва такви работи“, рече Арон. „Кога се доаѓа тука, тоа е некое наше оправдување, што зборуваме вечерва такви работи“! „Се чудам“, рече дедо и на Јагна. „Некои не знаат зошто се тука“. О, ете се скршија, жалеше Сандар. И во реката, потоа, сакаше да дојде Јагна; само нека дојде, мислеше. Беше расположен секого да го направи добар и беше сигурен дека ќе успее во тоа. Сандар, ако треба тоа да се каже, во такви потфати имал успсвано често. Глупо е и себенавредливо што чувствуваше понекогаш дека нема доволно време да губи со жени. Та тој, ништо не работеше. Во повеќе случаи. „А јас зошто сум со вас“? рече жената со девојчето. во повеќето случаи „Кога не знам зошто доаѓам, и кога не ми се доаѓа тука“. во повеќето случаи „А тој таму, мислите мене ме сонува, во тие проклети ваши кемпи, кога спие со некоја“. во повеќето случаи „И ми пишува да ја гледам куќата и девојчето“. во повеќето случаи „Вели потоа кога ќе дојде, најубаво ќе биде“. Во повеќето случаи најголемиот дел од денот го прележуваше. Потоа се навикна долго да се мие, долго да се облекува. Пред да излезе надвор, неколку пати се навраќаше, некогаш се враќаше и од улица и задоцнуваше за на факултет. Потоа, сè се одвиваше некако задоцнето и кога ќе дојдеше дома, не му се излегуваше пак во градот. Така, забележа. „Ти не си само ти, Илинко“, рече старицата. така забележа „Јас некогаш бев како тебе“. така забележа „И сите сме биле како тебе и млади и со желби“. така забележа „Сега гледаш, пак луѓе сме“. така забележа „Никој не може збор за нас да рече“. така забележа „А знам што се оние ноќи првите три години и првите десет години“. така забележа „А знам како може целата постела да стане водена“. така забележа „И те молам да не крениш рака на себеси, образот Илинко, е многу важен“. така забележа „Нека чујат кога ќе речам, секоја ноќ се молиш да наталкаш под покривачот некакво месо и да го вотнеш во себе. Синко Илинко, бањај се ако сакаш гола, ништо не ти помага, господии, не треба тогаш да имаш машка рожба до себе“. така забележа „Вештерко, вештерко“, рече Илинка. така забележа дека постепено се оддели и од пријателите. Понекогаш, кога ќе излезеше попладне низ градот сосема малку луѓе го поздравуваа. Можеби Сандар тоа го чекаше. Чекаше да најде жена што ќе може целиот да го прими, да го упие како сунѓер и тој да живее по волјата и желбите на друго суштество. А така, ако се размисли, единствено е можно да ја исполнуваш својата волја. Некому треба да му се предадеш за да можеш потоа со него да правиш што сакаш. И Сандар забележа дека помина доста време. Јагна требаше веќе одамна да дојде. Можеби таа мислеше да ја чека цел ден. И Сандар знаеше дека ќе ја чека. Знаеше и други работи. Кога чека човек, првин губи трпение, а потоа и сигурност. Затоа не треба постојано да мисли на тоа што чека. „Пак ќе доаѓам тука, луѓе мои“, се јави Илинка. „Тоа наеднаш не сакајќи ми дојде, тие нечесни мисли“. Луѓето молчеа и не се знаеше дали се лутат или и тие нешто размислуваат. Беше некаква глувотија, некаква немилосрдност се претопуваше во неменливо спокојство. Тоа е знак на голема бесчувствителност што не се забележува никогаш под ова дрво, или некогаш, овие луѓе знаеле за таа категорија, па им ја уништиле и сега уште поупорни се во немилосрдноста. „Јас можам да издржам, сè, луѓе мои. Тоа чекање ми стана навика, и се плашам да не се врати тој некако одненадеж. Тогаш не ќе има за што да живеам. А, нели е така? Што реков лошо, луѓе мои, поучете ме“? Сандар на каменот во реката, продолжуваше да мисли. Во чекањето, еден од најглавните елементи е тоа. Да не се мисли на човекот што го чекаш. Но Сандар не беше навикнат да биде практичен. Или така тој веруваше. Не станува тука збор за обична практичност. Сметаше, кога некоја работа не му успева, тој веќе започнува да се радува поради тоа. Ќе започнеше да се присетува, колку пати му се случило да не успее во нешто и потоа се радуваше на неуспехот. Беше уверен во предодреденоста да биде таков и ое јавуваше некоја рамнодушна циничност, како да сакаше со тоа да ги разлути некои други сили, што се грижат да му помогнат да успее. А со Јагна не сакаше да му се случи така. И другпат кога сака да постигне успех во некој потфат, не му успевало зашто некаде далеку во него се појавувало нешто против тој успех. Со Јагна нема да биде така. Тука работата е едноставна. Таа убава жена не ќе може да го нервира зашто Сандар ќе верува, Јагна многу често ги прави сите малечки грешки од незнаење. А за да биде човек наполно задоволен, треба да биде уверен оти е се така како што се надева. Ете во што е големото задоволство. Болест подмолна, шепотеше. Ги знам фактите и за и против. Како ќе излезе на крај вака. Како не ми текна за ова на плочата. Тие мисли продолжуваа вака. Ако не разговараш и ако не се дружиш со многу луѓе, тоа задоволство може да остане неизматено. Ќе ја дресира Јагна како младо животно и ќе биде негово дело. „Еве плачам и ми е жал што пропуштив“, објаснуваше Илинка. „Знам како се чуствувате сега, си мислите имате и вие вина за мојот испад. Ама жените не се тие што ги познавате од зборовите. Јас не сум таа.“ „Ние никако не се чувствуваме“, рече некој. Ќој е тој, сакаше да праша некого Сандар. „Сега пак ми е убаво“, рече Илинка. Сандар се присети како изгледа Илинка. Таа беше млада, помлада од него. Пред пет-шест дни ја виде кога одеше на вода. Кога помина крај него ги нурна очите во него и пак гледаше пред себе. Имаше црни очи со меки обрачи околу. Лицето и беше долго, покриено со некоја темникава пајачинеста обвивка. Нешто диво беше скриено зад пајачината. Или тоа доаѓаше од одот нејзин. Имаше здрави нозе, скоро со иста дебелина од горе до долу. Така се чинеше, дека се со иста дебелина. И пак се сети на нејзините очи. Како да истрчаа наеднаш најскриените желби, нешто несовладливо и пак гледаше пред себе. Како да се покажа за миг гола и веднаш се наметна со нешто непроѕирно. Но впечатокот на тоа моќно голо тело, останува долго и кога би ја сретнал повторно таа жена, ќе започнеш разговор за познати работи или ќе зборуваш со неа како да продолжуваш некој прекинат разговор. А беше тоа само еден миг. Очите решиле за една секунда се да кажат. Тоа се вика женска сила. Потоа, Сандар виде горе, небото беше синозелено, жолтоцрвено, црнобело и сите бои заедно. Убавината на небото е во боите. Во тој непрекинлив 6д на боите. Инаку, е голема празнина. Ако нема никакви звуци, не може да се зборува за убавина. И изумирањето на звуците е убавина. Тоа и се вика небо. Боите и звуците. Оние неми звуци. „А јас ќе речам“, се доискажуваше Макар Копачковски, „како може ова да постои? На човек треба постојано да му е чудно постоењето на оваа светлина. Тоа е некаков мадем. И велат има различни богатства. Ние значи сме богати“. Можеби сега е полноќ, скоро гласно, скоро изустено се сети Сандар. „Затоа, треба да се верува во оваа појава“, рече Макар, дедо £ на Јагна. „Сите богатства се верување во нешто, велеше еден Црнец“. Ноќта се смири. Како да си на некој чардак и тивко се одмораш. Напрегањето што го правиш да ја здогледаш убаво ноќта е одмор. И се завлекуваш секаде со ноќта, се доближуваш до сите интересности, постојано си во движење, во откривање, во изненадување и, тоа е одморот. А ти се чини на ништо не мислиш. Тоа не постои. Сите мирни мигови се некогаш нерешени прашања. Тоа всушност е напрегнатост. „Се одвикнав дење да се чувствувам жива“, рече жената во климактериум. „Преку денот има само еден живот“, рече воденичарот Секула. Успеале да соберат се, шепотеше Сандар. Ако им било само тоа цел, тогаш не е ништо необично и не е ништо ново. Селани и селски искривоколчени пословици. И нешто чуле и не знаат што е тоа, па го повторуваат. Но има тука луѓе што молчат цела ноќ. „Тоа е како кога леташ на сон“, рече. „Но, пак потоа и дента е живот“. Можеби не е живот. Време на некои дамнешни, нерешени прашања. Вакуум што се создал којзнае кога и којшто сега не е присутен. И пак се занесе. Тоа денешто чекање на Сандар не му излегуваше од глава. Или самиот довикуваше за да избега од една несносливост што се роди пред малку под крушата. Продолжи. Може и да не биде така. Сандар не знае на што ќе се реши кога ќе ја види како доаѓа низ тревата. Ако сака Јагна, тој уште денеска ќе легне со неа. Најубаво е да влезат во црквичето и да се затворат одвнатре. Во црквичето никој не доаѓа, а ако намине некој и ако види дека е затворено, не ќе се обидува со сила да отвори. Во црквичето повеќето луѓе доаѓаат случајно, на поминување. Ако е затворено, ќе си го продолжат патот. Кој знае како ќе се однесува Јагна кога ќе ја легне на плочникот од црквичето. Ќе рече, таа не може тоа да го прави, кога ја гледаат сите икони од ѕидовите. А можеби Јагна и затоа му рече да чека кај црквичето. Сигурно таа и другпат со некој друг, доаѓала тука и се прпелкале внатре двајцата. Така да ја видиш се чини толку чиста. Има такви жени што имаат особен мирис кој доаѓа само од тоа што ќе ги гледаш. Ако ги замижиш очите и ако успееш да го доловиш ликот пред себе, веднаш се јавува и тој чист мирис. Тој мирис, влева голема доверба. Тој мирис не £ позволува на жената да биде нечиста и да биде проста. „Ете, да ја земеме раката“, се чу падарот Герман. „Една рака видов отсечена и ги мрдаше прстите.“ Ќе биде убаво, ако се согласи Јагна да легнат во црквичето. Во црквичето е студеникаво и мириса на секакви расположенија. Тие расположенија се како куп луѓе што се тискаат некаде, на некоја свеченост, сите се кренале на прсти да видат нешто, а расположенијата се надвор од нив, тоа се нешто сосема друго. Кога одат луѓето во црква, откако ќе остане празна црквата, откако ќе си одат сите, црквата долго време е полна со скриени желби, па луѓето се лутат ако лежиш со жена во црквата, зашто на едни од нив, во моментот не им биле мислите на тоа, а другите се радуваат, зашто токму на тоа мислеле и на крајот ќе се создадат две групи, едните бодрат, другите кудат и те колнат, а сето тоа не се гледа и не се слуша. Старецот Макар Копачковски стана. Во мракот направи црна лузна и не се помрднуваше. Дочекав да видам како се растураат, разочарано се радуваше Сандар. Макар Копачковски постоја уште долго и седна пак, Сигурно сакал да ги исправи нозете, да му протече крвта. Луѓето од овој крај не можат да се пофалат со некоја песнопојност. Тоа е стара увереност на Сандар, старо верување. Преку деда му Тихона. Мн-гу ретко се пее во овој крај. Пеат младите и тоа песни од другите краишта и кога ќе пораснат се забораваат. Ако распрашуваш најстари селани, никој не може да ти каже кои песни се пееле во нивната младост. Тука не се паметува овчарите да носеле некогаш шупелки. Се знае, некои подоцнежни козари имале армоники и свиреле морнарски и морски песни. Во овој крај, нема близу море, но еднаш во војната дојде еден избеган морнар со армоника. Тој два месеца одеше по улиците и свиреше за ракија. Живееше во домот на Сандра вдовицата и наеднаш се изгуби некаде. Сандра армониката на морнарот му ја даде на козарот Самуил, за да £ ги пасе шесте кози. И Самуил живееше кај неа и кога роди копиле Сандра, едни велеа дека било на морнарот, а други на Самуила козарот. Туку во војната никаде не можеше да се најде сол и се знаеше чие е копилето. Потоа, додека траеше војната, сите козари со јариња и ѕвиѕдарки купуваа армоники од војниците. И сите се научија да ја свират најубавата песна на морнарот. А свои песни, овој крај не паметува да имал некогаш. Одвреме навреме порано, се правени обиди да се испеат песни за некого. Тие песни биле многу лични и постојано се пееле за две момчиња и една девојка. Девојката го сака обично едното момче, а го зема другото. Чудно е во овие песни, тоа што не се лоши и не се виновни момчињата, туку нивните родители. Тие песни многу брзо исчезнуваат. Ќе се омажи девојката и никој повеќе не ја пее песната. Обично тие песни се некаква подмолна пресметка со клетви. Не значи дека одмаздата останува само на тоа. Штом се чу дека Самуил и свирел со армониката на една млада жена, по некое време го прогласија за шпион и војниците, неговите најголеми пријатели, го стрелаа на старите гробишта. Потоа, на туѓи јазици го пцуеја нашиот крај. Младата жена, што не било чуено ни видено дотогаш, избега преку граница и кога ќе се испијанеа војниците, постојано го тепаа нејзиниот маж. А детето на морнарот го одгледа Сандра вдовицата, и кога поодрасте, играше фудбал. Ете тоа е сè што може да се раскаже за песнопојноста на овој наш крај и на овој наш народ. На Сандар одвај забележливо му се тресеа градите. Оној мек, неземски замав однатре. Сандар се обѕрнуваше на сите страни и кога го виде Сандар Вториот, скоро се насмевна. Сандар Првиот беше многу тажен. Сандар Вториот редеше зборови. Небесата не пеат песни за моето навраќање, езерото останува мртва вода. Само детството мое држи некаков транспарент кренат за мојот тих пречек, колона од еден низ сокаци гази, над неа невидлив предзнак колеблив на селски начин подмолно чека да дојде тоа што сака да стане знамение. На последното мое доаѓање ќе бидат големи празници, секоја трудна жена ќе помисли по нешто, над мојата глава три нови птици ќе вијат и светот ќе го открие виновникот за хаосот во природата. Ужас и наслада по три пати во миг ќе се сменуваат, ќе се касаат. На крајот на Кумовата слама ќе се роди нова филозофија; секој што умрел незабележан, ќе биде спомнат од новата религија, ќе дојдат измислувачи на боите. Тангар, тангар, девојко, тангар, мангар, девојко, тангар, пангар, дан-гар, кобило вило, кобило вило, кобило вило, кобило вило. Кој да го дигне прв погледот куса жено? Цел живот демнеење без причини, не се случило тоа кај нас никогаш куса жено. Ти закажувам молчење никој не ќе дознае за нашата немоќ, да останат приказните за твојот 6д, кога не се срамел господ да лаже и ти тргна по негов пример, на Коледа околу стравот стоевме на колена, во твоите гурелави очи читавме разум. Попатни забелешки што сакавме да ги замениме со машкост, нешто ти помагаше, ние ти помагавме и ги слушавме песните однадвор. На ноќни патишта мирисаше околу нашата куќа. Нашите желби се престоруваа во умор; познато лежење и излежување, од денеска нема да се навредуваме меѓу себе. Две плуканици три зелени балгами меѓу нозе, ние сенилни дечиња и синот твој помлад што се готвеше за стопан на сите наши ликови. Какви пазари можеше да измисли, какви пазари синот твој помлад, додека е дење големо како ден над земјата и таму некаде ние со моето постоење, ење, ење, дење, вење, сење, клун, клун, клун, па дирек. Несовладлив бев во постелата моја; најдобро живеат двојниците мои, сите ноќи ги зауздав со бессоница. Неволни џинови ми ги подаруваа планетите, ги редеа шарени од вратата до прозорецот, мојата младост не знаеше што да прави, не знаев да измислам некакво натаму, заграбував нешто од сопствената глава и со прстите правев безлично писмо по таванот, се смеевме заедно џиновите и јас. Твојот помлад син (тоа беше стрико ми Мануил, шепотеше премалено Сандар Првиот) и маѓепсни работи, сепак на живите останува животот, смешно е што не знае да плаче животот, не се кажува како треба да се организира, маѓепсни работи или твојот помлад син, бодинач на нашето младеење, плашлив, завидлив коњаник, а ние дома не зборуваме за убиства, триста, триста, триста, триста, триста, на пример невести. Најтесна учена ученост и од каде се изнајде онаа музика над нашиот двор? Некој го нагнете просторот со шепот или небото се учеше да зборува од стомак. Три вкрстени ребра од коза и пресен измет од јазовец, пак се лек за неродилка. Ајде бабо да броиме колку забранети љубовници можеме да спомнеме, повторно да се обидеме. Јас се родив да докажувам за залудноста на промените и ти ќе умреш од сопственото оружје; време ти е да не пиеш вино скришум и да ја полниш устата со лук да не те сетиме. Три ливади, три ливади, немале врска со онаа лицитација на маслото за божиќната причесна (о, и за тоа ли можеш да зборуваш, рече Сандар Првиот). Малечки сцени, според нашите планови би требало да е обичен успех, бевме победници, славевме од раскажувања, облаците трчаа во престрој, прилегаа на млади телиња. Кој им кажа за нашата навика; и дедо ми, старец што се држи, се враќаше од манастирот со врзано кутре по работ на земјата, во најмирните часови сам, сам, кога се измислуваат визии, никој не ја видел таа голема глетка и никој не знае да раскаже. Достојно ја носевме нашата невидлива болест, ноќе над селото завиваше некоја бедна совест, изутрина до десет часот гулабите не полетуваа високо, око, око, око, око, всушност ока волна. Како ја пеевме песната што ни ја кажувавте нам првенчињата родени на денот Неатка, кога ќе пронајдеа во јазот фрлено копиле. „Месото од црвен орел, наполно црвен, е голем лек за храброста“, рече Филип Сакатиот.„Ве прашувам јас, зошто никој кај нас не се занимава со храброст. Нашите девојки никогаш не чуле за таа работа. Кога одбираат момче не знаат кај него и тоа да го бараат, па момчињата наши и не знаат дека добиваат жени и милувања на многу лесен начин“. „Кога сакав да читам книги“, рече Арон, „дознав дека храброста, првин треба да ја имаат постарите“. „Тој Полјакот во Кливелан, расправаше“ продолжи Филип Сакатиот, „дека луѓето знаат и не знаат зошто живеат. И кога ќе беше пијан, ќе ме чукаше по рамо и велеше, Филипе, исто ти се фаќа и да знаеш и да не знаеш зошто живееш. И еден ден се обеси на вратата од женскиот манастир. Се чудам, како не се научив да пијам со тој човек“. А каде било всушност, велеше Сандар, во Кливелант, во Милвеќе или во Пеколот. „Како да застудува“, рече старицата. „Сега сè се гледа. И без очила гледам сè. Макара треба да го слушаме. Ова е богатство“. Чевларот Симо, стана питроп. Со црнечки сифилис. И сега, многу жени во селото, имаат сифилис. Го имаат и од војниците, но Симо со раце зема пченица и ја шири болеста. Ги целива во устата сите мртовци и сите новороденчиња. Во Чикаго, Симо бил револвераш. Во Њујорк играл покер и Бетси Црнкињата, го чувала во Харлем. Таму, тој еднаш бил изгласан и за одборник, но вели, воздухот е загаден. Девојка да затвориш во челична каса, за три дни ќе затрудни и ќе добие сифилис. Сигурно Симо лаже, зашто селаните што биле во Америка, велат не постои во Њујорк град Харлем. Таму има места каде што секоја вечер во определено време врне дожд. Таква ти е Америка. Но можеби нашите селани зашто работеле по две и по три смени едноподруго никогаш не виделе кога се прскаат улиците навечер. Другите, селаните ги запрашуваа, дали постојат во Америка коли и автомобили за прскање на улиците, а тие одговараа, таква работа во цела Америка не постои. И затоа беа уверени дека врне секоја вечер. И ова може да биде прилог за песнопојноста на тој крај. Сандар почувствува дека сака да го доживее уште еднаш денот кај црквичето. Ако треба да дојде Јагна, треба сега да дојде, мислеше. Сега е најзгодно. Ручекот помина и таа веќе ги измила садовите. Сега е слободна да излезе од дома. Јагна може секогаш да излегува од дома, зашто таа живее сама со мажот свој. Сандар згреши кога мислеше дека Јагна има свекрва. Во ова време селаните ништо не работат. Ништо не работат тие што останале дома. Многу е доцна да појдат во полето. Се излежуваат во дворовите и на чардаците. Но сепак, можеби Јагна не доаѓа. И Сандар не знаеше дали целото тоа време сакаше да дојде Јагна или не сакаше да доаѓа. Започна сомнително да се загледува во себеси зашто почувствува, уште изутрина беше уверен и знаеше сигурно дека не ќе дојде Јагна. Започна да си префрлува како да навредува друг човек. Тој значи создаде толку убава слика за неговиот однос со Јагна, откако беше уверен дека таа не доаѓа. Затоа тој беше толку смел во мислите, толку безгрижен и решителен. Секако, знаеше дека не доаѓа Јагна. Тоа го знаеше уште ноќеска. Иако беше одушевен од предлогот на Јагна, иако се чинеше дека тој е пресреќен, затоа што ќе се сретнат повторно со жената, сигурно нешто сторил и Јагна забележа дека тој не сака да дојде таа кај црквичето. И се мачеше, беше силно напрегнат и внимателен, кога се испитуваше самиот. Сакаше да открие каде се излажал себеси. Тоа не се забележува на лицето. Лицето не може да каже се. Или поточно, лицето понекогаш може да скрие се. Човек може со лицето да се согласува, да блика од радост и тој што ве гледа верува дека е така, но откако ќе заминете, ќе се сети дека сепак почувствувал зародување на некакво несогласување кај соговорникот. Тоа се гледаше не на Сандар, туку некаде околу него, во негова близина. Сандар се присетуваше. Да не му направил нешто на коњот или да не ги погледнал некако особено камењата што беа насобрани за ѕидање на куќата Фурова? Сандар започна да се лути што изгуби толку време за да си игра со себеси. Но потоа се уверуваше дека во почетокот не го знаел тоа. Сигурно во почетокот не бил уверен во недоаѓањето на Јагна. А може и тоа да било, Јагна забележала кога сакаше Сандар да се наведне од коњот и да ја бакне. И во тоа имаше некаква игра. Тогаш Сандар можеше и навистина да ја бакне, но знаеше, токму тој акт ќе го направи уште порешителен во намерата да не се сретне со Јагна. Значи знаеше. Но не. Беше горделив и добар. Тоа е доказ дека ни за миг не размислувал за тоа. Па како £ дал на Јагна некаков знак да не доаѓа? За да го разбере тоа жената, не е нужно да биде образована и искусна. Тоа се дознава инстинктивно. Во котлината многу се развиени инстинктите. Особено во Добридол. Значи Сандар знаеше, уште синоќа знаеше, дека ќе ја чека жената само затоа, да може додека чека да си прави слики. Интересно е секако и секој би се согласил со овој заклучок, зошто прави Сандар некои работи, кога знае дека не ги сака тие нешта? Зошто ја чекаше Јагна? Тој долго се уверуваше во својата намера. Дојде кај црквичето да се сретне со Јагна. Дури знаеше како ќе постапува со неа, што ќе разговараат. И сега, беше сосема начисто и веруваше. Не треба и не смееше да се согласи со помислата, не се сомневаше во тоа дека тој не знаеше што не ќе дојде жената. Веднаш потоа се сети како често верува кога чека некоја жена, негова најголема и најсилна желба е да дојде жената. Тој може да дозволи некои работи да ги знае и да се прави како да не ги знае, туку никогаш досега не сетил да се крие нешто во него, или тој самиот нешто да скрива што не го знае, или што не го насетува. А ете, ова со Јагна испадна сосема непознато за Сандар. Последните мисли одвај можеше да ги контролира. Сонот постепено, но сигурно го совладуваше. Му текна уште да се сети дека овие неколку дни убаво спие, потоа некој или некоја од тие под дрвото, зборуваа за младинците што врвеле денеска наредени во колона и што пееле. Сакаше нешто и за тоа да помисли. Сакаше да прави некакви споредувања, туку се беше маглесто потиснато со некоја голема неподвижност, лесна неподвижност. Му текна да го поднамести палтото и немаше волја за тоа и наеднаш се најде и тој во колоната на младинците, знаеше оти во тој миг се уште не спие, а кога започнаа девојките и момчињата да се обѕрнуваат кон него, кога му зборуваа за нешто, немаше сили да им одговори, да им објаснува и ги остави да прават со него некои чудни работи. Дали го креваа, дали го галеа кога навистина заспиваше, не знае. И беше тој најпоследниот миг меѓу сонот и свеста кога сакаше да биде во некоја толпа млади луѓе, чист но многу кус миг, во кој истовремено ти се втурнуваат илјадници мисли и си остануваат само мисли, немаш време да откриеш чии се, какви се. Немаш време ниту да воздивнеш и ќе оставиш се како што си е. Сонот е некоја неумоливост што решава еден цел живот надојден да се провери. Некое време се разбуди. Сè уште беше ноќ. Кога забележа дека крај него лежат селаните, се израдува. Довикуваше во себе некое убаво расположение или бесеоница, за да не му се спие и да може изутрина да ги види кога ќе си одат од под дрвото. Околу него сите молчеа. Сандар ги затвори очите, но пред да го покрие видот, нешто му светна како цигара. Ги отвори очите и навистина, некој од старците пушеше. Сандар извади цигара и запали. Во устата почувствува некаков бакарен вкус. Кога повлекуваше чад, можеше да го следи палежот негов во градите и во стомакот. Ноќни пушења, рече. Сакаше да започне некој да зборува. Сандар веднаш ќе се вклучеше во разговорот и така ќе го избркаше сонот. Тоа може секој да го знае што има зборувано навечер. Ќе започнеш да зборуваш нешто интересно и тие што те слушаат околу тебе, првин ќе велат: а потоа што било, па ќе заспијат и ти тоа не ќе го забележиш. Одвреме навреме ќе се покриваш на некои места каде што ќе чувствуваш студ и ќе раскажуваш. Тие раскажувања, обично се желба повторно да го доживееш некој настан, или да видиш како ќе реагираат другите кога ќе им раскажуваш. Некаде на средината на раскажувањето ќе забележиш дека спијат луѓето околу тебе. Се чувствуваш излаган. Потоа, тоа чувство се заменува со некоја надмоќност, но некако уморна надмоќност. Ако не знае човек во такви мигови да им прости на тие што не го дослушале, ќе се нервира долго време. И да знае да им прости или да се смета поинаков од нив, сепак ќе почувствува една бесцелност или некаква измама. Незгодно е и она чувство кога ќе дознаеш дека си им послужил како некоја песна успевка. Не ти е мака за услугата што си им ја сторил, туку ти е криво за улогата самиот што си ја наметнуваш. Успивач. Повлече од цигарата и таа беше изгасната. Сандар не ја запали повторно. Пак се обиде да ги отвори очите и никој не пушеше. „Мајко моја“, прозбори старицата, „јас се чудам. Што може човек сè да дознае тука. Малку заспав и некои водишта течеа. Толкави води никаде не сум видела“. Можеби и старчето Климе е тука, се сети Сандар. Старчето Климе остаре до еден степен и потоа си остана така. „Толкави води, боже“, рече пак старицата. „Ете, сега и не можам да ги чувам и лозјата“, рече Терман падарот. „Се ми е одземено. Ако не може човек да биде војник и ако не сака да биде падар, кога го плаќаат за тоа, не знам. Порано знаев секоја јаболкница како напредува. Секое ореово дрво знаев од што е болно. Оревите страдаат од една болест како брашно. По кората се напластува тенок пласт пепел и тогаш да знаеш, некоја болка на дрвото му го јаде срцето. Ако ограбат некое лозје ноќеска, што ќе им речам утре на луѓето“. „Нема кај нас луѓе што крадат со товари ноќе“, рече Макар Копачковски. „Има, има“, рече Герман. „Има. Снајперисти“, Сандар се сети кога може човек некако свечено да плаче. И не се зачуди што се сети на таа работа. Можеш свечено да плачеш ако гледаш некоја парада. Кога ќе маршираат војниците, ќе ти заигра нешто во грлото. На крајот, кога ќе поминуваат дечињата, не можеш да се воздржиш да не плачеш. Дечињата мавтаат со гранчиња, а гледаат во луѓето што се наредени на тротоарите. Никое од нив не се смее, секое си ја врши должноста. Потоа ќе забележиш дека, иако гледаат во луѓето на тротоарите, никого не забележуваат. И на крајот знаеш оти се заплашени, се чувствуваат оставени сами на себеси. Тогаш уште не плачеш. Кога ќе ја погледнеш колоната како се ниже по улицата и ќе ги видиш дечињата фатени за рачињата. А не се свесни што се држат за рака и пеат нешто. Овие идни луѓе, носат нешто невидливо над нив. И пеат, а не се свесни ниту што пеат. Тогаш ќе видиш илјадници малечки рачиња, лица, очички, ноџиња, главички и ќе се расплачеш. Многумина од луѓето што стојат на тротоарите, се втурнуваат во колоната дечиња и ги прегрнуваат, ги бакнуваат. Кога ќе ги натераат редарите да се вратат на своето место на тротоарот, луѓето што чекаат таму, гледаат како плачат. Дечињата и тоа не го забележуваат, не ги чувствуваат ракоплескањата што им ги приредуваат гледачите и чекорат како по облаците. Тие паради ги потсетуваат луѓето на нешто што било, или на нешто што ќе дојде. Никогаш парадите не важат за денот во кој се одржуваат. Но сепак, парадите претставуваат некаков душевен празник, само тоа се дознава откога ќе заврши парадата и уште повеќе, ако не присуствуваш на парадата, туку ако поминеш по истата улица отпосле. Истовремено, парадите значат и некаква тага. Кога ќе промаршираат дечињата, знаеш дека постарите нив ги готват за наследници, за замена. Некои можеби затоа и плачат. Тоа плачење е празнично, радосно, лесно. А има во тие мигови и некакви сомневања. Но најточно сознание е тоа, кога сме на парада или кога размислуваме за парадите, дознавме дека со нас некој друг раководи. Со нашиот живот и со тоа што ќе доаѓа. Пред заспивање се размислува најнеодговорно, рече Сандар. Немаше сили да се вклучи во разговорот што го водеа луѓето околу него. И тие полека стивнуваа, зашто беше она време во ноќта кога се плашиш поради здравјето ако не заспиеш. Му текна дека и ова утро не ќе ги види изутрина селаните, не ќе знае кој се се собира под дрвото и му беше сеедно. Му беше сеедно поради некоја навика да пропушта интересни настани, поради некоја рамнодушност. На крајот, му се стори како да кажува нешто Филип Сакатиот и не се напрегна да го чуе убаво. Ноќеска, Сандар два пати падна во несовладлив сон. Но Сандар ѓаволесто се насмевна некаде најдлабоко во себе, дури до другата страна на светот и го слушаше тој глас. Дури гласно најави, Сандар Вториот зборува. Сандар Вториот пак редеше зборови. Нашите живеења ќе донесат масовна завист. Милиони луѓе ќе ја заборават својата љубов кон богатството, нели се помислува на мостови при овие мисли, не кажувам што сум слушал за Турците и што сум слушал за тебе, сега ги чуваш пиштолите на момците, на маалските козари; дење пукаа по неуспехот, кога доаѓаа како боја за ќуреи, ѕвонците беа ( или се, рече низ сон Сандар Првиот) провидни од вечерна прашина и гороцвеќе со мов на дршките, на јазикот се чувствува момина боска, ноќе си невино скривалиште бабо, како стара женска утроба во која некои планински селани чуваат чистило против чиреи и заушки. Зошто не зборуваме во нашата куќа за храброста? Време ти е да не пиеш виножито и каде одеа нашите мажи кога им ставаа старците пари на врвот од ногата, беше тоа твојот најстар син, мојот татко, единствен сети потреба за воспитување, на распаќе фрлен со дупнато уво, остана оставен во љубов да остане, времето ли направи нешто или стари моми по две на метла јаваа со голи задници кон устата на месецот и се роди омраза. Шест години на твоите дојки заситено ја цицаше твојата жед, не прави споредби нека не прилега ништо на пајак, навечер бунари патем изникнуваа да ти го ладат млекото, заплашена се обѕрнуваше да ги видиш мудреците што го бараат патот на рождеството, околу тебе се случуваа делови од легендите во кои селаните ги добиваат војните, по небо врвеа млади учители, колона од искрени женкари, порезџии, лихвари, попови; не можеше да се решиш куса жено, мене ми го сопре растењето тоа испраќање, старец голо џуџе пара на ногата, старец голо џуџе; се сеќавам на неговите копчиња од американските чизми и на торбата ловџиска, а ние дечиња набљудувачи се готвевме утре на Водици да гледаме како ќе го извадат крстот од мразот нашите врсници, дечиња набљудувачи, на лицето некој засек по кој се препознаваат средовечните, посебни звуци во одредени дни кога може да се случи прељуба со најблиска родбинка, само тоа е слично на детството, бев тоа јас единствен, се учев да го стеснувам просторот, во мојата малечка кутија ги сместив луѓето што ги креваа крстовите, моите обиди за бегање, некои мисли на голите и нееднаквоста, јас роден да зборувам за залудноста на промените, денот познат по белегот на мојата глава ми ги должи парите на мајка ми што ги доби од стариците кога им ги бакнуваше образите со мрсули, со непрекинат страв да не ги откријат во процесот на збудалувањето, малечки старици, полузлобни, триста илјади мртви момински лица направија второ небо, на многу куќи во селото на каменот над вратата се препознава гласот на нивната молитва против раѓањето, венчана си. Тоа е мајка ми, збор ли е повеќе или бегање? Осана! Никогаш не раѓал доволно некое чувство на голема злоба овој збор кај мене. Откако се паметувам, спијам со покриена глава и се потам на некои слаби места на телото и во телото, кому му е доделено да раскажува за тоа, треба пред сите да вечера и ние да го гледаме како јаде, потоа тој ќе гледа како јадеме ние. Изградете пат за нас, ни бедни, ниту богати, гледаш каква дефиниција за еден покрив над нашиот двор, на татко ми брат му беше твојот помлад син, бодинач на нашите ликови над нашиот двор. Куса жено, бабо, на ветерот си му дала место меѓу нозе, тихи виулици сопирани од нечистотија, па ние свикнавме по просторот да го откриваме настроението, знаевме кога ќе бидеме галени и убаво хранети, тогаш се обидувавме на малечки смелости што беа постојано лажни фалби, на младост со најпрост блуд правеше приказни за умноста и тоа беше помешано, беа гроздобери и ноќно вадење на пченките полни со сила, кој ќе ги плаќа тие даноци кога и вие стариците ги вапцавте кошулите во фустани и старите зборови се повампирија, угрејсонцето плетеше завеса за улиците, некаква историја бараше работа на Полената, жените правеа први чекори кон Магдалена, дебели рикања од езерото нè учат како се пречекорува изутрина прагот, селски ден што се забележува отпосле, над цела улица еден крст и се вршат временски мерења оттука до некои последни решенија. Оставете го она што се одделува од тој мирис и минатото ќе се случува секогаш во топло време. Ти докажа, рече Сандар во сонот. ВТО Р ДЕЛ 4. ПЛИВАЊЕ ВО ДЛАБОЧИНА Сонцето беше изгреано и кога стана, забележа како тревките прават некакви движења меѓу себе. Ова утро се разбудив подоцна од вчераутро, рече Сандар. Сакаше уште да зборува, но помисли, ќе се воздржам. Сакаше да се раскикоти на таа мисла. Го намести на рамениците палтото и тргна низ угарот. Дојде насреде нивата, па се врати до дрвото и го фрли палтото во гранките. Виде, други палта немаше скриено во гранките. Се оддалечи, се увери дека не се гледа палтото и тргна дома. Патем застана едно дете и му рече да појде дома и да му каже на брата му дека, Сандар денеска ќе биде на езеро. Детето со трчање се враќаше низ улицата. Други селани не можеше да види. Сите се појдени на работа, помисли. Потоа одредуваше ден кога ќе се врати во градот и стигна до својата куќа. Првин влезе во племната. Кога го виде коњот се зарадува. Момчето ги потерало само воловите и кравите, рече. Коњот го остави. Го одврза од јаслите и влезе во дворот. Во куќата немаше никого. Сандар се почуветвува осамен, се почувствува лошо и сакаше во тој миг да има некој што ќе му каже што да прави. Влезе во готварницата и седна до масата. На масата имаше млеко и дланки леб покриени со цедило за да не ги валкаат мувите. Му се јадеше, но немаше волја да го надроби млекото, да земе лажица и да започне да јаде. Стана од столот и седна во прозорецот. Му се сторија мили мувите што брмчеа во готварницата, му се сторија стари познаници и се чудеше како се решаваше понекогаш да ги уништува со крпа во голем број. Огништето мириеаше на нешто познато, фурната студена го потсети на печени јаболка и кочани. Сега можам да читам, рече. Мијалникот скиснат и нечист со куп немиени садови, му беше најубаво катче во готварницата; зиме кога ќе дојдеше со премрзнати раце од лизгалките и таму со чајникот му туруваа топла вода. Онаа пареа од водените чорапи, оние костења што ги делеа по четири за сите и мајка му обично ќе му дадеше уште еден од своите. Потоа онаа влага на панталоните и на гаќите на газот кога ќе легнеа. Ќе се престореше во запурнина и поголемиот дел од ноќта спиеше со вцрвенети образи. Тоа е затоа што се решив да се вратам во градот, рече. Тропна портата во дворот и тој излезе во тремот. Баба му Трена со торба пиперки, со нарамник трева и големи лисје од зелка, ја затвораше портата. „Бев во градината да наберам пиперки и трева за имањето“, рече. „Градината здивела во плевотина, треба да се исчисти“. „Сега е крај“, рече Сандар. „Сега уште малку ќе се корнат пиперјето, зошто да ја плеете“? „Ти касна“? рече баба му. „Те чекав тебе да јадеме заедно“, одврати тој. На баба му £ светнаа очите. Го зеде ѓумот и си ги изми рацете. Сандар се домислуваше, кога забележала баба му Трена дека тој се гааси од неа кога му дава да јаде со нечисти раце? Тој никогаш не и го кажал тоа. Никому не му рекол. Всушност, Сандар кога е дома никогаш не забележува што и се нечисти рацете на баба му. За тоа се присетува во градот. Кога ќе помисли на домашните, веднаш ќе ја види баба си како му подава сирење по кое течат црни браздички вода. Баба му ќе го брцне сирењето во водата и калта од рацете ќе £ потече од сирењето. „Јас сум готова, Сандар“, рече таа. „Ајде да седнеме“, рече Сандар. Сркаа двајцата надробено млеко и молчеа. „Им реков на другарите да појдеме на езеро“, и кажуваше Сандар. „Ке го земам и коњот да пасе во блатото“. „Земи го“, рече баба му. „Ајде јади, јас се наја дов“. „Ако не јадеш и јас не јадам“, рече Сандар. „Ама Сандар, не ми збира повеќе стомакот“, рече баба му весело и сркаше млеко. „Ако дојдам некогаш во градот, а, Сандар“? зборуваше баба му. „Ти само се фалиш и никогаш не доаѓаш. Дојди навистина. Наесен кога ќе свршат работите, дојди“. „Не знам, јас можам и да дојдам“, рече таа. Сандар се виде со баба си во градот како ја води по улиците и сакаше да дознае дали ќе се срами од неа. Но се чуди од каде се научила оваа жена поне когаш да не здодева ни малку. Таква, собрана и ста ра, ќе ја води по излозите, а не ќе знае што да £ збо рува. Ке се прави дека не му е срам, но можеби ќе му биде здодевна. И одненадеж се јави Сандар Вториот. Сандар Првиот сакаше да го запраша зарем не му е заморно тоа, туку само одмавна со раката. Сандар Вториот редеше зборови. Една невестинска облека во посебен дел на куќата, јас и браќа ми не знаевме дали не мрази дали не сака мајка ни, не од немаштија, не од немаштија. Кога се доделуваа првите патишта, тргнав по оној на кој чекаат селаните некој да ги развеселува, се научив да имитирам неколку птици, да јавам на домашна свиња, во секое време без костум можев да ги заменам додолките, селските тажачки оплакуваа едно недополнето место во нивната дружина. Три калуѓери врзаа пријателство со мене, ме учеа како да ги толкувам појавите над селото, бев очевидец на смртта на сурија светци, кога дознаа за моето големо меѓувреме, ми останаа две дузини ореоли, направив малечки колички и тргнав да ги подарувам по лединките, дечињата знаеја други игри, други игри. Игравме во самотијата и станав перверзен љубовник. Две столетија пред тоа случката со Едип ја раскажував на свој начин, некои свекори со пресечени нозе и девојките појдени да бидат невести, свадби и испраќања, три дни големи радости, па старец голо џуџе пара на ногата, старец голо џуџе, само еднаш на девет дни се мачеа да го погодат ликот на своите мажи, улајќите умираа ако го чуеја гласот на снаите, некои свекори со пресечени нозе, небото дење стоеше без знакови, најтешко беше да бидеш ден, ноќе се случуваа со взаемно несакање сомнежите на разделбите, немавме ние патеписци на времето, на Едипа му дадов задача да ги обљуби сите мајки, оттогаш ако е денот без страв, не му припаѓа на мојот живот. „Кој знае, не се знае тоа“, рече за себе. Баба му ја чистеше масата и сакаше уште да зборува. Ги однесе садовите во мијалникот и се врати до масата. „Ајде под тремот, туку е горештина“, му рече на Сандар. Излегоа. Баба му сакаше нешто да зборува и не започнуваше. Сандар гледаше пред себе и и ги виде нозете. Боси, со црни стапала како прачки. Помисли, да се соблече баба му, ќе биде жално да ја гледаш. „Кога ќе дојдеш пак, Сандар“? го праша. Сандар знаеше дека не е тоа што сакаше да зборува баба му. „Сигурно во зимата“. Баба му се искачуваше на чардакот и Сандар се упати кон коњот. Го фати за вратот и полека заоде надвор од дворот. Баба му го пресрете и му подаде платнено ќесе. „Има кочани и некое варено јајце. Таму ќе ти се пријаде, водата го цица човека“. На улица Сандар го јавна коњот и се сети дека го испраќа секогаш баба му. И да е зафатена со работа и да меси нешто, со рацете полни со тесто, ќе излезе во дворот и ќе рече нешто. Сандар тоа го об-јаснуваше со некаква несигурност што беше болест кај сите негови домашни. Постојано висеше над нив една мисла. Кога ќе излезе нивни човек од дворот, не се знае дали ќе се врати пак. А никој тоа не го покажу-ваше, никој не се откриваше во своите сомневања. Се-кој од нивното семејство по малку имаше од тој страв во себе, иако никогаш нешто такво не се случило кај нив. Ако задоцнеше некој од нив навечер, сите во куќата немирно спиеја или ни малку не заспиваа. Според тоа, секој од нив знаеше дека во нивниот дом постои едно тежнение за бегање и секој се чувствуваше одговорен, секој мислеше дека тој придонел за таа желба на другите членови на семејството. Дури и најмалечките дечиња беа свеени за таа појава во нивната куќа. Тупотот на коњот по калдрмата го прекина од мислите. Веднаш го почувствува сонцето. Веќе беше испотен. По улицата имаше по некоја стара жена и дечиња. Улицата мирисаше на пресни лепешки од говедата што пошле пред малку на пасење. Сандар сам среде улицата полека јаваше на коњот. Дојде до раскрсницата, дојде до училиштето и дојде на Полената. Од црквата излегуваа многу црни жени. Веќе и тие не знаат дали е некој празник или некоја задушница. Сонцето им се испреплеткало меѓу кривите нозе и тие полека газат по некоја синожолта течност. Жените на Американците го слават господа што им ги зачува живи мажите, таму некаде, во таа далечна земја, од каде што се враќаат само старци. Селскиот викач се опре на багремот пред куќата на Билбиловци и затропа со тапанот. Жените застанаа. „Слушајтеее селани, вечер во седум часот од секое семејство да дојде по еден во домот, ќе има конференција. И друго, ќе се избира падар за лозјата чување“. Викачот чукна уште неколу пати по затегнатата кожа и тргна по улицата. Жените не се мрднуваа од местото. И нешто зборуваа. Сандар тргна надолу кон езерото и беше близу до нив. „Вистина е, вистина. Герман падарот се убил изутрина во дворот свој“. „Зошто не бие камбаната“? „Оставил писмо. Едниот чорап го имал собуено и со палецот од ногата го тргнал чкрапецот на пушката. Во писмото напишал, ништо не ви сакам, само нека не бие за мене камбаната. Нека не удри ни еднаш. И го молел Сима питропот во писмото, да му ја исполни желбата“. Тоа зборува Сандра вдовицата, ја препознава Сандар. Меѓу жените беше и Илинка. Пак им се сретнаа очите и наеднаш меѓу сите црни жени блесна нејзиното голо тело. Му се стори како да ги држи кренати рацете. Такво тело, Сандар не можеше да замисли кај ниедна друга селска жена. Илинка ги сврте од него очите и беше вџашена. Наеднаш потоа му се стори дека се потсмевнува. Но Сандар знаеше дека Илинка има такво лице. Ти се чини постојано, сосема малку, одвај забележливо се насмевнува. Низ устата, иако таа не сака, и излегува сета онаа неиздржливост на младоста, сета онаа сила. Таа ги мурти веѓите зашто сигурно знае за таа нејзина уста, туку тоа уште поубаво и стои. Многу е поубаво кога гледаш како некоја жена се мачи да го скрие огнот што сака да излезе од утроба, па не успева во тоа. Сандар го удри коњот во слабините и продолжи. Не сакаше да се обѕрне. Му текна дека шета низ селото постојано на коњот. Така не можат да те задржуваат луѓето во разговор. Не можат ниту да те придружуваат. Како да слегол од облаците. Како да е сенка. Се обиде во мислите да истрча пред кошот и пред себе за да види како изгледа. Па и Сандар е доста висок. И можеби е посилен од Арона. Сигурно е посилен. Понекогаш изутрина му се чини може се да совлада. Млади силни момчиња, рече, млад и силен, за придружник избрал коњ. Коњите се верни другари. Коњите се најприврзани суштества што не сакаат ништо да зборуваат. Ниеднаш. Ни збор. Како се домислил човекот нив да ги предодреди за таква цел? Низ оние ноќи, низ најголеми тајни, во бегствата, во убиствата. И има такви млади момчиња што се домашни момоци и се дознаваат во куќата и најубаво им е ако молчат. Ќе им се насоберат многу тајни од многу куќи и се убиваат. Во оваа долина, најмногу самоубиства имаат извршено момоците. Кога беше до последната куќа, спроти црквичето Света Марена, го достигнаа група ученички. „Здраво, Сандар“, рекоа. „Охо, црни како срни“, рече Сандар. „Срните не се црни“. „Сите убави диви животни се црни. Кадифесто црномеки“, рече. Стариот Сандар, започна да реди зборови. Сандар најубаво знаеше да зборува. „Земи ја торбата и однеси ни ја до езерото“, рекоа. „Можеби ќе се задржам патем. Ќе се задржам патем и ќе треба голи да се бањате. А јас не сакам да ја пропуштам таа слика. Ќе им речам на старците да измислат таков празник. Цело село ќе се собере на брегот кога ќе се капат девојките голи“. „Сандар, ѓаволе“. „Ете, вие едно учите, а друго правите. Каде сте чуле сирени и амазонки да се капат облечени“? „Нека измислат старите таков празник“, рекоа со најздраво смеење. „Ќе го измисли целото село. Ние имаме право во еден ден од годината да се измиеме голи. Првин нека влезат девојките. Потоа сите другите. Толку ми е жал што ќе се разделиме. Јас ќе појдам лево“, рече и повеќе не можеше ниту да зборува, ни да оди со девојките. Тоа можеби беше некој страв од празнење со зборови. „Е сега ај здраво“, рекоа девојките. О, мајко моја, сакаше да рече Сандар. Празнење. Ќе помислите некој вид балетанство. А не е тоа. По разговорите со луѓето, и со жени и со мажи, се чувствуваше Сандар излаган. Знаеше, им открил нешто за што тие не го молат, дури не сакаат да го дознаат. А тој не можеше да биде мирен. Па кога ќе беше сам се чувствуваше како отрезнет по големо пиење. Тогаш постојано се сомневаш да не си рекол нешто што не треба, да не си искажал зборови што не се твои мисли, што те унижуваат, или те прикажуваат сосема подруг. И ова не е тоа. Но нешто така, само не е тоа. Всушност, најмногу се плаши потоа да не бидат зборовите поинаку прикажани и тоа кај властите да може да биде лошо протолкувано. Сандар Вториот, качен на огромен овен, дополу беше гол, а долу не се гледаше од волната на овенот. Тој мавташе со едната рака, со другата се држеше за роговите и редеше зборови, што ги кажуваше со закрвавени очи, можеби долго дувал да распали оган од влажни гранки. Не бев јас тој што го расипа седалото на ластовичките и кој ни предал нешто нам за тие птици? Две од нив го носеа ликот на дедо ми; напладне машки лик и претпладне женски лик, таа тајна сите што ја знаат, ти одредува место кога треба нешто да се рече. Наука како се останува домаќин на куќата, само меѓу нас позната работа, нека се постели рогозината под черешната да можам да измислувам за онанија. Ми е жал што ти се потсмевав кога ги усгшваше браќа ми. Во твоето воспитување Марко Крале ти беше внук и политичар, ме оттргнуваше од најголемите мисли за да забележам дека не плачеш сериозно. Помисли и ќе го сетиш вкусот на џвакани ореви, а ние во устата вкус на туѓа плунка, твои и на мајка ми. За вкусот на мајка ми не се сеќавам, тоа е доказ дека си премногу здрава старица, дали да зборувам за твојата завидливост? Каков прекрасен одмор беа тие наши плачеви и свадби? Јагнињата од љубопитност сами доаѓаа под ножот за да нè натераат да зборуваме за нашите врски со новите светови, ние дечињата верувавме во измислените крвје за чесноста на невестите и создававме подносливи години. Во една обична среда три девојки сами себе се силуваа од убавина во оние свои игри и небото отпатува некаде со нашите ликови наредени по старост под костенот во црквата, а вдовиците беа наседнати без ред, господ љубомореше на своето мајсторство и неколкупати се обиде да изврши самоубиство. Се наближуваа времињата кога разговорите за дождовите не беа важни. Секој ден се капев во витли од човечки мозоци и не се научив да јавам на облаците, стариците се каеја што не останале млади и не можеа да одбегнат да бидат одредени за нешто, палевме огнови да видиме висок пламен, одевме да збираме суви гранки и во еден миг бевме сосема сами, дечиња и старци. Не можеше да се започне со ништо. Некој заклан ангел ми беше дружник, вие од почит кон него ме одвојувавте од другите дечиња, одев сам да ги чувам бостаните, ноќе се вареа украдени овци и мажите што имаа неверни жени раскажуваа за востанија. Месецот од некакви гласови и од крилцата на бубалките правеше самовили, не заградуваше со голи жени, лубениците се престоруваа во дојки, во слатки полни органи, мажите прилегаа на корито од суводолица, јас во колибата правев нешто со прстите и го чекав разденувањето да плачам на виделина за да му се нажали на некој бог. Уште од тогаш знаев да измислувам игри, во кои ќе ми коленичи човештвото и на светот знам да му објаснам како се раѓаат некои зборови. Се вршеа големи потери по луѓето изучени со стапалки да го одредат вкусот на сеното и да зборуваат за трите дни што се чуваат за една најдолга година, селото беше заградено со ваковски имоти полни со небесни пророци и ни зборуваа нешто на змиски јазик. Дали прво се создал ножот со рогова дршка или селанството? Ке дојде нешто. Најпрвата физичка љубов ја искористив во една детска измама. Кога по петти пат зборуваа за моето раѓање, бев посоветуван да изнајдам средишта со милиони голи патишта или тоа беше случајно, напролет во еден бунар видов смирена физиономија и ми се згади. Измислив свое време во кое се убедував дека не сум како другите и ми беше криво кога дознав дека сум најголем убедувач. Еден од големите дрводелци се нафати да создаде свое животно дело и тоа да биде престол за мене. Нежности, нежности, замисли да ме натераат да избројам триесет милијарди луѓе. Одамна не заврнало, рече Сандар. Големи, блантави капки, кога се чукаат оревите. Ливадите се покосени по втор пат и небото се долепило до земјата. Одиш по дождот што мириса на оплодувачко семе од џунџуле. Завикале ах, ах, ах, ах, милиони суштества. Браздата полна со вода гргореше меѓу базјето, а Сандар беше вознемирен. Селанец со мотика на рамо, од Свети Никола му идеше во пресрет. „Водата никаде не е преградена“? му рече на Сандар. „Не видов да е преградена“ рече Сандар. Селанецот носеше долги црвени гаќи, запрегнати до колена. Денот се распукнал на сите страни, лево од црвеницата на Јазмина се засируваа бразди со крв. „Се исполни местото со змии“, додаде Сандар. „Нема да заврне, да залади“, рече селанецот. И човекот помина крај коњот, па продолжи по браздата. Сандар беше вознемирен од нешто. Ги познаваше тој тие затресувања во градите. Безгласен лелек. Нема никаква причина да си заплашен од нешто, но ќе воздивнеш и во утробата ќе ти остане голема празнина. Тоа очекување секогаш свршува без последици. Ќе се јави, ќе трепериш напразно некое време и ќе одмине. Забележа, коњот сакаше првин да влезе во ендекот и потоа да се искачи на другата страна. Сандар го застана и го натера да го прескочи ендекот. Коњот се двоумеше и на крајот му ја исполни желбата на јавачот. И потоа на ништо не мислеше. Кога ќе беше тревата повисока, го удираше по ногавиците. Меѓата слезе меѓу две сливи и се престори во полски пат. Сандар сакаше да откине киска сливи. „Сандар“, чу и му застана раката во воздухот. „Добар ден Јагна“, рече тој. „Не ми текна дека имате тука нива.“ „Чекам да дојде редот до нашата пченка. Тука сум уште од ноќе. Каде одиш Сандар“? запраша Јагна. „На капење“. Бев вознемирен поради ова, мислеше Сандар. Но сигурен сум дека не се сетив дека имаат тука нива. Ја гледаше од височина жената и пак му се стори убава како вчеравечер. Јагна беше бледа во лицето и тоа не му се допадна. Таква чистотија не треба да имаат селските жени. Така ќе се научат да бидат незадоволни. Или првин се јавува незадоволство, па потоа започнуваат да се чистат и да се намирисуваат. „Ќе те види некој на коњот, Сандар“, рече Јагна. Тој слезе од коњот и го удри да оди по патот. Коњот направи обид да потрча, но само одмавна поживо со опашката и чекореше спокојно. Потоа ја спушти главата меѓу камењата и пасеше. Сандар се сврте кон жената и се насмевна. Скокна преку ѕидчето и заоди низ пченката. Јагна гледаше на патот и ништо не зборуваше. „Дојди Јагна“, рече Сандар засркнато. „Зошто Сандар? Не доаѓам. Вие во градот мислите можете со нас да правите што сакате. Јас те сакам Сандар, ама не те сакам така“. „Дојди Јагна, ќе ти покажам нешто“, зборуваше Сандар премалено. Беше лут што му се измени гласот. Но тоа е тука, рече. Стравот од неуспех. „Што ќе ми покажеш, ајде да видам“, рече Јагна и влезе во пченката. Кога се доближи до него, тој ја зграпчи и со сета силина ја бакна. Јагна го прегрна, се крена на прсти и го тискаше во него стомакот, нозете, градите. Секој нејзин дел што го чувствуваше Сандар долепен, одвреме навреме потреперуваше и се повеќе се стискаше во него. Тој исто така сè посилно ги приклештуваше рацете околу неа и чекаше кога ќе биде пригмечена Јагна толку силно, да не може да трепери. Таа беше само брза мисла, а потоа се чудеше, се радуваше на тоа убаво треперење. Едно време, Јагна ги отпушти рацете од него и сакаше да ја одлепи устата. Таа се обидуваше да ја кошне главата на страна, но и главата на Сандар одеше по нејзината и никако не му се сакаше да ја одвои устата од усвитеноста, од тој мирис на градски сапун. Кога се мие селска жена со убав градски сапун, таа не мириса како градска жена. Јагна го фати за косата и колку што можеше тргаше да му ја одвои главата од нејзината. Но се чувствуваше во тоа кубење на косата и некое влечење кон себе и некоја убава молба и Сандар навистина беше среќен. Поправо за миг заборави на онаа вознемиреност. Едната своја нога ја вовре меѓу нејзините и жената не знаејќи што прави, инстиктивно ги стисна нозете, па нејзиното ку бење се престори во змиулесто провирање на прстите низ косата и пак започна стомакот рамномерно да бие, градите се престорија во две големи боски што сакаа да се вовлечат под кошулата. Сандар ја одлепи устата од устата на жената и сети нешто влажно и жешко го опече по образот, ја фати со двете раце за главата со дланките, за ушите и пак ја пронајде нејзината уста, па ги згризна колку што можеше бузите и сети дека го наводенува крв. Јагна се обиде наеднаш да се оттргне и кога не успеа застенка, м-м-м-м. Писна безгласно и се одлепи, па му ја стави брадата на рамото на Сандар. Сакаше потоа да му се загледа во очите, но тој не и дозволи да ја мрдне главата и дури тогаш ги отвори очите. „Ти ќе ме задушеше Сандар. Како ќе се појавам дома раскрвавена? Пушти ме, пушти ме те молам“. „Молчи Јагна“, рече Сандар, загледан низ нејзината коса меѓу ластунките. Меѓу ластунките седнат со главата меѓу дланките беше Сандар Вториот. Тој не гледаше никаде. Зборуваше во земјата. Нежности, нежности, сме трчале по голи женски стомаци, топлината ни остана меѓу прсти како прашина од друмјето. Добрите богови ни дадоа селски лудак и кога се враќаше од блудничењето со Богородица, ни раскажуваше за рајот, по реката фаќавме пилци, дождарките тихо се радуваа на нашата упорност, некои школници зборуваа за нашата постојаност која не можеше да сопре, секој од нас десет илјади пати имаше раскажаио на свој начин како преноќевал со сонцето и беше последното крадење на јаболка. Од нашите женски роднини го изучувавме ноќното соблекување, а преку ридот доаѓаа групи црни луѓе, (тие нивни жени, зборуваше Сандар Првиот, што ги еоблекуваше Исидор Самосадски во племната) ги продаваа своите дечиња; не се сеќавам зошто, но тоа секогаш ќе му се случи на тој што не то знае нашиот јазик. Првин завладеа најголема тишина, потоа дојдоа војниците со презервативи, некој ветар на девојките им ги лижеше ушите, некои жени за мажите купуваа долги гаќи, некои дебели старици ги криеја забите, некои старци јаваа на магарињата наопаку, дечињата беа свидетели и се чувствуваа виновни, господ бог како обичен будала шеташе низ сокаците и учеше од нас вештини, ние дечињата го криевме Христа на селското буниште и не зборувавме за верверици кога доаѓаа црните луѓе таму да бараат леб, на некое слепо момче нашиот Христос му се пристори пешник леб и го понесе со себе. Требаше да се измислуваат нови игри. Ете тогаш немаше различни мириси. Нежности, нежности. „Како можеш да не мислиш на тоа Сандар, јас не сум секаква. Вчера сакав да дојдам, но мажот ми се врати уште претпладне од работа. Го боли крстот. Сандар, јас немам деца, но се прегледав и лекарот ми рече не сум јас виновна“. „Молчи Јагна. Јагна, мила.“ „Земи ме Сандар, навистина што не раѓам до мажот ми е работата и таму во градот ќе те служам, ти учи јас ќе те чекам дома и доста пари имам собрано. Сè ќе биде за нас.“ „Јагна, мила. Ти убава, ти Јагна, молчи“. Сандар забележа дека телото на жената не трепери повеќе. Ги држеше рацете обвиени околу нејзиниот врат. Таа ја виснала главата на неговото рамо и некакви трпки му преминуваа од грлото на жената, низ целото негово тело. Ја завлече раката под фустанот, ја галеше по ногата, горе до колкот. Таа не се помрднуваше и никаде не можеше да наиде на некој растреперен нерв. Тоа не беше дозволување да се игра играта, туку жената беше зафатена со други мисли. Сандар ја лизгаше горе долу раката по нејзината нога и сакаше да се обиде жената да му ја отфрли раката, па да престане да стои во таа незгодна положба. „Ако не ме земеш, нема ништо да добиеш од мене. Јас те сакам, но сакам секогаш да сум со тебе. Ти мислиш не сум како градските. Ќе видиш. А можам и да работам нешто. Првин ти ќе ми покажуваш“. „Јас не сум за тоа Јагна“, рече Сандар. Кога седнуваше во леата. „Ти со мене ќе бидеш незадоволна. Ќе те упропастам, зашто не можам да живеам оженет. Ги гледам некои луѓе што ги познавам, можат да ги прошетуваат жените, разговараат со нив и навечер заедно, на време се враќаат дома. Ама не знам да ти кажам се. Не знам да ти објаснам, ете, решив да не се женам“. „Така ти се чини, Сандар. Ќе се жениш“. Можеби сега треба да ја погалам, помисли. Ја фати за раката, таа се наведна и тој ја намести убаво да му легне на нозете, се наведна, ја бакна и ја галеше по лицето. Му се стори дека во скутот држи болно дете. „Зошто не ме сакаш, Сандар“? „Тоа не е тоа, Јагна“, рече. Писмото до Онеган, се насмевна во себе. Се сети на тоа зашто знаеше дека се плаши. Беше уверен, некогаш, кога ќе моли некоја девојка да му биде жена, таа исто така нему ќе му рече. Ќе му рече, не е сигурна дека ќе биде задоволен со неа. И му беше убавa што ја гали Јагна. Забележа, кога ќе ја донесеше раката до нејзината уста, горната усна одвај забележливо се обидува да ја притисне дланката. Тој полека првин дојде со раката до вратот, а потоа ја завлече под блузата. Му се стори дека целото тело на Јагна се поткрена, му се стори дека боската под раката, меѓу прстите, го притиска. Блузата на Јагна се распетла и се откри онаа белина, која што секој миг ако ја гледаш повторно, секој миг се чини поинаква е. „Ти Сандар“, рече Јагна тивко, полека, „не ме сакаш зашто сум селанка“. Сандар ја крена и виде ги има затворено очите. И не се опираше кога ја сврте со лицето кон него и кога £ ги рашири нозете. Седеше како да јава на коњ со препечени усни и со затворени очи. Наеднаш се стресна и се обиде да стане, но Сандар ги имаше преплетено прстите од рацете околу крстот нејзин. „Немој, Сандар. Не сакам. Не сакам тука“. Сандар молчеше и полека, но лабаво трепереше. „Не сакам, не сакам, Сандар“, викна жената. Тој не ги отпетлуваше прстите од зад крстот. Ги имаше затворено очите и ја бараше устата нејзина да ја бакне. Сети кога ја спушти главата на неговите гради. Дишеше како преплашена живинка. На Сандар му заиграа колената. Тоа го натера да збесне и му се стори дека опцу низ заби. Јагна полека му ги фрли рацете околу вратот и меко воздивна. И пак тоа нејзино дишење. Дишење како галеж на росен здравец, се вовлекуваше нерешително во него. Сандар ги отпушти рацете и кога се обиде да ја поткрене, таа сама се поткрена, тој набрзина се отпетла и почувствува како пропаѓа жената во него. Полека се навалуваше на грб во леата, а Јагна доаѓаше по него, доаѓаше по него ги пикна прстите во косата, му го најде челото со здивот. Тогаш наеднаш се вкочани жената и остана со прекинати движења, со прекинато пропаѓање. Таа почека малку со некој вид очаеност на лицето и потоа свика. „Зошто џвркна внатре, Сандар, по ѓаволите? Што сакаш ти“? Сандар лежеше на влажната земја и не сакаше да ги отвори очите. Се преврна нешто во него, се искина. „Ти реков, јас можам да родам. Мажот ми не може“. Јагна не прилегаше на себеси од пред една минута. Се обѕрнуваше околу себе да види дали е извалкана. Седна на работ од леата и молчеше. Се сврте кон него, Сандар го насети тоа по лутото пиштење на ноздрите. „Сакаш да се радуваш кога ќе затруднам, Сандар.“ „Јагна, како можеш тоа“? рече. „Сакаш да се фалиш“. На Сандар му се стори глупо што ужива легнат во влагата. Се исправи и му се заврте во главата. Нешто во грбот го жегна. Посака болката да е силна и долготрајна. Тој знаеше дека Јагна е лута, затоа што тој заврши уште непочнато. То ест, немаше завршено Јагна. Некои жени при тоа молчат, некои или плачат или ќе се развикаат како Јагна Гулабова. „Ти си добра Јагна. Најдобра си. И јас сум добар. Никогаш пак да не си го убиваш задоволството.“ „Кое задоволство? Ти не водиш сметка за ништо. Мислиш тие работи не се казнуваат“. „Како можеш така наеднаш да срипаш Јагна“? рече тој тажно. „А пред тоа беше најслатка. Како можеш“? „Кажи ми, Сандар, ќе ме земеш ли? Кажи ми да знам“. „Ела, прегрни ме. Ти си заплашена. Ела, сакам да седиме прегрнати“. „Кажи ми Сандар? Не се преправај“. „Ела Јагна, ела, ела, ела“. „Што ти е тебе? Да не мислиш којзнае што си ми направил? Само скиташ со коњот и гледаш по жените. Аа не си мислиш дека ништо... Јас, будала“. „Да си одам ли? Да одам оттука, Јагна“? „Оди си. Чекај“. И седна отспроти. Не можеше да се забележи дали е тажна, дали е лута. Седеше пред него чиста, измиена со градски сапун. Сандар знаеше дека е тој виновен, но не знаеше како да ја пронајде вината. Пред малку сè уште таму некаде далеку беше задоволен како маж. Се радуваше. Но уште пред тоа, веднаш откако срипа Јагна, се јави она чувство, што го знаеше, што го придружуваше често. Таа расположеност не се опишува, сето е собрано во едно зошто, испреплетено со рамнодушност, а најмногу со бесцелност, а уште повеќе со некаква немоќ. По пат зад ѕидчето на пченката на Јагна се чуја гласови. „Коњот, Јагна којзнае каде заскитал.“, рече премалено Сандар. „Оди си“, рече Јагна. Стана, направи неколку чекори и се обѕрна. Јагна гледаше во него и тој откри во нејзините очи дека го вика како женка. Виде, се колне дека овојпат не ќе прави никакви испади. Но Сандар беше уплашен од гласовите што се слушаа на патот. Можеби меѓу луѓето беше £ мажот нејзин. Тој заоди низ ластунките, а потоа трчаше и во трчањето се уверуваше. Сигурно дури сега таа сака, зборуваше дури сега не може да се совлада. А исто така му беше страв да не се лаже. Тој можеше да се поврати ако не беше плашлив и ако беше сигурен во повикот од нејзините очи. Ќе појдеше повеќе за да не ја навреди, но исто така беше сигурен и дека се лаже. Се сврте и пак избега низ ластунките. Ете, не му успеа зближувањето и со Јагна. Сандар навистина сакаше да им биде убаво. Ако беше таква, некаква, тој ќе ја земеше за жена. Таа ако е жена треба да знае дека мажот треба да се навикне, а не жената да се навикнува. Таа е вистината што не сакаат многумина да ја признаат. А од каде се научила да го купува тој сапун? Таа марка сапун најодвратно мириса. Има толку силен мирис и се престорува во смрдеа. Одеше кон езерото и не мислеше на коњот. Кога го здогледа крај патот, веруваше дека е тоа умен и кроток коњ. Се затрча за да го јавне одеднаш и тогаш наполно беше сигурен дека случката со Јагна во пченката ќе ја паметува со сите дребулии цел живот. Не е тој виновен што испадна така. Ова лето, Сандар откри дека во неговото село скоро сите луѓе се родени скитачи. Тие не можат да се смират ако седат на едно место, тие не скитаат да почувствуваат нешто убаво и потоа да не можат да го напуштат тоа место. Таа помама ги има зафатено во иста мерка и жените. И кога ќе посакаш да се доближиш до некоја жена во оваа котлина, откако ќе легнеш со неа, ти се чини дека си ја навредил. А тоа не е никаква навреда, туку и без да знаеш ти, таа сторила нешто да не се престори тоа зближување во љубов. По тоа се познаваат сите големи скитачи. А во оваа долина сите луѓе се големи скитачи. Тие не се сопираат пред ништо, не се плашат што било да искористат за да ја исполнат својата желба. Луѓето од овој крај можат да убијат, можат да запалат, можат да извршат предавство, ако е тоа цена за да можат да го отпочнат скитањето. Би се согласиле и вака. Првин да им се позволи да го направат големото скитање и потоа да се вратат за да бидат стрелани, обесени, запалени, расчеречени. Сигурно би се согласиле и на тоа. Или тогаш ќе се вратат, сеедно им е што ќе правиш со нив. Поправо, тогаш знаат дека ништо не постигнале со скитањето, а некако никој тоа не може да го открие и нивните деца никогаш не престануваат да мислат на големите патишта. Тие дури не се возбудуваат од приказните за Австралија, за Нов Зеланд. Не се изненадени кога ќе дознаат дека во некоја Јужна Америка постоеле мрави како глувци, а во Азија може секогаш да се спие на улица. Патниците на оваа долина немаат врела крв, не се политичари, не се трговци. Тие се обични скитачи. И мажите и жените. Тие еден на друг не си застануваат на пат кога се работи за започнувањето на таа легенда. А потоа, скоро сите се враќаат. Тие враќања се безгласни од нивна страна, но селаните ќе им појдат дома да ги видат. Потоа ги канат на гости, а тие долго време вечераат и ноќеваат по туѓи куќи. И тогаш ги оставаат на мира. Во таа долина од езерото до планината Исток, секој гест на луѓето треба да се толкува како начин, како чекор кон доближувањето до големото патување. Тие луѓе не се храбри, но на големиот пат досега ништо не успеало да ги заплаши. Ништо. Првин коњот, потоа и Сандар го насети езерото. Можеби некој минал крај мене и ме поздравил, рече. Глупо е ако не сум го забележал. Тогаш виде дека некаде ја оставил ќесата со јадењето. Се присетуваше каде ја оставил. Му текна. Ја спушти пред себе кога ја викна првпат Јагна. Наеднаш се сети како го навреди Арона вчера кај црквичето. Сакаше да го најде и да зборува со Арона. Всушност, тој најмногу од сите го познава Арона. По сè изгледа дека Арон е единствен што не е скитач од неговото село. Ако беше, досега можеше многупати да го започне своето големо патување. О, Сандар“, му викна еден роднина од Свети Никола. „Здраво Танасе“, рече Сандар. „Како е баба“? Сакам да не ме моли да навратам кај нив, рече Сандар. „Баба ти. Таа нема да умре уште сто години. Јас одам да го видам тутунот. Ете, никој не се занимава со калемење на тутунот. Јас мислам, можно е, тутунот да расте на некое дрво. Знаеш, во Мексико сè расте на дрвја. Тие луѓе не се научени да се наведнуваат“. Кафе ли е или кафез? Откај чешмата се слушаа малечки пајчиња. И мирис на млака вода. Не се чувствуваше, се слушаше. Одредено се слушаше. „Ај, Танасе. Веќе сум сварен“, рече. Кога дојде до чешмата, слезе од коњот и се наведна да пие. Пиеше и коњот. Му се стори, коњот пие за да му прави друштво. Дојде една старица да ги наполни стомните со вода. Некаква дебела, куса трева растеше околу чешмата и кога згазна во тревата старицата, нејзините боси стапала беа како струпје. Над чешмата имаше голема врба и околу стеблото беа наведнати селани. Сите ги имаа запрегнато ногавиците на панталоните. Овие селани цело лето одат со запрегнати ногавици. Зиме, кога ќе ги отпрегаат панталоните, од колената надолу ткаенината е потемна. Од далеку се чини дека им се придадени со друга ткаенина ногавиците. „Вие подалеку сте од нас од езерото и сепак повеќе се капите од нашите луѓе“, рече старицата. „Вие можете да најдете слободно време“. „Вашите луѓе не сакаат да се капат, бабо. Ете ги лежат околу врбата“, рече Сандар. „Јас тоа ги прашувам“, рече старицата. „Им велам, луѓето од селото Добридол знаат поубаво да живеат, а тие велат дека имате многу пари. И лежат на тревата низ селото. Да помине човек по улиците, ќе ги изброи во тревата“. И си отиде со стомните полни со вода. Сандар го јавна коњот и тргна кон езерото. Кога остана зад него селото, коњот започна да шлапа во правта. Местото прилегаше на пустина. Прав и грутки од песок. По секоја веројатност, тука крај езерото, на селаните од овој крај за првпат им доаѓала онаа желба за големите патишта. Кога ќе се доближиш до брегот, лево и десно се оние големи пространства. Ти се чини сонцето свети како во другите, непознати земји. Има некоја непозната мирнотија, ти иде мисла да започнеш нешто да откриваш и знаеш ништо не ќе постигнеш зашто просторот е премногу голем и чувствуваш нешто поголемо постои зад планините. Ако си сам, слични широчини ќе забележиш на многу места во светот и не можеш да не посакаш сите да ги посетиш за да дознаеш како ќе се чувствуваш таму. Кога си застанат на брегот зиаеш дека птиците се од другите езера, ветерот од другите планини, песокта којзнае по каков пат дошла од бреговите на морињата. Сандар почувствува дека долго време стои на коњот пред езерото загледан над водата и наеднаш го потера коњот крај брегот за да се доближи до своите другари. Знаеше каде се капат постојано. На брегот се сончаа многу девојки и момчиња и Сандар ништо не им зборуваше. Таму таков е редот. Можеш да разговараш со луѓето ако си соблечен, или барем да си легнат на песокта. Сандар знае многумина од неговото село што доаѓаат крај езерото само за да разговараат со другите. Тие цело време не се соблекуваат, лежат облечени на топлината, се топат како да се брцнати во каца со лој и играат карти или разговараат со капачите. Многумина од нив до пладне ќе работат во полето, потоа не одат дома да ручаат, туку доаѓаат на песокта. И не ги собуваат ниту чевлите да ги измијат нозете. „Сандар, и коњот ќе го капеш“? го прашуваа. „Не, ќе пасе во блатото“, одговараше тој. Отиде со коњот до блатото, слезе од него и коњот замламушти во трските. Сандар се соблече, ги зеде алиштата враце и тргна кон момчињата. Тие беа легнати на песокта и на многумина од нив сонцето им ги имаше направено телата како на риба. Можеше да се забележи на тие тела нешто рибесто или така нешто. Најмногу тоа се препознаваше по очите на луѓето; Сандар седна првин меѓу нив и кога сакаше да легне, неколкумина го викаа да влезе во водата. „Да ми се исуши потта“, рече Сандар. „Ајде Сандар, така повеќе ќе се потиш“. Стана, влезе во водата и полека чекореше кон длабочината. Момчињата го прскаа со вода, тој не сакаше да забележат дека се стреснува, дека му иде да свика. Потоа откако беше целиот воден навистина не ја чувствуваше онаа запрепаленост, а и момчињата немаа желба се уште да го прскаат. Кога беше до рамениците во вода, полека легна водорамно и започна да плива. Пред него и зад него пливаа и другите. Во главата му се подготвуваше некаков план и тој знаеше дека му се јавува онаа желба да плива далеку. Овој пат уште кога доаѓаше реши да не оди далеку со пливање. Затоа се преврти на грб, ја доближуваше устата до водата и откако ќе ја наполнеше, прскаше нагоре. Постепено, некоја студена, мека рака му се вовлече под кожата, под очите, под челото и му беше убаво. „Сандар, ихуу, гледај до каде сме“. „Јас не доаѓам. Овојпат не сакам да пливам далеку“, рече. Ја затвори устата и ја сви главата во водата. Започна да тоне, да расте и кога стигна до дното, му се стори ги допирна сите краишта на езерото. Водата го исфрлуваше нагоре, а тој удираше со рацете отстрани и така пливаше сосема по дното. Напати, стомакот му се свлечкуваше по песокот. Ги отвори очите иако знаеше дека, кога ќе се искачи на површината ќе му бидат закрвавени. Започна брзо да весла со рацете. Сакаше да издржи под вода уште малку. Не го забележа оној миг кога телото само се обиде да се спасува. Самоодржување, помисли и му беше смешно. Кога излезе над водата, беше речиси на почетокот. Околу него беа и другите и секако не забележаа дека тој се задржа доста долго под водата. Се истегна убаво, се прилагоди во таа попустлива средина и пливаше во иста линија со брегот. Колку што пливаше подолго, толку повеќе стануваше тело погодно за пливање. Нозете сами знаеја каде подзафаќаат при одмавот и во наредниот залет беа мазни, беспредметни. Рацете неосетно се престоруваа во весла, тенки и лизгави. Наеднаш се исправи во водата и дозна дека е само една педа под нејзиното рамниште. „Сандар, гледај, пливам како тебе“, чу зад себе. „Раката ја држам надвор, со другата се залетувам. Ама така се заморувам. Како не се заморуваш ти, Сандар“? „Не си пливал долго, Коста. Кога ќе решиш да пливаш секој ден долго, тогаш во водата ќе се чувствуваш како да си на патот и да пешачиш по него. Телото само ќе се навикне на тоа. Веќе не ќе мислиш на движењата и не ќе се заморуваш“. Заобиколи и заплива кон брегот. Му беше убаво во водата, но не знаеше зошто се враќа на брегот. Кога веруваше дека не му е водата над глава, се ислрави и зачекори кон луѓето што се сончаа. Пак се сети дека вчера го навреди Арона и посака и тој да беше на брегот. Всушност, сакаше со Арона да разговара за други работи. Или и да не е на брегот Арон, сеедно. Денеска, многу девојки и момчиња рано ќе се вратат во селото, зашто има игранка. Тогаш по песокта не ќе има многу луѓе. Тоа време е најубаво. Над езерото е најголемо небото, а крај водата стојат малку капачи како пењушки. Можеш да бидеш сам. Се чини, тие што остануваат, сите сакаат да бидат сами. Пред да зајде сонцето ќе дојдат луѓето од Свети Никола и ќе разговараат облечени. Некои ќе се искапат на брзина и мокри ќе се облечат, па ќе им се придружат на другите. Не знам од што бегам. Овојпат, навистина не знам. Дојде на брегот и веднаш седна. Првин беше сам. Над езерото беа тие езерски гласови. Кога наседнаа момчињата околу него, гласовите се собраа во едно малечко топче и Сандар можеше да го види пред себе во водата. Малечко, црно, или црвено, или бело, или сино топче. Во него беа собрани гласовите на небото, гласовите од луѓето на брегот. Беше нагнетен молк во просторот. А се гледаа белези од гласовите. Некои сврдлести отвори во небото, некоја маслеста течност ја доближуваше плажата. Гласовите на водата имаа оставено долги, сабјасти лузни. Птиците останаа без глас. Зраците трепереа немо. Луѓето зборуваа и не им се слушаа гласовите. Околината тогаш прилегаше на друга земја. „Сандар, раскажи ја шегата кога те лекуваше ветеринарот на вратот“, рече момчето Јоше. „Тоа е најсмешна шега“. Сите гласови допираа само на еден чекор од устата. Само гласовите на луѓето, зашто други гласови немаше. „ Не можам сега“, рече. „Ама зошто“? рекоа. „Ајде раскажи ја“. Па јас самиот ги научив така, рече. Сакаше никогаш ништо да не им раскажувал. Започна да мисли како се случуваше тоа, кога ќе започнеше да им раскажува работи што го навредуваа. Првин тие беа шеги, а потоа тој ќе им ги раскажуваше повеќе пати и тогаш беа чиста навреда. „Што има тука“, рече и започна да раскажува. Луѓето околу него којзнае по кој пат се смееја, се превиткуваа и жално беше да ги гледаш со отворени усти од кои не излегува никаков глас. Беше покриен целиот со лесна, потна лигавост и кога легна во песокта, грбот му се облече со топла боцкавост. Кога ќе беше во градот, овие мигови крај езерото секогаш му се јавува во подруга вистина. Беа тоа најубави мигови од неговиот живот. По секоја веројатност тој таму ги избегнуваше шегите што ги раскажуваше секој ден. И чувствуваше напати, дека момчињата крај езерото кего го поднесуваа само кога им раскажуваше шеги. Кога се договараа да се најдат навечер со девојките никогаш не го викаа. Но за тоа беше виновен Сандар. Тој знаеше, најпрвин тие сакаа да биде со нив секаде каде што одеа и самите. Сандар не можеше да го поднесе тоа. Тој не умееше да замисли дека е во состојба секоја вечер да разговара со девојките, да им ветува дека идната вечер пак ќе се сретнат. „А како беше она, кога си застанал некој професор во градот, Сандар“? „А, тоа“? Кој професор, се присетуваше. Се срамеше кога ќе го тераа да раскаже некоја згода што ја заборавил. Многу од тие згоди ги измислуваше самиот. Се случуваше некои од нив да ги слуша од други, се случуваше некои да му ги раскажуваат токму нему и тој се смееше како да ги слуша првпат. Потоа тие ќе му речеа, како беше точно крајот да им го каже, а тој се срамеше зошто сето тоа го слушаше првпат. Поне-когаш, ќе го кажеше крајот сосема поинаку од тој што го раскажувал некогаш. Момчињата се смееја со сила и се гледаше дека започнаа да не му веруваат. „Јас влегувам во вода“, рече. Не издржа и тој ден да не заплива долго, длабоко. Кога стануваше, почувствува како му надоаѓа сила и кога пласна во водата тоа беше муекулесто тело со кое долго ќе се навасува. „Кој доаѓа да пливаме далеку“, рече. Се исправија четири момчиња како риби, како девојки, како вода. Сандар во почетокот се плашеше од нив, ги одмеруваше и знаеше кога би биле навикнати да пливаат како него, можат да го победат. Кога беа до градите во вода, без договор, сите наеднаш легнаа на водата и запливаа. Никој не забрза, никој не направи ниту едно погрешно движење. Сандар сети како му се распоредуваат деловите од телото во водата и му дојде онаа радост. Левото рамо и левиот образ му беа голи. Левата рака рамномерно излегуваше од водата, ќе се доближеше до увото, до главата, и таму зацрпуваше вода. Отсечно, безшумно со некое загребување што би било доволно да откорне фиданка. Так, так, так. Секој зглоб, секој нерв броеше за себе. Малку ја поткрена главата и виде, другарите негови беа до него. Некој од нив беше три четири чекори напред. Так, так, так, броеше и езерото и како река течеше спроти нив. Тоа беа најубавите мигови во неговиот живот. Единствени мигови од детството и од се. Сам се грижеше за сè, сам одговараше за се. Овие денови ќе се вратам во градот, рече. Рацете започнаа да го тријат по слабините. Се сврти со левата страна во водата. Градниот кош му беше напнат, беше како брод снабден со сите потреби и со посада луда од радост. Ќе препливам секаква вода, рече. „Напред, напред деца“. Икар паднал во ова езеро, се уверуваше. Којзнае по кој пат се уверуваше. Навистина, ако се знаеше на која страна летал со татка си, тогаш нема никакво сомневање дека паднал точно во ова езеро. Се обиде да потсвирнува. Тивко, само одвреме навреме да се препознава мелодијата и да не му пречи тоа при дишењето. А може наеднаш да го фати креч. Да му ја склешти раката. Ништо, тој може со една рака да плива. Тоа многу боли. Нека боли. Овие негови гради сега не чувствуваат болка. Навечер кога ќе се сите собрани дома и кога ќе молчат, доаѓа она взаемно испитување. Тие премалени од умор, тој премален од болеста на совеста. Какви луѓе се тие негови домашни? Некаков далечен умор му се завлече во клучовите над стапалата. Кога се пешачи тоа место никогаш не се заморува. Но при пливањето, стапалата го отфрлаат целото тело. Тие што учат пливање со правила, сигурно знаат некоја мајсторија и нив не ги болат надстапалата. По некое време Сандар не ќе чувствува никаков бол. Тој знае. Ако се сите скитачи, тогаш да се научат да не си здодеваат еден со друг. Да се научат да не се загледуваат така. Меѓу сите нив останува оној страв. Постојано чекаат да останат сами. Ескимите своите старци и старици ги оставаат во белата пустина. „Одиме деца. До среде езеро ќе одиме“. „Сандар, само јас и ти останавме“, рече момчето Јоше. „Другите се вратија. Јас се враќам, се враќаш ли ти“? „Не се враќам, Јоше. Види Јоше, сега за назад полека. Ќе ти се чини дека пливаш по нагорнина, а ти полека пливај и ќе заборавиш“. Јоше заобиколи и без зборови заплива назад. Сандар почувствува дека се поти во водата. Се обѕрна и брегот не се гледаше. Се гледаше само горниот дел од планината. Многупати се решаваше да доплива до островот, но никогаш тоа не го сторил. Ќе дојдеше скоро до половината на езерото и ќе се вратеше. Секогаш кога ќе пливаше долго, се зарекнуваше да доплива до островчето. Планираше таму да преноќева и другиот ден да се врати. Но длабоко во водата ќе му станеше сеедно дали ќе доплива до таа карпеста џунка и тргнуваше назад со претчувство дека нема да стигне до брегот. Не се слушаше никаков глас од брегот. Сонцето му го запали образот и рамото. Се сврте во водата и студенината му залази во мозокот. Дал се опира на некој начин мозокот кога волјата на Сандар презема ваква акција? Тој треба да стори нешто логично и да ја спречи оваа лудост. Сега не беше во него онаа радост. Сите органи на телото се здружија да го издржат напорот. Легна на грб и одвај забележливо мрдаше со дланките. Тоа беше достатно да се одржува на водата. Кога се одмораше вака, потоа му беше тешко да започне да плива. А можеше да се случи да заспие. Кога се берат јаболката исто така надоаѓаат оние желби за патување. Не може човек да најде никаква врска меѓу берењето на јаболката и тие желби. Но познато е дека тогаш, исто така, луѓето се приклештени од таа треска и некако многу малку зборуваат. Многу поубаво време за такви мисли е кога се косат ливадите, но тогаш никој не споменува за патување. Тие скитачки закони не се многу разјаснети. Без убавина, дури болно, го зазеде ставот за пливање. Пак пливаше во длабочината. Ако се удавил и татко му на Икар значи тој не знаел да плива. Човек за друг може да се удави само тогаш, ако давеникот го зграпчи околу вратот. Мајка му е чудна жена исто така. Многу упорно сака да ги оствари своите планови. Многу упорно, без да распраша некого, сака од нив да создаде такви луѓе, какви што сака таа. Како што пливаше, ја нурна главата во водата и не престана да плива, па се обидуваше да се увери дали ќе забележи некоја риба. Водата беше џигерестоцрна. Надолу се гледаа блокови од црноџигерест гранит и се нишаа како кулиси. Дали да се враќам, рече. Скогаш тоа така се случува. Ќе се запраша дали да се врати, ќе поплива уште малку и ќе тргне назад. Го гледаше сртот од пливањето под него и беше полн со онаа шашардисаност. Некогаш ова може да заврши со обично потонување, кога е телото премалено и кога секој нерв сака да се одмори. Се враќаше долго, можеби три часа, можеби повеќе. На враќање, за ништо не размислуваше. Тоа беше голема, искусна борба за спасување. Кога наближа близу брегот, слабо гледаше. Беше сигурен, ако се исправи ќе допирне земја. Се исправи очекувајќи да ги задржи прстите на отпорност, поради нешто ја отвори устата и му се наполни устата со вода. Се засркна многу лошо и не знаеше од каде изнајде сила да се искачи на површината и да заплива. Кога се закашла, во утробата му се откина нешто. И дури почувствува, како некоја лутозелена течност му го труе телото. Пливаше. Се излага само за десетина метри и можеше да се удави. Ги остави нозете да паднат надолу, па беше до гуша во вода. Не можеше да чекори. Правеше чекори само два милиметра долги. И така дојде близу до брегот, каде што водата му допираше до надколена. Се обиде да трча. Му се стори дека е закачен во кашест бетон и падна. Се исправи и сети, зрнца песок му влегле во устата. Ги здроби со забите. Споро, претешко и преслабо, излезе на песокот и падна. Дишеше во правта, се мачеше телото да ожи вее и можеби некое време заспа. Потоа пак се испоти и потта кога слегуваше под мишките му слути како да го удри некој со коприва. Седна на песокта, ја дигна раката и виде малечка крвава браздичка. Ја дигаа и другата рака и таму беше истата пукнатина под мишка. Претесна стана кожата. Или телото сакаше да искочи од кожата. Беше полн со болести. Тој многу се плашеше од разни болести. И многу настинуваше. Од сите што ги познаваше, најмалку издржуваше кога лежеа на земја или на трева. Ним не им беше ништо, а тој тие дни ќе се исприштеше како да го тресла треска. „Ајде Сандар готви се. Ќе одиме“, рече Јоше. „Јас сум со коњот“, рече Сандар. „Ние ќе си одиме“, рекоа. „Догледање“, им рече Сандар. „Вечер ќе дојдеш во домот“? „Ќе дојдам вечер“, рече. Студена пот. Студена пот. Исто е и не е исто. А мајка му го учи како да разговара со луѓето. Ако останува повеќе дома, ќе ја дознае онаа голема омраза. Тој сега ги знае сите стари луѓе од неговото семејство, што умреле пред да се роди. Ги знае сите старци што биле лоши и што придонеле семејството да го бие лош глас. Имало многу лажачи, крадци, неработници. Немало убијци. Имало старци што знаеле кога ќе се извршат и каде ќе се извршат убиствата, па не кажувале. Од страв. Тој од сите зел по нешто. Сега е погоден за шега, за неработа и за лажење. По секоја веројатност најважната причина за скитањето во овој крај е тоа што не се оставаат еден со друг на мира. Нема ниеден човек што ги прави работите како што мисли самиот да ги направи. Некои невидливи конци ги движат луѓето во животот, во работата, и затоа нема никакви изненадувања. Со години не се забележало никакво изненадување во тој поглед. Кога ќе се собрани повеќе селани на среде село, сомлени од работата, сомлени од конците што ги раководат, околу нив се чувствува еден вид наелектризираност, но никогаш не се случува. Ако ги прекине некој конците, уште утредента котлината ќе се исполни со чудна убавина и селаните на воловски коли ќе го натоварат имотот, па ќе тргнат на кратки патувања. Наскоро ќе се вратат изменети, ќе раскажуваат што виделе, што научиле и ќе се создадат висткнски пријателства. Сандар всушност не одеше толку далеку во своите мисли, тој не размислуваше за сите селани од Добридол, само така наеднаш му блесна една слика и тоа така може да се поврзе. Топлината пополека го тераше на вистински сон. Може да се прочита, луѓето што спијат и јадат многу, има нешто поради што го прават тоа. Којзнае. Поправо, тој знае дека треба да е уверен во тоа, само времето поминува без нгапто и селаните можеби имаат право кога велат, тие луѓе се болни. Тешко ќе го натераш селанецот да ја признае таа појава за болест, но така мислат, од друга страна, има една убава работа кај нив. Тие не зборуваат секогаш најубаво за умрените. И тоа уште веднаш, уште на закопот. Тие црни жени стојат како неумолни судии и зборуваат за сите неправди. Има мажи што се упатени во умирањата и закопите и стојат заедно со жените. Се води еден разговор полн со горчиње и постои некоја радост што има еден човек помалку. Туку и самите не се сигурни дали тој човек се ослободил од конците или селото се ослободило од еден истомисленик. Самата смрт не е страшна работа. Студена работа се тие разговори и размислувања. Потоа се оди во куќата и се јаде. Јадат сите што разговараат и се загледуваат. Тогаш некој што може да издржи, ќе мора да рече нешто весело. Другите значајно ќе се погледнат и ќе му попуштат. Потоа во групи излегуваат од куќата и се упатуваат во своите домови. На редачките им советуваат што да се напијат, за да неим зарилне грлото. А од многу плачење може човек да се здебели: Плачењето било голем лек за дебелење. Се плаче при испраќањата, при средбите, на породувањата, на фалбите, во прераскажувањата, приспивките се со плачења, здравиците, колењето на свињите, зарежувањето на лозјата, се плаче кога врне, кота е суша, кога ќе се сошие нова облека, кога излегува од домот Девојката, кога ќе мине некој што успеал, кога ќе помине некој што не успеал, се плаче кога се лаже, кога се зборува вистината, кога се слуша, кога се гледа, при купување, при продавање, при позајмување, плачат за некој што силувал, за некој што ќе силува, за некој што ќе украде, плачат кога ќе се поткаснат при јадењето, со плачење се убедуваат, тоа е речено, кога ќе се искачуваат по стрмнина, во првата брачна ноќ, во болеста, кога се чувствуваат сами. Навикнати се да плачат гласно и плачат и безгласно. Солзите течат и се зборува за нешто друго. Затоа има дебели селани, затоа велат другите селани дека добродолчани знаат да живеат поарно од нив. Се сврте на мевот и не беше сонцето силно. Крај брегот останаа уште некои стари жени што се лекуваа од ишијас. Не се плашеа дека ќе ги види некој. Беа уверени никого нема на песокта и стануваа, па во станувањето боските им виснуваа надолу, како малечки лејќи врзани со конец, Да не отишол коњот далеку, рече. Стана, ја истри песокта и ги пресоблече гаќите. Наеднаш му беше топло од крстот надолу и од папакот надолу. Започна да чекори крај водата. Постепено гласот се ослободуваше од она малечко топче, се долепуваше до водата, се извишуваше горе, птиците добија писок, ветрето шум и езерото правеше исто како голем, рамномерен дожд. На исти места исти слики. Секогаш. Како да размислуваше дедо му Тихон. И за езерото и за мртвите пред тоа. За се исто. Пак беше силен со увереност дека тоа кратко ке потрае и чекореше по песокта. Се оддалечи многу од местото каде што лежеше и беше близу границата. Двајца војници кога се капеле се удавиле. На крајот на езерото се надоврзуваше друго и така во бескрај. Сандар беше сосема сам. Војсководач. Ако легне со увото на песокта, ќе ги чуе марширањата на големите баталјони. Марширањата што носат немир во семејствата. Многу невести без мажи остануваат несами и момчињата се откинуваат од конците. Врсници. И помлади. Во недостиг на учебници се учат од нив. Со слики од утринскиот оброк. И едните и другите не се решаваат за се да мислат, зборуваат за се. Ако си отишол коњот дома, рече. Беше убава вечер и реши да не дојде под крушата. Започна да се враќа по песокта со одмореност во себе и не можеше да забележи некаква натрупаност на нерешени желби. Кога дојде кај блатото, коњот стоеше на песокта и ја мавташе опашката. Како сшжоен мудрец гледаше над езерото и за ништо не размислуваше. Сандар се облече и го јавна. Долго стоеја двајцата пред езерото и се обидуваа да ја запаметат површината како изгледаше во тие часови. По некое време Сандар само се обиде да го удри коњот, можеби се помрдна, можеби направи во мислите некое движење какви што правеше кога сакаше да го потера коњот и тој самиот тргна. Јаваше низ селото и не знаеше зошто сврти кон чешмата. Под врбата лежеа селаните со запрегнати ногавици, пушеа и ги дораскажуваа разговорите. Над селото како лилјаци талкаа наречниците и самовилите. Сè уште не се имаа решено во кој дом да влезат и да донесат радост или несреќа. Но луѓето беа навикнати на тие шеги и не обрнуваа внимание. Нив повеќе ги плашеше тутунот што го пушеа во нечиста хартија. И кога немаа што да прават, имаа зборувано лоши работи едни за други. Понекогаш од тоа не можеа да заспијат. И младите и старите. Но идеше нов ден и имаа право да се надеваат. 5. ВЕЧЕРА КАЈ РИБАРИТЕ Сандар излезе со коњот од Свети Никола и не се упати по патот за своето село Добридол. Сврте во полето и одеше низ стрништата под јаболкниците. Гранките го удираа по лицето како дланки обраснати со мов. Немаше ветер, ниту забележлива промаја. Сандар во себе носеше свежина од езерото и му беше убаво. Пред него беа само голи стрништа. Реши да го бодне коњот. Се фати за пршката на вратот и му ги вкопа петиците во слабините. Коњот скокна и се спушти во темницата. Сандар знаеше дека коњот гледа во мракот и не се плашеше да не удрат во некое осамено дрво. Леташе низ нивите, коњот прескокнуваше меѓи и бразди и тогаш се сети за некоја есенска праска, за која му раскажуваше падарот Герман. Како што беше качен на коњот, Сандар прозбори во себе, ќе ја познаеш по стеблото, има разделено стебло. Праските £ светат на сонцето. А самата праска беше на другиот крај на полето. Кога застана коњот на крајот на голите ниви, се премислуваше дали да појде кај праската. Сега почувствува и глад. Јадењето што му го даде баба му, го остави во пченката на Јагна. Го сврте коњот и се упати кон реката. Таму, преку река, беше праската. Требаше постојано да го исправува коњот, зашто до реката немаше пат и коњот не знаеше во следниот миг на која страна да тргне. Ноќе полето прилега на непозната земја. Ако сретнеш во полето твои селани и тие се некако инакви луѓе. Ноќе се раѓаат оние одмори, оние размислувања. Секој од овие селани сака да биде ноќе во полето. Оваа долина не може да се рече дека е голо поле. О, мајко моја, какво голо поле. Скоро нема нива што не е засадена со овошје и ти се чини секаде си скриен, секаде си сам. Но тој знае дека бега од самотијата. Штом ќе дојде во селото, веднаш започнува да се бори против осаменоста, само изгледа, другите не страдаат од тоа, па не водат грижа дали си здодеваат еден со друг. Каде си загазил будала, му рече на коњот. Ако се сретнеш ноќе со селанец што работел преку денот, мириса со оној чудно летен мирис, можеш, да насетиш дека некако е измиен во душатаи кога ќе зборува, зборува како да пее, потоа се чувствува исцрпен и му доаѓа сон. Ако наидеш во полето на заспан селанец, тоа е голема ука и голем пример. Се чу реката како шуми и Сандар ја дигна главата. Таму хај тополите виде оган и го сврте коњот на другата страна. Тука тој не можеше да избега од оган во полето, беше тоа големо искушение и пак го заврте коњот кон огнот. Ја прегази реката и можеше да забележи луѓе околу огнот и во водата. Го потера коњот крај брегот низ ливадите и мислеше, не ќе се лутат луѓето ако собирам дрва за огнот. „Добра вечер“, им рече на тие што беа крај огнот. „О, Сандар, седни“, рече Геле. „Седни, Сандрушка, да запалиме по една“. Се симна од коњот и седна на една гуна. Над огнот на два чатала беше обесено котле и внатре се вареше риба. Околу огнот имаше распослани и други гуни како широка постела. Наместо перници беа ставени торбите полни со јадење. Рибите мирисаа на некакви слатки корење и Сандар не можеше од глад да го поднесе тој мирис. „Ќе донесам дрва за огнот“, рече и стана. Тие огнови ги зближаа и најпрвите ловџии. Околу нив се разменаа првите мисли, првите размислувања што не беа директно упатени никому. Кога помислија да запалат друг оган, се роди и злото. А којзнае како се роди злото. А којзнае што е вистинско зло. Донесе цел товар суви рошки и ги пушти до огнот. Сакаше да ги стави врз пламенот, но од пареите од котлето не можеше. Појде кај луѓето што беа во реката. Едни чекаа на јадици, други фрлаа пезули. На тревата имаше доста риби и некои удираа со опашките по тревата. „Сандар“, викна некој од мракот, „ти ли си“? ,Добра вечер“? рече Сандар тивко. „Те видов! преѓе со коњот“, рече човекот. Сандар го препозна; беше Марко Ридовски кој можеше да јава коњ без седло, од простум. Како тетин му Еврем Десовски. Коњот бодинаше како луња, а Марко исправен и поднаведнат се држеше за огламникот и не паѓаше. Првин тие мајстории ги изведуваше во ливадите, во Горни Ливади, а потоа, пред да се ожени, навечер во селото секогаш влегуваше исправен на коњот. Исто како Еврема Десовски. Во Добридол, ако можеше да јаваш исправен на гол коњ, лесно беше да се ожениш за девојката штоќе ја побараш. „Де ми дадеш, Марко, да се обидам“, рече Сандар. „Ела, јас долго стојам во водата“, рече Марко. Сандар ги собу чевлите и ги запрегна ногавиците. Влезе во водата и не почувствува никаков студ. „Појди онаму Сандар, под камењето. Мислам таму ќе најдеш“. Тргна кон огнот и се сврте. „Сандар, фрли еднаш — два пати и дојди, ќе вечераме“. Дури тогаш излезе месечината. Блесна наеднаш во водата како да потече црвеникава кајгана. Горе по браздата навевот на светлината откри маж и жена. Другите рибари, тивко ги фрлаа пезулите и кога ќе ги извадеа, по неколку риби фрлаа на тревата. Да имаш работа со риби е среќа. Тие не умеат да креваат врева, рече Сандар. Го фрли пезулот во вирот и започна да влече. Меѓу оловните топчиња нешто блесна. Беа три риби кога го рашири пезулот на тревата. Сандар не умееше рибите да ги вади од мрежата над водата. И ако успееше да извади некоја, ќе му се слизнеше од рацете и ќе му избегаше. Пак се врати во водата. Се слушаа штурци од другата страна. Рибарите што беа над него пушеа со лулиња. Првин му се стори дека мириса тутунот толку убаво. Потоа ја препозна миризбата од чорбата. Фрли уште еднаш, го рашири пезулот на тревата и паднаа уште две риби: Две рипчиња, ги зеде рибите и ги остави кај другите. И се упати кон огнот. Вака се прават само практични работи, рече. „Сандрушка“, рече Геле Викаров, „ти не си јал ваква чорба. Ваква чорба правиме кога ловиме и не им кажуваме на жените како се прави. Седни тука“, рече. „Нема баш многу риба“, рече еден селанец. „Од годините јас знаев да наловам и по триесет кила. Кораните сега се помалечки“. Геле Викаров го извади котлето, другите насекоа леб и започнаа да сркаат. „Јас секогаш носам по две лажици“, рече Геле. Дали одев кај праската или ги барав вие луѓе, рече Сандар. Чорбата беше многу вкусна. Сандар знаеше дека ставаат некакви треви и плод од скреби и некакви ситни коренчиња што ги берат крај реката, но не знаеше кои се тие треви. Па кога ќе се искачат на Горното Езеро. Сите млади, додека одеа се држеа за рака, мили трпки ми минеа по телото и кога ќе стигнеа таму, Сандар секогаш ќе се испијанеше. Другиот ден сам одеше по сртовите, ги знае тие места, знае да се загледува од горе во Големото Езеро, знаеше дека не ќе чита, но ги носеше книгите. Од тие времиња во книгите држи исушени листенца што мирисаа на Долна Долина во пролет. „Сандар, дојди утревечер на езеро. Таму ќе фрламе мрежи и ќе зготвиме крап на жар“, рече Марко. „Ако не си јал крап на жар, не знаеш што е јадење“. „Би сакал да дојдам“, рече Сандар. „Па и немам никаква работа утревечер“. Јадеше лакомо и не забележа оти многумина од нив ги запалија лулињата. Најубаво е да не ја разгледуваш ноќта. Овие луѓе знаат како се прави тоа. Мислиш ништо не се случува, а потоа остануваат траги и те прават таков, некаков човек. „Имало Сандар, некакви ароплани што летаат побрзо од куршум“, рече еден од нив. „Има ли такви ароплани или лажат“? „Ама има. Тие горат нешто посилно од барут. Ги ставаат на скелиња и ги испалуваат како топ“, рече Сандар. Некои беа легнати на гуните и спиеја. Сакаше и Сандар да легне. Беше сит, рибарите знаеја како се поминува најарно ноќта. Марко и Геле Викаров играа карти. Ако сакаше Сандар да легне, имаше доволно место. И се чувствуваше до нив спокоен, како да си работел цел ден заедно. Ако спијат тврдо околу тебе луѓето, не можеш и ти да не заспиеш. „А сега јас ќе си одам“, рече Сандар. „Вечерва ме нагостивте многу убаво. И цел ден бев гладен“. „Има место ако ти е за спиење“, рече Геле Викаров. „Треба да одам дома“, рече. „Добра ви ноќ“. „Дојде до коњот, го јавна и се врати од каде што дојде. Го крстоса полето и кога беше во лозјата, му текна за луѓето под крушата. Или пак, не можам да избегам од овие, рече. Јаваше полека зашто беше заплашен како да згрешил нешто. Се доближа до долната страна на угарот. Под крушата немаше никого. Сандар се зарадува. Знаеше тој дека селаните избегале од дома од горештината. Сега знаат ќе залади и ќе се вратат пак во постелите. Наеднаш, некој излезе од зад стеблото. Беше некоја жена. „Те препознав по коњот, Сандар“, рече Илинка. „Само ти си, Илинко, тука“? праша. „Само јас сум“. Сандар слезе од коњот и седна до стеблото. Седна на своето место. До него се спушти и Илинка. Тој се сврте и очите на жената гореа со некој оган, му се стори устата ја држи подотворена, но таа не знае за тоа. Можеби не знаеше дека £ паднала шамијата. Главата на жената како да беше осветлена во мракот, како да испушташе таа некаква светлина и Сандар го опре грбот на репливоста на кората, го стегна колку што можеше. „Секаде ги барав Сандар и не ги најдов. Знаеш Сандар, цела ноќ скитам низ полето, туку ги нема. Се вратив во селото и ги побарав по куќите и таму ги нема. Каде се Сандар“? Зошто зборува толку брзо, рече Сандар. „Сигурна сум дека не се во некоја куќа, зашто га побарав секаде. А во полето сигурно се скриле некаде и не можеш да ги најдеш. Дали ги налутив синоќа Сандар, кога им зборував и кога ги мразев“? Тој ги отвори очите, погледна во неа и раката сама му појде кон косата, кон образот. „Но зошто тебе не ти кажале, Сандар“? Таа гледаше во неговата рака со молба во очите да побрза да ја допирне, да ја дофати. Кога ја стави дланката на нејзиниот образ, почувствува како тој самиот се опре во дланката. ,,Не —емој“, рече Илинка. „Ајде брзо мило мое, ајде“, рече. Легнаа под крушата и Илинка одвреме навреме се стресуваше силно. Дури подрипнуваше од земја. „Ох, мило мое“, шепотеше како да испушташе пламен. „Дафине, мило мое“. Таа не ме прегрна мене, рече Сандар. Дафина свој го прегрнува. Но беше најсреќниот човек во светот. Не почувствува никаков страв. Како да заборави на сè, беше спокоен и сигурен. И, се качи врз неа и започна да £ причинува болка. Со сета сила сакаше да ја уништи, да ја раскине. Наслушнуваше да чуе како плаче жената, чекаше да го моли да престане. „Ох, ох, ајде мило мое“, шепотеше Илинка испотена, разлигавена. Сандар беше уверен, ако го чуе тоа дека ќе спласне, но сега во него влезе лудило, пареше целиот од напор, од убавина и ги стегна околу вратот нејзините раце, се напна. Со таа сила би можел теле да загуши, да го скрши. „А-а-а, мило мое, Сандар. Не станувај, не станувај“, шепотеше. Сандар почувствува како му се надуја градите, исто толку како кога плива долго. На крстот ги сети нозете на Илинка и полека се вклештуваа неумолно убаво. Му се зеде здивот и место да снеможе, беше целиот сиџими по снагата. Сакаше да тежи колку една планина и му се стори дека тежи колку планина. Потоа се испружи и лежеше врз збивтањето на Илинка. Врз рамномерното, меко, миризливо збивтање. Таа му ја бараше устата и му го воденеше лицето. Сандар го триеше своето лице од нејзината уста, па му се чинеше дека го бакнува по кората од мозокот. Којзнае колку време лежеа така. Потоа, се исправија и се опреа на крушата. Сандар се навали и легна во скутот нејзин. Таа го галеше по лицето. По долната усна. „А каде можат да се појдени, Сандар“? рече Илинка. „Некаде во полето“, рече тој „Сандар, каде ќе најдат на друго место светлина? Во полето на друго место нема светлина. Тие велеа и во целиот свет, ваква светлина нема“. „Тие таа светлина ја носат во себе, Ило“. „Во себе, Сандар, се тиќи ја носат. Јас знам, таква светлина во себе немам“. „Таа темница, Ило, секој не може да ја открие. Ти си една од тие жени, туку не можеш да ја носиш темницата како нив. Тоа светло значи една болест. Ти уште не си болна“. Наравоученија раскажува Сандар, рече. Со жени што се сами. Со жени што не би му легнале да е инаку. И постојано беше така. И Јагна Гулабова тоа го рече. Ако размисли, ќе види дека демнеше незаштитени жени, силни, незаштитени жени што не можат повеќе да се бранат. Пред две недели зборуваа за девојката што се силувала со скалун праз. Била во планината со воловите и се исплскала со студена вода меѓу нозете. Кога не знаела што да прави, измила еден скалун праз и го пикнала целиот во утробата. Ја донесоа скоро наполно искрвавена во градот. Нема ниедно момче во селото. Неколкумина доаѓаат преку летото и потоа селото е празно. И тој така свикна. Да демнее жени без мажи и жени со стари мажи. Кога ќе се вратат од големите патишта, сите се меки. Илинка се наведнуваше и го бакнуваше тивко. Градите и удираа во главата негова и таа цела ќе легнеше на градите. Здрави, скаменети гради како на девојка. При такви мигови жените губат многу време во размислување како да легнат со некого. Кога одат по улиците веѓите им се собрани. Преморени се од довикувања во ноќите. Тие жени ги мразат сите мажи. Сега Илинка е мила. Таа и не знае дека во скутот и лежи маж. Таа ги продолжува оние свои мисли во ноќта и уверена е дека и се исполни желбата по многубројните молитви. Затоа и не го чувствува Сандар, се насмевнува само за себе, се фаќа за боските како да сака да ги принесе на жртвеник за тоа што се случи. Инаку, жените се поспособни за живот од мажите. Тие се сè уште подобри, можат да бидат спокојни откако ќе се испразнат, можат потоа да решаваат други нешта. Ако можам да прерипам, да прерипам триста планини од тука таму некаде, таму некаде во најнепознатата земја. О, мајко моја, другпат ќе се сетам да запеам за други нешта... „Сандар, кажи ми што станува со тие луѓе“? „Ете, не им остана ништо, Ило“, рече. Не можеше да верува дека постојано таа мисли на нив. Всушност и не мислеше Илинка на луѓето од под крушата. Сигурно сакаше само да ја видат колку е среќна, колку е задоволна, ако е задоволна, ако веќе не размислува што ќе прави идните дни. Таа не може како девојките, таа имала маж, кого силно го мрази. Жените на Американците со копринени гаќи и конбинезони, што ги тријат нозете кога одат на закоп и кога одат да ги посетат старците што се враќаат од скитничење. Туку некаде се родил и Одисеј и овие се сите ќерки на Кирка и улогата на Сандар е бедна улога. Се сврте со лицето во скутот, го удри убава реа, по телото, во мозокот, во очите, по рацете, реа што е видлива, оготлива, ако е сега на улиците на Добридол, сите ќе знаат што доживеал. Од каде ќе знаат, зарем толку сум среќен, по ѓаволите. Преку фустанот насети како Илинка ги стегна нозете, тоа друго тело на жената, тие комплекси, тие грижи да бидат долги и да се плашат плашливите мажи за да се врши селекцијата. Секоја куќа во селото има по една таква жена и не им се слатки јадењата, а таа е добар приход, зашто мажот парите и писмата ги праќа на нејзино име, јас знам како знаеш ти да галиш и да милуваш, чувај ги за мене милувањата и да одиш убаво облечена, јас за тоа дојдов дури тука, тука ми е претешко, (не лаже газот му мајчин) тешко ми е што не си со мене да гледаш убавини и да купуваш што сакаш и да ти се радуваат сите, (лаже газот му мајчин) јас знам дека ќе ме чекаш, стрпи се, најлошото е да се чујат зборови, тука има такви што се очаени откако чуле зборови, (сите се плашат) не велам за тебе, ти си моето најголемо богатство и чувај ги доларите, доларите секаде врват, тоа ти е здрава пара. Му ја крена главата Илинка, го погледаа со тие очи и го бакна, тој како детенце ја прегрна, ја стегна. „Што учиш во градот, Сандар“? го праша. „Учам за професор, Ило“. „За учител на учителите“? „Така нешто“. Сандар ја крена главата од скутот нејзин и запали цигара. Илинка го гледаше низ чадот, напати беше гола, неописливо женско тело беше исправено над Сандар, напати лицето и прилегаше на оние совети. Не се опираше да ја сопира насмевката. Полека се наведна, се намести и сега таа му легна во скутот на Сандар. Пак беше она рамномерно дишење, со раката го галеше по ногата. Сандар ја распетла на градите и ја стискаше за боските. Но тоа не го возбудуваше, изгледа, жената сакаше да не го возбудува. Не можам да избегам од нешто, рече. „Ајде да појдеме, Сандар“, рече наеднаш жената. „Каде, Ило“? праша Сандар. „Да ги бараме. Ова поле не е големо и ќе ги најдеме“. Сандар отиде, го донесе коњот до крушата и го јавна. Виде една меѓа и се упати таму. Илинка одеше до коњот. Тој го намести коњот крај меѓата и и подаде рака да се качи. Таа се качи зад него. Ги опаша рацете околу неговите гради и го бакна во вратот. Коњот зачекори низ угарот, потоа излезе на една тесна патека. Жената сè повеќе се стискаше во него. Чувствуваше како £ збивтаат градите. Се обѕрна, со десната рака и ја донесе главата напред и ја бакна. „Ке паднеме, Сандар“, рече. Продолжија да јаваат. Влегоа во една бавча. Дали гранка ја зафати Илинка или таа сакаше да паднат, не се знае. Сандар почувствува како наеднаш го свлече надолу и двајцата пласнаа на земја. „Се удри, мило“? рече одвај чујно. „Ти си најубавата жена“, рече Сандар. „Ти си жена, Ило каква што не сум сретнал“. Се доближи до неа и ја бакна долго. Ја загризе за усните, а таа го прегрна и му се внесе колку што можеше. „Чекај Сандар“, прошепоти. Стана и започна да се соблекува. Кога беше гола до половина, Сандар не можеше да се воздржи. Стана и започна да ја бакнува по рамениците, по грбот. „Сандар, соблечи се и ти, мило“. „Гол, Ило“? „Гол, мило мое, наполно гол“, рече кога го прегрнуваше. Тој заpочна да се соблекува, а Илинка веќе беше гола. Не погледна каде ќе легнат, не сакаше да погледне и му пријде на Сандар и се долепи до него. Сандар првин ги сети влакненцата на нејзините нозе, потоа се втурна онаа топлина. Потоа беше оној мирис, поинаков од преѓешниот и не знаеше кога легааа на тревата. Беше некако вчудоневиден од убавина и кога го повлече Илинка врз себе, беше сигурен дека пред тоа му рече нешто. Се отвори жената со сета своја желба, со сите воздржувања, со сите чекања, со сите заплашувања. „Мило мое, Сандар, ох, Сандар, те сакам“.'“ Сандар ги почувствува солзите за кои не знаеше Илинка, таа беше долги раце, долги нозе, долго заборавање на сè. Како може толкаво тело, така малечко да се стори. Така стиснато за да биде безгранично. „Сандар“. „Ило, драга“. „Мило мое, мило мое, Сандар“. Пак се испотија. Таа најголема чистотија. Наоколу се знае за тоа. Излегува нешто од жената, од некое најскриено место, парче жена. А-а-а, како е тоа најчисто. „Ќе умрам, Сандар. Ти што си најдобар. Остани. Остани. Остани. Мило мое. Остани. Мило мое. Остани. Мило мое. Мило мое. Колку си добар. Добар. Ќе умрам, мајко. Што е со мене“. И Сандар ја слушаше таа песна, тоа умеење што не се учи, што се раѓа со раѓањето кај некои жени, што е награда, што е поттик да живееш, да создаваш, да чуваш тајна како се совладува она настроение. „Мило мое, ќе се замориш ли, ќе се замориш ли, Ќе се замориш. Мило мое, Сандар“. Чувствуваше како станува несовладлив, се насетуваше тоа, како му се празнат коските, жилите, 'рбетникот, мозокот. Веруваше дека веќе џврка крв, помешана со неговиот живот, со неговата тага, со неговата радост. Знаеше дека така ќе биде до последниот миг, до последниот издив, не дозна кога се превртија во тревата и кога се качи Илинка врз него. Не почувствува што е гол врз клечките, врз штурците, дека ги гмечи бубалките. Некогаш, Илинка започна да се засркнува, да се издолжува врз него. Без здив до здив и оној допир од прстите на нозете до челото. Меко, меко се смири жената и се престори во најсладок галеж, во дланки што смируваат, во образ што легнува на образот за да се одмори. Очите затворени, за да не влезе никакво сомневање, никакви мисли во градината на радоста каде што живеат обични луѓе кои работаат цел ден, сакаат да напредуваат, да создаваат, но имаат и најсвои мигови. И ги сакаат своите дечиња, своите пријатели, и знаат како ќе им израстат децата и знаат какви ќе им бидат децата. „Сандар, треба да легнеме на алиштата. Земјата ноќе дише, ноќе труе таа“. Станаа и легнаа на алиштата. „Ило, јас еднаш кога те видов со стомните, кога ни се сретнаа очите, те видов гола. И те видов пак гола изутрина, кога се враќаше од црква. Туку Ило, јас ова не можев да го замислам. Ова тело; ти не знаеш какво е твоето тело. Мајко, јас сум многу среќен. Ило. Јас сега сум најсреќниот човек. Бакни ме. Ило, Ило, Ило. Гледаш, а јас мислев дека нема такви жени. Којзнае што мислев, но лошо беше“. „Сандар, те засакав. Вистински те засакав“. „Ама јас за тоа ти зборувам. Ќе се омажиш за мене. Ке појдеме во градот. Ќе прошетуваме по улиците, по излозите. На девојчето ќе му купуваме што ќе посака. Ило, ти мислиш јас не можам. И сакам да видат овие што скитале по светот каде е среќата. О Ило, што ќе направиш ти од мене“. „Ти Сандар, сега знам, си многу силен. Верувам, си најсилниот маж во селото. Колку многу те сакам, да знаеш. Те гледав цело лето и сакав што си постојано сам. Мислев, ако си сам, ти не сакаш да скиташ. Ти не можеш да го сакаш скитањето мило мое. Тоа жените го знаат од некаде“. „Не сакам, Ило. Навистина не сакам. А таму во градот ќе одиме в театар. И не знам, секаде со тебе ќе биде убаво. Мене ќе ми биде убаво, не знам, не знам Ило, дали и ти тоа го сакаш“. „Јас Сандар, навистина те сакам. Јас можев да издржам. Првин не знаев што чекам. Кога започнав да те гледам тебе, тогаш знаев, тебе те чекав. Сите овие шест години. И се слушав за тебе. А сега дојде“. „Ти ќе дојдеш во градот. Ќе дојдеш“. „Ајде Сандар да шетаме низ полето“. Се облекоа, го јавнаа коњот и тргнаа низ бавчите. Коњот газеше тешко. А како можела точно неѓо да го чека? Цели шест години да го чека Сандар, којшто како девојче и не ја забележуваше и таа не го знаеше. И што има за него да слушала се? Се домислуваше дали е познат во селото по некои прочуени дела. Селаните него и не го знаат. Го знаат само момчињата по шегите и кога веќе му се исцрпеа, измислуваше секакви згоди за тамошните селани, па зашто се плашеше да не се лутат селаните, ги прераскажу ваше како да ги чул од друг човек. Сигурно го сака Илинка, но го сака само оваа вечер, и тој ја сака од оваа вечер, му се чини ја знае сега разликата меѓу неа и Јагна Гулабова. Тие двете се тукашни жени и не е можно двете да немаат некаков план. Сакаше да се увери дека Илинка е поопасна. Таа знае да биде наеднаш незаборавена, се чини за ништо друго не се грижи освен да биде најубава наслада. Тоа е, ќе помисли човек, оваа жена умее и не знаејќи да му даде нешто на човека, да го покаже, па затоа прилега на простосрдечна, најискрена, веднаш се знае дека е од оние жени што живеат за да бидат жена, зашто тоа е нејзина радост, нејзина најголема радост и среќа, но Сандар знаеше нема во нивната котлина такви жени. Првин некои можеби ќе се родат за да израстат такви, но тоа не е важно, важно е дека тука не можат да израстат такви. Што ми е мене што ја напаѓам, вели Сандар. И дали ја напаѓам боже, дали ја напаѓам или се лажам себеси. „Каде мислиш да ги бараме?“ праша тој. „Зарем ќе ги бараме, Сандар?“ се чуди таа. И коњот ги носи низ шарите од месечината, ја чувствуваа кога се собираше во воздухот росата, таа, одвреме навреме ќе го стегаеше околу градите и со здивот го палкаше во увото. Ништо не зборуваше, како да немаше никого зад него и нему му беше, бездруго за првпат, најубаво со жена, па се срамеше и се лутеше што ја напаѓаше преѓе. Не може така да се донесуваат заклучоци. Тој донесуваше заклучоци само по свое уверување и веруваше, луѓето од неговото село не се способни да изведат и да доживеат таква вечер, како тој со Илинка. Сега започна да се сомнева во тоа. Иако се чинеше дека селаните размислуваат за други работи, тие се тики знаат да доживеат и вакви вечери, никаде не пишува дека не знаат. И сега му дојде онаа мисла. Сега знаеше, најмногу не се свесни што можат да донесат скитањата, тие што не пошле да скитаат. Скитачите се свесни и што постигнале и што изгубиле, туку не зборуваат за тоа. Секако не сакаат да признаат, се чини дека е посигурно, не сакаат да зборуваат зашто веруваат нема кому да му збаруваат, зашто нема кој да ги разбере. И затоа во оваа Долна Долина на овој начин никогаш не ќе се прекине скитањето и никогаш не ќе престане помамата за големите патишта. Интересно е како досега на Сандар не му паднало на ум, дека, луѓето од Добридол бараат големи патишта поради тоа што немаат во себе патишта, а тоа е тажно, а не е работа за потсмевање. Тие што не тргнале се уште, нивните писма ги толкуваат како вистина, кога лажат во нив дека дошле во еден рај и сега можат да зборуваат за голем живот што го почувствувале и што го живеат лично. Но зошто пишуваат така? А како да пишуваат? „Сакаш да појдеме до езерото, Сандар“? рече Илинка. „Сакам да појдеме“, вели Сандар. Ако се бара човек, тука треба да се бара, рече. „Сандар, многу ноќи сум мислела тоа да го направам гола во полето. Тоа не може да го мисли една арна жена. Сандар, јас знам оти што не може. Но тоа ми беше една најголема желба и ти ми ја исполни. Затоа мислам дека те сакам повеќе од себеси. Еднаш, му реков на Фидана мој, тој вели, тоа е будалштина и дечински работи се тоа, да се соблечеме голи во полето“. „Ило, ти си најдобрата и најмилата жена“, рече искрено. Кога поминуваа со коњот крај нивата на домашните на Сандар, на горниот крај на Свети Никола, тој се сети на еден ден кога беше малечок и кога жнееја. Дојдоа многу рано во нивата. Дедо му Тихон, мајка му, чичко му Мануил, две девојки од маалото, Сандра вдовицата и тој. Изутрина беше студено. О, рече стиснат околу градите од Илинка, колку пати сум го раскажал ова. Треба да прекинам, треба да заборавам. Па и ништо особено не беше, ништо. Но веќе сликите си доаѓаа несопирливо. На Сандар му послаа два три мокри полози и тој легна. Уште повеќе му студеше. Не можеше да заспие. Потоа изгреа сонцето и Сандар стана од полозите. Му беа здрвени нозете отпрвин и чувствуваше снеможнина во стомакот. Дури тогаш почувствува дека му се јаде, но не побара леб. Жетварите беа расоблечени и пот им капеше од лицето. Сандар зеде срп и појде. Ќе се пресечеш, рече мајка му Босилка. Тој тогаш се упати кај Сандра и жнееше крај неа. Учи се да жнееш, рече таа. Вака, гледај. Сандар немаше желба да жнее крај Сандра. Се префрли кај деда си Тихона. Жнееше и крај него и навистина се пресече. Ете се пресеков, рече некако лесно, зашто му се смачи да жнее. Дедо му го остави српот и отидоа двајцата кај полозите. Кога одеа, мајка му Босилка рече, ти реков ќе се пресечеш, ама ти не разбираш. Дедо му Тихон му го изми прстот од стомнето и наструга мов од ременот. Го стави струганото на пресеченото и еден лист од тегавец стави врз него и бараше од жените крпче за да го врзи прстот. Една девојка откина од некаде крпче и го донесе. Го крена стомнето и се напи вода девојката. Дедо му Тихон рече, оди сега да наполниш вода во Свети Никола. Оди и да се вратиш побргу. Тогаш Сандар не сакаше да скита сам. Тој кога ќе појдеше во полето со домашните, најмногу од тоа се плашеше. Да не го пратат да им налее вода. Но исто така, паметува, како мал не сакаше многу да работи. Или не сакаше да работи некои работи; сега нема желба да ги одвојува кои беа тие. Кога одеше низ селото се плашеше од дечињата, но кога дојде до чешмата некако се смири. Го остави стомнето на тревата и ги слушаше малечките пајчиња како цивкаат. Зацапа низ блатото и ги растури пајчињата. Виде едно бело и само по него трчаше. Го бркаше долго, па се умори пајчето, го фати и се врати кај чешмата. Сигурен е дека го видоа многу жени кога трчаше по пајчињата и сега сè уште не знае зошто не го искараа. Го наполни стомнето и со пајчето под мишка тргна кон нивата. Низ селото го гледаа селаните, го гледаа и дечињата, а никој ништо не му рече. Тој тогаш за тоа не размислуваше, се враќаше кај жетварите спокоен и кога доближа до нив, од далеку им го покажуваше пајчето и викаше, бело е, бело. Дојде во нивата и им кажа како беше, а тие не му веруваа. Сандра вдовицата му рече, кој ти го даде, кажи? Потоа од Добридол дојде баба му Трена со ручекот и наседнаа на полози околу јадењето. Сандар го држеше пајчето и така јадеше. Мајка му му рече, пушти го малку, така ако го стискаш ќе ти пцовиса. Дедо му Тихон со врвца го врза за ногата и пајчето можеше да шета во еден мал круг. Дали е сето тоа така, рече. „Сандар, мило мое“, рече Илинка. „А“? се стресна малку Сандар. „Ништо. Ке поминиме низ селото, Сандар“? „Ајде да поминеме низ село“, рече тој. Кога ручаа и кога ги собра баба му работите во торбата, рече, дај ми го пајчето ќе го однесам дома. Не, рече Сандар, јас ќе го донесам вечер. Баба му појде кон Добридол и тие пак жнееја. Трена Пламенкова се нишаше низ стрништето и наскоро ја снема низ прашината на улицата како црникава брадавица. Сандар отиде на браздата и спиеше под сенката со врвцата во раката, а пајчето се радуваше во водата. Потоа, пајчето дома порасна и се стори убава бела како енег пајка. Можеби беше машка, можеби беше женска, не знае. Коњот тупкаше низ Големата Улица на Свети Никола. Сандар рече, село за големи летни празнувања. Не свртија кон чешмата, одеа право кон езерото. Селото беше мирно. Сандар паметува, во ова село отсекогаш немало многу кучиња. Сигурно од шумот на водата, се чинеше дека над езерото паѓа снег. Кога беа на брегот, над целата околина висеше една белина. И планините и небото беа бели. А на небото немаше никакви облаци и таа белина не доаѓаше од облаците. Сандар кога ќе се најдеше до езерото, не сакаше да испитува зошто се јавуваат некои појави. А Тихон сакаше, рече Сандар. Тој, Сандар, тогаш за ништо не размислуваше, па сепак некаде далеку во себе со некого разговараше за нешто и тоа не брзо и не гласно, така, ќе речеа по некој збор, без да го нарушат мирот на глетката и мирот на нешто друго. Тој се симна од коњот и ја дочека на раце Илинка. Таа веднаш сакаше да го бакне како и тој неа. И ја тргна шамијата и £ ги разголе рамениците. Таа белина од околината немаше ништо слично со белината на телото на Илинка. Но не белината од кожата туку онаа белина што стои како обвивка околу женските тела на неколку милиметри од кожата. Се држеа за раце и гледаа во водата. Сандар дозна некако дека и таа многу сака да биде до езерото. Не знаеше дали Илинка знае да плива. Многу жени од нивното село доаѓаат да се сончаат, а не знаат да пливаат. Има некои девојки што знаат. Доста долго можат да пливаат. Тој гледал во девојките што пливаат, се сретнувал со нив во длабочините на водата и знае дека тие се погодни за пливање. Женското тело во водата полесно може да го моделира и да го прилагоди да биде погоден предмет за пливање, за лесно пливање. Сите тела што пливаат имаат убави линии, а жената од сите времиња се бори да создаде тело со убави линии. Тие линии во времињата се менувале и затоа жената кога е во водата може многу брзо да стане со линии и облици погодни за пливање. Секогаш ќе го сакам овој немир што ми доаѓа кога сум во близина на езерото, рече. Над водата, невидлив се јави Сандар Вториот. Сандар Првиот ја знаеше таа игра од другпат. Се заслуша малку и ги слушаше зборовите на Сандар Вториот. Го најавив моето последно доаѓање, меѓу небото и земјата парче од сонцето откинато од некој птичји лет и луѓето ги креваат главите нагоре, кажипрст и со уста на крајот. Тие добри малечки човечиња, ајде да им речеме, ту ту и ќе ги размавтаат капите, благодарни што научиле еден вид шега. Се лажеме заемно, јас одвикнат од празнувања им се преправам во коњаник, знам да се појавам во посебни мигови од денотисекој ме гледа како своја визија. Не се лутам што успеаја некои да ме престорат во лажна услуга како кога ќе му се насмевнеш на безнадежно болен, ајде да им речеме на тие малечки човечиња, затворете ги очите отворете ги очите, топлоцрножолто меко како месо и како прав лесно нишање, сосема близу до тебе и, ту, ту, па ќе ги насмееме. Некаква музика постојано ме следи како тивка вода, истекоа ли по неа моите желби за споредби? Сега се занимавам со одмазди што ги планирам кога ќе се осигурам на долго лежење, нема враќање, нема враќање, во долгите лежења сите се на моја страна. Секого оставам да ме сожалува, но вниманието ми е сконцентрирано на себеси и се набљудувам како се ближам некаде зад лудилото и тука се тие тишини што се јадат по трипати на ден. Ме молат да станам да се обидам да дишам, сигурно се случилв нешто важно, а јас не се сеќавам за што служеше извинувањето. Дали некогаш постоело во овој свет обвинување? Лежам и толку е едноставно што се определив да размислувам за одмазди. Да се укинат сите бракови, да се планира изградба на куќи со инаков распоред; во нив не ќе може да влезе мајчината љубов и сите други помалечки зла во светот. На секоја трудна жена да £ се стави печат на челото, уште првиот ден да се одведе рожбата далеку, додека мајката не ја крене главата да £ се покажуваат некои работи над постелата за да може да се насмее, на седмиот ден по раѓањето да се раскажуваат приказни за некакви слободи, за бродење по водје, да се изнесуваат поединости од љубовни доживувања на средовечни жени со млади момчиња, сите веселби да се организираат во темница над вжештена песок, на сите морски плажи да се посеат микроби за да се јави епидемија на пријателски блуд, секој што умрел незабележан во нас, да има право уште на по една желба, трагачите на боите ќе бидат молери што ќе заслужат пензија ако одат зад луѓето со четка во рацете и пополнуваат некакви празни празнини. Кому да ги подарам своите години со својот роденден во март? Тогаш им се повратувам на девојките, напролет деветпати правиме последен обид до идниот март и сонуваме за источни умирања, моите роднини ме хранат со насмеви, јас започнувам да ги планирам оние сексуални паузи. Нема некој да слуша поуки. Доброволно сум се попратил по куци девојки, ќе имам куцо поколение. Секое племе има свој цар. Секој што има племе е цар. Денот ќе го започнуваме со малечка тегоба некаде зад очите, но во вечните календари нашите судбини се одредени од оние времиња. Многу нешта што се случуваат предвреме, оставаат во нашето чекање траги. Воздухот е заразен со распаѓање, а ние во нашите договори за прошедби, остануваме двоношци. Се знаат местата каде повраќал Пиколомини. Од далеку се нашите јазици и некакви кутии, патишта што минувале вон светот и патишта што стигнувале по големите настани, немавме за што да градиме споменици, три прилични вечери за еден век, ги паметуваме низ цела историја; кој како пиел кисело вино, не беа слатки јадењата зашто претеравме во трошоците, градски квартови во кои ништо не почнало, ништо не сопрело, размислување по неинтересна стихијност, птиците се чувствуваат во своја средина, се плашат од тоа што ќе бидат скоро уништени, ако сме двоношци такви двоношци сме. На земјата ако е едно племе, едно единствено, на земјата други племиња не ќе има. Моите соплеменици ќе ги намножам колку една полна смена. Во телото му се завлече широчината или беше нешто друго, ја стискаше раката на Илинка и не знаеше дали ја стиска. Како не им истекнало на селаните од овие села да создадат обичај кога ќе се собираат сите на брегот. Обичаи за собирање на брегот. Но тоа се појави од изминатите времиња, а изминатите времиња не може да се рече дека се задржуваат во овој крај. Постојано доаѓаат некои промени. Како што се раѓаат промените во другате земји и за кусо време тие се пренесуваат тука. Само може да се рече дека во последните времиња работливоста на овие луѓе не се изменува. Тие многу работат и затоа во сите домови се забележува едно шаренило на мебел. „Сакам уште еднаш Ило“, замоли тивко. „Да се соблечеме пак голи, мило мое“, рече премалено Илинка. „Вечерва не можам никогаш да не сакам“. Се сврте кон него и го прегрна и некако му ја подзеде ногата меѓу своите и му ја стисна. Тој другата ја доближи до нејзината и ја стисна исто така. Така не беа слободно застанати. Се одвоија и започнаа да се соблекуваат. Кога беа голи, сè уште не легнуваа на песокта. Потоа Сандар ја крена на рацете и ја носеше крај брегот. Таа ја имаше пикнато главата меѓу вратот и раменото негово. Сега откри, косата £ мирисаше поинаку од градите, градите поинаку од стомакот, стомакот поинаку од бедрата, рацете поинаку од очите и устата. Како можеше да биде толку голема кога ја гледаше човек во мислите и кога ќе стоеше гола до него без да ја допирне и како можеше да биде толку малечка, секогаш кога ја држеше на раце. Секој нејзин дел се смалуваше, се стегнуваше и беше стар египетски камен, алабастер, што го сакаа многу нивните кралици. Ја спушти полека на песокта и го виде околу неа она очекување. Онаа изненаденост, заплашеност, радост, мајсторство, среќа, срам, бесрамност, она видливо одбивање полно со двоумење, онаа двосмисленост, она двојништво во очите, она спокојство, големо спокојство, онаа определена решеност, оној блуд, онаа најголема чистотија. И Сандар легаа на песокта до една таква жена. „А-а-а, мило мое. Боже, боже!“ Тој чувствуваше, тоа нивно соединување го подземаше езерото, го делеше на делови, го расејуваше, и ветерот донесуваше откинати делови од нивниот напор за оплодување, па тие веруваа дека е тоа времето на зачнувањата, сметаа дека се околу нив е во тој процес и беа дел на големата игра во ноќта што се играше за да се продолжи животот и да се усовршат искуствата со кои се обновуваат насладите. „Мило мое. Мило мое. Мило мое. Мило мое.“ И потоа наслушнуваше, така пееше и езерото. Жените кога го уживаат тој склад не можат да зборуваат. Еден единствен збор ќе го речат и го повторуваат, за да му кажат на партнерот дека се живи, дека се среќни и сакаат да се игра играта вечно. Организмот при такви мигови е неисцрпно наоѓалиште на сили, на одушевување, на оптимизам. Тие сомневања што се јавуваат се повеќе тага, дека некаде постои и смртта и неуспехот. „О, мајко, Ило, сакам да те уништам“. „Уништи ме мило мое, уништи ме“. И се дигаше од земјата, ги збираше нозете, ги ширеше, сакаа двата да се престорат единствено во полни органи, да немаат глава, да немаат срце, да немаат раце и нозе. Нема за тоа воспитување и советување, му текна. Сè му текнуваше. Таа беше целата модрици и некаде и течеше крв. И тој чувствуваше на многу места убав болеж од забите и од ноктите. „Ме боли, ме боли, ох, најубаво. Мило мое плачам“. „И мене Ило“. А-а-а, каква жена е оваа, рече. А-а-а-а, подзеде езерото, да знаеш. Ти си малечко човече и не може да се собере сè во тебе. Гледаш колку трае, гледаш колку може да трае. Сакаше да праша гласно, која е таа мисла што ја барам? Тешко е да се пикне се во еден човек. Времиња што се сменуваат толку брзо. Ја почувствува Илинка до себе легната, како го држи прегрнат околу вратот и спие. Тогаш имаше целата еден мирис, мирис на доенче. Песокта споро ја цедеше последната топлина и затоа жената заспа. Мирна, со косата растурена околу главата. Сандар внимателно ги отклешти нејзините прсти од својот врат, и ја дигна главата и ја стави раката своја под главата. Лежеше на грб и гледаше во небото. Во небесата. О, небеса, небеса, како се бега од големата тага. Зарем можам нешто од ова да им раскажам и на домашните. По лицето, мирно му доаѓаше здивот на жената. Не можеше да дознае зошто му дојде токму онаа желба да прави потрага по мислата што ја бараше одамна. Од оваа ноќ не можеше да го заборави овој крај. Пак не беше сигурен дека ќе остане секогаш во него оваа котлина, токму поради оваа ноќ. Убавините се паметуваат, но често од нив се бега далеку и од далеку се мисли на нив. Поточно, убавините доаѓаат во мислите по некој неуспех и тогаш тие не се поттик, туку така едно рамнодушно присетување. Најмногу беше вчудовиден од тоа што успеаја да се заборават двајцата со Илинка оваа ноќ. Сега се гледаше како јаваат на коњ двајцата низ селото. Кога го праша Илинка дали да поминат на коњот низ селото се тики и одговори со горделивост, да поминат токму низ тие замрени улици, туку не се надеваше дека ќе направат таква слика. И еве голи лежат на песокта. Во оваа рамница сигурно единствени се тие двајцата што го направиле тоа. Во секоја куќа од овие села вечерва спијат луѓе што имаат да си префрлат многу работи еден на друг. Во сите семејства постои по еден човек што умее да се извлекува од секакви лоши ситуации и тие луѓе заповедаат во семејството. Обично тие, за разлика од во другите места, не се глава на семејството. Господии дали срико му Мануил е еден од нив? Дали е таков? Во последно време, обично се многу млади членови на семејствотр. Но зачудува една работа. Тие млади луѓе не ја менуваат тактиката на раководењето и таа тактика не се разликува од тактиката на старите. Дури може да се каже, младите членови на семејствата, кои по којзнае какви патишта стекнале еден вид водство во домот, се понеумолни во спроведувањето на еден вид селско малограѓанство. А можеби Мануил не е од нив. Така што, може да се рече, дека конзерватизмот тука го закрепнуваат младите, и ако може да се очекува попуштање на стегите, да речеме на скаперништвото, треба да се очекува таа појава кај старите, туку тие прилегаат на победени и не можат да направат ништо што ќе влијае на другите и што ќе го прифатат другите. А се знае од каде доаѓа тоа. Во цела оваа долина, кога растат децата, уште од најпрвите дни се води сметка никогаш да не бидат решителни во трошењето на парите. Не се работи тука за тоа, да не бидат расипници. На децата им се создала навика, ако имаат само еден, единствен динар, колку што се може подолго време да го држат во себе, да го задржат засекогаш, не затоа да го престорат во два динари, туку да го носат со себе она чувство на нерешителност. Потоа, кога ќе порастат тие деца, од таа навика никогаш_не ќе можат да избегаат, а тоа е едно од најголемите зла што можат да го снајдат човека. И кога станува збор за традицијата кон големи патувања, во ниеден случај таа појава да не се поврзува и со авантуризмот, или со слободен дух. На некој начин, тие патувања се сврзани токму со нерешителноста. Затоа што тие никогаш не се упатиле во земја, во која што не се наоѓа човек од селото. Тие ја имаат неговата адреса и долго време таму ќе ги слушаат неговите совети. Ете така, рече, на здравје. Започна да му се вдрвува раката што ја држеше под главата на Илинка. И тоа му се допаѓаше. Беше наполно уверен дека мирно спие жената. Му беше пријатна и помислата дека му прави друштво едно чисто суштество и се ценеше поради тоа. Замислуваше, тој го заслужува тоа друштво. Илинка ќе да почувствува студ, па така како што беше гола, се собра, ги собра нозете и се пикна во него. Лицето го долепи до неговите гради и кога ја насети кожата, се насмевна во сонот и ја подотвори устата како за бакнеж и го бакна. Тој ја крена раката за да ја погали најнежно, туку се уплаши да не ја разбуди. То доближа носот до нејзината коса и длабоко го вдишуваше мирисот. Алиштата беа далеку за да може да ги достигне и да ја покрие. Ноќта се обојуваше со онаа жолта боја што не се гледа. Таа боја се јавува само во мислите, а инаку, во тие часови нема никаде жолта боја и тоа време е почеток на студените часови. „Мило мое“, рече Илинка и го прегрна. „Ти не спиеш“? праша. „Сега се разбудив“. „Треба да се облечеш, веќе е студено“. Таа ги отвори очите и не стануваше. Го мачеше нешто. Цела оваа ноќ, често, му се чинеше дека не е тој со Илинка, туку е некој друг, а тој од страна гледа. Скоро постојано им се восхитуваше на тие двајцата, но имаше и многу завидувања во него. Напати се радуваше што може да направи таква комбинација. Гледаше безгрижно убави сцени, ги сакаше тие луѓе и без да забележи ќе му се вовлечеше во радоста она уверување, дека тие двајцата пред него, сето тоа го прават од очаеност. Не можеше да изнајде ниту еден дом во селото во којшто ќе може да ги врати овие млади нормално, без да им здодеваат домашните. Илинка сигурно затоа и го молела Фидана да појдат во полето и да се соблечат голи. Дома, иако имаа одаја во која ќе беа сами, која што ќе можеа да ја заклучат, таа знаеше, нешто не £ дава да се заборави. Кога се вари ракија во зимата, пред нив куп жар. Сите гледаат во пузата и плукаат. Тогаш тие се занесуваат. Некој ќе рече од нив, само за ова се вратив, за овие седења околу жарта. Никој не му верува. Крај огнот, ноќе ќе остане и некоја жена. Останува жената што вари ракија. Ќерка £, одвреме навреме излегува надвор и носи дрва и пењушки за казанот. Изутрина, мајка £ ќе види, легнала со казанџијата. И никому не кажува. Најтешко е тоа што не можат да ги поднесат тие гледања жените што се останати во Добридол сами. Нивните мажи се некаде по Америките, на отслужување своето скитничење. Голема згода се тие ноќи кога се вари ракија, за девојките на коишто татковците им се во Америка. Само за девојките, на жените се заборава. Сите сокаци се затрупани со тајни. Ти се чини, ќе си ги загадиш чевлите од тоа. Чевларот Симо — се уби. „А сега стани“, £ речe на Илинка. Таа му се качи на грбот и го бацуваше по 'рбетникот. Тој лежеше како да му ставаат виндузи и не знаеше што да прави од задоволство и сласт. Но само тоа. Сакаше така да се одмора, додека над него стои еден куп блуд, престорен во тие нозе што се стиснати за да покажат сè, во тие боски, па надолу во папокот, под мишките. Иако знаеше дека нема да се согласи, мислеше дека мора да ја праша. И задоволен, мирен, ја сврте главата за да £ ги види очите и рече. „Сега сакаш“? Таа којзнае што направи со нозете, па беше отворена целата, легна врз него, дозна дека сè уште е мокра меѓу нозе, го бакна по рамото и рече. „М-м-м-м“. О, мајко помисли и му се стори отсечно се сврте, таа се слизна на песокта и тој започна да се качува на жената. Тогаш го сакаше тоа, зашто ја виде како лежи, но пред тоа, навистина помисли, о, мајко. Кога се облекуваше, беше смирен како да свршил голема работа. Внимателно се запетлуваше. Ја истресе песокта од чевлите, ја суреди косата и запали цигара. Дојде сосема до водата и седна. Потоа седна и Илинка. „Знаеш“, рече таа, „имам еден гердан со десет наполеони. Никогаш не сум го носела. Го носев само на денот на свадбата“. Кафез ли е или кафе? „Колку смешно е, Сандар, ако спиеш со малечко девојче. Ако спиеш со мојата ќеркичка. Ќе се превртува во ноќта и знам ништо не мисли. Ништо, наполно“. Пред нив, секаде вода и водата прави тивки и постојано исти шумови. Илинка му зборува како водата, Сандар сака да се насмевне едноставно, туку се сопира за да не го разбере инаку добрата жена до него. Се смее само со очите. Ја фаќа за рака и £ ја стега раката. „А сите жени не се такви. Мене тоа ме мачи. Вие мажите не знаете каква може да биде една жена. Уф, каква ми е косата. И Сандар, кога ќе лееме вода, некои ќе дојдат за да не навредат, велат, ајде, ние се брзаме, немаме време за чекање. Се знае кои чекаат по чешмите. Какви жени се тоа, Сандар“? Молчи, молчи, вели Сандар. „Мкха — ха-ха-ха, знаеш, Сандар, јас не давам петпари за тоа. А кога ќе помине Давид учителот, вели, добравечер. Добравечер. Вели, вода тече, вода лади, а не може да измие, тоа што сака да се слади. Мкха-ха-ха. Стој таму близу и вели, о, не сакаме да зборуваме, а знаеме колку паметни сме. Што му значи тоа?“ Молчи, молчи, мила. „Јас никогаш не паметувам да сакам да можам да легнам со него. Ти кажав, првин беше Фидан и сега си ти. Знаеш, Сандар, со Фидана живеев три години и кога си отиде во Америка мислев, тој најубаво знае сè. А вечерва, само за една ноќ, сигурна сум дека како тебе никој не знае. Те заколнувам за ова, да ми поверуваш. Зошто не зборуваш Сандар? Мило мое. Се лутиш што те викам така“? „Јагна, вечерва беше многу убаво“. И Јагна ја молеше да молчи. Сега на Илинка и рече Јагна. „Ило, коњот сигурно заскитал“. И го обгради лицето со дланките и знаеше не е таа Јагна. Само да може да нема толку време за сомневање. Илинка беше жената што ја бараше. Ја најде, па не може да поверува дека е возможно тоа. Започна да ја бакнува за да се одбрани. Се радуваше што не може да се развика. Се радуваше што беше таков, нерешителен. „Сандар, најпрвин беше со еден војник кога ја косевме ливадата крај патот и кога имав петнаeсет години. Тогаш ноќевавме во ливадата и станав да наберам ореи. Војникот наеднаш застана зад мене. Се свртив и сакав да ми направи нешто. Тој ништо не правеше, само ме гледаше. Нешто ми застана во грлото и не можев да му речам, што стоиш така. Во такви мигови јас чувствувам како ми мириса душата. Потоа, сигурно самата паднав или тој ме повлече, не знам. Стана бргу и ми даде една копринена шамија. Сè уште ја чувам. Затоа знам дека не сум добра. Сандар, жими Катето, со никој друг не било потоа. Жими тебе, мило мое, што те засакав и што сакам да ме натепаш. И кога легнав на сеното до мајка ми, се плашев да не ми тече крв. Мислев, клокоти крвта и горев и изутрина ме фати треска. Мајка ми и јас дојдовме дома. Никој не дозна ништо, а Катето е негово девојче“. Таа е, рече. Мојата најмила содружничка. Јас сум некако неоправдано среќен. Голем среќник што не верува во ништо. „Мила Ило“, рече, „ќе појдеме во градот зашто многу те сакам. Не се исплакувај мила. А таму ќе ти покажам се што ќе ме запрашаш. Ќе ми готвиш и ако сакаш ќе најдеме работа за тебе. Во прво време ќе ти помагам, а, нели? Мене во градот треба да ми помогне некој, ти можеш да ми помогнеш. Ќе те оставам ноќе да шеташ сама низ градот ако посакаш. Ноќе, можеш да скиташ низ улиците и потоа ќе ти биде лесно кога ќе се вратиш, зошто јас ќе бидам во одајата со Катето. Катето ќе спие и ние ќе бидеме сами како оваа ноќ. Јас кога се враќав од прошедбите ми беше тешко, зашто на другиот кревет лежеше некое момче од некаде. Секогаш во градот спиевме по двајца и повеќемина. Ако сакаш, ќе одиме да живееме во некое село. Можеш ти Ило да живееш со мене, кажи ми“? „Можам, Сандар“, рече Илинка. Ќе мораме и дење да се научиме да шетаме по градските улици, рече. Постојано, так, так, так. И просторот и тие што мислат на скитањето и тие другите и некој за првпат кој ќе дојде во овој крај. Како оној војникот. Секој на свој начин. Тие различни начини, тука се престоруваат во нешто познато. Фаќа со раката песок и не сака да ја испушти да тече како брашно. Ја држи во раката и се наводенува. Ја пушта пак во другата песок. Легнува на стомакот, за да достигне со ногата вода. Кога му е ногата во водата, дознава дека чевлите му се на нозете. По слабините чудно се поти. „Од каде беше војникот, Ило“? „Сандар, се лутиш ли“? праша како да чекаше. „Не“, рече. „Тој беше Гузепе од Бриндизи. Доаѓаше кај нас и носеше облека и конзерви бесплатно. Тоа беше откако се случи тоа во ливадата. Јас се плашев да не посомневаат домашните што носи толку работи бесплатно. Кога доаѓаше не ме гледаше и кога си одеше не ме гледаше. Ние никогаш ништо потоа не направивме. И тој војник беше заплашен. И кога си отиде таа смена, јас плачев“. Толкава војна, и не се родија кретени, рече. Од другата страна на Илинка, од таа страна кон Синориште, седна Сандар Вториот. Сандар Вториот кледаше во косата на Илинка, можеби сакаше да ја допре косата, но ништо не направи. Потоа започна да реди зборови. Морам да признам, за миг сум постар од најстарата дата на земјата и најголемата несреќа започна тогаш кога ме оставија сам да ги одберам своите родители. Јас прв ја започнав недоследноста во создавањето на делата и сега светот го следат сакати сознанија, се родија други создавачи и станаа најголеми, а го измислија само артизмот. На балконите се нивните потписи, им даваат процент од сите самоубиства, милиони шестгодишни девојчиња се грижат за нивното здравје, продавачите на костење секое утро гласно читаат за некаква прочуена бела мачка, група професори собрани на различни места го залажуваат Ханибала да го положи левото стапало за еден сончев зрак што сакаат да го престорат во три жолти багреми до станицата, во станицата девојчиња и други заплашени, низ ѕидовите патишта до седмиот хотел, во една соба план со изгорени дрвца како да се изведе најновата светска војна, портирот се кажува за родено суштество и тажи за смртта на мајка си што го однела в земја со неа, две собарки дома чуваат странски документи за едномесечна радиопретплата, под прозорците гласно пишти глувонемо дете, од шеталиштето во ист правец на деветтата галаксија, од таму во полковските бордели, улогата на жена ја играат момчиња, женските војници биле поширокогради, момчињата како и во сите светови не се постојани во службата, често ја губат својата заработувачка, долу зад реката белиот столб прави сенка, крај него поминуваат два психијатри, во градската кланица ќе го прегледаат месото од сто и шеснаесет заклани свињи. Чети од дечиња облечени во сино вртат во некаков круг и во рацете држат полузелени стебленца јачмен, во среда е празникот на луѓето без психологија, чудно е тивко, чудно е тивко, сите се чувствуваат учесници во нешто. Момчиња за раце водат на пазар мајки, жените облечени се по градски, во по некое око засечени дофатливи бои како малечки крпички, од небото ништо не слегува, во торбите носат три резервни животи, ги запрашуваат синовите, каде е другиот тротоар синови мои, не растопувајте се, уу, тука имало сликар, не се гледа кога ни се тресат прстите од рацете, момчиња за раце водат туѓи жени, некаде близу смрди на село, не остана ништо да се подаде по таа убавина. Да се оди сега далеку, таму ќе бидеме чисто осамени, нема каде да се запалат огнови, старите граѓани шетаат без свои зборови, родени да бидат непознати, големи човечки собири, се се продава за пари, стара наука, еден плоштад е премногу скап. Се собираат навечер луѓето и еден на друг си ги пикаат главите во утробите па откриваат обични шестоаголници, црвени на левата страна. Некакви планински извори се јавуваат само со својот шум, добро облечени граѓани, четири на број, прашуваат како се започнува со плачење, на плоштадот редовно слегуваат десет ѕвезди, шират приказни за хомосексуалството, Хомо е обичен благајник со добра плата, ќерка му има седумнаесет години, над пазарите се слушаат манастирски песни, по една болест од секој дом не сака да се врати дома ноќе, луѓето нема за што да разговараат. Можеш да бидеш осамен ако те познаваат многу луѓе. Нешто како гулаби над ноќта, поставуваат телефонска врска со одредени маси во кафеаните, тие седат и уверени се ќе можат да раскажат, виделе се во градот, никој не смее да биде виновник, светот никогаш не ќе стигне до самоуништување, тие науки никому не му се дадени, нема бегање, господ се престорил во чајшеќер, се употребува за лесна настинка, просјаците се собираат под три неба, слушаат легенди за себе и плачат, никој не ја знае вистината, во туѓа земја секој Циганин пропаѓа. Секој град ќе биде посреќен ако е свртен на некоја друга страна. „Ако беше Фидан тука, ти не ќе сакаше да се согласиш“, рече. „Сигурен сум, сè да знаеше за мене, пак не ќе се согласеше“. „Зошто се лутиш, Сандар“? се чудеше Илинка. Може да се направи некаква четка од песокта. Само треба да се пронајде лепило што ќе ја држи песокта за штицата и ќе можеш да миеш душеме и коњи. Тој никогаш не се сетил да патентира нешто. На пример, оние стапови со кои селаните од Даброво фаќаат змии. Дедо му Тихон вели, некој ја пронашол дамата во бродот со кој тој патувал првпат. Онаа дама, што се игра со грав и камчиња. Кога ќе направеше дедо му две места крце-врце, многу се смееше. Можеше постојано да се радува кога победуваше во играта. А тој бил од Индија и некој Грк во Њујорк ги пренел пуканките од пченка. Имал дуќанче како ќенеф и печел пченка, та така собирал големи пари. Пченка му праќале од дома во торби. Можеш да веруваш, долар чаша. А лудиот Џони, татко му на Спира, кога се врати, купи една нива и рече, ќе произведе патлиџани и пиперки во април. Направи рамки од стакло, донесе снопови слама, нешто како кафе фрлаше на расадот, во водата ставаше шалитра и некои други прашоци, во земјата пикна цевки за да дишат корењето. Нивата и до зимата ништо не роди. Секогаш го пропуштаат да го научат најважното, рече. „Не се лутам Ило. Навистина не се лутам“. „Знаеш ли колку си силен? Целата сум искршена. Јас ќе те чувам да останеш силен, Сандар. Ти паѓа ли косата“? „Ми паѓа. Ова лето, многу ми паѓа“. И потоа, Илинка зборуваше, да знаеш, никому не кажувам што сум наумила, како ќе го прими свекор и тоа што ќе го прави таа секој ден. Тој старец од кога не е измиен како човек, уште утре, ама тоа било денеска Сандар, уште денеска, ќе стопли вода во дворот и во коритото ќе го измие. Ќе го дигне како дете и ќе го трие со вода и сапун, ќе види дали е скокотлив. Знаеш, го имам засакано како татко, а од татко ми се срамев, а од свекор ми не се срамам. Кога се соблекувам понекогаш е подотворена вратата и тој ќе мине и погледнува, а јас еднаш се насмевнав. Не бев цела гола, градите ми беа голи. Тие старци од осумдесет години, можеш ли да ми кажеш, дали сакаат да гледаат гола жена. И еднаш, пак се врати за да ме види, туку не се реши да ја сврти главата. Се соблеков цела и чекав пак да се врати. Ја отворив ширум вратата. Тој не дојде. Е, тоа плачење што ми дојде, беше најголемо плачење. Потоа малку се уплашив зашто не знаев што ќе му речам ако дојдеше. Ќе му се развикав, гледаш мрсулко стогодишен, гледаш каква и колкава сум. Немаш сок сега ти, а јас ќе умрам вака. Ама не ќе му речев така, Сандар, тој Кате ја сака повеќе отколку што ја сакам јас. Кога ќе ми беше тешко, сакав да му кажувам за тоа дека не е од Фидана и никогаш тоа не му го велам. И да му речам, тој пак ќе си ја сака внука си, а никогаш не сум видела да плаче. И нешто ќе да рече Илинка смешно, Сандар не чу што рече и чу кога се насмеа. Мкаха-ха-ха-ха. „Ти не одиш на игранки, Ило“? рече. „Никогаш не одам, Сандар. Веќе се разденува, треба да одиме“, рече ромнодушно. Кога чекореа по песокта, таа сама му ја најде раката. Потоа му се обесуваше на рамото. Го остави на мира. Само пет-шест чекори. Му ја префрли раката околу вратот и го бакнуваше по образот. Сандар го здогледа коњот далеку во блатото. Започна да го довикува, но тој не му обрнуваше внимание. Не забележа кога ги собу Илинка чевлите и загази во гнилотијата на блатото. „Ама јас ќе појдев, Ило“. „Сакам јас, мило“, рече. Кога растеше водата, таа го задига фустанот. Нозете блеснаа. Низ тревјето, низ рѓосаната вода како огромна змија се провлекуваше белото на нозете. „Ти не си ги облекла гаќите“, рече. „Ги заборавив горе кога се соблековме првиот пат. Ќе поминеме оттаму и ќе ги најдеме“. Илинка се врати со коњот. Сандар првин неа ја дигна да го јавне коњот, потоа скокна и тој. Се враќаа од каде што дојдоа. Влегоа во селото и беше мирно, но се знаеше дека многумина се разбудени и ќе ги видат. „Јас сакав да се искапиме, Ило. Потоа заборавив“. „И јас ќе се искапев. Знам по малку да пливам. Ама ако се капам една цела ноќ, убаво ќе се научам“. Сандар го потера побрзо коњот. Не сакаше да го фати сонцето кога ке влегуваат во нивното село. Дојдоа каде што требаше да свртат за да ги земат гаќите и не свртија. На Сандар му текна, но сакаше да останат таму гаќите. При таа помисла некако беше задоволен. И да ги најдеше некој беше задоволен. Всушност, тој многу сакаше да ги најде некој. Па ќе се чуди како се случило тоа, некоја да ги остави во полето гаќите. Нека се чудат. Нека се вчудоневидуваат. Кога дојдоа близу Добридол, Илинка го стегна силно и долго го бакна по вратот. Го бакна и во устата. Тогаш слезе. И одеше крај коњот. „Ило, јас ќе те чекам вечер под крушата“, рече. „Ке дојдам Сандар“, рече таа. „Да знаеш, ќе дојдам. Сега сама ќе си одам, да не ме види некој“. Сандар го потера коњот и жената остана назад. Секако, неа ќе ја стигне сонцето во селото, рече. И кажав за живеењето во градот. Кој град господии, кој? Но тоа не беше никаков господ. Тоа беше гласот на Сандар Втори. Од сите страни бели коприни. Ги оставаат тие што доаѓаат во градот. Течат низ очите нанижани како суви риби. Подвижни улици чекаат во ред за свирење со уста, седум години стојат на едно место, девет јоги-старци од едно сакато дете крај реката изучуваат како се плука низ заби. Потивко втори луѓе нема да се случи нешто. Потивко втори луѓе, потивко втори луѓе. Влегува студ меѓу куќите, утре девојките со млеко ќе ги попрскаат улиците, девојките и метачите се занимаваат со нечисти работи и други професии кои не можат да убиваат бубалки. Напластени времиња на обични места. Се бара создавачот на првиот град, околу вратот мирисни ветришта, сите коњаници без коњи бараат пасишта во излозите, од лаежот на сирените прават месечина заградена со шишиња полни со бодињања, морнарите без бродови на небото градат пристангапта, ноздрите им се исприштени од куси прошедби, секој носи на синџир по еден Моби Дик и ги учат да мократ како кучиња, свадбарите изучија за занданџии, низ клучевите им израска бршлен. Терзиите отворија јавни куќи и ставаат млади пилиња во киселина за зима, луѓето што фаќаа на примки рисови се кротки џелати, пред јадење имаат супа, по јадење овоштие. Големите дрвари седат пред судовите и чекаат развод. Вториот ден чекаат ред и бараат развод. Третиот ден тропаат на судските врати и не знаат за што дошле. Старите кираџии од една десеткатница ги гледаат своите двојници како вршат масовни самоубиства. Се бара создавачот на првиот град, едната половина девојки му се поклонуваат, ги распетлуваат градите и пеат гласни песни, нозете им се голи над колена, исплетени со златни змии украдени од лрвите хареми под шатори во пустињето, татковците се нестрпливи оценувачи на женските особини. Другата половина девојки доаѓаат со расплетени коси за да не им се гледа неситоста во женските слатки маки, сакаат да го раскинат создавачот и секоја да касне парче месо како крава кога на грешка ја изедува својата рожба. Некои носат очила, други со книги под мишка и се случува оној голем судир, се препознава Венера, момата од Орлеан, Палада со змија во раката, една султанија, првата ќерка на Мемфис, Мис Стон качена на магаре. Елена Тројанска, Клеопатра болна од жолчка, Марија Кири насмеана, Сирма Војвода, Мона Лиза како старица, Роза Луксембург, една девојка од кинеската градина на доброто и на злото. По судирот доаѓаат малечки човечиња. На плочниците остана нешто огромно што не се гледа. Се бара создавачот на првиот град. Онан го обиколуваат дечиња, сина крв тече низ градските канализации уште од времето кога беа ѕидари Римјаните, секоја река била Ганг и народите се навикнаа да скитаат на есенски дождови, своите дечиња ги крстеа со имињата на спори луѓе. Тие копања на бунари кога го повикуваа небото да слезе долу, дечињата се лекуваа со тревје по долги патишта во летни дни, на три раскрсници обесени се ноќите со коњско 'ржење и градовите бладаат, ноќе им се привидува ги налегнал човек ео седум прсти на раката. За степите, за пампасите, за океаните, за ајдутите, за реките, за панаѓурите, за птиците, за сињаците, за планињето, за пустињето, за изворите, за рибите, за мравките, за лековите, за сенките без порез, за бостаните, за Хималаите, за мидерите, за скриеното злато по манастирите и по границите, за алатите, за прашињето и за стариците, пишува во книгите. Постојат определени врвици, за секоја цел, изгазени, намразени, заразени, заградени, нови стапалки не се познаваат и се е откриено како да се прави. Време е да се изнајдат времиња со други радости. Се бара создавачот на првиот град. Содома и Гомора, Вавилон и Ерусалим, престорени во старци, бараат преноќиште во еден ан. Златни прашиње, златни очни болести, малечки престапи во ширни ширини. Се собрале народите да гледаат жолт страк трендафил, на враќање се организирале турнири во лажење, првин бил Ахила, претставник на плашливците. Крај реки, крај ливади, потомството не се броело и го немало. Првин беше колера, бела како океански брег, првин беа крстоносните печалбари, првин беа морските скитачи, првин беше инквизацијата на простите овчари што ги преоблекоа во друга облека. Дајте град, дајте град, се истрошија сите обиди. Се бара создавачот на првиот град да легнеме крај неговите нозе и да се одмориме. 6. РАЗГОВОР ЗА РИБНИЦИ И КОКОШКИ Го однесе коњот во племната и му го кладе самарот. Кога влезе во дворот, уште откај портата викна. „Бабо, ќе одам по дрва“. Излезе дедо му на чардакот. Не беше облечен за на работа. „Оди на езеро, Сандрушка, сега скоро ќе се вратиш во градот. Исончај се убаво“, зборуваше Тихон Пламенков со голема тешкотија. Секој збор го влечеше со сила низ вилиците. „Решив денеска да одам по дрва. На коњот му го кладов самарот“. Излезе баба му од готварницата. Беше под лозницата и лицето £ беше исшарано од сонцето како да беше на две на три искрпено со разнобојни парчиња ткаенина. Таа ги бришеше рацете од футата, потоа ја избриша со палецот и кажипрстот устата и му зборуваше на Сандар. „Ќе одиш по дрва“, рече. „Оди. Дедо ти малку не е арен и не појде на работа. Мајка ти, изутрина појде кај баба ти, ќе чукаат орев. Ако сакаш, појди таму Сандар.“ „Ќе одам по дрва“, рече Сандар. Отиде да ја побара секирата. Секирата отсекогаш беше пикната во горниот ред дрва на левиот агол од сарата. „А што ќе јадеш“? го праша баба му Трена. „Немам ништо зготвено“. „Ќе земам леб и сирење. Јас да ти кажам право, можам долго време да јадам само леб и сирење.“ Ја донесе секирата и почека да му го даде баба му јадењето. „Ќесата ја заборавив на песокта“, рече. Баба му Трена му даде леб и сирење во една шарена шамија. „Ај со здравје“, му рече. На патот, коњот самиот зачекори побрзо. Кога беше спроти зградата во која седеа војниците, му се стори дека горе на патот забележа селани на магариња. И сакаше што ги виде. Тој по дрва имаше одено само неколку пати во својот живот, па сè уште не знаеше убаво како се берат и како се товараат. И тогаш сонцето изгреа над селото. Се гледаше како се влече по правта, како илјадници сакати бубалки. На левиот образ на Сандар, наеднаш му се вовлече нешто под кожа и тој не можеше да не се почеша. По страните ветерот со подмолен шум бегаше во шумските сенки и се создаде над патот огромна празнина. Луѓето и животните се движеа како во некоја глувотија и започнаа да се потат. Птиците зашто можеа да ја избегнуваат таа празнина, летаа накриво. Во тие мигови околината има нешто слично со морето, или човек што не видел мориња се присетува на нив. Луѓето што беа на магариња, не беа сите на магариња, двајца јаваа на мазги и еден на едно црвеникаво коњче. О, луѓето што не виделе никогаш море, тоа се големите морнари. „Доброутро“, поздрави Сандар. „Доброутро“, рекоа. „И ти по дрва“, му рече Сокол Педата. „Решив денеска да одам по дрва“, им кажа Сандар. „Ние ќе одиме во Крива Кобила и дојди и ти со нас“, рече Сокол Педата. „Па ќе дојдам со вас. Од дома излегов сам и мислев патем ќе најдам другари“. Потоа запалија цигари, а Сокол Педата извади шише со ракија. Се напи и го подаде. Луѓето го подземаа, малку ќе повлечеа и го подаваа. Над нив се виеше онаа празнина, сонцето започна да мириса и на Сандар му се стори многу мирно местото. Околу нив имаше илјадници шумови од бубалките, од чекорите на добитокот, од реката што ги параше во нерамна линија Горни Ливади, од дрвјето, туку постоеше онаа мисла дека се затворени во некој огромен стаклен балон и трчаат по неговите краишта. Нему пр-вин му се навлажи вратот од косата, потоа низ челото, потта му протече во очите како лоши зборови од најблизок човек. Го запече потта. „Во шумата е посвежо“, рече. „Исто е. Запурнина. Не пуштаат да фати промаја дрвјата“, рече еден дрвар. Свртија по патот за планината и од лево го видоа Даброво. На Сандар му се припи вода, како да имаше во утробата цела врчва мед. „Ми се припи вода“, им рече. Не можеше никако да се брани од горештиње. Крај патот лежеше едно куче со истегнат јазик. Ги гледаше со разводнети очи, како да се препило вино. Кога дојдоа до него, не се помрдна. Зошто да се помрдне, кога знае дека се сите во ист балон. Горе по жолтоскржавиот срт трчаа некои сенки, течеа надолу и пак се враќаа. Ја крена главата и виде, небото никаде не држеше облак. Дали може човек на пазар да препознае од кои краишта се животните што се продаваат? Животните, кога ќе се замешаат, ги губат своите обележја. Пред нив замирисаа капини, како средовечни селанки што не се одамна измиени. Неколку дрвари слегоа од магарињата и започнаа да берат. Магарињата продолжија празни. Некаде шумеше вода и Сандар тогаш, или малку пред тоа, се сети на луѓето под дрвото. Кратко време се двоумеше што да размислува и папса. Има такви парчиња од времето кога знаеш дека треба за нешто да размислуваш, да донесеш заклучок, каков заклучок мајко моја, туку немаш волја. Ти иде да се смееш, да се смееш на сопствената слабост, да објасниш некои основни работи што треба да се знаат, а телото не те слуша, си останува мирно како искусен старец што верува, дознал и видел многу. Тоа е самоуверување, рече Сандар. Скоро падна од коњот и ја брцна главата во поточето. Водата успеала да го добие оној вкус што се чувствува кога ќе помине низ пепел. И кога се плискаше по лицето и по градите, мислеше ги полни грстите со некаков прашок. А крај него на магарињата и на мазгите поминаа дрварите мирни и одвај испотени, како да одат на губилиште. Одат на губилиште, помисли, но тоа за нив е позната работа и повеќе им прилега на празнување. Сигурно меѓу нив двојништвото доаѓа и поради тоа. Тој е неотпорен на горештина, а тие свикнале на секакви времиња. Го достигна коњот и го јавна. Размислуваше за тоа, дека цело лето не читал. И цела есен, рече гласно. Не сакаше да чита зашто знаеше чита само да се заборави или да успее неколку часови да не ги забележува. „Откога се уништија козите, шумите здивеа“, рече Сокол. „И коријата над селото и сите други шуми станаа слепи ормани. Ќе започне лиотот да слегува во селото“. „Зимоска виделе рисови“, рече еден друг дрвар. Одеа низ шумата и наслушнуваа. Поправо, никој не наслушнуваше, што има тука да се лажеме. Сандар сакаше да се насмевне, но тоа во горештината беше мачно за него. Беше како да се лаже себеси. Така се чини тоа, кога одат луѓе низ шумата, наслушнуваат. Планината беше рамна, стеблата дополу заградени со суви гранки, а секако долу под клечките имаше влага. Тоа се нагодуваше по бубалките што излазуваа црномокри или црносветли. А сепак оној осет на мемла постоеше и во горештината; мемлата беше голем подарок само од насетувањето. Затоа, одвреме навреме доаѓаше мирис на јагоди, на малини. Пак започна да се поти. Дланките му беа лизгави и почна да дува во нив. Не сакаше да ја прибере во себе мислата што го тераше да се увери дека се разликува од другите селани. „Долго време мислам да купам уште една нива“, рече Сокол Педата. „Сакам да купам гола земја за да ја насадам со делишес. Сега имало некој делишес што мириса на портокал и на пепон и долго траел“. „Со овие вештачки ѓубриња земјата слабее“, објаснуваше едно малечко маже со црвена брада. „Тие што велат не слабее, така велат. Јас гледам со годиње се престорува во некој метилав џигер. Ветеринарите велат, така дише. Соколе, ако дише земјата, таа слабее“. Сандар се домислуваше да се присети како се вика мажето. Кратко време, сакаше да му противречи, потоа дувна во дланките и се загледа во орманот од лево. Беше качен на коњот и одеше нагоре со свиена глава. „Има ѓубриња што помагаат“, рече Сокол. „Жената фрли во градината и имавме арен пипер. Сега секоја година фрламе, ни земја слабее, ниту пак има друга штета“. Дрварите пак запалија цигари. Сандар не запали овојпат зашто знаеше, од потта ќе се наводени хартијата и не ќе гори тутунот. Треба само да шмукаш, тоа може да те налути. Дрварите долго разговараа како можат да се соберат пари од земјата. Кога би се саделе бадеми во овој крај, би можело да се соберат пари. Во градовите, бадемите убаво се трошат. Граѓаните често не знаат што купуваат. Тие сметаат дека им испаѓаат оревите поскапо. А еден бадем, луѓе мои, внатре нема ништо. Туку најмногу во овој крај треба да се одгледуваат крави за млеко. Преку целата година има вода, ливадите се косат три пати и четирипати, а кога би се решиле сите да одгледуваат крави, ќе се научат да произведуваат многу сено. Во Шведска, пријатели мои, зборуваше еден од дрварите, само од крави живеат. Таму пак, жените ти биле чудни. Ќе му рече жената на мажот свој, оваа недела ќе појдам некаде, ќе појдам во друг град и не чекај ме десет дни. По десетина дни ќе се врати и тој знае оти таа се јавала со други. Во овој крај можат да се одгледуваат и пчели. Тука, кошниците можеш да ги наредиш секаде. Во дворот, во ливадите, во лозјата, во бавчите. А и коријата наша е сосема близу. Читав, медот бил убав за срцето, за бубрезите и за туберкулозата. Мајката, не сум се надевал дека медот можел да биде лек за толку болести одеднаш. Ми се стори, шведските жени ги спомна само така, рече Сандар. Горештината се влечеше по нив, како послечина од родилка, а се чинеше и дека врне горештина. Во сетливи налети, таа паѓаше долу како руна смрдлива волна, како стомаци од топли животни. Треба да се соблечам гол, рече. Селаните на магарињата зборуваа и за водата во селото. Во ова село Добридол, може од неколку места да се донесе вода. И тоа каква вода братко мој, горе, над штабот каде што живеат војниците, може да се направи резервоар и оттаму да се пуштат цевки по куќите. Едно такво место, како ова нашето, може да одгледува и кокошки. И да не бидат куќите нагнетени, луѓе мои, една во друга. Во нивата ги држиш кокошките, па на другиот крај ќе ја кренеш куќата и така, селото да биде раширено низ полето. На куќите можат да се направат убави ветрокази од ламарина. Памфил Веловски може да прави ветрокази и од суви борови штици. Тие негови ветрокази, кога ќе дуфка, можат чудесно да тропкаат. „Тоа не е лошо, Сандар“, му рече Сокол Педата. „Јас со ноќи сум размислувал за ова. Не е никако лошо. Ова наше место е заградено и не може да го бијат силни ветришта и зими. Горе е планината, Исток, а од долната страна не пушта езерото. Оваа работа со кокошките, ми се допаѓа најмногу“, зборуваше, па се изненади што има и други луѓе кои размислуваат за тоа. Ако зборуваат така, белки не ќе се скитачи, рече. Како треба да се облекува за да биде задоволен? Ете и тоа е важно прашање. Дури поважно отколку што изгледа, зашто облекувањето раскажува за најискрените работи во човекот. Но луѓето не се загледуваат во облеката за да го откријат тоа. Тоа го открива само сопственикот на облеката. И потоа знае каков човек е. Точно знае, тука нема лаги и самоизлажувања. Облеката не е виновна за тоа, рече Сандар. „Во нашето место можат да се ископаат и рибници. Рибниците во горештињето држат свежина и имаш постојано риба“, зборуваше малечкото маже. „За рибниците“, рече Сандар, „откога те чув се сетив. Рибниците, исто така се чудесна работа. Само треба да се донесе вода од планината за да тече постојано во нив и да истекува на другаот крај. Гледате, рибниците се многу чиста работа и богата работа. Човекот треба само да се реши. А тука луѓето работат од се по малку и цела година работат речиси за ништо.“ Господии, па ова се зборовите на стрика му Мануила. Онаа пролет кога косеа во Драгазијата Богородица и кога му зборуваше на старецот Пано Гредов. Тој ден, Пано му кажа на Тихона Пламенков, ти Тихоне, имаш син којшто знае да прави одлична шака. Ако е тоа што отишла мајка му кај баба му некое одење за одмор. Тие таму разговараат долги години за исти работи. Тоа семејство во се е поврзано, сите во се се поврзани и имаат нерасчистени работи, па никој не знае. Него тоа го одбива. А сега, во ова дружина дрвари е и мажот на Јагна Гулабова. Зошто не му зборува нешто на тој човек Сандар. „Ти Најдо, што мислиш за ова“? го праша. „Ама јас, Сандар, сум човек што сака ред. Јас сакам, во куќата сè да ми е наредено, па нека видат другите и нека направат. И за рибниците е така. Ние немаме видено во селото рибници. Јас би направил куќа крај реката и рибник би направил“. Тој сепак се плаши од Јагна. Таа жена, може да притиска. Првин сакаше да рече нешто зајадливо и потоа се смири. Неа во сè ја слуша Најдо. Можеби е горд што се мие со градски сапуње, па затоа, започна да зборува за редот и чистотата. Јагна Гулабова е опасна жена за еден ваков збунет маж. Сандар не би можел да ја поднесува Јагна. А што можеш ти, драги Сандар? „Ние разговараме за тие работи“, рече. „Не може една куќа да ги има сите тертипи, туку секоја куќа да има по нешто и на тоа да се посвети. Од кокошки, може да живее овој наш крај. Целото поле може да биде покриено со бели кокошки и да не се знае каде завршува водата на езерото, каде почнува белината на кокошките.“ Сите дрвари нешто друго мислат. Кога се зборува нешто, веднаш кај луѓето се јавува отпор против тој разговор. Објаснуваат, се согласуваат, но во себе мислат на свои работи и на свои грижи. Кога ќе се вратат од дрва, ќе треба да ги намачка чевлите со боја. Целв лето стојат на чардакот и кожата ќе им испука. Тие чевли му се погодени. Кога ќе се скине ѓонот, ќе им стави друг, зашто се погоди убава кожата. „Дали го познавате еден човек што доаѓа често во Добридол“ праша Сокол Педата. „Сакаат да отворат фурна“, рече Најдо. „Од градот го праќаат да се договори со одборот за да отворат фурна. И тие што доаѓаат да летуваат, ќе можат да купуваат леб. Да си кажиме право, нашиот леб е многу сув. Ние откога се паметувам јас, месиме леб од недела на недела. Така е во овој наш крај“. „Некако само шета“, рече Сокол. Горештина, горештина, горештина, рече Сандар. Му се јави онаа снеможеност и беше уверен дека не ќе разговара повеќе. Сандар кога оди се ниша во рамената. Тоа не му е телесна маана, како што се вели на регрутацијата, туку му остана од оние желби. Првин мислеше дека ја држи главата сведната и се учеше да оди со крената глава. Потоа од ден на ден ги држеше испрчени градите. Така, се ќе пронајдеше дека нешто на него не е во ред и го поправаше. Па сега има изгубено природност. Му се стори дека тука во нивна близина, се вртка Сандар Вториот. Де ќе се јавеше лево во орманот, де десно. И си беше мирно и молчаливо момчето. „На Фидана татко му, велат, полудува“, рече мажето. Дрварите тогаш започнаа да зборуваат за луѓето од Добридол и кажуваа кој е скаперник. Во нашето село има луѓе што не ја даваат од себе крастата. Ќе ги гледаш собираат по патот клечки и парчиња стакло. Не знам како се погодува тоа, ама многу жени, откако ќе се мажат, ќе бидат исти како нивните мажи. Да ги видиш некаде на свадба, прилегаат како брат и сестра. И тука кај нас, луѓе мои, многу се краде. Таков човек, јас не сакам да видам, а не ги знаеме, и се поздравуваме со нив. Овој наш обичај во нашите места не е некоја арна работа. Треба секого што ќе го сретнеш на пат, да го поздравиш. Во другите села, луѓето се држат меѓу себе; кога ќе треба нешто да се стори, го прават заеднички. А Грбевица Зурова, се знае, може дете од несама да украде. Ако не украде ништо денеска, ако заборавила да украде, ќе стане ноќта и ќе украде герамида од некоја авлија. Сандар сакаше денеска убаво да се чувствува. Првин го налегна горештината, а сега започнаа и бубрезите да го болат. Лекарите му рекоа дека не се бубрези. Им однесе моч и лабораториски се докажа дека не се бубрезите. Белки не е опасно. Дрварите продолжуваа да зборуваат. Кај нас, човек може да забележи многу долги стреи на куќите. Зошто еднаш не решиме да не оставаме цели улици меѓу две куќи? Таму децата по цел ден седат. Нагазуваат на скршени шишиња и во секоја таква уличка има отепани мачки. Во една од тие улички Сандар и две други дечиња од маалото ја започнаа најпрвин онаа игра. Не се сеќава кој им кажал да ја играат играта, но паметува дека тука првпат ја научија играта маж и жена. Девојчето беше помалечко од нив и ќе легнеше во влагата, па лежеа тие врз неа, еден по друг со ред. Ништо не правеа, само броеја кој колку ќе остане врз девојчето. Првин Сандар. Ке броеја до дваесет и ајде, Сандар, стани сега ти. Понекогаш успеваше да ги натера да бројат повторно, зашто или брзо броеја, или згрешуваа во броењето. И ќе дојдеше другото дете. Другото дете беше Дине Календарски. Да не беше тоа Илинка. Да не беше Илинка, господе? Не, едно од тие девојчиња умре. „Да застанеме тука“, рече Сокол Педата. „Не, ќе одиме луѓе горе“, рече Најдо Гулабовски. Пред да дојдат војските, во зградата што беше изградена за војници, немаше никој. Едните војници си отидоа, селаните ја ограбија зградата. Тогаш дојдоа селани со мазги и од Даброво, и земаа и тие се. Кога не остана ништо, ги собраа тарапчињата од оградата. Тогаш оттаму помина калуѓерот Калуш, луѓе мои. Калуѓерот. Калуш ги исплаши дечињата и на едно му се запна ќурдичето на оградата. Се откорна тарапчето и така селаните дојдоа на идеја да ги ограбат и тарапчињата. Тоа најпрвин го виде Тихон Пламенков, луѓе мои. Тихон Пламенков не зеде ниту едно тарапче; тој селанец имаше разбирање по малку во дрводелството и немаше волја да упропастува дрводелски работи. Тарапчињата беа зелено обоени. Потоа, некој се сети на сеното и селаните се закопаа во правта и запурнината. Откинуваа купови сено и велеа, овој куп е мој. Ќе појдеа на големите сењаци, а други го земаа сеното вдто го откинале. Многумина си ги загубија чевлите кога го крадеа сеното. Поправо, левиот чевел си го загуби само Мануил Пламенков. И тогаш беше она мирно време. Селаните чекаа нешто, а ништо не доаѓаше. Дечињата шетаа низ дворот на зградата и така некако на сонцето, се научија да онанираат. Сандар беше и меѓу нив. Беа најмалечки дечиња. Изутрина, ќе наседнеа сироти сонце крај ѕидот и се задржуваа до пладне. Ќе јадеа дома и пак доаѓаа. Сандар и едно друго дете, син му на Порфира Календаровски, Трендо, долго доаѓаа во дворот на зградата. Од тие дни беа блиски и кога пораснаа. Знаеше, за да се почитуваат ги држеше она време и кога беше болен тој Трендо, Сандар одеше по болниците да го посетува. Но тука нема ништо ново. Ништо не се изменило, господи. Дрварите тогаш зборуваа за некакви сини води. Тој се мачеше да дознае како започнале да зборуваат за сини води. Сината вода, да се стави во болно уво служи како добар лек. Таа се добива од прости тревје. Безбели има такви тревје тука, околу нас, но ние не ги познаваме. Еден козар од Егејска Македонија знаеше од тревје да направи мевлеми и многу болести лечеше со тие лекови. Туку се врати тогаш пак таму да војува и не се појави. И кога го спомнаа падарот, Сандар заслуша внимателно. Падарот Германа, денеска ќе го закопуваат, рекоа и не зборуваа повеќе за него. Всушност, Симо е жив. Па Симо е жив, рече Сандар безволно. Најпосле стигна до горното сечиште. Се симнаа од добитокот и започнаа да јадат. Скоро сите имаа леб и сирење. Селаните, берењето дрва не го сметаат за тешка работа и не земаат во планината тешки јадења. Само Најдо Гулабовски имаше две конзерви. Едната ја отвори и им подаваше на другите парчиња туткалосано, мелено месо. Ама што ти треба, велеа дрварите и земаа. Другата конзерва Најдо ја стави во торбата. Во торбата имаше и други работи и пешник леб. Никој не се зачуди со тоа или не можеше човек да препознае дали се чудат. Откако јадоа, запалија цигари и поразговараа за безначајни работи. Најпрвин прозбори Сокол Педата. „Ти гледам луѓето што одат секој ден на езеро, не се поздрави од тоа“, рече. Напати се чинеше, друго мислат. Нешто криеја од себеси или веќе се им беше познато; што било да зборуваат се разбираат меѓу себе. Потоа разговараа за шумските дрвја. Еве, нашата планина не е многу голема, нема да речеш некое недогледно пространство со шуми, но шумата тешко се оголува до крај. Колку големи пожари сум видел јас во овие шуми, ќе направат црна вула среде орманот и за кусо време се ќе поднови. По тоа се гледа колку е малечка човечката сила, а и луѓето, ако сте забележале, во шумите се многу малечки суштества. Шумите не се заразуваат како јаболката. Ако е болно едно шумско дрво само тоа ќе си умре, а јаболката се заразуваат сите како од чума. Во селскиот дуќан, зборуваше друг, од завчера даваат стока на вересија. Знаат, јаболката, пиперот, оревите, ќе им ги продадеме ним и ќе си го задржат долгот. Јас едно се чудам, се чудам како може наши луѓе да станат толкави лажачи. Ние сите нив ги познаваме, тие што се во задругата, а не ограбуваат како да ни се најголеми непријатели. На Сандар му падна на ум, како шеташе низ сокаци студентот што беше болен од туберкулоза. Игор Брезов, сакаше да прозбори. По војната, тој постојано зборуваше дека ќе се врати во Чехословачка, да ги дозаврши студиите. Младинците повторно ги учеше како да ги покануваат девојките на игранките и не е лошо, ако купат сите по едно рало бели нараквици. Во горештината дланките се потат и не е убаво да ти се лизгаат по фустанот на девојката. Тој постојано носеше едно тенко стапче и стана голем мајстор за прошедби околу селото. Тој прв им кажа на селаните дека треба да ги одржуваат конференциите со дневен ред, а не да се зборува за сешто. Тогаш, сите селани рекоа, па тоа е исто по старото. Сега се знае дека студентот пишувал и песни. Една учителка за тоа можеше да докаже, но откако умре тој, таа избега некаде. Студентот Игор Брезов, умре две години по војната. Сандар за целото тоа време не успеа да се сретне со Игора. И пак се зборуваат исти работи. Мажето зборува исти работи. А пред тоа, студентот одеше во некои куќи и ги советуваше домаќинките да не постапуваат така со невестите за кои се зборуваше откако си отидоа војските. Во Чехословачка, им објаснуваше, жената многу се цени. Дали се видел насамо со Спасија по војната, рече Сандар? Дрварите објаснуваа зошто е најдебела кожата на волот кај вратот. Тоа парче кожа, ви велам јас, е најпогодно за да се стави на гужвата од јарем и на гужвата од чун. Јаремот, кога е волот жив, тоа место го има направено како челик и ништо не го кине. Еден кондураџија во Битола, мајката, тој човек имаше чудно име, се викаше Певал, така на шака ми рече да го удрам со чеканот над коленото. Јас го удрив. Тој се насмеа и рече, удри посилно. Јас замавнав доста силно и ништо не му беше. Ми рече, тоа е затоа што на таа нога ја става кожата кога ја чука за да се истенчи. И така од година во година, таму кожата му станала дебела и бесчувствителна. По војната, се сети Сандар, во селото една година остана и младиот поп. Тој ги правеше кулисите за приредбите. Еднаш, нацрта цела бавча во цут и не се разликуваше од вистинска. Жените што беа седнати во првите редови во салата и што можеа да чујат што се зборува на бината, постојано плачеа. Таа болест која што се јавуваше кај нашите жени како несопирливо плачење, си остана и по војната. Плачеа и девојките и постарите жени. Кога ќе завршеше приредбата, ќе се качеа двајца младинци на бината и ќе викнеа, тишина. Потоа, на бината доаѓаше човек од блискиот град и зборуваше за акциите. Младинците ќе извадеа список и читаа, ги читаа имињата на девојките кои не сакаа да одат на работна акција. Ако беше девојката во салата, прашуваше дали е морално да се оди на акција. Младинците ќе шепотеа со човекот од градот и велеа, не е морално одењето на акција. Младинските акции се доброволни акции, на нив одат само тие младинци коишто сакаат да ја изградуваат нашата среќна, комунистичка татковина. Е ако е со доброволно, ќе речеше девојката, не одам. И потоа, девојката ќе ја избркаа од младинеката организација, затоа, во прво време, на приредбите доаѓаа само стари жени. Потоа, на сите акции одеа многу девојки од нашето село Добридол. Се враќаа со скорни на нозете и наоблечени со некакви жолтозеленикави, волнени војнички фанели и се познаваше дека одамна не беа прани. „Јас мислам, на секаков начин може да се дојде до пари“, рече Сокол Педата. „Само луѓето кога ќе се научат на еден начин, тешко можеш да ги одвикнеш вд тоа. И да им дадеш готови пари, ќе мислат дека тоа не се пари, не се оние пари што се чуваат“. Тие времиња, што беа постојано забрзани како во жетва време, направија дом и патиштата ги направија. Се научија да зборуваат некои други зборови. На пример, еманципација и бруталност и соодветно и конкретно, прегорност, паразити, односи. Новите зборови не ги разбираа. Од многу употреба, зборовите добија некои други значења, но сепак, селаните се разбираа меѓу себе. Потоа, наскоро, пак се јави оној гол инстикт за скитањето. Долна Долина пак се престори во болна жена, која што боледува од треската за бегање. „Ајде Сандрушка да започнеме“, рече мажето. „Ти си се замислил нешто“? праша. „А, не“, рече Сандар. Станаа сите, ги зедоа секирите и започнаа да одбираат погодни буки. Сандар се доближи до една и се токмеше да замавне. „Не таа, Сандар“, рече Сокол. „Неа, цел ден не ќе можеш да ја расцепиш. Дојди зафати се со мојата, јас ќе најдам друга“. Ги соблекоа палтата, а Сандар ја соблече кошулата и беше гол до појас. Уште пред да започне да замавнува со секирата се испоти. Ја стри дланката по вратот и му се налигави со пот. И започна да сече. Так, так, так! Секој на свој начин.И планината. Кога сакаше да ја избрише потта од очите, ја сврте главата. Под него беше мажето и повеќе од половината го имаше засечено стеблото. Сандар знаеше да прави засек. Да го видеше човек засекот, му беше мајсторски. Но не беше само во тоа работата. Старите дрвари знаат илјади начини да го соборат брзо дрвото. Потоа, ќе го иструпат и најголемото мајсторство се гледа при цепењето. Тие се како оние луѓе што се занимаваат со делкање на камеиот. Ќе потчукнуваат, мислиш на шега и каменот ќе се одвои како штица. Прав, без назабувања. Сандар почувствува во дланките меури. Кога ќе пукнат, многу пржат. Так, так, так. Оа, оа, оааа. Мажето ја кутна буката. Никој не рече ништо. Сандар сети гризење од киселина во зглобовите. И во стомакот. Не беше во стомакот, некаде горе над стомакот. Но имаше сили и знаеше дека ќе го прегризе стеблото. Една по друга, започнаа да паѓаат буките. Во нивното паѓање се слушаше шум на пороен дожд, веднаш потоа на ветер, на блеење на овци, на пиштење на змија и на плачење, на огромен пожар, на уривање на земја. На крајот се слушаше тап удар со тупаница по глава. По темето. Едно време и Сандар ја обори својата бука. Кога започна да ги кавти ветките, некои од меурите му пукнаа, тој само ги сети и започна да одмавнува. Ја избриша потта од очите и сакаше да започне со трупењето. „Доста е Сандар“, рече Најдо Гулабовски. „Твојата ќе ја суредиме за другата тура. Ние набравме дрва за повеќе товари. Ако не стигнат за другата тура, ќе ја суредиме и таа бука“. Започнаа да ги страничат дрвата за товарење. Беа бели и миризливи цепаниците. Месото на буката кога е пресно расцепена убаво мириса. Може да се рече, мириса како онаа вода што ја прават жените пред Ѓурѓовден со цутови од здравец, јанодрво, зајчино усте, кадифе, кукавичино грозје, босилек, трендафил, зокум, боливач и други листенца и цветови. Потоа со таа вода најпрвин се мијат дечињата. Кога е топло времето, ќе се стави коритото во дворот и дечишата голи ги бањаат во коритото. Коритото, иако е од чамови штици, не пропушта вода, зашто во него се меси леб и по сите цепотки како катран е засушено тестото. Навечер, во коритото се мијат постарите. Некои љубопитни дечиња се наѕираат, да ги видат мајките голи. Кога си дете, голата жена изгледа огромна. Илјада пати, сто илјади пати поголема, рече. Сандар. И стоилјади пати секогаш исто. Ќе ги рашириш очите и не можеш да ги догледаш сите нешта на голата жена. „Најубави дрва за горење се оние што не се многу пресушени“, рече мажето. „Тогаш, тие при горењето пуштаат планински мириси“, рече Сандар. „Е тоа Сандар“, рече мажето. Започнаа да товараат. Првин ги товараа магарињата и ги пуштаа да одат. Потоа мазгите по она црвеникаво коњче и на крајот коњот на Сандар. Сите убаво ги натоварија и седнаа. „Сандар, ти појди со добитоците и врати ги назад. Ние ќе ги настраниме дрвата и ќе принабериме ако треба“, рече Најдо Гулабовски. „Ако сакате, да останам јас“, рече Сандар. „Тогаш јас ќе појдам“, рече мажето и тргна по патеката. „Кој има нешто за порачување“, праша но не. се обѕрна. Најдо е мој врсник, рече Сандар кога го гледаше како запалува цигара. Ги виде дланките полни со крв и ги скри во тревата. Се сврте на другата страна и запали цигара. Дрварите, како да не акале два часа со секирите. Беа мирни. Сандар стана и ги стрничеше дрвата. Правеше големи товари. „Остави Сандар, има време“, рече Сокол Педата. Сандар сакаше да појде на буката и да мава со секирата. Не се реши, зашто ќе ги искинеше дланките. Кога ќе започнат да се лупат, треба да се врзат и да се чека да прездравеат. Едно време ги настрани дрвата и останаа уште многу цепеници. Тие така ќе лежат и никој не ги товара. Дрварите сакаат постојано да сечат нови буки. Ветките и цепениците што ќе преостанат, згнијуваат. Во неговото село Добридол откако паметува тој, многу бавчи со јаболка се исечени. Тие меѓу себе така си одмаздуваат. Ќе се прочуе, таа и таа бавча ја исекле. Скоро во сите случаи се знае кој ќе го стори тоа. О, господии, уште што не е кажано, рече Сандар. Не одат да му дадат на знаење директно, но ќе се чујат зборови. Сега одамна не се исекла некоја бавча. Сандар се врати кај селаните. Неком спиеја. Сокол и Најдо не спиеја. „Легни Сандар, одмори се“, рече Сокол. „Ако легнеш покри се, зашто ќе настинеш“. „Не ми се спие“, рече. „Јас мислам треба да се чистат шумите. Дрвјата ќе растат побрзо и ќе бидат поздрави. Некаде шумите убаво се чистат, тоа е позната работа“. „Сигурно, убаво е ако се чистат шумите“, се согласи Сокол. Како да стивна горештината. Преку денот, понекогаш има такви мигови, ќе папса горештината. Сонцето си пече и натаму, земјата врие, туку се чувствува човекот полесно. А и тоа зависи од настроението или ако си цел ден на сонце, од тој момент телото ќе реши, ќе свикне, инаку да ја поднесува горештината. Луѓето сметаат, мислеше Сандар, дека имаат многу моменти во својот живот што треба да се паметуваат. Некои кога раскажуваат за себе, не се надеваат дека толку малку работи треба да се знаат за нивниот живот. Додека не провериш што си направил интересно и несекојдневно, сметаш дека твојот живот е преполн со интересни приклученија. Не е така. Многу поголем дел од животот зафаќаат оние дни што прилегаат еден на друг. Тие дни, ако сакаме да бидеме справедливи, се нашиот живот. Човекот може само да го менува местото на живеењето, може да преноќева секој ден на друго место, но тој си е тој. Тие пак што решиле да ги откријат континентите, планињето и морињата, можат да раскажуваат дека останале цел живот таму. Но за нив може да се рече дека тој живот им е обичен, а оној што се поминува мирно секој ден крај масата и крај огништето, тие не го познаваат; најмногу новини сепак доживуваат оние чиновници од најдолните класи. Тие многу размислуваат за различни работи. Големите авантуристи имаат најневозбудлив живот. Може да се опише со неколку зборови. Стануваат, самите си зготвуваат појадок, ќе изминат одреден број километри, ќе ручаат, ќе ги прегледаат инструментите, ќе се одморат и ќе продолжат. Тоа е еден нивни богат ден. Номади. Саракачани. Всушност ми се спие, помисли Сандар. Луѓето што не виделе ништо, побогати се затоа што сите големи доживува-ња ги замислуваат. „Таму во градот, играте ли карти, Сандар“? праша Сокол. „Јас не играм на големи пари. Порано играв почесто, а сега слабо. Таму во градот има групи момчиња што играат карти на по едно кино. И често, тој што губи не плаќа. Други групи играат покер и тука сè се плаќа.“ „Сокол е голем картаџија“, рече Најдо Гулабовски. „Кога би дошол во градот, не му треба ништо да работи“. „Јас навистина играм карти“, вели Сокол Педата. „Понекогаш ќе појдам и по градовите да играм и секогаш добивам. Само, јас не би живеел во град. Не за друго, туку не можам да одам уредно облечен. Никако не можам целиот стегнат и чист. Да ви кажам, јас тука ќе останам“. „Тоа е многу убаво, Соколе“, рече Сандар. „Дури и да појдеш, кога не ти се оди, исто ти е. Ете, мене ме зарадува кога те чув“. Сокол Педата. Кој му го прилепи тој прекар. Голем е, здрав, а го викаат Педата. Кога беше војник, излагал некоја ученичка. И рекол дека е лекар и таа му поверувала. Потоа си дојде во селото со огромен коњ. По еден месец, дојде татко £ и го молеше да напише писмо за девојката во кое ќе објасни дека не е никаков лекар. Сокол напиша писмо. Така се откри таа работа. Оние ученици што учеа со Сандар во селото и што појдоа во градот да завршат средно училиште. Оние неколкумина со купови политички книги. Се знаеше дека сакаа повеќе да читаат биографии. За првпат им растеше брада и беа свесни за тоа. Тие најпрвин беа свесни. Пред сите другите. А не беа добри ученици. Беа расеани и се радуваа од животот во книгите. Потоа започнаа да ги повторуваат класовите и станаа повлечени. Некои од нив, беа членови на младинските комитети. Така некако завршија училиште. Потоа дојдоа другите години и тогаш се јавија ученици што ги разбираа политичките книги. Пишуваа во весниците кога појдоа на факултет. Двајца од неговото село, од онаа група што читаа најпрвин политички книги, постојано раскажуваат дека ги следат луѓе во црно. Се обидоа да појдат да студираат, а луѓето ги следеле и во градот. Велат, нив ги следат луѓе во црно само во градиштата. И се вратија во Добридол. Се присети Сандар и дозна дека тие двајцата не доаѓаа под крушата. Едниот од нив беше избеган. Се јавил од Америка. А не се знае како започнале најпрвин да мислат дека га следат луѓе во црно. Во селото Добридол сите знаат дека никој и никогаш не ги следел, но не им зборуваат за тоа. Тие беа првите терористи и првите убијци од нашиот крај. Но тие пораснаа по војната и немаше каде да бидат употребени за да живеат одушевено. „Колку да има часот“? праша Сокол. „Ќе да е пладне“, рече Сандар. „Јас ќе појдам да вршам нужда“, им кажа Најдо. „Јас сум ти човек незадоволен, Сандар“, зборуваше Сокол Педата. „Мене не може многу да ми се допадне човек, ако напредува во животот. Како сака нека напредува, јас не можам да го поднесувам. Ноќе кога размислувам, ќе пронајдам луѓе на кои ништо не можеш да им префрлиш, туку јас, просто ти мразам“. Дали е ништожно ова доверување, во оваа голема планина? Сосема чисто се сети Сандар. Кога ќе одат селаните на мезе по куќите што слават. Претпладне, пред ручекот во толпи празнично облечени, влегуваат од куќа во куќа. Потоа, кога ќе дојдат дома, раскажуваат какви им биле софрите на тие што слават. Се споменуваат сирења, туршии, пекмези. Тогаш мажите прилегаат на жени, по она свое оговарање. Во ова село, мажите и без тоа многу прилегаат на жени. Дали Трена го кажа првпат ова забележување, дали Тихон? Тихон најчесто молчеше. А кога одеа по славите заедно со сина си Мануила, Тихон во својата душа не мислеше убаво за својот син. „Ако гледаш нагоре, вака легнат на тревата, чудно се чувствуваш“, одненадеж рече Сокол. „Или тоа доаѓа кај мене од мојот неуспех. А јас не сум виновен за тоа, мене татко ми Лазор, речиси, ништо не ми оставил за да започнам со нешто“. Сигурен сум, дека овие дни, тоа за одењето по славите, сум го рекол некаде. Сигурен сум сосема. По милјонити пат, мајко моја. Ако е тесно местото каде што живеат луѓето и животот е тесен. Се натрупало се како во невестински ковчег. Оние неколку златници и малечки крпичќи за ништо неупотребливи. И некое шамивче, што и го Дал првиот љубовник, или раката трева од местото каде што лежела кога првпат се подала. Затоа, таа сиромаштија се замачкува со обичаи. Нема ништо, нема ништо, нема ништо. Исти зборови од баби прабаби. И секаде, кога одат некаде жените, кога седат, кога зборуваат, нешто околу нив завива. А ние веруваме, им се менува сјајот на очите. „Па ете, ти тоа го знаеш, Соколе“, рече Сандар. Еден ден ми е добро, еден лошо. И тоа станува монотоно. Замириса на здравец. На суви трупци низ кои направиле врвици семсекакви ларви. Тој мирис е сличен на мирисот на земјата. Мора така се најпрвин да замириса пред да стане земја. Во планината нема земја. Ретко во планината, можеш да помислиш на гола земја. Постојат оние малечки одрони што прилегаат на сипаница. Некоја дебела, средовечна жена што лежеше гола и мртва во некое одајче. По градите и стомакот како пот и се нафрлиле брадавици. Значи туку што умрела. Дали е тоа начин на дечињата постепено да им даваат можност, да се запознаваат со голото женско тело? Дали е тоа воспитување, па затоа дечињата кога ѕиркаат при пресоблекувањето на мртвите жени не ги бркаат? „Соколе, си видел ли ти мртва жена“? Сокол спиеше. Одозгора слегуваше Најдо Гулабовски. Сандар фрли едно палто врз себе и се преправаше како да спие. Тоа ти се различни воспитувања, мислеше Сандар, се потеше и морници му се искачуваа по телото од нозете нагоре. Но тоа му причинуваше задоволство, зашто се чувствуваше снеможен, лесно болен и можеше да лежи. Знаеше дека Најдо стои зад него и не се помрднува. Може да се рече дека повеќето од времето од животот се поминува во таква лесна болежливост. Човекот се навикнува на таква здравствена состојба и тогаш ги врши најважните работи. И тогаш можеш најубаво да размислуваш. Со време тоа станува нормално па човек не може да се сети дека некогаш бил сосема здрав. И оние нервирања доаѓаат кога ќе настапи период на долго здравје. Тоа време може да те натера да се сомневаш во себе, да се уверуваш, дека си изоставил нешто важно и готово, веќе си излезен од такт. Му дојде да се насмее во себе, зашто знаеше дека сето тоа е измислена работа. Во животот се случува се обратно. Во последно време се поведува на една појава да нагодува некои работи, иако знае уште во почетокот дека не е така. Бездруго токму тоа е повод да се нервира. Сега знае, секој човек и нервозата некако потсвесно ја планира. Ако можеш да се сетиш тогаш на тоа, сосема е возможно да се спречи нервозата, зашто ги знаеш нејзините елементи што доаѓаат секогаш пред да си немоќен веќе да сториш нешто. Но и тоа е навика. Се вслуша Сандар и го препозна дишењето на Најда меѓу другите. Беше легнат и тој и спиеше. Му беше убаво што беше сосема сам. И му беше убаво што го болат рацете. Тоа ти е доказ дека си исполнил една желба што си сакал одамна да ја исполниш. Без исклучок, кога ќе направиш некоја работа по пауза мачна и здодевна, малку или повеќе си оптимист и градиш во таа смисла планови за иднина. Понекогаш ќе се натрупаат многу планови, еден се турка пред другите како селаните на причесна во црквата и ќе се создаде една тежина, едно заплеткано клопче, па ќе те заболи главата. Заспа и Сандар. Наеднаш и длабоко, иако не беше навикнат така да заспива. Таков сон значи полн одмор, полн заборавање. И кога се разбуди по два часа, беше здрав, само дланките многу го болеа. Но тој болеж доаѓаше од некое друго место. Немаше ништо заедничко со Сандар, со Сандар Вториот, со неговото расположение. Сокол полека јадеше леб и сирење. И Сандар ја одврза шамијата и започна да јаде. Другите дрвари пушеа. Тие сигурно се разбудиле порано, па каснале тогаш, па сега пушат. Најдо Гулабовски пак не беше меѓу нив. Над нив како смрзнат лој, беа надвиснати камењето од грмадата. Како што беше долот, беше преполн со огромни камења што зафаќаа околу петстотини метри во широчина и преку два километра во должина. Сигурно тие камења ги исфрлил некој вулкан. Го затнал долот со лава, а дождовите потоа ја изделкале лавата, ја измоделирале во блокови. Низ пукнатините растеа јагоди и малини, магарски трње, здравец, боровинки, по некое струпливо стебленце. По краиштата на грмадата растеше трева. Под камењето клокотеше вода. На неколку места, водата излегуваше надвор меѓу пукнатините, правеше вирчиња и пак се скриваше долу во студенината. „Каде е Најдо“, праша еден дрвар. Спиро дрварот, рече Сандар. „Најдо е низ шумата“, рече Сокол, „Ми се чини го тера понадвор“. „Соколе, навистина ли свекорот на Илинка е луд“? рече Спиро. „Да го гледаш надвор кога е на улица, мирен е. Во што е неговата лудост“? „Стар човек“, рече Сокол Педата. , „Ако е луд“, продолжи Спиро, „тоа е поради Илинка. Не сум видел толку убава жена. Не сум видел таква убавина во овој крај“. „Татко £ на Илинка беше убав маж“, рече Сокол. „Тој беше најубавиот маж во овој наш крај. Јас го паметувам пред да го убие внук му Стефо. ., „И Јагна на Најда е убава. Тие две жени се најубавите жени во ова село“, рече Спиро. „Јагна со тоа нејзино нераѓање, ќе се раскурва“. „Иде Најдо“, рече еден дрвар Петко, се сети Сандар. По сонот беше бистер и задоволен, Му дојде да запали оган, но змаеше дека наскоро ќе се врати мажето. Мажето Јонче, се радуваше Сандар. Над нив небото беше со долги линии. Нема облак, ништо, туку знаеш дека постојат линии. Ти се чини, стотина мажи фатиле огромен мутаф за краиштата и го влечат по небото. Сега околу нив постојат многу животни скриени во шумата. Кога би излегле да шетаат спокојно, никој ништо не им прави. Онаа луда страст за убивање се раѓа кога ќе започне бркањето. Ако сакаш да фатиш некое животно и ако е тоа сосема мирно ништо не му правиш. Но кога ќе започне да бега, ти се запалува крвта. Првин веруваш и ако го фатиш, ништо не му правиш, туку потоа ќе љубомориш на неговата кондиција, на неговите вештини и тоа животното е осудено на смрт. Подобрите секогаш се осудени на смрт. Многупати се има случено говедарите да фатат некој зајак смрзнат од страв од сенката на орелот. Ќе го погалат, ќе го задеваат и ќе им се нажали, па ќе го пуштат. Потоа ќе ги земат торбите и ќе јадат леб и праз. Безбели постои некоја врска меѓу оваа појава и скитањето. Скитањето се јавува како резултат на зачмаеност. Зачмаеноста и не постои, а селаните одморите во квечерините крај јазовите ги сметаат зачмаеност. Оние визити кога се оди од едно село во друго со целото семејство и со кучињата по иив и со коњи со црвени веленца со реси на самарите, мислат дека се зачмаеност. Кога ќе одат во Америка, најмногу жалаат по тие одмори и визити и се враќаат во селото. Човекот од Синориште, што купил земја со нафта во Америка станал многу богат. Но ништо не му било убаво и се вратил во своето село, за да може да клечи во јазот каде што прска колцето на неговата воденица. Бил многу среќен и сите пари ги потроши во градење цркви и кога не му остана ни цент, стана пак оној весел човек, којшто беше постојано закаран скоро со сите мажи на младите жени во селото Синориште. Скоро сите што се враќаат од Америка можат да бидат спокојни, ако успеат да не започнат со мудрување. „Денеска е голема горештина“, рече Најдо кога дојде одозгора. „Ако се вслушаш, пука кората на дрвјето. Таму, од онаа страна на градот, во некоја бука корублина, има мед. Околу мириса на мед како да е расфрлен по тревата“. „Се задоцни Јонче“, рече Спиро. „Безбели, тој ќе руча и ќе дремне дома“. Сокол извади нова чакија и го калеше сечилото на еден камен. Потоа ја бричеше мовта под лактот. „Годинава, крмакот не ми се погоди“, рече Сокол. „Го ранам како паша, ама тој не клава ни кило. Како 'рт е и трча по кокошките и по кучето“. Нема настани, рече Сандар. Дрварите пак налегнаа на палтата како да чекаа нешто да се случи. Во нивното село Добридол, се сети Сандар, има такви селани што лежат цел живот. Многу е интересно да се дознае како започнала таа појава во селото. Кога дојдоа првите доселеници во Добридол, не е возможно да ја донеле тие први луѓе. Меѓу нив немало такви луѓе, зашто тие биле многу подвижни планинци. Првите доселеници дошле со магариња и најпрвин правеле јажиња. Се искачувале на ридот и долго време гледале исправени во езерото. Биле најсиромашни луѓе и кога виделе толку богата клима, започнале да измислуваат обилни јадења. Од многу јадења им умирале дечињата и првите гробишта биле детски гробишта. Низ долината поминувал пат за Белото Море и некој Турчин што бил на поминување, рекол, оваа долина е моја. Тогаш, доселениците се поделиле на два вида луѓе. Едни признале дека долината е своина на Турчинот, а другите ги оставиле привремено семејствата и тргнале да бараат други земји. Или тргнале да бараат пари за да откупат земја од Турчинот. Така започнало времето на долгите патишта, а тие што го славеле Турчинот, станаа чиновници. Од нив се изнародиле луѓето што можат да лежат цел живот. Подоцна, тие за пари ги ослободувале момчињата од војска и ги праќале на големите патишта. Потоа, кога доаѓале писма, селаните ги викале дома да им прочитаат и ги молеле да им напишат писма за назад. Често, тие во писмата им пишувале шеговити работи. Еден од нив бил кмет во селото и на момчињата во Анадол, Лера, Влашко, Египет, а подоцна и во Америките, им пишуваше за белезите на нивните невести што ги имаат на боските, на стомакот на бутините и на грбот. На крајот, ќе им напишеше да му ги пратат парите што ги ветиле за откуп од турскиот аскер и ќе ја земеше раката на невестата, ќе ја легнеше врз хартијата, а со моливот ќе оставеше трага на хартијата каква што е раката на жената. „Вие Сандар, што сте појдени по градиштата да учите, што сте, ништо не сте“, рече Спиро. Него го убија комитите. Но селаните, за пари, комитите криво ги известуваа и тие заклаа неколку десетини невини селани. Таа нивна доверба уште оттогаш беше изгубена во нашиот крај. „Јас мислам треба да се замислите за тоа. Ете, ти си стасан за женидба уште одамна. Што чекаш? Кога ќе остарееш“, продолжуваше Спиро, „не ќе ти биде мил животот. Вие и нам ни правите штета. Му правите штета на селото. Останува без наследници“. „Можеби имаш право Спиро, само сè уште не сме престарени“, рече Сандар. А тоа не е така едноставно. Селото остануваше расечено на две и едната половина секогаш беа чиновници, а другата печалбари. И кога се сменуваа државите, истото си остануваше. И во куќите на чиновниците можеше да се видат оружја од различни владеења, печати, униформи. „Како не сте престарени. За мене, вие сте едни изгубени луѓе. Тоа време што го учите, да започнете да работите нешто, ќе бидете побогати и поздрави. Ама сакав“, зборуваше Спиро, „друго да речам. Нешто не е во ред, Сандар“. И постојано, кога ќе се обидеа селаните што не беа чиновници да станат чиновници и опашки, настануваа колежи. Во оваа долина војни се водеа со секакви средства за да станат луѓето поткажувачи. Имаше постојано и една болна подлизуркавост од страна на најсиромашните селани за да им се смилат на другите селани. Но тие најмногу што постигнуваа, постигнуваа да станат пандури, стапчии, селски викачи, питропи, падари, меѓутоа, навистина дознаваа многу тајни, вршејќи ги своите ниски служби. „Кажи ми ти мене, зошто јас сега да не умеам да разговарам со тебе. Пари имам и тука и на банките во Америка. Во Америка, сите луѓе се почитуваат меѓу себе, нема таму такви разлики. Кога ќе се враќав со стриткарот изутрина од работа, со комбинизонот целиот со кал и смрдеа, мистерите и ледите ми велеа, плииз, седни мистер, ти си работник и си уморен човек. Никој таму не те гледа во облеката. Ако ја види раката работна, те почитува“. „Смали малку, Спиро,“ рече Сокол Педата. „Што знаеш ти од Америка кога си работел цело време по три смени. Ти си ми кажувал, дека си се јавувал секогаш да работиш кога ќе штрајкувале некои работници, зашто тогаш повеќе плаќале. Ти си ми кажувал каде си спиел. А се сеќаваш, кога те терал босот да му скориваш зајаци за да ги лови тој? Кои мистери беа тие што се возеле со тебе во стриткарот смрдлив“? Несреќен им бил почетокот уште откога дошле за првпат со магарињата во овој крај. Барем да се одделело некое семејство и да се разликувало од сите другите. Секогаш останале две половинки неразделени и немало примери за друго живеење. Чиновници, поткажувачи и печалбари. „Во таа Америка, има клубови во коишто ниеден наш човек нема пречекорено праг“, рече Сокол Педата. „Секогаш е исто меѓу сите нас“, рече Сандар. „Зашто се обидуваме така да разговараме? Вие што сте отишле во Америка уште како момчиња, се вративте со ревматизам и злоба. Туку ние не сме виновни за тоа. И што се потсмевнувате така, кога стоите настрана од другите селани на Полената. Со тоа ништо не скривате. Во селото има многу момчиња што завршиле медицина и што се лекари. И да се насмевнувате така, тие по очите ве познаваат дека сте болни. Се возбудив, прости ми Спиро“, заврши Сандар. „А син ми не учи и само пари ми цица“, рече Спиро. „Не може да заврши и готово. Проклетник.“ „Тоа е друго“, рече Сандар. „Јонче многу задоцни“, рече Петко. Сандар потоа мислеше за тоа што му го рече на Спира. Сакаше да дознае дали е таков, тој, Сандар, Дали може тој да направи нешто што ќе го поткрепи тоа што го зборува, тоа што му го рече на Спира. Може нешто да се рече и затоа што ќе увидиш дека луѓето зборуваат некои работи само за да речат нешто. Тогаш едноставно ќе избувнеш, не како резултат на некоја мисија што сакаш да ја спроведеш, туку напросто затоа што имаш дваесет и четири години и во тој период и несакајќи си насобрал многу работи во себе, си го живеал животот. И ако му речеш некому нешто поостро, тоа го правиш несвесно за да се прекине разговорот што ти е здодевен, а веднаш потоа се чудаш од сопствената постапка, но телото е преморено и тоа не се обѕрнува на твоите размислувања, туку направило една акција, која што не можеш да ја двоиш од онаа што ќе ја направи тоа исто тело кога ќе почувствува дека е затруено. И тогаш дозна со некоја одвратност дека може во таа смисла уште долго да размислува. Беше задоволен што најде уште во почетокот решение. Кога ќе најдеш за таква работа веднаш решение, не значи дека и веднаш ќе престанеш со размислувањето. Само ако сакаш, можеш да повикаш на помош надворешни чинители, за да се прекине некако таа потресителност. Таа потресителна заморност. „Навистина, Јонче доста се задоцни“, рече Сандар. А тоа беше како да чекаше Јонче да го спомне Сандар неговото име. Тој веднаш се појави качен на коњот на Сандар и нешто свиркаше. Пред него одеа магарињата и мазгите. Кога дојде Јонче до дрварите, никој не го праша зошто се задоцни. Станаа сите и два по два задочнаа да ги товараат добиците. Јонче товараше со Сандар. Товараа едно магаре. „Го закопаа Германа, Сандар и тоа беше најубав закоп“, рече Јонче. „Тивко, без никаква врева и затоа што немаше кој да ги викне да јадат дома, си заминаа по куќите смирени. Таков убав закоп не сум видел“. Потоа Сокол и Спиро го товараа коњот на Сандар и беа натоварени сите магариња, мазгите и коњот. По патеката се слушаше крцкање, зашто цепениците се триеја една од друга. Дрварите појдоа по палтата и сакаа да се упатат по ајваните. Тогаш се јави Најдо Гулабовски. „Јас ќе пребегам преку граница, луѓе“, рече Најдо. „Зошто не рече уште изутрина“? праша Сокол. „Се плашев од Сандар. Ти Сандар, не лути се, јас не те познавам многу. А сега, вие додека ќе стигнете во селото јас ќе бидам на другата страна“. Сандар сакаше да скокне и да му удри шлаканица на Најда. Знаеше, веднаш ќе ги разделеа дрварите, но Најдо ќе добиеше една силна шлаканица. Потоа, помисли, дрварите можат да бидат и такви, да си стојат мирно, а тој не сакаше долго да го тепа Најда Гулабовски. Најдо, кога ќе се почувствуваше навреден, сигурно ќе се наведнеше да земе камен и Сандар не ќе смееше да стои мирен. Од друга страна, ако се обидеше да го задржи Најда да не може да го употреби каменот и ако не го тепаше натаму, тоа ќе заприлегаше на нешто друго. „Зошто да се плашиш од мене“, рече Сандар. „Што ве знам јас, Сандар. Вие школниците“. Го облече Најдо палтото, ја фрли торбата преку рамо и стоеше свртен кон дрварите. „Ти Јонче, појди до кај Јагна моја и помогни £ да го растовари магарето. Таа знае“, рече Најдо. „Е сега останете со здравје, јас ќе појдам“. „Ај со здравје“, рекоа нерешително дрварите. Најдо започна да се искачува кон шумата, а дрварите тргнаа по патеката. Сандар наеднаш почувствува силна желба да му каже на Најда за нивната средба со Јагна во пченките. Најдо, да знаеш, вчера ја преврнав Јагна во пченката твоја и внатре и го истурив. Таа желба беше силна како лудило и којзнае како се воздржа Сандар да не свика. И другите дрвари молчеа. Натоварените магариња, мазгите, црвеното коњче и коњот, одвреме навреме фрчеа со носовите како да им се полни со восок. Кога се искачија по страната на долот до сртот, дрварите подзастанаа и се свртија на таа страна каде што се изгуби Најдо Гулабовски. Шумата под нив, како да беше попрскана со нафта. Од тој запурен кожуф доаѓаше тежок мирис на нежни тревки, на гнили трупци, мирис од животот на животните, од умор, од некоја одмореност, мирис на води, на камења, некој птичји мирис, се чувствуваше и мирисот на тесниот простор под крошните меѓу стеблата и мирисот на многубројните патеки во орманот. Таму долу беа доловите посложни, окрвавени по страните од црвеницата, смирени на горештината со некои одвај забележливи лазења на животните или лазења што се привидуваа. Сè е исто и се чудиш како може тоа да биде. Таа голема мирнотија убива нешто во човекот, го тера да признае дека неговите акции се незабележливи во еден толкав простор. „Се чудам што му требаше на Најда да бега“, рече Јонче мажето кога заслегуваа по патеката. „Што може човек како Најда Гулабовски да бара во друга земја? Тој не знае дали му недостига нешто“. „Од недостиг, човекот не бега“, рече Сокол Педата. „Најсиромашните селани од ова село, секогаш остануваат тука. Овие другите, ги јаде нешто одвнатре. Еден на друг си завидуваат. А, Спиро, раскажи ти, како е тоа“? „Ајде“,рече Спиро. „Ајде да ги стигнеме ајваните“. До селото ништо не зборуваа. Кога влегоа во селото, секој од нив без збор се одделуваше од групата и тргнуваше по својот добиток. Кога ја отвори Сандар ширум портата за да може коњот да влезе со товарот, истрча баба му Трена да му помогне да го растовари коњот. Забележа Сандар, дворот беше изметен и не можеше да се сети дали е некој празник. Тие денови кога беше изметен дворот, на Сандар секогаш му останале во паметување како тивки и мирни денови. Тие празнувања без зборови. „Дедо ти“, рече баба му, „појде да пушти вода во ливадата, преку река, Присоо. Таа треба сега да се забрани, за да можат да пасат кравата и коњот. Како поминавте, синко Сандар, во планината“? „Убаво поминавме“, рече Сандар. „Најдо Гулабовски избега преку граница. На Јончета му рече да £ помогне на Јагна да го растоварат магарето“. „Што ќе бараат, боже, во тие далечни земји“, рече баба му. Но не мислеше на тоа што го зборуваше. „Оди во готварницата, јас ќе дојдам веднаш, само да го однесам коњот во племната“. Баба му скоро се врати и му даде на Сандар да јаде. Откако заврши со јадењето, сакаше да ги измие рацете, туку се сети дека му се испукани плускавците и појде горе на чардакот да легне. Спиеше долго. Кога се разбуди, сонцето туку што не беше зајдено. Сандар се чувствуваше свеж и низ пармаците на чардакот задоволно ги броеше парчињата сонце што се провираа меѓу процепите на куќите, се одбиваа од стаклата на прозорците и каде што беа прилепени ло земјата, или на некој камен, или во вирче вода, не создаваа никаква горештина. Сандар помисли, ова време, само дење спијам. Стана од креветот и ја викна баба си. „Бабо, вечерва мислам да излезам во полето. А, бабо, ако излезам? Се наспав. Ти не знаеш колку е убаво ноќе, во ова наше поле. Си скитала ли ти како девојка, ноќе во полето, Трено наша“? Беше фатен за пармаците и гледаше во коријата. „Што ти е тебе, Сандар“, рече баба му. „Што ќе барав ноќе во полето“, зборуваше таа радосно. Тој слезе во дворот и долго се миеше во коритото крај бунарот. Дланките првин малку му лутеа, потоа му се вдрви кожата. Баба му Трена во готварницата му стави на масата парче пржена риба, леб и порција мелена пченица со шеќер и ореви. Се најаде, стана, ја крена Трена баба му и ја изнесе во дворот, па таму долго ја вртеше во воздухот. На крајот ја вртеше на другата страна за да не им се мели умот. „Сандар, Сандар, што правиш со мене“, рече баба му. „Сега ќе одам по коњот“, рече тој. Кога одеше по улицата, нешто го имаше стегаато во градите. Тие затресувања, овие мои затресувања во градите, рече Сандар. Вечерва не сакаше да се сретне со Арона. Иако имаше голема желба да го најде за да го праша каде се собираат, вечерва сакаше да не го вознемирува никој. Сврте кон чешмата. Качен на коњот, беше одвоен од луѓето. Немаше никаква желба, да слезе во мислите од кошот, да истрча напред и да гледа како прилега тој качен на коњот. Кога излезе крај јазот, беше сам. И му беше мило што не помина низ Полената. Се наведна напред и го фати коњот за ушите. И коњот знаеше дека на тој начин Сандар го милува. Так, так, мој коњу, рече Сандар. И се загледуваше во патот, во камењето, во дрвјето. Многу се зарадува кога сврте коњот по патеката за кај крушата во угарот. Тоа е случајно, рече Сандар. Под крушата немаше никого. Сандар ја крена главата и го виде палтото меѓу гранките во стеблакот. Слезе од коњот и сакаше да го симне палтото, туку не беше студено и седна до стеблото. Запали цигара и тогаш не му трепереа рацете. Подоцна, започнаа да му треперат рацете. Пак се сети на она затресување во градите. Се обиде да пронаоѓа под дрвото светлина. Тогаш ја забележа Илинка. Доаѓаше откај лозјата, исправена, со брзи чекори. Сандар стана и зачекори да ја пречека. Потрча потоа и таа трчаше и се прегрнаа во залет. „Ке ме паднеш мило. Мило мое“, рече таа. На Сандар му исчезна снеможеноста од градите. Се плашеше, да не биде оваа вечер полна со оние размислувања, со оној страв. А Илинка му дојде со се познато, најпознато уште од најпрвите дни во детството и тој беше спокоен. Се качија на коњот и тргнаа кон езерото. Веленца од вечерни провеви што се извлекуваа од под долните гранки на јаболкниците и замави од полските мириси ја обвиваа главата на Сандар Пламенков. Тој дишеше со еден насмев, зад него ја чувствуваше Илинка и сакаше да запее. Најобично реагирање, мудруваше радосно, најобично радување и кога се јави Сандар Вториот, Сандар Првиот рече гласно, молчи ти. Илинка се доближа до неговото лево уво и го праша повеќе со здивот. „А, што сакаш, мило“? „Ништо, ништо, Ило.“ Сандар Вториот започна. Времиња напластени на обични места ми помагаат да се препородувам во сите мигови, кој е најголемиот да им го подарам на градовите. Еден ден луѓето ми изгледаат прекрасно високи, другпат по улиците тече жолта смола со синоцрвени петна, на средина се гледаат јатки од ореви, симптомите на некои страшни болести престорени се во домашни животни. Два вида горештини ги зафатиле тротоарите, не е лесно пристапно местото каде што момчињата ги одбираат своите невести, таму се гради градска бања на столбови, некои среднонормални што се одредени да ја продолжат врската со денови стојат на една нога на пресечени стебла од пченка, ако ја пуштат и другата нога не ќе бидат способни за ништо, на потни дланки се потпира небото и меѓу тие две слични тела вреска градската среденост, лајубавите работи станаа диви кучиња, полувесели дечиња во одредени часови лижат шеќери на клечка, девојките што учеле специјални училишта сонуваат секој ден цртани пејсажи; две големи дрвја што растат под земја, на нивните гранки растат чудни плодови, нешто како празнични утра, нешто како фенери, нешто како прешироки облеки, нешто како реки, покриени со плачливи врби, двете големи дрвја не можат да живеат во нашиот воздух, уште во сонот свенуваат и така се раѓа една нова тајна пред нас. Во еден малечок подрум отворена е изложба на океани, има доволно место за сè во подрумот само изгревот и зајдисонцето се држат во две стари чаури од топовски гранати, холку е чуден рибниот свет во тој малечок подрум. Милиони луѓе направиле долг ред од океан до океан, секој држи пари во левата рака, се здружија неколку големи циркуси, во еден простор заграден со пони коњи лродаваат сонце во конзерви, едно малечко девојче истуркано од редот плаче во правта, тоа било близу до оградата со пони коњи, го истуркаа посилните а има татко кој што не сака да зборува додека не добие конзерва со сонце, доаѓаат некои од најдалечните градови и зборуваат за победи како тие во „Кожа“, една артистичка група ја изведува својата претстава со пантомима, како се решиле да го истуркаат тоа малечко девојче, многу народи стојат во ред, една комисија од Институтот за живот одбира членови што ќе ја шират новата наука, им се загледуваат во очите, со тенко црно стапче ги удираат по зглобовите од рацете и се погоди денот кога имаат слободен излез жителите од зоолошките градини, мирни се тие диви животни, на купишта пцовисуваат крај долгиот ред, кој ќе ги зафати празните кафези, погледнете дали веќе започнале да го продаваат сонцето во конзерви, силно укање доаѓа од толпа црни жени, редот се кине и тие поминуваат и натаму е празно, нема никој желба да се искачи на рид и да гледа, знаеше ли некој дека сето ова ке излезе безизлезност, ако знаел некој додека се вртевме, ако знаел и не кажал, е единствен злочинец, оди си девојче, зборуваат за победи како тие во „Кожа“, кога сме деца не уништуваат родителите, кога сме родители не уништуваат децата, јас ќе се вратам во градот. Т Р ЕТ Д Е Л 7. НАВРАЌАЊЕ КАЈ ЈАГНА Не се знаеше кога зајде сонцето, зашто цел ден беше облачно и не престануваше да врне. Сандар беше завиен со палтото под крушата и чувствуваше како му се слева водата од косата на вратот по 'рбетникот. Не можеше да прави движења, затоа што телото беше свикнато да ја чувствува водата само на одредени места. Ако се свртеше Сандар на друга страна, водата ќе го менеше правецот и нему ќе му протрчаа морници по цела снага. Кога си изводенет од дождот, поубаво е да правиш движења за да циркулира крвта, туку многу е мачно да ја совладаш онаа грозоморност на вкочанетото тело. Телото не е вкочането од студ, туку од некоја неподвижност, од една рамнодушност подоцна и седиш без да се помрднеш. Во прво време, таа неподвижност се чини неиздржлива, но потоа ќе навикнеш. Има една полза, рече Сандар, не можам да пушам. Тој се мачеше да се присети која вечер му е оваа од оној ден кога беше на дрва берење и кога вечерта се сретнаа под дрвото со Илинка. Таа, оттогаш ниеднаш не дојде под крушата и Сандар се мачеше да дознае колку дни поминале од нивната последна средба. Како што ги имаше рацете во џебовите, со прстите ги триеше дланките и забележа дека се зарастени плускавците. Плускавците можат да зараснат за девет дни и можат да зараснат и за повеќе дни. Потоа, се изненади кога виде дека навистина заборавил колку дни доаѓа тука под дрвото во угарот. А тоа се случи затоа што Сандар и пред тоа не водеше сметка за дните. Тој не можеше да се сети кој ден беше во неделата кога отиде во планината по дрва. Кој датум, поправо. Вечерта се најдоа тука со Илинка и веднаш го јавна коњот, па се упатија кон езерото. Кога дојдоа каде што паднаа минатата ноќ од коњот на земјата меѓу јаболкниците, пак паднаа. Се соблекоа голи и многу долго се задржаа. „Некој ги зел гаќите“, рече тогаш Илинка. „Ха, навистина некој ги зел“, рече Сандар среќен. Илинка беше најубава таа вечер. Првиот пат кога беа голи, по малку се срамеа. Сега седеа на алиштата и се загледуваа. Сандар секаде ја загледуваше, а таа не се чуваше од тоа. Го оставаше да ја гледа и го галеше и при тоа беше сосема слободна во движењата. Ги префрлуваше нозете преку него, се рашируваше слободно. Сандар беше сигурен дека би можел да ја гледа со векови така и постојано да му е нова. Ако се мисли дека жената никогаш не е возможно наполно да се открие, тогаш сигурно при тоа се мисли, ако ја гледаш гола не ќе можеш никогаш наполно да ја откриеш. Ќе се досетуваш зошто ги прави тие едноставни движења и во другиот миг, прави други едноставни движења. Ќе ти треба многу време кога ќе бараш некоја логика во склопот на нејзините раце, таму под мишките, како може така да се издвојува вратот нејзин од градите, па како се одделуваат градите од вратот. И сета таа заангажираност е поврзана и со душата на жената. Сандар се домислуваше, изнаоѓаше. Напати му се чинеше дека Илинка не смее да има такви гради. Не смее да има такви нозе, кога зборува. Беше мошне јасна месечина и сè се гледаше. „Сандар, кога сум на коњот со тебе, најмногу ми се сака“. Потоа Сандар го разгледуваше нејзиниот стомак. И додека го правеше тоа, забележуваше дека рацете нејзини се сега поинакви, градите се поинакви и лицето е сосема друго. Можеби тоа доаѓаше од она умеење на Илинка. Таа, го оставаше да го троши своето љубопитетво врз нејзиното тело и сè знаеше, многу убаво и беше што постапува така Сандар. А има и други изненадувања кога е гола жената. Нејзиното тело понекогаш нешто ќе направи без нејзино знаење и човек може да размислува, да се мачи да пронајде, зошто тоа тело направи така? И жената на еден таков акт е изненадена и тоа на Илинка најубаво и стоеше. Ако очекува нешто жената, додека е занесена таа со желбата, телото на своја рака исто така ја бара таа желба. Во такви мигови горд си што ти се дала можност да бидеш еден човек на кого му се открива една жена со сè што има во себе и со се што знае и што не знае за себе. Несомнено, многумина виделе гола жена. Тоа не е исто. Тогаш, или некогаш малку пред тоа, Илинка рече: „Ако не си бил со други девојки и со други жени, вечерва не ќе беше убаво, Сандар.“ И кога го јавнаа пак коњот, Илинка беше гола зад него. Алиштата ги имаше фрлено околу вратот. Сандар ја чувствуваше нејзината топлина зад себе. Но таму под крушата, додека врнеше, не беше во состојба да открие од каде му дојде тогаш кога беа голи на коњот една очаеност. Мислеше, што сака тој да докаже кога води низ поле една гола жена и од каков вид е тоа негово бегање. Илинка забележливо повеќе и повеќе се вовлекуваше во него, а нему му се чинеше дека и таа се брани од нешто; сака да го избрка од себе тоа завивање кога го бакнуваше по вратот и по ушите. Пак слегоа од коњот и пак беа голи под една јаболкница и двајцата беа наполно уверени дека се е во ред. Сандар пронајде на нејзиното голо тело некои интересни објаснувања. Тој гледаше како многу места по трупот играат, набабруваат, се вртат како малечки вртози во мирна река, туку очите на Илинка беа строги и жалаа што не можат да ги сопрат тие превирања, тие засебни делови од нејзиниот живот. Од нејзиното женско живеење. Жената и не знаејќи за тоа, неколку пати воздивна. А нозете нејзини долги, довикуваа некакви славја, беа очајни што не можат да стегнат некое тело, на некои слабиње сакаа да му го сопрат здивот и Илинка се чудеше на таа ненаситност, на таа неуморност, што ја гледаше на сопственото тело. Или што ја чувствуваше кога ти имаше замижано очите. „Исто толку ми е убаво кога разговарам со тебе, Сандар“, велеше таа. „Сакам само да разговарам и ништо друго не ми е потребно, на ништо друго не ме удира умот, мило мое“. А се знаеше со сигурност дека ќе подлегне под притисок на нозете и рацете и Сандар се чувствуваше должен и тој да подлегне кога ја гледаше нивната вештина. Не беше тоа само вештина. Тоа беше исто така, како кога коњот чувствува голема жед, па му се умилкува на Сандар да појдат до реката. Ќе дојде над него, ќе го душка внимателно, ке удира со копитото околу него. Ако се вслушаш, тие удири се со одреден ритам. Коњот е уверен дека е нужен тој ритуал за да му се објасни на човекот дека му се пие вода. И не е ништо чудно за него сето тоа што го прави, зашто во утробата, некоја голема гореа треба да се поплави со вода. Ако е така, мислеше Сандар, тогаш ние некому му служиме како средство за да му ги исполниме желбите и потребите. Ние двајцата ео Илинка, им служиме на некои нејзини инстинкти. За желбите на нејзините нозе. За потребите на оние малечки затреперувања по нејзиното тело. Но и да е така, всушност во што е промената и во што е новината? Откако беше врз Илинка по кратко време тој заборави на сè. И таа заборави на сè, па испадна дека телото на жената без да знаат тие двајцата, дури може да се рече и го мислеа спротивното, се мачело да ги натера да исполнат една своја голема потреба. Телото нејзино се јави како трето лице и тие двајцата извршија една работа за тоа лице. „Многу ми се пие вода“, рече Илинка. „Ке одиме на чешмата во Свети Никола“, рече Сандар. „Па сигурно“, рече Илинка. И кога се качуваше на коњот Илинка, пак се качи гола. Сандар пак ја виде целата и го однесе коњот до синорот, ја стави ногата на каменот и се качи и тој. Во ноќта коњот ги носеше низ полето, напред Сандар и зад него Илинка гола. На чешмата £ се слушна шумот од далеку и Сандар дозна дека не разговараа патем ништо. Слегоа двајцата од коњот. На жената £ слизна облеката од вратот и падна на тревата. Сандар сакаше да рече, ако дојде некој селанец, туку не рече. Илинка се наведна пред чешмата и се плискаше со вода. Ако сакаше да се загледаш упорно, можеше да забележиш дека месечината создава некакви дланки коишто меко се допираат до кожата на телото на Илинка. „Сандар, мило, убаво ми е да знаеш“, рече Илинка. „Каква жена си ти“, рече Сандар. „Ако дојде некој од селото“? „Што ќе бара толку ноќе“, рече Илинка и се плискаше со вода. Потоа Илинка скоро без никаква причина започна да се смее. Пак сум снеможен, рече тој. Го донесе коњот до коритото на чешмата. Илинка се качи и Сандар и ги подаде алиштата. Таа се избриша и ги фрли на рамениците. Кога ги префрлуваше алиштата на рамениците како шал, околу неа на неколку прсти од нејзината кожа се гледаше дека Илинка има голема желба да биде гола. „Ајде качувај се да се стоплам“, го повика Илинка. О, господии, колку може да биде тоа едноставно. Мисли само на желбите што ти се јавуваат во последниот миг и се е во ред. Маршираа низ селото кон езерото. Сандар почувствува дека никогаш не ќе го заморува Илинка. Таа не заморува, туку те тера да се увериш колку си широк. Кога слегоа крај езерото, коњот самиот се упати во мочуриштето. Сандар постоја малку загледан во водата и потоа се соблекуваше. Дојде Илинка и го соблекуваше. „Мило, а ако затруднам? Ако останам несама од тебе“? му шепотеше на увото. „Ако затруднам“, продолжи таа премалено и Сандар чу кога пукна копчето на кошулата. Илинка немаше време да ги отпетлува сите копчиња. Заедно со кошулата се свлечка и таа на песокта и му ги прегрна колениците. Сандар стоеше со лицето кон водата и му дојде на ум, господии, дали таа ме моли за нешто, или јас го молам целиот свет. Езерото лечи од сè, рече тој. Затоа што во него не остана ништо од оние размислувања, не остана никаква снеможина. „Јас сакам да останеш трудна, Ило. Ќе те земам за жена и не ми пречи тоа што ќе те земам несама пред да се венчаме“. „Добро, мило мое, Ајде, мило, мило, мило. Колку многу сакам да умрам во еден ваков миг“. Потоа се капеа. И Илинка навистина многу бргу се научи да плива. Таа знаеше прилично да плива и пред тоа. Останаа долго време во водата. Сандар се обидуваше да ја види целата како изгледа во водата. Ги замижуваше очите и се мачеше да ја исправи на песокта крај водата. И веќе наполно немаше ништо од оние размислувања. Илинка сакаше да плива во длабочина. Сандар се плашеше да не се умори жената. Таа велеше, полека ќе пливаме и ќе издржам. И запливаа. Еден до друг. При пливањето се допираа со нозете, со градите и Сандар сакаше да ја има во водата. И ја кажа желбата на Илинка и таа рече, и јас сакам, Сандар. Започнаа да се враќаат. Кога беа допојас во водата, Сандар ја крена и таа му ги опаша нозете на колковите негови. Беше лесна, беше воздушеста. Само по здивот се знаеше дека е таа. По некое време, Сандар рече. „Се чудам колку лечи оваа езерска вода. Плускавците не ми причинуваат никаква болка“. Легнаа на песокта и Илинка заспа врз стомакот на Сандар. Може да се рече со сигурност, додека спиеше Илинка, некое време Сандар не размислуваше за ништо. Тоа му заприлега како татко којшто лежи на грб во ливадите на меѓата и на раката му заспало девојчето, неговата малечка ќеркичка. Кога се разбуди Илинка, се разбуди многу одушевена. Започна да игра врз Сандар, да лудува како малечко маче. Туку мачињата играат ограничено, а ѓаволштините на Илинка беа непресушливи. „Гледаш колку е долго моето чекање, Сандар“? рече таа. „Гледаш колку е долго твоето чекање, Ило“? рече Сандар. Тој веруваше веќе, ако беше некој друг, кој било да беше друг, не ќе можеше толку многу да биде среќна Илинка. А дали е среќен тој? Никогаш не можат да бидат двајцата среќни. Или жената или мажот ќе биде несреќен. Ќе да не треба тоа да се вика среќа, тоа е нешто друго. Потоа и Илинка не ќе може долго да издржи да биде среќна. Се јави она сивило на муграта. Илинка стана и започна да се облекува. Се облекуваше полека, на делови. А беше убаво да се гледа жената и кога беше гола на парчиња. Ги облече гаќите и беше убава. Ја облече блузата и и беа убави нозете. Потоа се покри целата и остана оној впечаток кога беше гола. Тоа се овие ноќи, кога не мислев ништо, рече Сандар. Колку било лесно. „Сандар, ајде да одиме по коњот“, рече Илинка. „Ило, ќе дојдеш вечер под крушата“? праша тој. „Ќе дојдам, Сандар. Секогаш ќе доаѓам“. Сандар го викна коњот и тој зацапа низ трските. Дојде до нив и ја удри муцката во грбот на Сандар. „И коњот те сака, Сандар“. Се качија на коњот и тргнаа кон своето село Добридол. Рече, ќе доаѓам секогаш, шепотеше Сандар неподвижен под крушата. Дождот не престануваше. Се одделуваше од мракот или во мракот се престоруваше во капки и паѓаше на земјата. Сандар го бараше тој ден Арона и не го најде. Вечерта под крушата не дојде Илинка. Изутрина, Сандар помина кај сите оние места во полето, каде што беа со Илинка. Се напи вода на чешмата и појде крај езерото. Долго шеташе сам по брегот и кога се јави сонцето му се приспа. Беше тоа желба да се закопаат некаде сомневањата, да се прескочи цела таа ноќ. Тој цело време ниеднаш не се запраша зошто не дојде Илинка. Знаеше дека не може веќе без неа. Му беше криво што не разговараа многу во тие ноќи. Илинка не сакаше да разговараат. Но сe беше толку убаво и немаше нужда за ништо да разговараат. Можеби е глупо така да се рече, само навистина така беше. Со молчење, кажуваа се. Сандар знаеше, вечерта кога ќе дојдеше Илинка под крушата, ќе му кажеше што беше причината што не дојде мината вечер. Заборави на сонот. Иако беше седнат облечен во топлата песок, не му се спиеше. Гледаше во езерото. Уште кога стигна на брегот, започна да се плаши. Се плашеше поради себеси. Се плашеше затоа што не знаеше да предвиди некбја работа до утре. Тој размислуваше за долго време во иднината, туку тоа не беше прецизно размислување. Тоа беа некакви визии што ги градеше во височина и ништо немаше таму определено. Беа работи што не постоеја. Од такви работи создаваш убави слики и уште во размислувањето се прекоруваш што играш една таква игра. Се плашеше затоа што свикнал да му сметаат луѓето. Поради својата непостојаност се плашеше. Од својата неиздржливост во физичката работа. Од тоа што ги потценуваше сите другите. Уште повеќе се плашеше, кога се уверуваше дека е во право. Се плашеше зашто знаеше дека не може да мол-чи кога има луѓе околу него. Не можеше да молчи, брате мој, не можеше да молчи пред другите. Излегуваше од себеси, застануваше пред себеси и се гледаше како штрака непрестајно со устата. Тој знаеше дека тука се и солзите од мака што не може да престане, но солзите не се гледаа. Малку со радост, некаде длабоко во себе, се плашеше затоа што не можеше да и биде верен на една жена. Стравуваше многу затоа што имаше изгубено доверба. Затоа што сакаше да дојде до големи пари. Затоа што сакаше да биде најубаво облечен. Затоа што често се чувствуваше болен. Затоа што беше уверен дека малку има читано. Не веруваше дека ќе ги заврши студиите. Се плашеше од потсмевањата. Од успесите на другите. Многу чудно беше со тие успеси, кога мислеше на тоа; Не се знаеше зошто успеваа другите. Немаше причини за тоа. Ќе да така мислат и тие што успеваат. Поправо, бездруго тие се чудат кога до едно време ќе се обични луѓе, а потоа ќе успеат. И како луѓе што успеале се исти. Знаат дека во ништо не се измениле. Па размислуваат, како се случило тоа. Гледаат, другите луѓе околу нив, се однесуваат со почит кон нив. Се плашеше поради тоа што не знаеше како се постапува да се стекне амбиција. Многу се плашеше од средбите со домашните. Се плашеше да не се најде во некоја турканица каде што се тепаат другите. Никогаш не се тепал откако порасна, можеби и другите исто така не се имаат тепано, но секако дека веруваат, би се тепале кога би било нужно да се тепаат. Се плаши од она стреснување во градите. Кога ќе чекори по патот, избричен, појадуван, сe му е потокмено и сепак го носи тоа стреснување како бала воздух во утробата. Започнаа да доаѓаат капачите. Стана и избега далеку крај брегот. Се соблече и легна на песокта; пак беше собран просторот во она топче. Над него и околу него владееше празнина, кога се сврте, на стотина метри од него крај езерото, седеше во песокта девојка. Тој стана и заоди без ништо во себе кон девојката. Којзнае што имаше во очите, кога го виде девојката се смурти и знаеше дека не треба да и рече весело, здраво. Седна на десетина метри од неа, играше со песокта. Гледаше далеку над водата и ја праша. „Ти ги пасеш свињите? Овие свињи“? Девојката не му одговори; ќе го погледнеше и ја свртуваше главата. Сандар ја праша девојката само за да можат да разговараат. Ако му одвратуваше, беше сигурен дека ќе се обидеше да ја легне на песокта. Девојката беше ниска и со дебели нозе. Нозете £ беа покриени со засушена кал. Зошто не ми одговараш?“ рече Сандар. Девојката стана и си отиде. Во станувањето таа го погледна од под себеси, Сандар разбра во тој поглед дека девојката е многу лута на некого. Но тој ако појдеше по неа, таму некаде, каде што се јавуваше гласот од трските во водата, сигурно ќе успееше да предизвика нешто кај девојката и ќе ја легнеше на песокта. Првин сакаше да мисли за тоа, како може да и мириса потта на таа девојка, потоа се смири. Тој се обиде да заплива. Не можеше. Не сакаа рацете да веслаат, не сакаа нозете да се помрднат. Се плашеше затоа што е лукав. Затоа што лаже. Затоа што не може долго време да слуша други луѓе. Кој сака нека биде. Се врати од водата пак на песокта, му се приспа. Лежеше и се исправи на песокта, седеше со рацете зад себе, опрени во песокта. Долу, на долниот крај од езерото, планината беше модра. Таа планина и така се викаше, Модрата. Всушност, Сандар се присилуваше да признае дека е модра. И се е немо. Тоа ти е слика, огромно платно со вовлечени хоризонти на средината. Но нема измети од муви, инаку е исто. Некогаш ќе појде во Грција, еден краток период ќе остане во Грција и ќе се врати. Знае што ќе види и како ќе ги поминува дните. Или можеби ќе појде во Дубровник. Може да појде во Германија и во Шведска. Може да појде во Египет. Би сакал да појде во Италија, по малку го знае тој јазик. Спомен од мртвите војници. Од болните војници исто така. Од плашливите војници исто така. Сега навистина никаде не сака да појде, поради раскажувањето, поради тоа што ги мрази тие што раскажуваат. Најнеупатени се. Раскажуваат и еден дел од вниманието им е ангажирано со откривање на претерувањата. Левата рака ја сви во лактот, лактот го закопа во песокта, малку беше неиздржлива гореата. Потоа свикна кожата. На тој крај немаше никој во езерото. Кога си во сандолина, чувствуваш како ти се загрева крстот од веслањето. Ако ти се припие вода, пиеш со едната рака малечки голтки, црпеш и пиеш. Скоро никогаш така не можеш да ја изгаснеш жедноста. Стомакот ти е полн со вода, а жеден си. Легна со лицето кон песокта, како на рогозина. И некогаш заспа. Се разбуди пред зајдисонце, стана, се облече и со трчање се упати по коњот. Го јавна и го натера да бодина. Му беше криво што го биеше коњот и уште повеќе го биеше. Сврши песокта и започна широката улица, протегната како запрегната женска рака покриена со засушено тесто. Има такви големи жени кај нас. Коњот започна уште повеќе да бодина. Трчаше како луд. Жените ги свлечкуваа за раце дечињата и викаа по Сандар. „Проклетник. Ќе истолчеш се“. Тој на секој прескок на коњот, му ги забиваше петиците во слабињето. Излегоа и мажи на улицата и од далеку викаа. Еден фрли камен по него, туку не го погоди. Ја одмина и последната куќа на селото и коњот сметаше дека е задоволен јавачот па сакаше да застане; Сандар крвнички го шлибна со петиците. Почувствува како му се влажат нозете по страните. За дваесет минути стигна под крушата, сонцето беше како отсјај од запалена нечиста слама на хоризонтот. Сандар со збивтање слезе и седна опрен на стеблото. Запали цигара и виде како збивташе коњот и гледаше во него. Се присили да ја замисли како ќе доаѓа Илинка и не успеа. Но знаеше дека не ќе успее. Малку се срамеше што бодинаше низ селото, тој може да трча на средба со девојка, но не вака со коњ. Ако трчаат луѓето, трчаат затоа што задоцнила на минатата средба. Трчаат за да ја осигураат врската. Трчаат затоа што е богата девојката или затоа што е убава. Ако се долго време сами, ако се уверат дека не треба да појдат на средба. Ако е поучена. Ако е грда. Ако е саката. Ако е нечесна. Ако не е вљубена. Ако е заразена. Ако си гладен. Ако те одвраќаат. Ако не можеш да легнеш со неа. Ако ти е одвратно да легнеш. Ако ти е роднина. Блиска, сосема блиска роднинка. Ако е девојка на твојот пријател. Ако е жена. Ако е стара. Ако е стара. Ако е стара. Ако е стара. А ти, каде си сега да се јавиш, му зборуваше на Сандар Вториот. Што знаеш ти, кога треба да се јавиш? Ајде, појди да пасеш, му рече на коњот. Таа вечер Илинка не дојде под крушата. Сандар преседе цела ноќ. Изутрина стана и веднаш падна. Нозете му беа вдрвени и силно го болеа. Па полека започна да ги оживува. Првин беа тешки, потоа воздушести, па полни со тенки, студени синџирчиња и на крајот се чувствуваше земјата. Го фати коњот за огламникот и започна да го води низ полето. Чавки летаа над него и силно грачеа. Ја крена главата и виде јаболка. Скина три и започна да јаде. Не сум зашеметен и несреден, рече. Навистина беше прибран. Понекогаш, човекот често употребува изрази што не одговараат за ситуацијата. Немаше причина Сандар да биде зашеметен, тој се прашуваше дали чувствува некаква болка што ја губи Илинка и ако ја губи, бидејќи тој се уште не знаеше во што е причината што не доаѓа веќе таа под дрвото. И кога размислуваше за тоа, рече во себе не сум зашеметен и несреден. Но не знаеше каде оди, каде е упатен низ полето. Дојде до ливадите отаде реката и го затвори коњот во една. Потоа излезе на џадето и долго пешачеше надвор од селото. Наеднаш се врати назад, кога чекореше назад не сретна никого од селото и затоа уште повеќе се плашеше. Во селото кога ќе го видат небричен, ќе започнат за нешто да сомневаат. Најмногу не сакаше да го сретне некој од домашните. Чувствуваше неколку незадоволства во себе, различни незадоволства што се судираа меѓу себе и му ги менуваа и мислите и желбите и настроението. Тоа е многу лошо. И тогаш дојде до мостот меѓу првите куќи, од мостот до куќата што ја градеа Фурови немаше многу. Сандар се загледуваше во мајсторите за да дознае да не мислат нешто за него. Туку тие беа некако весело расположени во моментов, се шегуваа меѓу себе и не забележуваа кој поминува по улицата. Ѕидарите се големи пријатели меѓу себе, тие со години работат еден до друг и си ги доверуваат тајните. Тоа се посебен вид луѓе. Тие исто така знаат сè што се случува по другите куќи. „Аирлија работа“, им викна Сандар. „А, Сандар, здраво“, рече старецот Пано. И тогаш се увери дека е упатен кај Илинка. Сандар не веруваше во тоа, па и не се знае со сигурност дека е така. Вистина е дека тогаш помисли, мајсторот Пано не е од ова село и одеше по таа своја мисла. Се сети како Пано со години не излегол од селото Добридол и нему никој не му доаѓал да го види. Со сигурност може да докажува дека Пано не пишува никому писма и не праќа никакви пари. И тогаш Сандар помисли, како може тоа, мајсторот Пано да е сосема сам и наеднаш во мислите продолжи, ај, ќе одам кај Илинка. Илинка не беше дома, во дворот го најде девојчето Кате. „Ти си Кате“, рече Сандар и седна до девојчето на едно малечко столче. Сега под крушата многу му е криво што не го чу девојчето кога му одговори. Сандар знае дека детето рече, таа се вика Кате. Не го чу звукот на тие зборови, не чу звук ниту на никакви други зборови, но знае дека девојчето морало нешто да изговори, и тоа што го изговори, беше објаснување дека таа се вика Кате. Сеѓа Сандар се уверува дека веднаш знаеше оти тоа девојче е Катето и дека е ќерка на Илинка, па затоа верува сосема искрено во себе, рекло, од прилика, таа се вика Кате. „Мајка ти, Кате, дома ли е“? „Недома е мама, дома е дедо“, рече девојчето. На Сандар му се посака да го прегрне тоа малечко суштество, да го стегне на градите, да го гали по лицето, да го фаќа за рачињата, за вратот и да се чуди, како таа кревкост ќе се престори во човек, којзнае каков. На Сандар одненадеж му се наполна грлото со плачење и тој беше приморан долго да молчи; Таа милост кон девојчето не му дојде затоа што беше ќерка на Илинка. Сандар почувствува додека го држеше во прегработ малечкото тело на Катето, оти одамна немаше играно со дечиња, немаше разговарано, не се имаше карано, советувано, лажено. И оној мирис го влечат со себе и околу себе; мирисаат на трева, на најпрвото мајчино млеко, мирисаат на љубовта и нељубовта меѓу мајката и таткото, мирисаат на детски здив најмногу. „А што правиш сама во дворот“, рече Сандар. „Во дворот сама си играм“, рече девојчето. „Јас ќе поседам со тебе во дворот“, рече Сандар задоволен од нешто во себе. „Поседи и ние имаме малечко магарче“, му кажа девојчето. „Многу кротки се тие малечки магарчиња“, рече Сандар. „Тие магарчиња се многу кротки“, одврати девојчето и на Сандар му се стори дека нешто друго мислеше. Дворот Илинка го држеше чист. Сандар сакаше да стане да си оди, но Катето беше многу мирно девојче и најмногу го успокојуваше тоа што детето не му обрнуваше внимание. Си играше за свое задоволство, малку подзамислено, сигурно затоа што често е само во дворот. Каде да поминеш се сами луѓе и самјаци, шепотеше Сандар. „Ти Кате, секогаш сама си во дворот“? ја праша. „И дедо е дома“, вели Катето. „И Вера иде и Перо иде“. „Кој Перо“? И пак не чу што рече Катето. Стана од столчето и почука на вратата од одајата. Ја отвори вратата и не зачекори внатре. Старецот на масата со нож дробеше тутун. Немаше никаков белег на лудило. Некогаш, тој бил висок маж. „Илинка нешто ми требаше“, рече Сандар. „Не е дома снаа ми,“ рече Старецот. „Јас ќе си одам, дедо. Нешто требаше да ја прашам“, рече Сандар. „Таа рече да ти кажам дека не е дома. Кога ќе прашаш за неа, рече, секогаш вели му, не е дома“, зборуваше старецот и не ја креваше главата. Беше занесен во сечењето на тутунот. Ете како се откриваат лудите, помисли Сандар. Сакаше веднаш да си оди, но сепак го праша старецот. При тоа навистина чувствуваше рамнодушност во себе. При тоа ако треба да ја кажеме вистината, навистина се чувствуваше ослободен од нешто и му идеше да започне да се радува. „Илинка ти рече сето ова да ми го кажеш, дедо?“ праша Сандар. „Не ми рече синко, ама ете јас ти го кажувам“ рече старецот. Старецот не беше луд и Сандар тоа го знаеше. Тогаш Сандар влезе во одајата и седна до масата. Старецот, со рамномерни засеци го намалуваше тутунот свиткан како стапче. Одајата беше празна, само масата и три стола. Се тики и тоа е неподносливо, помисли Сандар. Остануваат малку луѓе и потоа, куќата е празна. „Дај, јас малку да посечам, дедо“, рече Сандар. Старецот го погледна и му го подаде ножот. Со другата рака му го подаде тутунот. „Еве, и да те почестам една цигара, дедо, додека биде твојот готов“, рече Сандар. „Не, синко, рече старецот. „Цигара јас ќе те почестам“. Стана и излезе од одајата, брзо се врати и на Сандар му подаде неотворена кутија со цигари, од марката, камел. „Ех, дедо, како знаеш што сакам стари марки цигари. Многу сакам да пушам стари марки цигари. Дај да запалиме по една“, рече Сандар радосно. „Јас не пушам цигари“, рече старецот. „Кога ќе дојдат не ги отворам кутиите. Ти земи ја кутијата“, му рече старецот. Сандар започна побрзо да го сече тутунот. Беше збунет. Кој би помислил дека ќе најде еден таков старец. А знаеше, свекорот на Илинка порано не беше таков. Од тутунот се ронеше прав на штицата од масата и Сандар со прстите ја гмечеше правта. Под прстите беше некако суволигаво. „Ти да не ја навредиш жената, дете“, рече старецот. „Нема да ја навредам“, му вети сериозно. „Сандар, направи така како што ќе сака таа. Цела ноќ плаче и те споменува“, зборуваше старецот. Веќе беше при крај тутунот и Сандар жалеше за тоа. Сакаше да има нешто да работи за да изгледа како да е занесен во работата. А старецот беше добар, беше најдобар старец. „Ни се извлекува разговорот, дедо Ламбро“, му рече. „Ни бега разговорот од рацете. И кога ќе се разделиме, ќе бидеме незадоволни двајцата“. „Не знам, Сандар“, рече старецот. „Секоја вечер, тука се собираат група селани и ја преседуваат ноќта. Зошто и ти не одиш, дедо“? му рече Сандар. „Каде што оди Илинка“? рече старецот. , „Каде што оди Илинка. Ти се знаеш дедо Ламбро“, рече Сандар. „Сеедно е. И да одам и што не одам, сеедно е“. Зборуваше старецот и гледаше низ прозорецот. „Сакам да ја земам Илинка“, рече Сандар. „Земи ја, синко“, зборуваше старецот. „Лажеш, ти дедо Ламбро“, рече Сандар. „Ама и не лажам, Сандар“, продолжуваше старецот. „И ќе останеш без Катето. Сам ќе бидеш. Зошто не ми зборуваш за тоа? Ќе умреш без да те видат, ќе да ќе лежиш мртов со недели. Во нашето село така е, можат во куќа да не влезат со недели. Раскажи ми за тоа, ќе видиш, јас ќе те разберам, потоа, јас не ќе можам“, му зборуваше Сандар на свекорот на Илинка и почувствува како се испоти. „Тешко ќе биде што ќе останам без Катето и што ќе останам без Илинка. Туку ти Сандар се лажеш, не ти е тебе од тоа што ќе ти зборувам за тие работи. Да ти кажам, ти си како нас и затоа не можеш. А Илинка е една најдобра жена. Да бев млад, јас ќе му ја зевдев на сина ми и ќе избегав некаде. Сигурен сум дека ќе му ја земев, сега кога ја познавам толку“, заврши старецот со некое дишење како да се качувал долго по скали. „Ти си луд старче. За тебе се зборува во селото дека полудуваш и вистина си полудувал. Лесно е да е луд човек, зборува што сака“. Во одајата влезе Катето. „А тебе кога скиташе по Америка да ти ја грабнеше некој жената, а? Уште вториот ден, ако ја одведам Илинка, ќе легнеш и цел ден ќе плачеш. Јас се познавам какви сме ние од овој крај. Нема таков човек како тебе ако не е луд. И мене ме најде“, рече Сандар, „да си играш шега со мене. Јас не сум како другите, ќе ти ја земам снаата твоја, Илинка“. „Ке плачам, синко Сандар, не велам не плачам. А тебе не ти е што ќе плачам и ти, да ти кажам, уште не си човек. Сега знам, тоа е и тешко и лесно. Туку тешко е што треба да помине време“. Старецот го крена девојчето во скутот. „Треба многу време и тогаш ќе се видиш дека си станал старец. Јас за тоа зборувам. Кате, сакаш шекерче, синко“, рече Ламбро. „Не сакам“, рече Катето. „Не знам, дедо Ламбро. Навистина не знам“, рече Сандар. Старецот молчеше. Го извади лулето, го полнеше со пресно исечениот тутун и можеше да се познае, не мислеше да зборува. „А јас сега да си одам“, рече Сандар. Старецот го крена девојчето на раце и тргна по Сандар да го испрати. Сандар излезе на улица и не знаеше што да прави. Скоро ќе беше пладне. Селото беше пусто. Тој беше гладен. Извади од цигарите што му ги даде старецот и запали. Крај улицата, куќите се нижеа една до друга и правеа ѕид со различни фуги. Некаде ѕидот беше 'рѓосан, таму каде што пропушташе дожд стреата. Од некој двор се ширеше миризба на топол леб. По нашите улици нема ништо ново, рече Сандар. Тоа што си го дознал уште кога беше најмалечок, ќе си остане во сите времиња исто. Господии, та животот во овој крај никако не се менува. Го вадат лебот и го завиваат во памучни и волнени цедила, да се спари. Сега кога е есен, во фурната ставаат и тикви, расечени на две и јаболка и круши и дуњи. Затоа мириса толку убаво. Печењето леб, секогаш е малечка церемонија. Тоа старецот Тихон одамна го откри. Кога ќе се вади лебот од фурната, пред вратата стојат свекрвата и снаите. Колку да е стара свекрвата, таа го вади лебот. Со долга д-вена лопата. Снаите го подземаат и го превртуваат, го тупкаат по кората да испадне пепелта и јагленчињата и зборуваат дека е погоден. Па истото и јас сум го рекол, тупна Сандар луто со ногата. Сандар Вториот трчаше назадечки пред него и викаше. Рекол, рекол, рекол, рекол, рекол; се препна на еден камен и за малку ќе плеснеше во браздата, со смешни движења одвај се задржа на нозе, но на Сандар Првиот не му беше до смеење. Ќе кажат дали има дебела кора или тенка и го редат на цедилата, па го завиткуваат. Тогаш жените на сб забораваат. Во куќата има и потешки работи што ги работат жените. Тие работат како мажите, но кога се меси лебот, за нив тој ден е особен и забораваат на се друго. Тие и не забележуваат, туку тогаш, постојано зборуваат за изминатите години. Споменуваат некои едри пченици. Тогаш тие се ослободеки од грижите за мажите во Америка, наполно се чувствуваат жени, какви што се понекогаш жените, кога прилегаат на малечки, малечки девојчиња. Тоа е најосновната разлика меѓу жените и мажите. Жените и кога се стари, можат да се пренесат и да постапуваат како малечки девојчиња. Сега ќе појдам и до кај Јагна, рече Сандар. И се до црвеникавата порта на Најда Гулабовски на ништо не мислеше. Крај реката се обидуваше да откине гранчиња од една врба, но тоа не може да се смета за никакво размислување или за обид да се прекинат некои размислувања. Влезе во дворот и се упати кон скалата. На Јагна куќата имаше скали однадвор, од дворот. Скалите беа покриени со црна ламарина и се искачуваа на чардакот. Кога стигна Сандар на чардакот, не знаеше во која одаја да влезе, зашто имаше две одаи. Вратите беа затворени. Тропна на вратата што беше десно и влезе. Јагна до прозорецот плетеше. Прозорецот беше отворен, таа гледаше во градината и плетеше. Жената не стана веднаш од столот, блесна некако со очите, престана да плете и гледаше во Сандар. Беше помалечка од Илинка, но исто така убава. Сама во толкава куќа, помисли Сандар. „Добар ден“, рече Сандар. „Добар ден, Сандар“, одврати Јагна и стана. Можеше сега да се забележи по нејзините очи, дека ја одобрува посетата на Сандар. Се запали во лицето, а движењата £ беа сигурни, можеби не и беа сигурни движењата, туку £ беа такви од кои се заклучува оти не се плаши од мажот што стои простум пред неа и £ беше мило што беше тука. Во такви малечки парчиња од времето, наеднаш се јавува една визија, еден план и тоа го прави по малку нервозен човекот, но го прави и спокоен, зашто, ете, тоа што се очекува се стори и сега двајцата се во одајата, не може никој да им смета. „Јас штотуку дојдов од градината, Сандар“, рече таа. „Седни, ќе ти донесам ракија“. Сандар сакаше да £ рече да му донесе нешто за јадење. Но не рече ништо. Јагна излезе надвор. Сама, сосема сама, рече Сандар. Стана од столот, погледна низ прозорецот и кога сакаше да седне, си го виде лицето во окното. Беше забраден, којзнае од кога не беше бричен. Да имаше некаде весник во одајата, ќе го земеше да го чита. Седна. Јагна влезе и носеше исечена краставица и ракија. Ги остави на масата до Сандар и стоеше. „Седни и ти, Јагна“, рече Сандар. „Ама ќе седнам“, одврати жената и отиде, го донесе столот откај прозорецот до масата. „Кога отиде Најдо, тој ден и јас бев по дрва“, рече. „Не знам зошто отиде. Јас Сандар, не му реков ни оди, ниту не оди. Тој мене многу ме сака. Митре Дуков му напиша дека ќе го земе од Грција. Оттогаш само на тоа мислеше. Уште немам добиено вести, како стигнал таму, туку да се случеше нешто лошо, ќе се чуеше. Напи се Сандар ракија“, рече жената. Сандар започна да јаде парчиња краставица, ја доближи чашката до устата и ја спушти на масата. Не требаше да доаѓа, му помина. Одајата беше чиста, а штиците беа месесто жолти од постојано миење. И никој не шета со чевли по штиците, па тие остануваат чисти. Јагна не мирисаше со оној мирис. „Не си се избричил“, рече Јагна. „Не бричен, убаво ти стои. Црвена ти е брадата. Ако сакаш да слушаш радио, ајде да појдеме во другата одаја, таму е радиото. Таму и спиеме“, му кажа Јагна со нешто околу нejната глава како ореол, или како рој мушички што врткаат над крбло полно со комина. „Не сакам да слушам радио, Јагна“, рече Сандар. Таа стана и појде до прозорецот. Го зеде плеталото и се врати до масата. Јагна беше жена која што знаеше да се облекува. Сандар случајно погледна под масата крај себе, а на Јагна и беше подзапрегнат фустанот. Имаше бело, копринено здолниште и не се разликуваше од нејзиното месо. Јагна имаше најбела кожа. Таа белина е таква што те тера да помислиш дека нозете се провидни, но ништо друго нема во таа провидност, туку само белина. Јагна немаше дебели нозе, беа тие нозе здрави и некако раскажуваа за желбите на жената. Сите желби на Јагна можеш да ги откриеш, ако гледаш во нејзините нозе. И не само оние желби што се поврзани со блудот. Преку тие нејзини нозе може да се открие дали Јагна сака да избега од куќата, дали сака да има пари, дали сака да е некоја голема личност. Тој го крена погледот и гледаше во ѕидот отспроти. Јас ги познавам сите луѓе во Добридол и затоа можам да раскажувам за нивните желби. Можам да им бидам на сите овие пророк. Треба да изградам една колипка на брегот на езерото и уште изутрина да доаѓаат кај мене да им читам на дланките. „Уште повеќе од пред една недела ме замоли Прокоп, да му напишам писмо за Америка и не појдов“, рече Сандар. „Знаеш, не можам да поднесувам кога ќе ми ги кажуваат луѓето своите тајни. Ќе се двоумат виснати над мене и потоа се ќе ми кажуваат да пишувам во писмото. А што им сум јас виновен? Се гледа, криво им е што мораат да ми кажуваат такви работи. Мурган Ветровски, пак, на сина си му јавува кој го мрази во селото, му јавува оти нема пријатели и на есен секоја година му пропаѓаат јаболката. Старицата Дафина ме тера да му јавам на сина и дека во селото се појавиле лоши шангари и френгии, дека дечињата се лоши копилиња и не сакаат да одат до чешмата да и ги наполнат стомнињата со вода. Потоа, му се јавува дека во Свети Никола има една вдовица, добра домаќинка, која што тој може да ја земе за жена и веднаш потоа, вели, напиши му Сандар, Ставре воденичарот е луд човек и на луѓето во брашното им става пепел и толчен измет од пси. Знаеш, премногу е тешко да се решаваш што да напишеш, а што да изоставиш. Додека размислувам, во увото ми ѕуни гласот на Дафина и вели, како да знае синот нејзин да прати педесет долари, до Митровден да стигнат, а Мурган шета низ одајата и додава „пиши, седумдесет долари“. „Сандар“, го повикува Јагна. „А“? вели Сандар малку тажно. „Зошто не сакаш да појдеме да слушаме радио“? „Ама Јагна, навистина тие писма ме убиваат. Јас често им пишувам за времето и за ливадите во селото. Им пишувам и за некои празници што ги заборавиле и со сите дребулии ги опишувам празнувашата, а такви празници кај нас веќе не постојат. Ти Јагна, често ли слушаш радио“? „Слушам песни, понекогаш“, рече Јагна. Во одајата беше мирно. Јагна гледаше во Сандар и очекуваше нешто. Кога очекуваат жените нешто, на лицето имаат една одвај забележлива бесчувствителна маска. Тоа им помага да одат до крај, за да си ја исполнат желбата, но веднаш веќе нешто постои, нешто останува што те тера да ги сожалуваш; за таа појава свесни се и жените и радоста им е исполнета со огорченост. Поради тоа настануваат оние подвоености во нивните постапки што следуваат потоа. Додека уживаат во една своја збидната желба, во текот на најголемото задоволство се јавува огорченост и таа измешаност може да има доза на триумф, едно убедување дека сепак победила жената, или барем било по нејзина волја. И сепак, една ваква споредба не е многу далеку од вистината. Тоа чувство е слично со чувството на кучето кое што ќе добие добро парче месо од касапот и кога ќе се слади од сочноста и вкусноста на месото, да се сети дека пред една година тој ист човек, му ја отсекол ногата. Во одајата е мирно, мирно, мирно, мирно, шепоти Сандар како да брои бројаници. „Каква марка радио имате?“ праша Сандар. „А јас и не знам каква марка е“, рече Јагна. „Свири на батерии и кога ќе донесат струја и на струја ќе може да свири“. „Ајде да послушаме песни“, рече Сандар. Јагна стана и од погледот нешто остави долу. Она очекување, невидливо се престори во некој вид задоволство. Нозете правеа некакви распеани чекори по штиците, сосема одделено од чувството на Јагна. Секој дел од телото, за себе, се издвојуваше посебно. Од крстот нагоре, грбот, иако под облеката, беше со многу складности и секоја имаше своја функција. Тоа му заприлега како играта што ја играше голото тело на Илинка. Но она што остана околу масата кога стана Јагна, тоа беше нешто од погледот нејзин и тоа беше она чувство како кај кучето. А најлошото беше тоа што се знаеше, дека токму затоа што остана чувството во одајата, или беше нешто друго тоа, на некој начин се виеше околу неа и ја следеше. Зашто беше слободно, вон неа, таа не можеше да го контролира и беше видливо. Влегоа во другата одаја и Сандар седна на креветот, за да не му речеше Јагна, ако седнеше на стол, седни Сандар на креветот, на креветот е помеко. Јагна не беше седната, беше близу колената на Сандар и со бутината по малку го притискаше. Молчеа. „Имаш коса, што можам да ја кубам секогаш“, рече Јагна. Тоа не е страст, туку обична потреба. Јас исполнувам потреби. Пишувам писма, давам објаснувања, и погоден сум и за други потреби. Раката на Јагна му беше на темето, потоа на вратот и полека, но упорно го триеше со прстите. Незабележано, жената дојде меѓу колената на Сандар и главата му ја притисна на градите. Збивташе чисто и по малку пискливо. Сандар започна да ја соблекува. „Чекај Сандар, ќе се покријам во креветот и таму ќе се соблечам.“ Сандар ги собу чевлите и чекаше. Јагна се превртуваше под покривалото, се отпетлуваше и се покри до брадата, па гледаше во Сандар сериозно. Нему му се стори сето тоа како некој многу искрен разговор, многу доверлив разговор од кој што човек нема никаква полза. Ќе ти се довери некој и ти не знаеш што да правиш со тоа. Ги соблече панталоните и се протна до Јагна. Кога се покриваше и тој, го задржа кренато покривалото, но Јагна го повлече енергично. Сепак ја виде гола еден миг. Не можеше да ја види целата, но под веленцето блеснаа мазни, малечки и големи бели делови. Тој се сврте кон неа, ја пикна едната рака под неа и ги сети нејзините нозе кога се префрлуваа на него. Боските и се скршија во градите на Сандар. Така малку почекаа и Сандар првин почувствува како го затоплуваат нозете, па едното нејзино рамо, им се сретнаа устите и започна да ое качува врз неа. Сандар воздивна длабоко во себе. По 'рбетникот почувствува пот, од оној страв да не не може да направи ништо. Дозна за едно олеснување како кога по мрак се враќаш дома и сретнуваш човек и се плашиш да не е некаков разбојник. Додека се загледуваш, се загледува и тој и откривате дека сте познати. Двајцата во мракот зборувате за пријатни работи и така взаемно се куражите и уверени сте дека ви е убаво, но знаете дека сето тоа по малку е здодевно. „Сандар, да не направиш како во пченката“, молеше тивко Јагна. Потоа лежеа на грб во постелата. Сандар пушеше, Јагна се уште трепереше по малку, не можеше да се смири и безбели затоа молчеше. Сандар стана и крај радиото најде пепеларница. Седна крај радиото, низ прозорецот доаѓаше сонце и на креветот ги притискаше нозете на жената. Од колковите надолу. Но, покривалото беше со нерамнина, па се чинеше дека нема нозе Јагна. Таа сега беше мирна и му се насмевнуваше на Сандар. Сандар ја извади цигарата и тој се насмевна да го забележи Јагна. Жените се најважни во овој крај, помисли. Тие се секогаш дома и се учеснички во сè. Во избирање падар. Кога се одредува данокот. На свадбите, во караниците, во убиствата што се случуваат во другите земји, во прељубите, во делбите, кога ќе се случи некое труење со сода за сапун. Жените тука ја имаат сета власт. Сè им е оставено на нив и тие со години се снаоѓале, а сега се знае дека владее еден женски ред, од жените што живеат во Долна Долина. Може да се докаже дека многумина момчиња, избегале од селото поради таа женска владеачка. Навидум, таткото му е господар на синот, но со оние постојани забелешки, со оние постојани потсетувања, со неподносливи, тврдоглави повторувања, со плачење, со лутење и со други триста уценувања, со заплашувања, со некоја загадачност, секогаш без исклучок, се случува така, како што ќе сакаат и како што имаат предвидено жените. Поправо мајките. Во ова село, има најмногу стари мајки што се оставени сами да умрат. Гласот на Сандар Вториот се слушаше сосема јасен, сосема одблизу. Како да беше пикнат под штиците на душемето, или како да беше разлеан под малтерот на ѕидовите. Дамдара-рам, Дамдара-рам, дамдара-рам, дам-дарам. Без дрва, без постела, без храна, без вода, без милост. Некои тоа го прават прикриено. Ќе ја затворат мајката старица во една одаја и никој не се грижи за неа. Други, ќе ги однесат стариците во племната и таму ги оставаат. „Во нашето село, најубаво е човек да нема деца“, рече Сандар. „Зошто? Ти веруваш дека јас не раѓам и сакаш да ме натераш да не се грижам. Ама јас, Сандар, можам да родам“, објаснуваше Јагна. „Друго сакав да кажам“, рече Сандар. „Сакав да кажам во нашето село многу старици оставени се сами да умрат“. „Тоа не чини“, рече Јагна. „Не чини тоа, знам. А во ова село, најголемо зло е кога ќе останат децата сами со мајките. Тој ќе појде во Америка и не се враќа. Децата со мајката ќе останат цел живот. Еден од синовите ќе се грижи за неа. Обично, се излажуваат за имотот, но во прво време, исто така може да се рече дека тоа го прават и од жал. На крајот, никој не ќе може да издржи и ќе ја остават старицата сама. Не си чула за Трајковица, што оди да ги собира корките што им ги фрлаат на загарите? И сите ја жалаат неа и сите го мразат синот. Зашто тие не се вдовици, Јагна. Со кое право нивните мажи им оставаат таков товар на своите деца. Тие ги прават децата злочинци. Тие се мајстори за правење од младите селани злочинци. Во ова село, сите се бесчувствителни. А бесчувствителноста ја создадоа тие што одат во Америките и тие што остануваат тука. Поинаку не се може.“ Јагна се облече под покривалото и се извлече од креветот. Дојде до Сандар и му седна на колената. Сандар одвај седеше на столот, беше ослабнат од глад. Ја стави раката на радиото и му ја зафати сонцето. Полека се смири. „Сите не постапуваат така со своите мајки, Сандар. Некои постапуваат и не знам како не се срамат. Пари имаат, куќи имаат. Ќе доаѓаш и други денови, Сандар“? праша Јагна. „Нема да доаѓам другпат, Јагна“, рече Сандар. Ја поткрена и се исправи. Ги облече панталоните и ги врзуваше чевлите. „Треба да си одам“, рече Сандар. „Ај догледање, Јагна. Ти Јагна, си убава жена. Една од најубавите во селото. Ај, догледање.“ „Де дојдам да ти отворам“, рече Јагна. „Кога дојде ти, јас слегов и заклучив“. Слегуваа еден по друг по скалата. Сандар почувствува силна болка во двете слепоочници. „Не ми се лути“, рече Сандар. „Ќе гледам да дојдам и другпат“. „А ти Сандар, мислиш, јас сега целиот живот ќе бидам сама. Ќе најдам некого, да знаеш. И тој што ќе биде ќе биде среќен. Јас сум сама, а имам сè, кажи зошто да бидам сама? Како и досега, ќе готвам за двајца и тоа убаво ќе готвам. Најдо беше плашлив и не сакаше да живее како што сакав јас. Белким затоа избега. Знаеш Сандар, ми рече тој, Јагна, ќе се вратам и ќе бидеме најбогати. Јас ќе почекам додека соберам доста пари и ќе одам во некој град. Таму ќе се мажам“, заврши Јагна. „Ниедна жена во селото тоа не го има направено“, рече Сандар. „Јас сигурно ќе го направам тоа“. Мислат дека токму мене, треба се да ми кажат, рече Сандар. Тој се доближи до надворешната врата и ја чекаше жената. Таа стоеше на средината на дворот, горе крај ѕидот имаше црница и бунар под неа. „Најдо не избега од тоа. Тие бегаат од нешто друго. Никој од нив не знае од што бега; ми се чини, сакаат да станат маченици, зашто знаат дека се маченици тие што се враќаат. Туку мене ме чуди, овој наш народ од котлината, не знае да биде маченик“, заврши Сандар. „А јас што да правам сама? Не ми е срам да ти речам, мене ми треба маж. Ти знаеш колку е тешко сама да спиеш. И да знаеш, не знаеш. Или понекогаш, мислам, кој ќе дојде во селото да го викнам кај мене да преноќева. Сите да доаѓаат кај мене. Само ќе готвам и ќе лежам со мажите. Но само со мажи што ќе доаѓаат од други места. Се премислувам сега да купам три четири прасиња и да ги ранам за тоа. И ќе ги молам да им кажуваат на сите да доаѓаат кај мене. И ќе ги носам на гости по куќите, што велиш, ќе ме истераат? Нема да ме истераат. Ќе вечераме по куќите и ќе пееме. Јас убаво пеам, ќе им правам веселби. Најдо рече, ќе верувам само на твоите писма, на друг, никого не му верувам. Тогаш и тебе не те примам, ти си од ова село. Еве Сандар, да ти отворам и оди си“. Таа отклучи и Сандар ја отвори портата. „Ај догледање“, рече и тргна по улицата. Сврте кон јазот и знаеше дека оди во ливадата да го земе коњот. Му се стори дека околу него се влечат некои музики. Тој досега немаше доживеано такво нешто. Заборави на гладот и газеше по најубави звуци од Јужна Америка. Се загледуваше околу, да не го гледаат селаните и да забележат како гази по мелодиите. Од камењето излегуваа песни, шумот на водата се престори во мелодии. Ќе да е глупо, но можеа да се препознаат хармоники, виолини, пијана и други инструменти. Сандар се обиде да го смета тоа како резултат на гладот, но не успеа. Пред него и зад него беше познат патот. Можеше и со врзани очи да помине крај јазот, крај врбите, крај едната воденица, крај казните, крај клозетите на општината, крај двете воденици и да излезе од селото преку мостот на џадето. Или да сврти в лево пред мостот, да мине крај воденицата на Налетениот и да се најде во ливадите, но сеедно, музиките не престануваа. Се јавуваа сега француски пејачи, италијански пејачи, пејачи на некои црнечки племиња. Беше тоа концерт на сите мелодии што ги имаше слушано Сандар и што ги имаше запаметено, таков, каков што беше без ни малку слух. Тоа не го загрижуваше, како што го загрижуваа, слични појави. Тој тогаш пронаоѓаше дека е презаморен или дека е долго време зачмаен. И во таа распеаност се јави камбаната. Се измешаа илјадници звуци, како да откриеш одненадеж дувло од триста глувчешки породи, но највистински беше замавот на камбаната, сонцето се втурнуваше по налетите на звуците од камбаната и пак се враќаше на своето место. Сандар застана под еден орев и одвреме навреме паѓаа полулупени ореви. Го принудија звуците да се вкочани среде патот. Зад градината што му беше лево, одеа селани и дечиња, по нив ждрангаше стара кола, се слушна грачење на кокошките и смев на некоја девојка. Сандар заоди да ја одмине градината за да може сето тоа да го види. Дојде на раскрсницата и патот нагоре беше мирен. Над него едно метро над земјата, стоеше онаа позната селска боја и ситуација. Имаше кокошки и не гракаа. Сандар забележа дека сонцето е сосема слабо. Пенка старицата му идеше во пресрет. „Сандар, да не помина Петре внук ми со кола“? праша старицата. „Петрета не го видов, бабо“, рече Сандар. „Отиде да донесе камења. Правиме еден ѕид на горната страна од гумното. Дојде некој човек, вели биле заедно војници и сака да го види. Затоа излегов да го најдам“. „Не го видов да помине“, рече Сандар. „Каков е денот, ти се чини само песни се пеат околу“. „Зрее грозјето, Сандар“, рече Пенка. „А ти да се избричиш. Те гледаат луѓето, небричен. Дојди некој ден Сандар“. „Не ќе можам. Овие денови ќе се вратам во градот“, рече Сандар. Старицата тргна по внука си, а Сандар остана на раскрсницата. Јас сум сосема немоќен, рече Сандар. Но не се кријам, само не може човек на секого да му зборува за тоа. Не беше тоа немоќ за која се сети Сандар. Во селото постоеше верување меѓу луѓето, ако му го загорчиш секому животот, тогаш ти ќе бидеш спокоен. Навечер се собираа селаните на Полената и зборуваа за тоа. Еднаш, во нивното село дојде млад сликар со жена си и зеде под кирија една куќа. Куќата беше крај патот над гробиштата, а внатре немаше никој, сите беа во Америка. И Вангел му напиша од Америка на сликарот, дека во неговата куќа може да живее колку што сака, само да плаќа кирија и да ја чува. Сликарот им плати на роднините на Вангела и потоа ја донесе и жена си. Уште другиот ден, жените од селото започнаа да доаѓаат кај жената на сликарот и останува по цел ден таму. Таа не можеше да учи. Потоа, се собираа селски момчиња и доаѓаа кај сликарот да играат карти. Тој еднаш ги прими и им рече, само вечерва ќе играат карти, другите дни ги моли, да го остават на мира за да слика. Им кажа, во нивното село и околу селото Добридол има прекрасни пејсажи и најубава клима. Но момчињата доаѓаа и другите дни. Доаѓаа и жените. Митрана плукаше во млекото што и го продаваше на младата жена на сликарот. Еден ден, тие двајцата се качија во автобусот и си отидоа од селото. Не останаа ниту цели две недели. А на Полената со месеци се зборуваше за тој настан и луѓето се кикотеа кога слушаа како ги избркаа двајцата млади. Некои момчиња велеа, знаат зошто избегал сликарот. Еве зошто избега, се плашеше да не му ја напрчи некој жената. А убаво парче беше. И пак се смееја до насолзување. Но сепак, многумина од селаните имаат една чудна болест. Кога ќе се почешаат под лактите и на бутовите и на лицето, им се јавуваат бели плускавци. По половина час им се губат. Некои што отидоа да се распрашаат кај лекар, им рекол тоа е од нервоза. Та не е обична нервоза. Веќе сега зборуваат за тоа на Полената. Сандар Вториот, се развика. Сега го прераскажуваш деда Тихона. Сега го прераскажуваш деда Тихона, оф леле, леле моме бре, оф леле, леле моме бре. Имаат забележано дека им се јавува кога ќе се расправаат со домашните или со соседите или кога слушаат како зборуваат домашните за Американците, а тие молчат. На многумина им се јавуваат плускавци и без да се почешаат. Ниту боли тоа, ни ништо, само е непријатно кога ќе забележиш како си се нафрлал со меури. Исти се како каснатини од комарци, или боцкање од коприви, а најмногу прилегаат на сугреби. И Сандар, тоа лето неколку пати почувствува слична појава кај себе. Можеби затоа се воздржуваше да не се расправа со некои свои луѓе. Но за таа болест не треба само да си мирен. Треба исто така и да не размислуваш за некои работи. За некои работи што ги знаеш кај селаните и за селаните што ги знаеш. Да не се лутиш кога е времето лошо, а селаните ги гледаш свиткани одат низ тоа лошо време, иако имаат што да облечат. Да не се нервираш што има семејства кои ги сакаат децата на своевиден начин; кога ќе ги учат да лажат, зашто светот живее од лага, кога ќе ги учат да крадат, зашто во крадењето се гледа дали е човекот човек. Кога не се навидуваат меѓу себе и потоа одат заедно на сенопревртување. Им даваат на некои гости да пијат менструација со виното, а во зимата се прават оние седенки. И дечиња и млади и стари и на тие вечери се раѓаат желби какви што има сега Јагна Гулабовска. Чевларот Симо, стана папа Симеон. Треба Симо да го попрска целото село со својата болест, на селаните, на лицата да им се јави ликот на Бетси и да признаат дека постои црн град во Њујорк. Во Њујорк, во Њујорк, во Њујорк. Ајде јави се, му викна на Сандар Вториот. Нашите најмногу ги има во Детроит. Тие оттаму доаѓаат со таа болест што се јавува со јадеж и што не боли. По три смени се работи за да може да се добие таа болест. А потоа, рацете се како на марионетка и не знаат на определено место да чешаат и се полни целото тело со плускавци. И градите и стомакот и грбот и главата. Затоа им е страв да измислат празник во кој ќе се соблечат сите голи. Ќе прилегаат на дождарци. Има право што не сака Јагна да легнува со ниеден човек од селото. Има сосема право, братко мој. Со дождарка да лежиш лигаво е, студено е, гнасно и ќе чекаш, ќе чекаш, ќе чекаш, ќе чекаш, ќе чекаш, на крајот не ќе можеш да се погледнеш очи в очи. Ајде, ајде, покажи се, му викна на Сандар Вториот. Некоја злобна радост доаѓа од далеку, но сепак не ќе можеш да се погледнеш в очи и одненадеж доаѓа она липање. Во ова село се плаче и од неисполнети сексуални потреби. Сандар се најде во ливадите. Чекореше како месечар или како логораш. Како логорашите што чекорат на филм. Ливади мои, ливади, рече Сандар. И се упати кон коњот, ја чу реката, тогаш кога со дни се печеа по камењата со едно дете од маалото и фаќаа малечки рипчиња. Коранчиња. Ги броеја, ги држеа во вирче со вода. Навечер домашните им ги пржеа рипчињата и тие ги делеа на сите. Потоа, пак двајцата, во најстудените квечерини во зимата, ставаа примки за зајаци и доаѓаа дома помодрени. Една квечерина, тој зимски студ на Сандар му ја одзеде желбата за живеење и нему иако беше најмалечок, му се стори дека згазнал на крајот на светот. Оттаму светот беше матно црвеникав. Нема сега студ, дури ни желба да се присетиш на тие времиња. Треба да се двајца и да се помагаат во присетувањето, да се дополнуваат. Белким ќе засветкаат некако очите. Тоа едно дете од маалото е во Америка. По три шихти. А кога ќе дојде, не ќе знае да зборува како Германа падарот. И не ќе знае да се самоубие. Тие, најмногу би требало да знаат за тоа. Кога ќе се враќаат, со себе треба да носат долги, бели легени и да ги наполнат со топла вода и да ги расечат вените. Со раката во водата од која се цеди крвта, да легнат и да ни раскажуваат бајки. Ние ќе плачеме околу нив или ќе играме ора или ќе шлакаме со рацете или ќе молчиме. А од нив што да ставиме? Риба. Кво Вадис Домине? Каде се чепатиш? Да легнам под коњот, рече Сандар. Сандар Вториот упорно молчеше. Не легна под коњот, туку влезе во една бавча и набра јаболка и црни сливи. Се врати во ливадата и под коњот собран како куче, јадеше јаболки и црни сливи. Кога го изеде овошјето го чукна коњот по ногата, го погали и легна да спие. Спиеше здраво до зајдисонце. Кога беше разбуден тешко се исправи, отиде, го фати коњот и пак го водеше за огламникот. Под крушата веќе беше паднат оној беличест мрак. Тогаш небото прилега како да е потурено со расол. Таа боја небото ја добива само при крајот на есента. Тој матно жолт малтер е направен од сокот на плодовите и не е чудно ако видиш на небото луѓе со запрегнати ракави и ногавици како го уредуваат таванот. Напати прилегаат како селани што го тропцкаат грозјето во вазалници. Она прво вино, гнојноцрвеникаво. Потоа прилегаат на ловџии, цапаат во мочуриштето и чекаат гуски. Сандар запали цигара. Се опре на стеблото, а палтото што го симна од крошната го фрли на колената. По кратко време некој доаѓаше низ стрништето. Сандар се обѕрна и ја виде Илинка. Не знаеше дека е токму Илинка, но друга жена под крушата не доаѓаше. Нешто носеше Илинка, нешто како вреќе пред себе. Кога се доближа жената, Сандар виде дека го носи на раце девојчето. Сандар не стана. И започна да се лути што не стана. „Сандар, ти тука си“? рече Илинка. „Те чекам тебе секоја вечер“, рече Сандар. „Сега застуде ноќе, Сандар. Цела ноќ, не се седи под дрвото“. „Тебе ти студи Кате“? праша Сандар. „Го донесов и девојчето. Ме праша каде ќе одам и му реков, ајде со мене.“ „Зошто не доаѓаш, Ило“? рече тој. „Ти не сакаш Сандар“, рече Илинка. „Јас не сакам? Кој ти кажа дека не сакам да доаѓаш“? праша. „Катето ми кажа што си бил кај нас“, рече Илинка. „Или сакаш, Илинко, да не се измени ништо. Сакаш да лежиш со туѓи мажи, па кога ќе дојде работата за брак, да избегаш. Зашто така прават сите во селото. Ти не можеш да бидеш поинаква од другите. Ти доаѓаат пари, уживаш и со кого ќе ти текне, ќе легнеш. А ако преброи некое дете повеќе Фидан ништо. И никој во селото за тоа не зборува. Измешани се сите семејства и се мразат децата и татковците. Ти не можеш да бидеш поинаква од нашите жени. „Сандар, кажи ми што те мачи. Сакам да ми зборуваш. Јас навистина те сакам, никого не сум сакала повеќе од тебе. Знаеш да се загледуваш во езерото. Мене со молчење ме научи на многу работи и мислев со тебе ќе заживеам. А ти не сакаш. Или, не сакаш само со мене“? „Јагна Гулабовска денеска ми рече дека би можела да избега во некој град и таму да живее“, зборуваше Сандар. „Јас мислев ти си таа што можеш да го напуштиш овој крај. Да избегаш од ова село и да заживееш“. „Сандар, не ме лажи. Не ме лажи, мило. Научи се да кажеш што сакаш. Тоа не навредува толку колку што мислиш ти. Јас дојдов за да поприкажуваме. Зошто не сакаш да ме земеш“? „Кој ти рече“? „Ти ми рече, мило. Не ми рече така, не ми зборуваше за тоа, ама кажи, сум се излагала ли? Сум се излагала, мило? Јас сум глупа, па сигурно не те разбрав. Не ми се лути. Еве речи, кога ќе сакаш ќе појдам со тебе. Кога ќе посакаш, мило. Како можев да се излажам, а? Како? Ми иде да плачам“. „Што плачеш мамо“, рече Катето. „Јас не можам да се женам, Ило“, рече Сандар. „Ама кажи ми зошто? За да не остане сам свекор ми како што му рече денеска претпладне? Јас бев горе, ве слушав“. „Сега веќе се плашам, Ило“, рече Сандар. „Од што се плашиш, Сандар? Нема ли никогаш да се жениш? Види како те прашам, а ти мене не ме сакаш и ти е незгодно да ми кажеш. Јас дојдов само да поприкажуваме“, се засркна Илинка и плачеше. „Се тики не можам да се женам, затоа што татко ми ја остави мајка ми. Првин не знаевме, верувавме ќе се јави. По војната сите се јавија, а ние чекавме. Тоа беше многу тешко. Тие што доаѓаа од таму, ни велеа, добар е, здрав и има многу пари. Не можевме од никого ништо да дознаеме. А едно време добивме писмо од роднините, од вујко ми, од тетка ми и од братучедите, и пишуваа дека е преженет. Само јас, Ило, уште како дете, уште пред војната го гледав животот на мајка ми. Не знам што е најголемото зло во тој живот. А знам, едно момче што има мајка без татко, што не се ни оставени, ниту заедно, кога ќе го гледа животот на мајка си не може да се жени. Гледаш, би требало да се очекува, тој со радост да се жени, за да ја опсипува жена си со внимание, да докажува дека може и да се почитува жената, туку не се случува така, се случува обратно. Тие синови не можат да се женат. Јас мислам, се плашат. Се плашат да не бидат како нивните татковци, а белким има тука и некои други работи. А нашите татковци го носеле истиот страв. Кога ме прашуваат домашните зошто не се женам, јас им велам да завршам со студиите. А тебе ти кажав. И јас те сакам, Ило. Те сакам повеќе од се; во мојот живот никого не сум сакал толку. Ете, така“. „Земи ме и остави ме“, рече Илинка. „Што зборуваш, Илинко“, рече Сандар со болка. „Па тебе ти е многу тешко, мило. Тебе ти е претешко. Се тики затоа те сакам. Кога бевме голи во полето беше тажен. Ќе се израдуваше и веднаш пак беше тажен. Кога бевме крај езерото, беше и таму тажен. Од тоа што ти беше жал за нешто, сакаше да ни биде убаво. Јас чекав да се ослободиш и ти не можеше. Со најголема радост го чекав тој момент, да бидеш слободен. Ми се земаше здивот при помислата, каков ќе изгледаш ти тогаш. По малку се плашев од таа среќа и знаев дека јас не ќе можев се да соберам во себе од тоа што ќе можеше да ми го дадеш. Не ми се смеј што зборувам така. Сега ми е чудно, се научив и да зборувам. Замислував, кога ќе бидеш слободен, дење, на среде бел ден да те фатам под рака и да шетаме по улиците со тебе. И да те бацувам кога ќе ми се присакаше и да се смеев гласно и да разговарав со луѓето. А ти не можеше да се ослободиш од таа тага и последната вечер дознав, ти не ќе можеш да се ослободиш никогаш, додека си со мене. Туку јас Сандар сум ти благодарна за тие вечери и ти појди кај некоја друга што ќе ја сакаш. Ти не си виновен, што можам јас да сторам кога ќе те гледам таков? Тогаш си ми најмил, а јас не знам како да ти помогнам. И се затворив дома и плачев, ама не те мразев никогаш. Понекогаш само, мислев, дека ти би можел со мене да живееш, зашто јас со мојата љубов се ќе можам да поправам. А веднаш потоа, дознавав дека тоа не е возможно. Знаев оти што многу сум проста и додека да те стигнам тебе, ние ќе бидеме старци. И тогаш решив да дојдам тука, за да ти кажам оти што не се лутам. Тебе не ти се лутам ни малку. А ти не треба да ми зборуваш оти не била поради тоа нашата разделба. Јас не сакам да те натерам да ми кажеш една таква вистина, кога ја знам“. Илинка започна да плаче. „Не се надевав мило, оти што толку многу ќе те засакам и сега сешто зборувам. Пред петшест години, овие работи не можеше да ги зборува една жена, ама сега се зборуваат. А безбели Сандар, само јас ги зборувам и ти не лути ми се. Најмногу сакам да те видам со некоја девојка што ја сакаш и да дознам како изгледаш кога си наполно слободен од се. Сега не си, тоа ти се гледа на целото лице и во очите, и кога ќе си гол, мое тажно мило, по целото тело ти се познава“. „Еве, на ти го палтото Ило и покри го девојчето. Веќе студи. Зави го девојчето“, рече Сандар. „Дај ќе го завијам“, рече Илинка сè уште несмирена. Малку време молчеа. Сандар довикуваше во себе потсмевања, како што беше свикнат да довикува други настроенија. Но сето тоа, сепак беше болно. „Ти кажувам Ило, дека тебе најмногу те сакам. Ако можеш да ми поверуваш, те молам поверувај ми. Јас можам само со тебе да живеам. Знам сигурно, само со тебе. Туку оној страв е поголем од сè. И беше уште една друга девојка, исто како тебе добра. Побегнав и од неа. А ти се плашиш мила од нешто што го немаш. Мене никогаш не ми дошле такви мисли на ум. Ете, сè, сè ти кажав“. Пак молчеа долго време. Сандар беше целиот испотен. Главата, дланките, градите, нозете, му цедеа пот. Кога ја сети потта, го почувствува и чукањето на срцето. Во такви мигови та мразеше луѓето со кои разговараше. Во такви мигови најмногу разговараше со своите домашни. Сега не ја мразеше Илинка. Илинка ја подаде раката да го погали и пак ја тргна. „И јас не одам на игранки никогаш, Ило“, прозбори Сандар. „Тебе ти е многу тешко, Сандар“, рече жената. Ех, можеби сакам така да мислат другите Ило. Можеби свикнав да ме жалат луѓето“. Ништо не се слуша, рече Сандар. Сакаше да си оди Илинка. И нему му се смачија овие убави зборувања за него за неговата душа. Ги сакаше тие зборувања и стана мајстор во примамуваше на луѓето, така да зборуваат за него. Уште при првата средба со некој нов познаник, Сандар започнуваше да работи на тоа. Потоа ќе му здодееше и нему и уште повеќе на неговиот познаник, но тој, мислејќи дека ќе се откине од тоа зближување, зборуваше нешто како славопојки за Сандар Пламенков. Сандар се бранеше, му беше срам, се мразеше себеси и на крајот уморен попушташе. Му се зажаруваа образите, се смееше збунето и се си одеше по старото. Таа вечер сакаше да си оди Илинка, зашто навистина беше добра, убавата жена. Полна со некои насетувања за кои не се мачеше да ги пронајде. Полна со едни олеснувања што можеше да ги рече, зашто беше проста и невина и умна во своите постапки. Сандар се надеваше дека пак ќе се сретнат. Кога ќе се сретват? Ќе се сретнат кога ќе се колат крмаците. На трети куковден. И мажите стојат со фута над колената и со американски нож во раката, а имаат и чеканче за шајки исправување и буци до ципите на нозете. Воденичарот Ѓорѓија Фармаковски Налетениот, има такви буци и кога ќе ги обуе, секогаш се полни со моч, не може да го држи мочот. Ако си до него, смрди на моч и тој зборува за автомобилот што го купил во Америка. Фајар стон, се викал еден автомобил што рикал по улиците на Чикаго, кога бил воденичарот со домашна волнена фанела на гола мрша и кога отишол во јавна куќа па се скинала од повраќање жената под него. Над вратата на куќата има направено со малтер смешни американски букви, двократно криво, В, што прилега на старо метро и тоа било победа. Две победи. Сто победи направи жената му со војниците. А сега носи долги гаќи, па и се гледаат под фустанот како закрпени облаци. Сотирка ќерка му, украде триесет илјади франки од ковчегот и кога £ рекоа во градот дека се стари пари што не вредат, се омажи за касап. Се јави Сандар Вториот. Ах, ах, ах, измеша сè, туку ако, се е вистина. Ова село, сакало не сакало, е едно единствено семејство, рече Сандар. „Луѓето во ова наше село Добридол, се како едно семејство, Ило“, и кажа на жената. „А ти до кога ќе седиш тука, Сандар“? го праша Илинка. „Јас ќе поседам под дрвото“ рече Сандар. Свекор ти, денеска ми даде кутија цигари. Јас зборував со тој човек и сега мислам на неговите зборови. Но сепак, старецот полудува, Ило, и ти чувај се од него. Во таа своја добрина, тој не може да издржи, зашто никој не му помага. Ако е човек лош, не може да издржи до крај во својата злоба, ако е добар, ќе го скрши добрината и сè може да направи“. Кражбите на синовите сè уште поголеми, рече Сандар. „Сандар, јас треба да си одам, девојчето ми заспа во скутот“. „Имаш забележано, Ило, од некое време започнаа да се носат куси фустани? Тоа е во мода. Јас мрзам кога одат жените само по модата, ама ми се допаѓаат куси фустани“. „Мене ми е срам да ги скусам фустаните, Сандар. Не е убаво во селото да носиш фустани над колена“. „Зошто да не носиш? Ти ако носиш такви фустани, никој не ќе смее да те задева. Кога ќе ги види човек твоите нозе, ќе му останат таму очите и не му доаѓаат лоши зборови да те навредува“. „Не шегувај се со мене, Сандар“ рече радосно жената. „Не се шегувам Ило. Сум гледал историски слики и жените сите се со куси фустани. Една педа над колената им се голи нозете и сигурно тогаш луѓето не знаеле да употребуваат прости пцости. Јас би сакал да има таква мода, кога ќе ги држат жените голи и градите. Потоа дошло едно друго историско време и жените оделе покриени од грлото до прстите од нозете. Да ги видиш тие слики, Ило. На жените, очите им се тажни и полни со омраза и одмазди. Еден распоп ми зборуваше, оти во тоа време се јавиле лошите женски болести. Каков човек беше тој поп, луѓе мои. Му ја зел жената на сина си и ја носеше по кафеаните. „Што ми зборуваш така, Сандар“, се смееше Илинка. „Та тоа време, Ило, кога се јавија женските болести, во нашето село, сега го живееме. На некој начин ние сме во тоа време. Сакав да ти зборувам за некои весели работи, а гледаш не се смешни. Да беше ден, ќе ти се преправев во питач, во младоженец и на крајот во поп. Сигурен сум, ќе те насмеев. „Мене ми е многу смешно кога ќе го видам викачот. Ќе истрчам од дома и од смеење никогаш не дослушувам што ќе рече“. Илинка имаше весело лице. Беше како дете што го ставиле пред коњ на некоја свадба. „Слушајте луѓе. Од денеска се забранува да се пуштаат кучињата надвор, за да не јадат грозје“, викаше Сандар. „И друго, на Кирета терзијата пак му избега жената. Кој ќе ја најде да не ја пушта, да ја држи дома, додека не дојде Кире да си ја земе“. „Мкха-ха-ха-ха“, се кикотеше Илинка. „И кога ќе се јави Кире, да му каже секој колку лати спал со неа. Гревота е луѓе да се лаже“. „О, Сандар, доста. Мкха, ха, ха, ха, мајко мила, ќе пукнам.“ „На воденичарот, буците не му мирисаат на моч. Тоа е од некои тревје што ги става на нозете за да го излечи ишијасот“. „Сандар, мило“, рече Илинка. „Што Ило“? праша Сандар. „Ништо“, рече Илинка задоволна. „А ако те викнам некогаш Ило, да дојдеш дење го мене на езеро“? „Ќе дојдам“, рече Илинка. „И да те викнам во планината, кога одат момчињата и девојките. Да одиме со нив и да останеме на Горното Езеро неколку дни“? „Ќе дојдам Сандар“. „А ако сакам да те одведам дома. Ќе дојдеш кај нас, дома“? „Ке дојдам, Сандар“, рече мирно таа. Таква решеност не можам да поднесам, рече Сандар. Во тоа е работата, јас не сум свикнал на таква решеност. „Ајде да играме, Ило“, рече Сандар. Таа стана, го намести девојчето убаво на палтото го покри со полите и стоеше простум до Сандар. Тој ја прегрна и започнаа да се вртат. Полека се нишаа во крстот и молчеа. Сандар умираше од желба да ја бакнува, да ги провлече прстите низ нејзината коса и да £ го исправи лицето кон небото. Сакаше да £ го држи лицето свртено кон небо. Но ја нагази жената во вртењето и започна да внимава во играта. Му се стори, дека Илинка намерно го притиска со нозете. Но тој беше занесен во играта. Сега дозна дека некои одат на игранки за да играат од задоволство. А Сандар би можел некогаш да појде на една таква игранка. Ќе игра долго. Тоа прилега на одмор. Ноќе, под крушата каде што измислија оти се јавува видело. И тоа се стори. Направија како во филмовите. Сандар, со тажен поглед и со тажно лице си игра со жената во угарот. Таа го слуша и му се покорува во сè. Оние Индијанки, намачкани со чоколадна прашина. Потоа ќе го земат детето и ќе го обесат на грбот. Дозна дека стои неподвижен. Не сакаше да ја стегне Илинка. Ја пушти. Се мачеше да ги повика оние денешни мелодии. Сакаше да гази по звуци, иако знаеше дека еето тоа е поради неговото умеење да се преправа пред себе. Тоа значи дека долго време стоел без некаква работа, бесцелно ги поминувал годините и се навикна да игра многу улоги. Сериозно беше зачуден од тоа негово умеење. Не е никакво чудо да умееш, но тој не сретнал друг човек што е наполно свесен за таа своја вештина и без никакво стеснување ја изведува пред себеси. Сепак се молеше да се појават од некаде оние звуци, за да можеше да продолжи да игра со Илинка. Тоа е еден вид занесување. Во најмногу случаи, занесувањата се бегства. Сандар потоа, започна да размислува, како би ги доживеал овие изминати дни кога би се повратиле. Тој £ рече на Илинка, ајде да играме уште, и размислуваше како би се однесувал кога повторно би ги доживеал овие исти дни. Тоа се години. Ја тераше Илинка да ги менува игрите, а таа веднаш откриваше што сака и одеше мирно по него. Едно време, Сандар откри дека играат долго. Ја пушти Илинка и се упати кон дрвото. Под дрвото мирно спиеше девојчето, Кате. Мајка му, многу сака, тој да има деца. ¥ се јави Сандар Вториот. Доаѓаше како да плачел некаде, Сандар сакаше да му се развика, што мисли тој со тоа свое настроение што доаѓа тука. Но и да се развикаше, Сандар Вториот не ќе го чуеше; ја имаше кренато главата и викаше. Куса жено, драга бабо, од каде дојде тој молк во нашите одаи без никакви слики, со киски грозје и дуњи на ветрот без крила. На два коња се кладел некој на нашиот именден; па тој внатрешен страв од празниците, нашите софри беа големи трпези со ехо, ако зборуваме за враќање на времето, пак така ќе започне, а раѓањата мајсторски ги изведувавме, во аголот го мразевме Свети Димитрија за молчењето на татко ми. Не беше тоа суеверие кога сакаме сите да имаме продупени уши. Размислување за кројот на женските ракави над лактите, на сите извори се претскажуваше дека ќе дојде есен бабо, пролет, зима без патувања. Одредени силуети по ридиштата, нека му се раѓаат машки деца на некого што ни го украде гајтанот на нашата приврзаност, лете со погледи можевме да уништуваме из'ртен плод, глупо е што се заборавија обичаите кога се колеа девојки во лозјата на Свети Трифунија, трезен дедо ми беше неуспех на боговите; се роди идејата да сме обични луѓе за да не ни доаѓаат на гости, ти и јас, за да не ни доаѓаат на гости. На секоја лејка живееше по еден ѓавол и луѓето ги носеа капите до очите за да не им се чита писмото. Никој не веруваше во твојата сила, признај дека бевме шегаџиско семејство, под левиот темел на куќата верувавме живее смок, затоа редовно ги пропуштавме шансите, секој петок на второто кукурикање на петлите слушавме како нè молат наречниците да бидеме среќни; тие девојки без љубов, ја очекуваа омразата на својот ѓакон зашто ние не ги исполнувавме нивните претскажувања. Јас требаше да бидам анѓел. Ја гледа мајка си како им завидува на другите баби кога ги носат кренати внучињата и кога раскажуваат за нивните ѓаволштини. Таа неколку пати има речено, кога би имала јас внучиња, ништо друго не ми треба на овој свет, и во овој мој живот. „Ило, сега треба да си одиш“, рече тој. „Еве сега ќе си одам“, рече Илинка и дојде и таа под крушата. Го крена девојчето, а палтото го остави на земја. „Земи го палтото да не му студи на Катето“, рече Сандар. „Не, Сандар. Ќе го топлам со градите. Нека ти остане палтото, зашто ноќе е студено“, му објаснуваше таа. „Ама не ми студи, земи го палтото“, рече Сандар. „Не го земам палтото, мило“. Го загради девојчето со рацете и појде низ угарот. Сандар полека се доближи до земјата и се зави: со палтото. Долго време гледаше во мракот. Ги затвори очите и се намести убаво до стеблото. Не му се спиеше и мислеше дека не ќе заспие до изутрина. И првин почувствува некое бодинање на коњи, а потоа разбра дека врне дожд. Се разбуди и не се помрднуваше, палтото му беше водено. Туку не беше веќе ноќ. Се ближеше утрото, а ќе да и беше утро, туку не се познаваше зашто беше облачно. Сандар сè уште не стануваше. Го побара коњот со погледот. Коњот на крајот од угарот лежеше под еден орев. Му дојде многу мило што се спријатели толку многу со коњот. Тој беше наполно уверен сега дека неговиот коњ во никој случај не би му побегнал. Му дојде жал што ќе се разделат, кога ќе оди во градот. Дождот врнеше рамномерно и се знаеше долго ќе врне. Гласот на Сандар Вториот отпрвин беше измешан со дождот; не се знаеше оти зборува некој. Но подоцна, сосема близу до увото на Сандар Првиот, доаѓаа разбирливи зборови и тој знаеше чии се тие зборови. На денот на големите помнења носев ручек за мојата омраза во полето, ја испразнив торбата во браздата, на лебот седнав како на камен и растреперен се товарев со полумртви спомени, полумртви помнења, имав слушано за грабежите по двете војни, откако рекоа ќе оживеат ако се хранат со душата, скитав најпразен по старите црквичиња, и на многу суви дабови го резбарев своето име. Знам како настанаа светлите прашини, во ливадите растеа некакви ламбади, лозјата беа мои големи другари, мајка ми и татко ми се смееја на мојата желба за лажење, дечињата не знаат да лажат, сите имаа право да пукаат над куќите, јазовите течат со брзина каква ќе посакаше некој од нас, ги паметувам масовните срамувања, патеки, патеки, патеки, кон планините, кон езерото, вино, вино, вино, никој не го пиеше, насмеви се порачуваа зиме за целата година, оние врски меѓу пчелите и старците, оние полускришни места, секој од дечињата можеше да појде таму и сам себеси да се наименува за световен војвода. Три галии се влечеа од исток кон запад и секој ден исполнуваа сечии желби. На Христа му беше забрането да зборува за својата наука. И ние го славевме немиот Христос. Започнаа дождовите, рече Сандар. Стана, се фати за стеблото и долго го држеше опрено челото на кората. Го зеде палтото и кога се наведнуваше го жегна во крстот. Замавна и го фрли палтото меѓу гранките. Отиде до коњот го фати за ушите и нежно го триеше. Коњот стана. Сандар тргна низ угарот, а коњот одеше по него. Целиот тој ден, Сандар мислеше дека ги бара рибарите. Се доближуваше до реката, отиде крај езерото и по реката се врати близу до селото. Се сети за домашните и побара сењаци. Во неговото село, сењаците во ливадите се прават на еден вид скелиња. Ќе изберат селаните некоја слива, ќе ја искастрат како јарбол и на две метра над земјата, ќе направат со дебели гранки свод. Од таму нагоре, започнува сењакот, за да не можат да го достигнат говедата сеното. Сандар легна под еден таков сењак и цел ден спиеше. Вечерта, пак отиде под крушата. Го симна палтото од гранките и седна крај стеблото. Изутрина, тој мислеше дека го бара Арона, и потоа, не може точно да каже колку дни врнеше едно подруго и колку ноќи преноќеваше тој под крушата. Крушата беше старо дрво и прилично го чуваше од дождот. Една изутрина, реши да појде во Добридол. И се упати по патот по којшто првпат дојдоа во угарот со Арона. Во устата чувствуваше млака киселина од јаболката што ги јадеше секој ден. Тој не се надеваше дека јаболката се таква храна што можат човека да го држат во живот и добра состојба толку долго. По патот, далеку напред, кон него доаѓаше дедо му. Доаѓа дедо му, доаѓа дедо му, доаѓа дедо му. Старецот Тихон Пламенков. Глас ли беше господии? Дедо му немаше некоја нарочна облека против дождот. Кога го здогледа, не се забрза. Се тики не го препозна, зашто и натаму ја држеше главата потсведната. Се доближуваа. Сандар се обѕрна и виде како чекори по него коњот. Коњот живна кога го виде својот стопан. Започна да ја мавта поживо опашката. И се доближаа со дедо му. „Сандар, што правиш така“? рече дедо му. Сандар молчеше. А дедо му, не знаеше што да му зборува. „Каде беше цело ова време? Ни беше срам да те бараме по селото, зашто знаеме, скиташ по полето“, зборуваше дедо му Тихон. Гласот на Сандар Вториот. О, зарем е зборување тоа? Сите добродолчани знаат дека Тихон Пламенков додека извлече еден збор од себе, ќе поминат часови. Тас, тас, тас, “јас, јас, дас, дас, ми падна на рас, ми падна на рас. Си играше Сандар Вториот. На Сандар му дојде згодно да одговори. Му се стори како да му помага дедо му. „Навистина скитав низ полето, дедо“, рече Сандар. „Не требаше да се плашите. Јас само скитав низ полето“. „Како, скиташ така низ полето“? рече дедо му низ солзи. Плачеше и Сандар. Му беше убаво што плаче. Низ плачењето сè се простува. „Мајка ти ќе умре од жал, Сандар“, зборуваше дедо му. Чудно му беше изменет гласот во плачењето. „Мајка ти е една несреќна жена. А ништо не може да прави. Таа е немоќна“. Стоеја насреде патот. Зад нив коњот, како да наслушнуваше што зборуваат. Коњот не се решаваше да пасе поради дождот. „Само скитав низ полето. Толку е убаво да се скита низ полето. Јас не мислам ништо зло, дедо“. „Што ќе мислиш зло, Сандар“? рече дедо му. „Скитај, туку и дома доаѓај“. „Тешко ми е“. „Ќе ти помине, Сандар. Мене ми било исто така тешко“. Сандар знаеше дека дедо му не се досетува за што му е тешко нему. И знаеше, ако разговараат за тие работи, дедо му ќе му ја раскажеше случката, како останал две недели во Њујорк, кога имал четиринаесет години. Пошол заедно со неговите двајца чичковци. Тие со себе ја имале адресата од нивниот вујко, но на приетаништето во Њујорк ги одвојувале децата од возрасните. Така, дедо му се нашол со децата. Неговите чичковци тргнале со еден воз и дедо му потоа не знаел да им каже на службениците каде да го упатат. Тие го држеле цели две недели во Њујорк, надевајќи се дека некој ќе го побара. Јас сум тука за да ги повторувам работите, свика Сандар Вториот. Јас сум да кажувам за тоа што било, дило мило, кило, шило, трици. Што сакаш ти, рече Сандар Првиот. Да не си поверувал дека мајка ти држи пансион за средовечни жени, со кои ти така убаво престорен во тажен, водиш љубов. На секој чардак од пансионот сакаш да легнеш со некоја средовечна жена. Со некоја старица. Паднат ангел. Падната круша. Лајно. На крајот, му го платиле патот и го качиле во еден брод за Југославија. Кога стигнал во Белград, Тихон се сретнал со наши луѓе од Даброво и со нив заминал во Влашко. Таму останал четири години. Кога се вратил од Влашко, го женале Тихона Пламенков. „Коњот те препозна од далеку“, рече Сандар. „Пак не прави така, Сандар“, рече дедо му. „Сега навистина нема да ве загрижувам дедо“, рече Сандар. Сандар никогаш другпат немаше разговарано така со домашните. Најчесто, де еден, де друг од домашните, го запрашуваа за полуучени работи и Сандар им објаснуваше. Најмногу за такви работи се интересираше дедо му Тихон. „Јас ќе поминам околу, Сандар, а ти појди по овој пат дома“, рече дедо му. Сандар сакаше да му рече, ајде да појдеме дома заедно. Тргна по патот. Коњот едно време се двоумеше по кого да се упати и тргна по Сандар. Тогаш се јави дедо му. „Сандар, кога ќе дојдеш дома, речи им дека се најде со мене. Речи им, дедо ќе ви каже сè. Појадувај и појди горе, легни си“. „Дедо, ајде да си одиме, заедно дома“, рече Сандар. Некако му светнаа очите на дедо му. Тој стоеше на патот полузавртен. „Ќе поминам Сандар низ бавчата, да видам како се младите фиданки. Имам засадено десетина млади фиданки. Јас скоро ќе се вратам“, рече дедо му. Сандар Вториот и тој беше целиот искиснат. Чекореше по патот за Јазмина, рацете ги имаше пикнато во џебовите, лицето го имаше свртено кон небото и се чинеше дека му е облеано со солзи. Тој не гледаше каде чекори и каде гази, кога кажуваше зборови. Оние поплави по шест месеци што ги хранеа Циганите со удавени овци, беше убаво, какви глетки од карпата, тогаш не размислував за движењата на водата во исто место, бели цутови на черешните, стари куќички и стари куќички што га посетуваа добрите светци, имаше премногу добри баби, мирни детски празници кога ќе умреше некој од семејството, чисти колони кога се измислуваат песни Василици, трите големи тополи и не се сеќаваат дали растеа од земјата, во коријата сум влегувал во проѕирна палата на некои незгодни места, каде се изгубија масовните ручеци, жетвите и крај кошот некоја птичка; делови од некои времиња, три чекори од текот на браздата, сонца по улицата, јас мал човек среде улицата, не ни беа предадени разликите меѓу коњот и таткото, една наша ливада во сонце, не беа дојдени разликите меѓу домашни и недомашни, еден раскажуван глас, три раце од една жена, чии беа другите дечиња, заедничко лазење низ некои сонца, размислување на грб кон небото, некоја леснотија на грб кон небото и тука се тие мигови на раѓањето. Потоа дојдоа птици, првин беа птиците и од нашата куќа не тераа да чекориме крај стреите со шумови од блискоста на ѕидовите, беше голем труд да изучиме да оди по нас куче крај стреите, го растевме она идно време во нас непознато за случајно познати, ни го расипуваа редоследот на нашата помиреност, со два гласа разделени во нас, кренаа бунт улиците за нешто, ние сами рековме против нас, брзо рековме, па беа две средини, она случајно пијанство во тие години, случката со стаклената чаша и уплав дека растеме брзо, двете нозе на тетка ми, немавме исти погледи со другите времиња за да се направи најголема камбана што ќе го повикува нашиот сој, една друга боја, слаба и слаба кон смртта, силна како смртта, сам чекорев крај стреите и мислев за небесеп резсрзат тоа да блде сдна од моите планети, зарот требаше допрва да расте. И тогаш дојде детството. Сандар се чувствуваше смален во дождот. Да имаше огледало при себе, сигурен беше дека не ќе си го препознаеше својот лик. Таква увереност може да те налегне и кога е убаво времето. Луѓето околу тебе се весели, лицата им се млади, а ти знаеш дека си старец меѓу луѓето. Во такво настроение, некој да започне убаво да ти зборува, веруваш тоа го прави затоа што те гледа си остарел за неколку минути. Ако молчат луѓето околу тебе, веруваш молчат од внимание кон тебе. Сакаше да се обѕрне да го види деда си Тихона, дали е и тој смален во дождот. Сандар беше несреќен што му дојде токму сега тоа настроение. Сега, кога требаше да појде дома. Чекорејќи по патот, тој се домислуваше како би било најарно да постапат домашните, кога ќе стигне кај нив. Тажно заклучи дека не можат никако да постапат за да му угодат. Никако. Ако испратат некое дете надвор да го чека и кога ќе го види да им каже што доаѓа, па тие да излезат од дома. Сеедно. Сандар ако ја најде куќата празна, ќе се чувствува најнезгодно. И да знае во што е работата, сепак ќе верува, домашните избегале од куќата за да не се сретнат. Зошто да не се сретнат, какво зло направил тој? Сандар е од оние млади луѓе, коишто цел живот ги слушаат домашните. Ако сакаат нешто да направи Сандар, тој бездруго ќе стори, само ќе се опира првин, ќе вика, но на крајот полн со горчиње, сепак ќе ги послуша. Не се знае дали домашните постојано се сигурни оти тој ќе попушти. Можеби во прво време не биле сигурни, туку подоцна, кога видоа дека секогаш ги слуша, станаа сигурни во тоа. И логично е, што повеќе не им придаваат важност на викањата на Сандар. А таа пракса докажува дека и самиот Сандар не го сметаа за којзнае каков човек. Сандар ја виде првата куќа во селото и веднаш, по обичај, започна да се присилува да се чувствува спокоен. Направи огромен напор за да го јавне коњот, зашто сè уште врнеше и беа изводенети и тој и коњот. По улиците немаше луѓе. Само Сандар Вториот, клинкаше низ калта и газеше во вирчињата низ калдрмата, што прилегаа како матникави, седефести плочи и, и тој ништо не зборуваше. Стигна до својата куќа и сврте кон племната. Го врза коњот за јаслите, му фрли сено пред него и појде дома. Нека ми биде убаво. Еднаш, нека ми биде сеедно. Ја отвори портата, влезе, ја затвори портата и стоше неколку минути под стреата. Зачекори низ дворот и дојде пред готварницата. Пак почека неколку мигови, иако знаеше дека тие внатре го виделе од прозорецот што гледа во дворот. Ја отвори вратата и беа баба му и мајка му. „Доброутро“, рече Сандар. „Целиот си воден“, рече баба му. „Така му треба. Ако пливее човек по дождот, не може да не биде воден“, рече мајка му. „Што стоиш, ела седни до огништето. Што сум имала клета среќа“, зборуваше мајка му. Откако поседа крај огнот, започна да му студи. Се напинаше да го скрие тресењето на забите и на колената. Молчеше. Во готварницата, полека доаѓаа оние познати скиснати, слатки мириси. Заедно со нив доаѓаа едни времиња, поминати времиња и затоа не можеше да им префрли ништо. Спротивно од тоа, ако мислеше убаво за тие времиња, не го чувствуваше студот. Стана баба му и му донесе јадење. Го кладе на масата. „Ајде Санда да јадеш и да се пресоблечеш. Ке смрзнеш, ќе се разболиш“, рече таа. „Не ми се јаде, бабо“, рече Сандар и се вцрви. Сакаше да пропадне во земјата од срам. Тој умираше од глад, а рече не ми се јаде. Ја започнаа онаа игра што ја играат дечињата кога се малечки. Ќе речат не ми се јаде и чекаат пак да ги молат. И умираат од страв, да не заборават домашните или да не им здодее, па да не го молат повеќе. „Како не ти се јаде, Сандар? Зарем си јал некаде“.? рече баба му. „Не ми се јаде, навистина“, рече Сандар. „Ајде стани, кога ти велам. Ќе јадеш и појди пресоблечи се“, настојуваше баба му Трена. Сандар стана од крај огнот и седна до масата. Под масата, ги пушти колената да се удираат едно во друго. Започна да јаде. Го изеде месото, потоа јадеше сирење и кога му ги донесе баба му јајцата пржени, се нафрли и на нив. Сакаше да му зборуваат нешто жените, а тие молчеа. Изеде сè и чекаше да му речат да појде да се пресоблече. „Оди во горната одаја“, рече мајка му. „На креветот ти се алиштата.“ Сандар стана и отиде горе. Откако се најаде уште повеќе му студеше. По скалата започна да трча: Поради некој инает што му се јави, започна да свирка: Се пресоблече и се пикна под покривалото. Ги слепи дланките како за молитва и ги пикна меѓу нозе. Така се затоплуваше. Потоа, не му остана време За размислување. Пред да се затопли убаво, малку се испоти на челото, но веќе спиеше. Му се стори како да сонува некое време. Сонуваше некакви мириси. Најпрвин му мирисаше на една чудна трева со дебели глуждести стебленца. Таа трева расте крај браздите и во мочурливи места. Листенцата £ се како издолжена пара. И листенцата се дебели, набабрени и жолтозелени. Таа нијанса не е иста на целата површина на листот. Листот е покриен на едни места со жолтеникави кругови, на други со зелени кругови. Потоа му замириса на куп тенџериња полни со млека. Едни млека беа измолзени тој ден, други пред тоа, а некои од пред две недели. Затоа мирисаше и на скиснато. Чу гласови. Се вслуша внимателно и разговараа дедо му, баба му и мајка му. Водеа разговор за обични работи. Него не го споменуваа. Ги отвори очите, низ прозорците, крај гранките од црната слива, виде дека не врне. Така најубаво се дознава дали врне или не врне, кога гледаш од одајата преку стаклото на прозорците. Стана и слезе долу да се избричи. Беше испотен. Ваба му рече да не сака топла вода за бричење. Сандар рече, не, не, ќе се избричи со студена вода. Го извади жилетот од машинката и започна да го остри во чашата. Во купот употребувани жилети имаше и такви, со кои се избричил само еднаш, но не можеше да ги познае кои се тие. Дедо му се бричеше со брич и едно време Сандар сакаше да ја научи таа вештина. Кога започна дедо му да го учи да се бричи со бричот, дојдоа неговите врсници и го викнаа да одат на езеро. Сандар ја зеде машинката, се избричи на брзина и појде со нив. Тоа беше пред две години, паметува. Се бричеше надвор под тремот, а тие седеа на долгата клупа и дедо му разговараше со нив. Откако се избричи, Сандар ги намачка чевлите со боја, најде едни црвени чорапи и се облече. Влезе во готварницата и виде, часот беше четири и петнаесет минути попладне. Седна до масата. Но навистина седна така случајно. Мајка му со молчење му стави јадење пред него. Касна малку и не му се јадеше. „Јади“, му рече баба му. „Јади и излези прошетај се ако сакаш“. „Се најадов“, рече Сакдар. „Сега можам да излезам, да се прошетам“. На улицата имаше кал и тој скокаше од камен на камен. Од калдрмата што ја направија војниците, останаа ретки камења кои штрблееја кога ќе имаше кал. Отиде на Полената. Селаните сè уште не започнале да се собираат. Беше рано. Кај да одам, рече. И тргна некаде. Кога стигна пред куќата на Илинка, се чувствуваше исто така, како кога стоеше пред својата куќа. Ја отвори тивко портата и заоди низ дворот. Во долната одаја, старецот зборуваше со Катето. Сандар стоеше со залепено уво на вратата и не го чу гласот на Илинка. Напрсти, започна да се качува по скалата. Тогаш помисли, распоредот на сите куќи во селото е ист. Само на едни куќи скалата е однадвор, на други однатре. И пак не знаеше во која одаја да влезе, кога стигна горе. Ја отвори едната врата и немаше внатре никого. Друго ништо не забележа. Се сврте и ја отвори другата врата. Во креветот лежеше Илинка, Сандар длабоко воздивна. „Те чекав, Сандар“, рече Илинка. „Сакав да дојдеш и дојде, мило“. Целиот кревет беше со Илинка. Креветот беше широк, на едната страна беа насликани цвеќиња, облаци и ангелчиња. Тој ги собу чевлите и заоди кон креветот. Таа се откри се поткрена. Не беше гола, имаше бела кошула што и стигаше високо над колената. Од нејзиниот маж, се сети Сандар. Ја прегрна жената и наеднаш се смири. Илинка започна да го гали по косата. „Раскажи ми нешто“, го молеше. Тој молчеше. Немаше ништо што можеше да £ раскажува. Започна да ја влече по косата и да ја бакнува под брадата. И таа започна силно да го прегрнува. ¥ ја најде устата и ги стегна вилиците. Му се стори дека долната уста ја пресече. Започна да тече многу крв. „А-а-а-а, Сандар. Ох, мајко“, рече таа и се сви во крстот, се крена како мост. Сандар започна со сета силина да ја стиска за градите. Илинка ги дигна нозете, ги скрсти над глуждовите зад грбот негов и со сета силина му ја притисна главата. Устата £ беше врела и лигава. И со траг од влага му ја најде брадата, ја лапна и гризна. На Сандар му се заврте нешто во главата но не офна. Ја распетла на градите и £ ги вкопа забите во боската. Потоа во другата. Таа му ја раскина кошулата и скоро на исто место му направи рана. Крвта му потече кон двете слабини. Тој ја разголи и ја касаше по стомакот, по нозете, а таа, со ноктите му правеше бразди по лицето. Двајцата засркнато дишеа, очите им беа широко отворени. На креветот, на многу места имаше бришотини од крв. Едно време, рацете им започнаа внимателно да ги допирнуваат раните. Тој на Илинка, таа неговите рани ги галеше. Тогаш £ ја виде устата и долната усна £ беше набабрена и црна. Однадвор никаде не беше продупена кожата. Илинка нежно му ја зеде главата со двете раце и полека, му го долепи образот на нејзиниот. Им се смируваше дишењето. Сандар ја галеше по нозете и беше уверен дека се милува себеси, дека се жали самиот. Ја крена главата и гледаше во жената. Таа се уплаши кога го виде неговото лице. „Целиот си искасапен, мило. Целиот си со бразди по лицето“. Тој ја намести главата на градите нејзини и продолжуваше да ја гали нежно. Започна одвај сетливо да ја допира со врвовите од прстите и тоа предизвикуваше кај него топлина по сите негови пори. Топлината беше измешана со мисли, што се во врска со деловите на телото на Илинка. Ги имаше затворено очите, со прстите ја допираше по десната нога од колкот надолу, но пред него беше цела жената. Туку не со оној блуд. Беше само со своите нежности, со своите копнежи, со неуспесите, иако се знаеше што може да даде таа жена. Ја повлече раката и се стркала од креветот на душемето. Легна на грб и ги рашири рацете. Гледаше во таванот и пак ги затвори очите. „Зошто не сакаш, Сандар“? рече таа. „Не знам. Ило, јас сега не можам самиот да донесам решенија. Верувам, не можам да се женам поради тоа што не остави татко ми сами со мајка ми, туку изгледа не е затоа. Ми се чини дека треба сè да £ обезбедам на жената. Јас верувам, жената треба се да има, а јас не можам. Тоа прашање и самиот си го поставувам често. Докажувам дека сум погоден да можам да и бидам пријател на таа што ќе ми биде жена. На крајот веќе се уверувам дека е така и пак ништо не значи. Сепак, тешко е кога ќе гледаш цел живот како старее мајка ти без маж. Од ден на ден си свесен за тоа и потоа, се ќе изгубиш.“ „Зошто не сакаш, Сандар“? повтори автоматски Илинка. „Не знам“, рече Сандар. Некој тропна со кваката. Сандар ја изви главата како што беше легнат и го виде старецот Ламбро. Носеше два филџана кафе. Сандар ги затвори очите и не се помрдна. Со раширени раце, распетлан, раскрвавен. Белким помисли старецот дека е мртов. „Што бараше што дојде“, му рече Илинка и Сандар не знаеше дали се покри жената како што беше разголена. „Молчи Илинко“, рече старецот. „Ви донесов кафе. Испите го додека е горешто“. Ги остави некаде филџаните и си отиде. Ја затвори зад себе вратата. Сандар сè уште не ги отвораше очите. И не се срамеше што го виде таков старецот, Започна да го измачува онаа немоќ што се јавуваше кога ќе го прашаа домашните или некој друг, зошто не се жени. Така беше и пред малку, кога го прашаше Илинка. Не знаеше што да и рече. Не можеше ништо уверливо да и рече, што ќе го увереше и него самиот. Понекогаш домашните ќе го натераа да се испоти целиот и ги гледаше рамнодушно преплашен. Тие ќе зборуваа уште малку и ќе престанеа. Можеби тука е главната причина. Домашните не го оставаа ништо самиот да стори. Никогаш не го оставаа самиот да се почувствува загрижен за таа работа. За женидба. Тој беше загрижен и по секој разговор што го водеа домашните со него, туку тоа беше сосема друг вид загриженост. „Сандар, сакаш да го испиеш кафето“, праша Илинка. „Сакам“, рече Сандар. Тој стана и Илинка не беше покриена. Филџаните беа оставени на машината за шиење. Сандар ги зеде и едниот £ го подаде на Илинка која што сега седеше на креветот. Го испија кафето, Сандар ги однесе филџаните пак на истото место и дојде до неа. Легна во креветот и се покри до брадата. И таа се покри. Под покривалото си ги најдоа рацете, лежеа мирно и ништо не зборуваа. Сандар се уверуваше дека се такви миговите кога имаш сè. Кога не ти треба ништо повеќе. Низ прозорците навлезе квечерината. Тој без да ја сврти главата, се загледа во лицето на жената. Илинка гледаше во таванот, а долната усна и беше издолжена надолу. Ја извади раката од под покривалото и највнимателно му трепереа прстите по нејзината уста. Таа не се помрдна. Дури тогаш забележа солзи крај носот. Или ќе да тогаш започна да плаче жената. „А ти не плачи, Ило“, рече. „Кога се сретнав изутрина со дедо ми и јас се расплакав. Сега не плачи, те молам“. „Не плачам, мило“, рече Илинка. По некое време во одајата не се гледаше ништо. Сандар стана и ја запетлуваше кошулата. И Илинка стана, му го зеде лицето со двете раце и се доближа со својот образ. Го бакна лесно. Горната усна и гореше како сонце. Постоаја долго прегрнати и Сандар си отиде. Дојде дома, £ рече на баба му, не ми се вечера, и отиде да си легне. Изутрина стана многу рано. Истрча низ дворот, но знаеше дека го видоа баба му и мајка му. Денеска не го поведе со себе коњот. Помина низ Полената и отиде во полето. Полето беше пусто. Крај реката, од далеку забележа волови и крави и сврте на друга страна. Беше вешт во прошедбите низ полето. Сите патишта, сите бразди, сите меѓи, знаеше да ги сака. Или на сите тие места умееше долго да се задржи и да му биде интересно времето. Но никако не успеваше да не се чувствува празен. Ќе се затрча во себе, ќе се размавташе во мислите и ќе се подготвеше за спокојство, за обично шетање низ полето, туку наеднаш, водата, небото, тревјето, земјата, му помагаа да изнајде некакви болни периоди што ги паметува. Тие настани ги поврзуваше со сегашната состојба и сè сè престоруваше во безнадежност. Одвреме навреме само по себе му доаѓаше еден вид спокојство. Тоа беше таков вид спокојство што елиминираше многу дребулии кои предизвикуваат спокојство кај другите луѓе. Во тоа негово спокојство имаше смиреност што требаше да дојде откако ќе успее Сандар во нешто. Тогаш, се јавуваше времето на неговата слободна личност. Само тогаш тој ќе можеше да биде свој, да им рече на луѓето отворено што мисли и да знаат точно како ќе постапи во наредниот миг и во наредните времиња. Не сакам да речам, чевларот Симо, стана папа Симеон, рече. Над него горе, се слушаше претерувањето на ветриштата. Сè уште не слегол долу тој шум. По тие знаци можеше да се познае дека ќе врне. Одеше по патот за Свети Никола и за на езеро. Кога га виде покривите, се врати назад. Започна да ги полни градите со воздух и да одмавнува со рацете. Дојдоа мириси, од тополи, од стари лепешки, од сливи, од грозје, од јаболка, од потни селани, од бозје, од ластари и киселец, од ореви, од мов, од жолта земја по тесните долови, од пченка, од птичји седала, од кучиња, од вирчиња што ти направиле волските стапала, од лебови, од старици, од нужници, од овци. Сандар се зави со таа реа и му беше чудно топло. По малку се срамеше што му беше убаво, се бранеше од убавина, па на крајот беше приморан да изнајде дека сè уште е многу млад и младоста само по некои нејзе познати патишта, се брани од секакви сили што сакаат да го изжубрават лицето. А-а-а-а, полето е тој негов голем пријател, но токму затоа понекогаш не смее да се препушти само на таа шанса, на таа слабост, на тоа лекување. Околу пладне заврна. Сандар чекореше полека низ едно стрниште и знаеше под кој сењак ќе се засолни од дождот. Кога одеше да стигне до ливадата, поминуваше низ други ливади, во кои исто така имаше сењаци, но не сакаше да застане ниту во една друга. Стигна спроти реката и го виде сењакот. Под него беа дечиња што ги пасеа воловите. Сандар набра суви рошки и се упати под сењакот. Ги фрли на земја рошките и им рече на дечишата да донесат уште рошки. „Ќе запалиме оган да се стоплиме“, рече. „Донесете подебели ветки за да не се крева високо пламенот, зашто ќе се запали сеното“. Дечињата се растрчаа по плотовите. Тој запали оган и седна. Потоа запали цигара. Дечињата се враќаа со дрва, некои носеа и колје. „Не чини што крадете колје“, им рече . „Од нашата нива ги зедов“, рече едно дете. Тие гледаа во него и не зборуваа гласно. Сандар се исуши и тогаш беше сопрен дождот. Стана и сакаше да појде кај Сима Питропот. Патем дозна дека сите овие посети ги прави од здодевност. Сите посети, освен кога се сретнува со Илинка. Не беше тоа некоја желба од тоа што го сака селото и селаните. Сосема сигурно се знае, дека Сандар можеше никогаш да не дојде во своето село, во ова поле. Се врати под сењакот. „Имате ли нешто за јадење“? ги праша дечињата. Тие извадија од торбите сирење, јајца и месо. Јадоа сите заедно. „А тебе што ти е такво лицето, Сандар“? го праша едно дете. „Паднав“, рече Сандар. Пак запали цигара. Уште не ја имаше допушено цигарата кога се упати дома. На домашните им рече, вечерав кај баба и си легна. Другиот ден, цел ден лежеше. Тој ден не врнеше. Навечер излезе од дома и отиде под крушата, го симна палтото од дрвото, па виде дека е водено и го обеси на едно чаталче. Некој доаѓаше. Кога се загледа, го препозна Арона. Забележа дека се израдува. Забележа дека се израдува, забеле, добеле, одбеле. По ѓаволите, рече Сандар. „Добравечер, Сандар“, рече Арон кога дојде до дрвото. „Добравечер, Арон“, рече Сандар. Арон седна до него. Беа двајца млади луѓе, здрави, силни. „Започнаа дождовите“, рече Арон. „А, сега ќе си врне“, рече Сандар. Под дрвото немаше светлина, но сепак беше пријатно да се седи во угарот. Ноќта не беше студена; изгледа зрелите плодови не £ даваа да стане студена. „Каде се собирате, Ароне“? праша Сандар. „Во воденицата на братучед му на Налетениот“. „И тој ти полни буците со моч“, зборуваше мирно Сандар. „Не. Тој не доаѓа со нас. Другиот братучед“, рече Арон. „Знам“, рече Сандар, „се шегувам“. Тешко беше, зашто не знаеја што да зборуваат. На Сандар глупо му беше да зборува што било, зашто беше сигурен дека ќе го открие Арон. Најарно беше да молчат, а бидејќи на двајцата им беше убаво да седат еден до друг, меѓу себе не си префрлуваа што молчат. Сандар сакаше да може Арон да му открие како ги поминува дните, да започне да му раскажува за сè, но тоа да не биде зборување што било. „Неколку дни те барав“, рече Арон. „И јас те барав. Сакав да те најдам уште другиот ден откако се сретнавме во Горни Ливади. И тогаш вие избегавте“, рече Сандар. „Сандар, нели е здодевно тоа“? рече Арон. „Навистина Арон, нема ништо. Само јас мислам, тоа го прави човек зашто нема каде да појде. Ќе се навикне на тоа ноќно чекање и ќе му биде како да игра карти. И да не ти се игра, играш карти. Едно време ќе престанеш да играш, па потоа не ќе сакаш да ги видиш картите. Мислам, тие што играат без пари и од здодевност“, зборуваше Сандар. „Не знам што да правам“, рече Арон. „За седењето ноќе во воденицата“? рече Сандар. „Ама не, така“, рече Арон. „Ако не, па ожени се Ароне“. „Сакам да продолжам да учам. Види Сандар, треба само да започнам. Тоа ми е тешко, ми се чини потоа сè ќе избега од мене. Кога не ќе сум тука, јас сум друг човек. И зошто да не започнам да учам? Затоа, сигурно мислам дека е сеедно што правам“. „А можеш да започнеш и да учиш“, рече Сандар. „Само Ароне, се тики треба нешто пред тоа да сториш. Треба нешто тука, со себе некои работи да решиш, па потоа прави што сакаш. Ми се чини, јас тоа не можам да го сторам. Ти не знаеш што ми рече свекорот на Илинка. Тој човек ми кажа, дека јас сум ист како нив. Сега можеби истото треба јас тебе да ти го речам. Не знам, не сум сигурен дали треба истото да ти го речам јас тебе“. Сандар Вториот се јави тажен и уморен и зборуваше прекорливо. Ајде сега, уште таа дидактика не ја имаше употребено. „Не знам“, рече Арон. „И јас така нему му реков“, рече Сандар. Се довлече ветер и започна да ги литее облаците. Крушата над нив се престори во дрвенесто штракање, во триста железни лелекања. „Не останаа многу лисје по дрвјата“, рече Арон. Сандар ги извади цигарите што му ги даде старецот. Некако му дојде и на Арона да му зборува за старите марки цигари. Зошто? помисли. Немаше причина толку да се измачува, за да изнајде тема за разговор. Се уште, а беше сигурно дека и никогаш меѓу нив, не ќе требаше да се измачува да пронаоѓа теми за разговор. „Земи цигара, Арон“, рече кога му ја подаваше кутијата. Тргна со клечето по кибритот и наредниот миг го виде Арона. Лицето му беше убаво, на челото како цвет од петопрст му се истурила косата, рацете не му трепереа кога ја палеше цигарата. Арон изгледа често се бричеше, можеби секој ден и затоа лицето, кожата на лицето, му беше тврдо мазна. Кога изгасна пламенчето, на Сандар му се стори дека и Арон него го гледаше. „Ти Сандар ќе дојдеш да си одиме дома или ќе поседиш“, рече Арон. „Овие дни ќе се вратам во градот, Арон. Па решив вечерва да поседам подоцна во полето. Не е тоа да речеш некакво поздравување со полето, туку убаво ми е вечерва и ќе поседам уште малку“. Сандар го зеде палтото и го фрли преку рамената. „Ако знам кој ден ќе одиш, ќе дојдам да те испратам на автобусот“, му рече Арон. „Некогаш дојди во градот кај мене, Ароне. Дојди и поседи во градот, ќе можеш да спиеш кај мене“, рече Сандар. „Можеби ќе дојдам некогаш, навистина. Јас имам и работа таму. Ако дојдам ќе те побарам, Сандар“, му вети Арон. „Јас ќе ти правев друштво под дрвото, само малку сум неарен, некаде сум настинал. Но сакав уште да ти речам, дека домашните човек треба да ги прими како луѓе. Колку луѓе познаваш ти што се слични на твоите домашни, ама затоа што не ти се домашни, ги поднесуваш. Ако е возможно некако и домашните човек така да ги поднесува“, заврши Арон. „Сигурно Ароне. Изгледа така е најарно“, рече Сандар. „Да си одам“, рече Арон. „Догледање, Сандрушка“. „Догледање Ароне“, рече Сандар. Првин Сандар веруваше дека ќе поседи уште малку под крушата и ќе појде дома. Но потоа започна да размислува за многу работи и кога го обвиткуваше околу себе палтото, забележа дека скоро е суво. И не му студеше ни малку, па реши да остане подолго под крушата. Под крушата, му се стори не е сам, а беше наполно сам. Пред него се создаде круг од сенки и тој очекуваше да проговори некоја од сенките. Сè знаеше. Знаеше, не постојат сенки, знаеше дека и во вообразието негово не постојат сенки, ниту очекуваше гласови. Само мислеше дека околу него има круг од сенки и тоа прилегаше како оние негови визии што ги правеше за идните времиња. И му дојде мило што е сето тоа игра, можеби со себеси, но сепак игра. Па можеше да се рече дека е ист случај како со играњето карти. Овие дни ќе се вратам во градот, рече. Изутрина крај автобусот ќе чекаат мајка му и дедо му. Со баба му, секогаш се поздравува во дворот и таа не доаѓа на Полената. Шоферот ќе ги мести торбите на покривот на автобусот и мајка му ќе му рече, таа торба е на Сандар. Ако ја заборави да го потсетиш синко. Другите ги познава, само таа торба не ја познава убаво. Потоа ќе дојде дедо му и ќе го праша да не заборавил нешто. Во тоа време мајка му ќе започне да зборува со другите жени. Ќе доаѓаат селани да го испратат автобусот и ќе го прашаат Сандар, одиш во градот, Сандар? Ќе си одам, ќе им рече, ај со здравје, Сандар, ќе му речат тие и ќе си ги стегнат рацете. Шоферот ќе слезе од покривот на автобусот и ќе ја отвори вратата на автобусот. Тие што ќе патуваат, ќе се заглават на вратата. На крајот, сите ќе влезат. Ке влезе и мајка му, ќе го прегрне и ќе заплаче. Секогаш заплакува. Тој ќе £ баци рака. Дедо му ќе биде до прозорецот, однадвор. Сандар ќе го отвори прозорецот и нему ќе му бакне рака. Автобусот ќе тргне и сите ќе гледаат по автобусот. Иако некои од градот што се на одмор во селото, кога ќе испраќаат свои блиски, мавтаат по автобусот селаните наши кога испраќаат свои луѓе не мавтаат. Стојат селаните наши загледани во автобусот и молчат. Сандар кога си оди од селото во градот, најубаво се чувствува кога ќе стигне автобусот крај езерото. Го наметна убаво палтото, се намести згодно до стеблото на крушата и реши да преноќева уште еднаш на тоа место. Му се виде многу долга ноќта, но сепак остана време да заспие. Кога се разбуди изутрина, врнеше. Можеби дождот го разбуди. И тој ден е последниот ден што седеше Сандар под дрвото. Октомври, 1962 година. Скопје.